Во Македонија оружјето убива десет пати повеќе...

Во Македонија оружјето убива десет пати повеќе...
dejan
 
од Германија.

Балканската истражувачка мрежа (БИРН) во последниот извештај вели дека во Македонија има премногу нелегално оружје, кое во последно време зема данок во крв. И покрај тврдењата на полицијата дека опаѓа бројот на убиства извршени со огнено оружје, БИРН смета дека тоа е далеку над просекот на западноевропските земји "Потребна е нова кација за разоружување", констатира во извештајот Благоја Марковски, претседател на НВО Балкански форум за безбедност.
Владимир Пандиловски од Националната асоцијација за оружје вели дека и покрај статистиката која покажува дека бројот на жртвите од огнено оружје се намалува, црниот биланс и натаму е над просекот во европските земји.
"Бројот на жртвите во Македонија варира од 13 до 25 лица на еден милион жители, додека во Германија бројката е едно убиство на еден милион жители, слично како и во Франција и во Англија", изјави Пандиловски за БИРН.
"Во текот на минатата година полицијата заплени над 900 парчиња оружје што е за 65 насто повеќе од лани", вели Борче Пешевски од Министерството за внатрешни работи.
Пандиловски, од друга страна вели дека проблемот со нелегалното оружје не е само во количеството туку и во структурата на тоа оружје. "Станува збор за воено оружје кое е дизајнирано за напад и предизвикување што поголеми жртви", објаснува тој.
Според полициски проценки во Македонија има меѓу 80 и 120 илјади парчиња нелегално оружје.

"Не смееме да бегаме од фактот дека Македонија има сериозен проблем со нелегалното оружје", изјави Марковски.
Новата акција за додброволно разоружување ја подржува и Ален Лапон, проект менаџер во УНДП Македонија. "Никогаш не е лошо да се размисли за нова акција со која ќе им се овозможи на оние што поседуваат нерегистрирано оружје да се ослободат од него, затоа што сите луѓе што имаат нелегално оружје не се криминалци", изјави Лапон за Балкан инсајт.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=117781&idg=6&idb=1778&rubrika=Makedonija

kazano normalno deka site so imaat oruzje doma ne se ubijci.jas doma imam 2 pistoli i bokerica pa nikogo ne sum ubil dosega niti ce ubijam.no za razoruzuvanje ce razmislam.toa sto imam doma oruzje mi dava nekoja sigurnost vo sebe deka ako nekoj mi go zagrozi zivotot imam so sto da se branam.bolnoto e toa sto nekoj namesto puski lovciski i pistoli od 2 svetska imaat kalasnikovi i novi poluavtomatski pistoli.
Makedon UCK-DUI go koristi oruzjeto sto go koristese vo vojnata 2001 g. SDSM ne im go sobira, vo koalicija se neli?
marko_polog Vistina e deka imase akcija za sobiranje na oruzjeto, i toa na celo so ostreni, go sobirashe oruzjeto sto Ljube im go dade na Makedoncite vo kriznite regioni.