Vesti na denot- Zdravje

Vesti na denot- Zdravje
Aleksandra
 
Sekakva vest sto ke slushnete vo vrska so zdravje tuka....

Topicov go otvaram so vesta za "Stomacen Virus" koj vladee niz Skopje...

ГРАЃАНИТЕ МАСОВНО БАРААТ ЛЕКАРСКА ПОМОШ

Стомачниот "вирус" ги полни амбулантите

ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВЕЛАТ ДЕКА НАЈГОЛЕМ ВИНОВНИК Е СВЕЖОТО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК, КОЕ НАЈЧЕСТО НЕ СЕ МИЕ ДОБРО. СО СООДВЕТНА ДИЕТА И ЛЕКОВИ ТЕГОБИТЕ СЕ САНИРААТ ЗА ДЕН-ДВА АКО НЕ СЕ РАБОТИ ЗА БАКТЕРИЈА


Голем број скопјани деновиве побараа лекарска помош поради стомачни тегоби. Дел од нив дури завршија и на некоја од клиниките каде примија инфузија како резултат на истоштеноста на организмот од честите диареи и повраќања. Стомачниот "вирус" ги испразни и клупите во училиштата.
"На детето цела ноќ му се лошеше, а имаше пролив на секој час. Денеска дури качи и температура, но барем не повраќа. Во петокот неколку другарчиња на син ми си заминале од час, бидејќи исто така имале проблеми со стомакот. Колку што слушнав и сосетката и маж и побарале лекарска помош, вели мајката на малиот Бране. Здравствените работници велат дека се работи најчесто за тегоби кои со неколку дневна диета и соодветни лекови против дијареа се санираат за ден до два. Во Градскиот завод за здравствена заштита, пак, велат дека од инфективна клиника засега немаат известување за некаков стомачен вирус, или зголемен број пациенти кои имаат бактерија.
"Ова е период кога се конзумираат големи количества на свеж зеленчук и овошје, особено јагоди, кое најчесто не се мие соодветно, поради што и се јавуваат вакви проблеми. Засега само се зборува за зголемување на стомачните тегоби, но за да се преземат некои интервенции и да се утврди точниот причинител, потребно е да имаме резултати од микробиологија. Тогаш би можеле да зборуваме дали се работи за вирус или е во прашање бактерија. Ваквите проблеми се карактеристични за летните месеци, а со оглед на високите температури се јавуваат и порано. Од друга страна, децата се се почесто надвор од домовите, па затоа треба да се внимава и на хигиената на рацете, вели д-р Александар Стојанов, директор на ГЗЗЗ.

Aleksandra НУТРИЦИОНИЗАМ

Маслиновото масло - чувар на здравјето

Благодарејќи на својот состав, маслиновото масло ги штити крвните садови од предвремено стареење


Во високоразвиените земји исхраната на луѓето се' повеќе се состои од брзо приготвена храна (фаст фуд). Во тој вид храна не постои рамнотежа меѓу нутритивните компоненти. Се карактеризираат со зголемено количеството на заситени масти, а намалено количеството на неопходните мононезаситени масни киселини. Намалено е и присуството на жито и производи од жито, овошје и зеленчукот. Така во организмот се внесуваат многу протеини од животинско потекло и „скриени“ штетни животински масти. Како последица од таквата исхрана, тие луѓе страдаат од разни заболувања.

Исхраната во земјите на Медитеранот, попознат како област во која живеат најздравите луѓе на планетата, е сосема различна и здрава. Храната на луѓето од Медитеранот се карактеризира со умерено консумирање на месо, млеко и млечни производи и со оптимално користење на сложени јаглеродни хидрати (компири, палента, тестенини и ориз), обилно користење на свежо овошје и зеленчук, кои поседуваат не само изобилство на витамини и минерали туку ги содржат и неопходните растителни влакна. Во таа исхрана редовно се консумира риба и, секако, оптималниот чувар на здравјето - маслиново масло. Благодарејќи на својот состав, маслиновото масло има заштитна улога во борбата против предвременото стареење на крвните садови. Маслиновото масло ги заштитува желудникот и црниот дроб од оштетувања, го поттикнува растот на децата, го подобрува квалитетот на живеењето и дава долговечност, а на јадењата им дава единствен и пријатен вкус. Маслиновото дрво е долговечно и може да дава плодови до 1.000 години, а според легендите тоа е продукт на човековата еколошка средина кој на човекот му служи и како храна и као лек.

Според своите нутритивни и диетотераписки својства, маслиновото масло се препорачува за секојдневна употреба и како лек при болести на желудникот, цревата, жолчното кесе, при атеросклерозата и за брзо зараснување на внатрешни и на надворешни рани. Маслиновото масло се препорачува особено во најраното детство и во исхраната на старите луѓе.

Маслиновото масло содржи до 83 отсто корисна мононезаситена олеинска киселина. Содржи и мал процент заситени масни киселини (палмитинска и стеаринска) и повеќекратно незаситени масни киселини (линолна и линоленска). Поради поволниот однос на масните киселини, маслиновото масло го заштитува организмот од преголемото присуство на штетните слободни радикали. Маслото содржи 90 отсто витамин Е во облик на алфа-токоферол. Од нутриционистички аспект тоа е најдобар облик на витамин Е. Освен тоа, маслиновото масло содржи корисни фенолни компоненти, стероли, сквален и бета-керотин, кои меѓу останато имаат антиканцерогено својство. Содржи и фосфолипиди, обоени состојки, ароматски материи што го оптимализираат создавањето на црвените и на белите крвни зрнца во крвта. Затоа, маслиновото масло треба да го употребуваме не само за зачинување на салатите туку и за готвење.

