Studii vo Grcija

Studii vo Grcija
Aleksandra
 
понеделник, 29 мај 2006

Солун - нова дестинација за студирање на младите Македонци

Македонските свидетелства во Солун се признаваат полесно отколку грчките дипломи кај нас

СОЛУН – Дваесет и четиригодишната Елена Костовска секојдневно осмислува како подобро да го рекламира Американскиот колеџ во Солун преку веб-реклами. По седумте години поминати на Универзитетот како студент и постдипломец, таа од пред една година работи како координатор во маркетинг-одделот на Универзитетот, а е одговорна и за електронски маркетинг. Вели дека не би можела да се замисли на ниедно друго место освен на Универзитетот каде што ги стекнала сите компјутерски вештини. Тука сака и да остане.
Стотина Македонци кои размислуваат како Елена, лани се запишале на приватниот Американски колеџ во Солун. Некои од нашите студенти кои студираат тука, по дипломирањето среќата ја бараат во приватни грчки фирми, некои, како Елена, останале на Универзитетот, но повеќето се враќаат во Скопје. Можноста за студирање во Солун ја гледаат како можност да најдат добра работа, нешто што велат дека не би го добиле кај нас дома. Разочарани се од нашиот систем на студирање кој, според нив, е лош и не може да се спореди со оној во Солун. Уште поголемо е нивното разочарување кога со грчките дипломи ќе се вратат дома, бидејќи процедурата за нивна нострификација е речиси невозможна, за разлика од признавањето на македонските свидетелства на грчките универзитети, што оди без проблем.
Приватниот Американски колеџ во Солун се наоѓа во елитниот дел од градот, а во универзитетскиот кампус функционираат и градинка, основно и средно училиште. Во моментов на колеџот студираат стотина студенти од Македонија, од кои 93 се на додипломски студии, а тројца на постдипломски, иако велат дека интересирањето за студирање тука постојано се зголемува. За нашите студенти најголем проблем е годишната школарина која изнесува 6.500 евра, но велат дека тоа е поприфатливо отколку студирањето во Америка или во некоја друга европска земја, што би ги чинело многу поскапо. Тука најмногу им се допаѓа тоа што на едно место имаат предавања од професори кои доаѓаат од различни земји, а ги привлекуваат и атрактивните студиски програми. Колеџот им доделува и два вида стипендии ако достават барање за помош и преку програмата за академски успех.
„За овој колеџ се одлучив од љубопитство. Едноставно, ме интересираа компјутери, а такви специјализирани програми немаше во Скопје. Затоа дојдов тука и се пронајдов себеси. Сега експериментирам со различни програми. Во исто време сум графички и веб-дизајнер, тоа го комбинирам со маркетинг и навистина ми е интересно“, вели Елена. Се присеќава дека се запишала во првата група на Отсекот компјутерски менаџмент и информациони системи, заедно со уште четириесетина кандидати, од кои половината биле од Македонија.
Американскиот колеџ во Солун не е акредитиран од грчките власти, иако има акредитација од Америка. Тоа не им пречи на македонските студенти, кои со овие дипломи бараат и лесно добиваат работа во приватните фирми кај нас. Таков е случајот со Даме Дамевски, кој пред три години дипломирал бизнис-администрација на колеџот во Солун и со таа диплома се вработил во Тетекс-кредитна банка. За студирање во Солун се одлучил за да добие квалитетно образование и да биде блиску до дома.
„Овој колеџ тогаш ги нудеше најдобрите можности во регионот. Го одбрав него и не згрешив.Четврта година средно поминав во Америка каде што сфатив дека американската едукација е она што треба да ја добие секој студент во регионот. Тоа е сосема друга филозофија на учење“, вели Даме.
„Кај нас не постои програма, а професорите се повеќе од политичари. Никогаш немаше да добијам вистинско предавање од односниот професор. Овде професорите се вистински професионалци“, додава Даме. Неговата диплома не е нострифицирана и вели дека не му е потребно тоа.
„Нострификацијата не ми значи ништо. Еднаш аплицирав во државна институција каде што ми побараа дипломата да ми е нострифицирана. Тогаш сфатив дека тоа е макотрпна работа и дека треба на балкански начин да ја нострифицирам. Затоа и се откажав“, вели тој.
Ричард Џексон, претседател на Американскиот колеџ во Солун, истакнува дека се горди поради интернационалната средина на колеџот. Тие ги приспособуваат програмите според балканските. Тој вели: „Кај нас студираат од Грција, Америка и од сите соседни земји. Акредитирани сме од американската влада, а н` акредитира истата агенција која ги акредитира и ’Харвард‘ и МИТ. Тоа се врвни високообразовни институции, што е гаранција за квалитетот на образованието што го добиваат студентите“.
The_Crow Aleksandra ova pocnalo da se siri so golemi razmeri vo moe vreme na ovoj koledz godisno se zapisaa okolu 15 studenti vo prosek denes posle 5 godini okolu 100 vidi, vidi ne sije koledzov, megutoa ipak finansiite od 6500 evra se nekako mnogu od moj aspekt, a ne samo od moj ke se slozat i drugite se raboti za mnogu pari. Za kvalitetot na obrazovanieto ne sporam bidejki znam deka predavaat visoko strucni kadri taka sto bi go preporacal ova na idnite studenti koi sepak mozat da si go dozvolat.
Aleksandra
quote:
Originally posted by The_Crow

