НАПИШЕТЕ: Иконите се македонски!

НАПИШЕТЕ: Иконите се македонски!
dejan
 
http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=28384
И ВО СРБИЈА И ВО БУГАРИЈА ИМА МНОГУ МАКЕДОНСКИ ВРЕДНИ ИКОНИ ОД СРЕДНИОТ ВЕК. НЕ ТРЕБА ДА НИ ПРЕЧИ ТОА - И МЕТРОПОЛИТЕН ВО ЊУЈОРК Е ПОЛН СО ГРЧКИ ПРЕДМЕТИ. АМА МОРА СОСЕДИТЕ ДА НАПИШАТ ДЕКА ИКОНИТЕ БИЛЕ СОЗДАДЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ СЕРАФИМОВА Анита ЈОВАНОСКА

Еден француски цариник имал пријател со потекло од Македонија. Во еден разговор во почетокот на 90-тите години на 20 век, случајно му споменал дека запленил три икони кои не се знае од каде потекнуваат. Приказната е тоа што многу случајно се дознава дека една од иконите потекнува од Македонија. Иконата никаде не била заведена како наша, иако станувало збор за вредно дело од 16 век, на кое е претставен Исус Христос. Никој официјално не знаел дека постои. Никој не можеше да докаже дека таа е украдена, а со тоа и не можеше да се бара да се врати назад во Македонија. Приказната за традиционалната македонска незаинтересираност ја раскажа новинарот и публицист Нове Цветановски. Ова не е единствена приказна. Познато е дека многу други икони неповратно заминуваат од земјата и најчесто завршуваат во приватните колекции на Запад без никој од овде да знае за нив.
Византологот Анета Серафимова смета дека не е проблем тоа што толку икони имаме надвор, туку тоа што не се нагласува дека се создадени во Македонија.
"Неукост и постојана обременост со пропагандни фрустрации е чинот на Србија или Бугарија кои во музеите чуваат вредни средновековни икони создадени во Македонија. Тие ги декларираат како свои, а тоа е крајно лаички. Па, за какви држави и нации во Среден век можеме да зборуваме!" смета византологот. Колку за утеха, охридската колекција на икони и еден дел од иконите во посед на Музејот во Македонија се толку многу значајни што го "компензираат" она што е излезено од земјава. Зар е доволно само да се има? "Не е доволно, бидејќи иконите не комуницираат со светот. Затворени се во музеите и ги гледаат тројца луѓе во три недели", вели Серафимова.

Учи од конкуренцијата!
"Проблемот е тоа што немаме владина стратегија за културното богатство, каква што е грчката, на пример. Тогаш какви приказни би му продале на светот? Добар дел од Метрополитен во Њујорк е полн со антички предмети од Грција. Нејзе не и текнува да си ги побара, зошто никогаш и нема да ги добие. Пари се во прашање, а од тоа прави пари и музејот и Грција", вели Серафимова.
Евиденција
Дури во 1952 година во Македонија почна евиденцијата на објектите кои претставуваат културно-историски споменик. Со тоа и на иконите. Според публицистот Нове Цветановски, бројот на иконите што се украдени и однесени дефинитивно е поголем од бројот на иконите што денес ги чуваме во Македонија. Тоа значи дека се работи за десетици илјади икони.

"Не сме имале слух за поважни нешта, не пак за културното наследство. Кога зборуваме за Македонија во рамките на Југославија, секогаш бевме инфериорни маргиналци. Нека ни кажат политичарите кои уште се живи, зошто сме се плашеле да поставиме прашања кои би можеле да бидат протолкувани како големомакедонски", прашува византологот Анета Серфимова.

Krivi im e na ovie Srbi i Bugari deka se od Makedonija, a ja znaat gadnata istorija koja oni ja stvorila i se sramat da recat deka se ukradeni od Makedonija.
mnik
quote:
Originally posted by makovski

Невервам дека икони са македонски!Македонска нациja и држава во 19век нема немало е и преди.Држава на Александар Велики е била елинска и за тоа има много докази.Иконите споменувани са бугарски или србски


bre bre, biased brainwashed Bulgarian, they are Macedonian, full stop...

and go educate your self about who the ancient Macedonians were, here is a good topic on that:
http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=13655&whichpage=2
Duhot na Vovata Анита ЈОВАНОСКА е заборавила едно В во презимето свое. ;)

TimeHacker e korekcija odma;))
Duhot na Vovata Само майтап... дружески шарж :).