Ученици од Делчево наградени од Стејт департментот

Ученици од Делчево наградени од Стејт департментот
Kaneo
 
Прва награда на светски конкурс
Македонци со веб-страница го освоија Стејт департментот

Секој ученик кој е член на победничките тимови за наградата „Врати кон дипломатијата“ ќе добие стипендија од 2.000 долари.

Ученици од училиштето „Методија Митевски Брицо“ од Делчево се добитници на меѓународната награда што ја доделува американскиот Стејт департмент за најдобро изработена интернет-страница. Наградата „Врати кон дипломатијата“ учениците од Делчево ја добија за веб-страницата „Борба со сиромаштијата“ (www.fightpoverty.mmbrico.com), соопшти вчера Стејт департментот.

[ http://www.globalschoolhouse.org/gsh/DOORS/winners.html#Platinum%20Prize%20Winner! ]

На конкурсот, коспонозориран од Глобалната мрежа на училишта, учествуваа 305 тима на ученици од 46 земји, на возраст од 15 до 18 години. Покрај учениците од Делчево, победници се и нивните врсници од Флорида, од Виртуелното училиште во Орландо.

Тие ја изработија страницата „Златни мостови; Поврзување на луѓето и мирот“.

Ана Георѓиевска (18), Елена Георѓиевска (17), Зоран Димитровски (18) и Жикица Поповски (17) се веб-дизајнерите од тимот што го водеше нивната професорка по математика и информатичка технологија, Роза Стаменковска.

Тие вчера беа пресреќни што ја добиле вредната награда и во кусиот телефонски разговор со нив не го криеја огромното задоволство.

- Третираме глобален проблем и настојуваме на некој начин да влијаеме врз општеството за да се променат состојбите на планот на сиромаштијата. Се надеваме дека лично ќе ја примиме наградата на церемонија во Вашингтон. Сепак, најсреќни сме поради тоа што на веб-страницата на Стејт департментот стои нашето уставно име Република Македонија - изјави вчера за „Дневник“ од името на тимот Елена Георѓиевска.

Наградата се доделува за веб-страници што најдобро едуцираат за значењето на меѓународните односи и дипломатијата.

Проектот на учениците од „Методи Митевски Брицо“ ја истражува сиромаштијата на децата, како и начините на кои меѓународните односи можат да ги решаваат проблемите што придонесуваат за тоа.

Секој ученик кој е член на победничките тимови за наградата „Врати кон дипломатијата“ ќе добие стипендија од 2.000 долари. Освен тоа, нивните тренери и училишта ќе добијат парична награда од по 500 долари.

Училиштето „Методи Митевски Брицо“ учествувало во неколку програми и активности поддржани од мисијата на САД во Македонија, меѓу кои и проектот на УСАИД „Е-училишта“, проектот на Стејт департментот за поврзување на училиштата и Мировниот корпус.

TimeHacker bravo za tie
Christian bravo za malive,samo napred neka teraat
dejan Bravo:)
Makedon Bravo. Znaev deka sme pameten narod. Sega uste pametno da glasame na izborive, samo SDSM da padne
Aleksandra
quote:
Originally posted by Makedon

Bravo. Znaev deka sme pameten narod. Sega uste pametno da glasame na izborive, samo SDSM da padne


Znaci od rano sabajle moras da me nerviras.
intel Gi znam ovie deca, od podmladokot na SDSM se.
dejan Ne zaebavaj.
intel Da be Deki, samo na toa ednoto dete tatko mu e od DPMNE ama i toa biduva, mislam od Buf - Sokol da izleze:))
dejan Epa sega go cekam Makedon da mi kaze drugo:p