Емил Илиќ го почна маратонот до Њујорк |
||||
dejan | Тој од Кофи Анан ќе бара прием на Македонија во НАТО и Европската Унија под уставното име. „Ќе истрпам, тешко е малку. Се ќе направам за Македонија, за сите нас, ова го правам за македонскиот народ, за македонската држава. Местото и е во Европа и во НАТО“, изјави Емил Илиќ, маратонец. За овој потфат доби благослов од Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Беше најавувано дека во првата етапа од маратонот поддршка ќе добие и од амбасадорот на Европската комисија во Македонија, Фуере. Но, тоа не се случи. „Не би сакал да се впуштам во политички води, нешто имаше спорно. Со човекот се видов 10 пати. Сигурно требаше да дојде, не знам што е, не би сакал да шпекулирам“, вели Илиќ. Емил Илиќ минатата година одеше пеш до Брисел 63 дена. Помина 2.500 километри за да лобира за влез на Македонија во Европската Унија. Bravo! |