Satelitska na PC?

Satelitska na PC?
Christian
 
Dali znae nekoj dali moze da se gleda satelitska programa na PC kompjuter, in my case SKY?
xokaido Mislam deka moze...ama ne me fakaj za zbor...
Christian ima eden hardware da se stavi vo kompjuter ama zaboraviv so marka bese
vardarce
quote:
Originally posted by Christian

Dali znae nekoj dali moze da se gleda satelitska programa na PC kompjuter, in my case SKY?


Да може да се гледа сателитска телевизија на компјутер but in you case for Sky Digital no. :-) Постојат повеќе видови на PC DVB картички за пратење на сателитска телевизија. Најпознати и најзастапени се SkyStar 1 и SkyStar 2. Прв произведувач на SkyStar DVB картичките е TechnoTrend, а денеска најпознат произведувач а со тоа и најзастапен на пазарот (барем кај нас е) Technisat. Што е разликата помеѓу постарата SkyStar 1 и новата SkyStar 2? Разликата е во тоа што SkyStar 1 е права DVB картичка со хардверски MPEG2 чип за обработка на податоците додека SkyStar 2 не е DVB картичка туку е мрежна картичка (нема хадрверски MPEG2 чип), со тоа што сите информации она ги обработува софтверски а со тоа е многу позахтевна од SkyStar 1. Но DVB картичките не се користат само за гледање телевизија и слушање радио туку се користат и за data streaming. Значи преку нив може да се користи еднонасочен сателитски интернет или пак offline download. SkyStar 1 бидејќи е постара технички е ограничена на примање на информации со брзина до 2 mbps додека SkyStar 2 е во можност да ги прима дата информациите со брзина до 48 mbps. Исто така постојат верзии на SkyStar кој што имаат CI (Common Interface или на нашки слот) за ставање на различни CI модули за различни системи на кодирање (Viaccess, Nagravision, Cryptoworks, Conax, Irdeto, итн.) Но во денешно време бидејќи пиратеријата е доста распостранета, а и технологијата развиена постои така наречено софтверско декодирање значи не е потребна физичка крипто картичка за да се декодираат некои канали. Значи повеќето од моментално системите што се пробиени како на пример Nagra 2 (D+ Шпанија, TV Cabo Португалија, Premiere Германија, Polsat Полска), Viaccess 2.3 (TPS Франција), Cryptoworks (DigiTurk Турција) може да се пратат едноставно без никаков проблем на SkyStar 2.

Значи да заклучиме. Ако сте по телевизија, ако имате желба да дадете 200 евра за SkyStar 2 и сателитска антена со мотор моментално ќе можете да ги пратите сите тие познати пакети што нудат најдобри филмски, спортски, порнографски... канали. Само едно да знаете секојдневно сите компании што произведуваат системи за кодирање на телевизиски канали се борат против пиратеријата, ако моментално сите тие канали се пратат незначи дека ќе се пратат по еден или два месеца. Но исто така незначи дека нема пак некој пират/и да ги пробие повторно. :-) Сепак гледањето пиратски телевизски канали е скапо и макотрпно хоби. ;-)

П.С. Малку да ви ги загреам гаќите, моментално на Astra 19,2 исток може да се гледаат шест 24 часовни порно канали и три-четири канали што даваат порно секоја вечер после 12 часот. :-D За спорт и останати филмски/тематски канали да не правам муабет.


Technisat SkyStar 2

DonVito како што кажа вардарче, можит али не препорачувам, летно време жешко нормално, на 2-3 мои другари им горит матичната плоча баш од скајстар.
vardarce
quote:
Originally posted by DonVito

како што кажа вардарче, можит али не препорачувам, летно време жешко нормално, на 2-3 мои другари им горит матичната плоча баш од скајстар.


Факт е дека SkyStar 2 картичките доста многу греат ама незначи тоа дека не треба да се користат. Едноставен кулер над картичката и го решава проблемот со нејзиното греење. Инаку до сега јас немам сретнато на некој да му цркне матичната од SkyStar 2 обично они може да се расипат ама матична до сега не. Чисто информативно кај нас во Македонија SkyStar 2 картичка од Technisat кошта околу 55-60 евра.
Christian osven kartickava skystar mi treba nesto drugo(na primer antenna),ili plug and play e rabotava?
vardarce
quote:
Originally posted by Christian

osven kartickava skystar mi treba nesto drugo(na primer antenna),ili plug and play e rabotava?


Нормално дека ти треба. :-)

SkyStar 2 е еден вид на дигитален сателитски ресивер за на компјутер. Значи освен SkyStar 2 ти треба да имаш сателитска антена (колку голема тоа зависи од тебе, односно каде се наоѓаш географски и кои канали/сателити сакаш да ги пратиш), универзален LNB конвертор (тоа е она уредчето што оди однапред на сателитската антена) и коаксијален кабел (75 омски антенски) од антената до компјутерот. Како опционо може да си докупиш и мотор за антената за да не ти биде фиксно монтирана односно да можеш да фаќа многу повеќе сателити со нејзино вртење.