Vlasta go ubi makedonskoto stocarstvo

Vlasta go ubi makedonskoto stocarstvo
Makedon
 
Скапата добиточна храна го дотолчи сточарството
Дејан Андонов - A1


13.05.2006
Скапата добиточна храна го дотолчи македонското сточарство. Сточарите се притиснати до работ на исплатливоста. Прескапо им е дури да ја прехранат стоката.

Со бедната заработка од одгледувањето добиток се потешко може да се покријат трошоците за производство на добиточна храна.

„Еден хектар добиточна храна да се посее, да се сработи, негде околу 300-400 евра трошоци за орање, сеење, материјал. Во однос на ланската година се поскапи, ѓубрето е поскапо, семе, нафтата е поскапа скоро дупло“, изјави Никола Јовановски, фармер.

„Поскапо е, лани беше ѓубрето 750 денари, сега е 900 денари. Нафтата е поскапа, нема на крај излегување. Како што оди работата со кравите, ќе гледаме малку да намалиме, не може да се издржи до крај“, рече Сашо Колевски, фармер.

Потребите на Македонија за добиточна храна се околу 220.000 тони. Но, иако земјоделска земја, од домашните ниви се покрива само една третина од потребната добиточна храна.

Остатокот се увезува од странство, по повисока цена отколку да се произведе во земјава. Скапата добиточна храна, која учествува со дури 70% во крајната цена, ги прави скапи и неконкурентни македонските млеко, месо и јајца.

Како фармери немаме привилегија воопшто, да има да се понуди земја повеќе, на 30 години, на концесија да се даде. Воопшто никој не е прашан“, вели Колевски.

Во Хрватска фармерите добиваат стимулации по 220 евра од хектар за производство на добиточна храна. Македонските сточари не добиваат ни земја, ни стимулации.

Трошоците за добиточна храна постојано растат, а заработката опаѓа. За 15 години двојно се зголеми цената на добиточната храна, а се урнаа цените на млекото и месото и се намали сточниот фонд.
Makedon Izgleda deka VMRO ima minister za zemjodelie i premier deneska, 24 Maj 2006 g., bidejki sega se unisti stocarstvoto i zemjodelstvoto. Se vrativme 100 godini nanazad.

Земјоделците во очај поради цената на краставиците
Сузана Тасева


23.05.2006
Се полнат дворовите со краставици, а со тоа расте и очајот на струмичките земјоделци. Не знаат што да прават со набраниот род, да го фрлат или да го дадат на прекупците за само три денари.

Никогаш досега вака не сме биле понижени, се жалат, немоќни да го спасат родот, кој во отсуство на ладилници пропаѓа по дворовите.

„Едно кило бензин е 70 денари, а едно кило краставици три денари. Каде го има тоа, така ли ќе одат во Европа? На нас ни кажуваат Европа. Нека ни дадат пласман за таа роба, народот е отровен“, вели Славе Гошев, с.Просениково.

И додека во струмичко краставиците се откупуваат по три денари, осум пати поскапо денеска се продаваа на скопските пазари.

„Скапи се во споредба со нивното производство, за нив баш ништо. Добар случај за трговците, печалбата е кај нив. Скапи се, во Струмица што е евтино ние не сме криви. Од 12, 13, 15 денари за кило“, рекоа продавачи на пазар во Скопје.

И трговците признаваат дека струмичките краставици ја имаат најниската цена во Европа, но во отсуство на извозни стимулации, немоќни се за нови пазари.

А Србија, Хрватска и Словенија, каде досега се извезуваа, го развиваат и штитат домашното производство.

Ако во наредните денови не се покачи откупната цена, земјоделците се закануваат, со краставици ќе ги наполнеле реките во струмичко.


tomislav1978 Dobro be tolku si izguben? Pa vece imas otvoreno vakva tema:

http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=15319
dejan Se takmicime so Afrikanski zemji tuka.
трендафил Колку што ми е познато власта инвестираше 720 илјади евра во само едно бачило, на овчарот Џемаили. Што би рекле инвестира во сточарството. Само што тоа го направи Владо Бучковски како министер за одбрана, а не министерот за земјоделие.


concrete