Пијаницата Илинка ќе `пољуби` врата |
||||
vancom18 | Илинка ќе "пољуби" врата АМБАСАДАТА ВО ХАГ И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ВЕЛАТ ДЕКА НЕ ЗНААТ ЗА ВАКВАТА ОДЛУКА НА ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ, НО СПОРЕД ИНФОРМАЦИИТЕ НА "ВЕЧЕР", ЗНААТ УШТЕ ОД ЗАВЧЕРА Јохан Тарчуловски и ја откажа посетата на министерката за надворешни работи Илинка Митрева, која следната недела патува во Холандија, дознава "Вечер". Тој бил револтиран бидејќи нашата амбасада одбила да и обезбеди превоз на неговата сопруга Соња, која денеска треба да слета на аеродромот во Амстердам. Поради тоа, семејството Тарчуловски за такси-превоз од аеродром до Шевенинген ќе треба да одвои над 100 евра. Нашата амбасада превозот би ја чинел едвај дваесетина евра. Според информациите на "Вечер", Јохан е револтиран бидејќи Амбасадата во Хаг, ретко им помага и на него и на Брат Љубе. Во конкретниов случај, за Амбасадата биле поважни подготовките за доаѓањето на Митрева во Хаг, отколку превозот за Соња Тарчуловска. Дознаваме дека Амбасадата во Хаг за ваквата одлука на Тарчуловски е известена уште завчера. Информацијата е препратена и до Министерството за надворешни работи. Но, Амбасадорот на нашата земја во Холандија, Добринка Тасковска, тврди дека не чула за ваквата одлука на Јохан. Според неа, амбасадата секогаш им излегувала во пресрет на семејствата на притворените Тарчуловски и Бошковски. - Не знам што рекол Јохан Тарчуловски, но тоа е апсолутна невистина. Ние располагаме само со едно возило, но и тоа секогаш им стои на располагање на нивните семејства. Ние им помагаме на семејствата на Бошковски и Тарчуловски откако се притворени во Хаг. Јас редовно ги посетувам, иако не ми е тоа надлежност - изјави вчера за "Вечер" амбасадорката Тасковска. И во МНР не се запознати со најавата на Тарчуловски дека не сака да се види со Митрева. Тврдат дека нашата амбасада во Холандија има налог секогаш безрезервно да им помага, како на Љубе и Јохан, така и на нивните семејства. - Го разбираме гневот на Јохан, но не е точно дека не му помагаме. Како и секогаш, така и сега госпоѓата Соња Тарчуловска ќе биде пречекана од претставници на амбасадата - велат од МНР. Извори на "Вечер" од Министерството, сепак не ја исклучуваат можноста да настанала одредена забуна. Тие велат дека со оглед на фактот дека амбасадата располага само со едно возило, можно е првично на Соња да не и бил обезбеден превоз. Но и нашите извори се убедени дека и да се случило недоразбирање, тоа е веќе решено. |