Aleksandra ova pocnalo da se siri so golemi razmeri vo moe vreme na ovoj koledz godisno se zapisaa okolu 15 studenti vo prosek denes posle 5 godini okolu 100 vidi, vidi ne sije koledzov, megutoa ipak finansiite od 6500 evra se nekako mnogu od moj aspekt, a ne samo od moj ke se slozat i drugite se raboti za mnogu pari. Za kvalitetot na obrazovanieto ne sporam bidejki znam deka predavaat visoko strucni kadri taka sto bi go preporacal ova na idnite studenti koi sepak mozat da si go dozvolat.


Jas iskreno nishto ne znam za koledzov zatoa shto ne sum ni vo MKD i kolku i covek da saka da sledi sve, nekad nemoze neli. Brat mi e maturant, i znam deka sega se razmisluva sto kako ke pravi. Ovoj ni go imaat spomnat, no isto mislam deka e preskap. Duri poskap od nekoi pojaki fakulteti vo USA i Kanada. Inace vo pravi si, ne e sporno i ne sumljam deka nema visoko strushni kadri, toa poveke nego sigurno. Zatoa ova go procitav i go postirav za da doznaam malkucka povaka, sepak me interesirashe.:)
The_Crow Se raboti za koledz koj e pod zakrila ili nekako kako podruznica na univerzitetot od Shefild, Anglija pa ne veruvam deka englezite bi se brukale so nekvalitetni kadri. Zimovo koga bev vo Krusevo imase edna devojka Radmila, taa bese zapisana na toj Univerzitet vo Solun i koga praevme muabet ni kazuase deka epten korektno se odnesuvale sprema makedonskite studenti, taka sto nisto ne im falelo edinstveno problem imale so cenite bidejki bilo mnogu skapo edno pivo bilo 10 evra vo kafic 20 evra bilo na koncerti se davale i po 40-50 evra znaci sevkupno prilicno skapo skoluvanje, megutoa drzi voda, a ova ke go ispustev deka prvin se posetuval nekoj k*rs za da se nauci grcki jazik bidejki predavanjata bile ne grcki a ne na angliski.
Aleksandra
quote:
Originally posted by The_Crow

Se raboti za koledz koj e pod zakrila ili nekako kako podruznica na univerzitetot od Shefild, Anglija pa ne veruvam deka englezite bi se brukale so nekvalitetni kadri. Zimovo koga bev vo Krusevo imase edna devojka Radmila, taa bese zapisana na toj Univerzitet vo Solun i koga praevme muabet ni kazuase deka epten korektno se odnesuvale sprema makedonskite studenti, taka sto nisto ne im falelo edinstveno problem imale so cenite bidejki bilo mnogu skapo edno pivo bilo 10 evra vo kafic 20 evra bilo na koncerti se davale i po 40-50 evra znaci sevkupno prilicno skapo skoluvanje, megutoa drzi voda, a ova ke go ispustev deka prvin se posetuval nekoj k*rs za da se nauci grcki jazik bidejki predavanjata bile ne grcki a ne na angliski.


Aj ne zezaj. Pa ako e Britanski Koledzov jas ne gledam pricina da se zbori na Grcki. Kaj nas vo Skopje na stranskive faxovi si se zbori na Angliski. Ali toa si se grcite. Ne me cudi da e taka.:)