Душан Матиќ -Нутриционист


ИНТЕРНА МЕДИЦИНА

Срцевите мани мора итно да се лекуваат

Отежнато дишење, кашлица, срцебиење се најчестите симптоми кај болестите на митралните залистоци


Стеснувањето или проширувањето на митралните и на аортните залистоци се најчести стекнати мани на срцето. Пациентите со митрална стеноза имаат стеснување на отворот на митралните залистоци што се јавува поради меѓусебното сраснување на рабовите на листовите и промена на валвулата. На вака променетата валвула често доаѓа до таложење на калциумовите соли, што придонесува за натамошно стеснување на отворот и отежната функција на срцето. Појавата на митралната стеноза во над 99 отсто случаи е последица од ревматско воспаление на внатрешната обвивка, т.н. ендокардитис. Интересно е дека кај половина од тие болни не се сретнуваат податоци за ревматско заболување. Многу поретко таа мана се среќава при вродени малформации на срцето.

Како последица од нарушувањата се јавуваат промени во левата преткомора, белите дробови, а со тек на време и на десното срце. Кај некои болни таа мана може долго време да биде без симптоми и обично претставува случаен наод при систематски преглед. Како најчести симптоми кај болните се јавува отежнато дишење-диспнеја, кашлица со исплукување на крв, а често се среќава откинување на згрутчувања од крвта - емболиски компликации во мозокот, бубрезите и во екстремитетите, што се тешки компликации.

За откривање и дијагностика на таа мана неопходно е да се изврши клинички преглед на болниот, со кој се утврдува појава на карактеристичен изглед на болниот со присутно модрило на образите и на усните, лесно пожолтување, набабрени вратни вени и појава на шум на срцето со карактеристичен наод. ЕКГ-наодот и ехокардиографијата помагаат во точното дијагностицирање. Кај повозрасни пациенти се применуваат и инвазивни методи - катетеризација на срце со коронарографија и белодробна ангиографија.

Лекувањето на тие болни не е лесно и е во зависност од степенот и тежината на болеста. Кај болни што немаат симптоми не се препорачува посебно лекување и профилакса на ревматска треска, лекување на фокуси и превенција на бактериски ендокардитис. Кај пациенти што имаат симптоми се препорачува избегнување на физичко оптоварување, намалено внесување на соли и примена на медикаменти или оперативен третман. Оперативното лекување на болните со митралната стеноза се врши со реконструкција на променетата валвула или со имплантација (вградување) на вештачки залисток. Во последно време како замена на оперативното лекување се применува ширење на отворот на залистокот со помош на катетер со балон.

Многу честа срцева мана е митралната инсуфициенција, кај која се јавува враќање на крвта низ залистокот, од левата комора во левата преткомора.

И таа срцева мана најчесто се сретнува кај болни со прележана ревматска треска, бактериско воспаление на внатрешната обвивка - ендокардитис, како и кај пациенти со системски болести, шеќерна болест или вродени срцеви мани. Кај тие болни се јавува проширување на левото срце. Болните долго време се без симптоми, а често се манифестира отежнато дишење, плукање на крв и појава на градна болка. Често, болните се жалат на замор, срцебиење, а во понапреднат стадиум се јавува отекување на стомакот и на нозете.

За поставување на дијагнозата на таа срцева мана се користат истите клинички и лабораториски методи, а лекувањето зависи од симптоматологијата, степенот и тежината на оштетување на залистокот. Како лек на избор се препаратите на дигиталис, лековите што ги шират крвните садови - вазодилататори и лекови за мокрење - диуретици. Оперативното лекување се применува кај болни кај кои лековите не ги ублажуваат симптомите, а истото се врши со корекција на променетата валвула или со вградување на вештачка валвула.

Проф.Др. Лазар Србиновски интернист кардиолог
Aleksandra 2006 Дневник

СТРУЧЊАЦИТЕ СООПШТИЈА АЛАРМАНТНИ РЕЗУЛТАТИ

Почвата во Велес е најзагадена на Балканот

Концентрациите на олово, цинк и на кадмиум во почвата, од која градот се снабдува со градинарски производи се десетпати повисоки од тие на светско ниво

Почвата во околината на Велес е најзагадената почва на Балканот и таа е опасна за здравјето на населението, покажа обемното испитување спроведено во 2004 година. Резултатите од испитувањето за дистрибуцијата на тешките метали во почвата во градот ги соопшти вчера д-р Симеон Јанчев, професор на Техничко-металуршкиот факултет во Скопје. Според него, резултатите и концентрациите на тешки метали се „застрашувачки и неверојатни вредности“, кои ги нема во поширокото опкружување на Македонија.

Студиите покажаа дека апсорпцискиот капацитет на почвата за прифаќање ново количество тешки метали е на гранично ниско ниво. Едноставно кажано, земјата е преполна со тешки метали, кои 30 години постојано се испуштаа од Топилницата и таа практично не е во состојба да впива уште метали.

- Состојбата е алармантна - изјави д-р Јанчев.

Тој соопшти дека олово, цинк и кадмиум во висок процент се присутни на најплодното земјиште во Велес, каде што се сеат градинарски производи, кои населението ги консумира. На таа почва се и лозовите насади. На потегот Башино Село-населба Речани е измерено дека оловото го има трикратно повеќе од толерантното ниво, а десет пати повеќе од светскиот просек.

- Многу полоша е состојбата со кадмиумот, кој го има и до седум пати повеќе од толерантното ниво, а 20 пати повеќе од максимално дозволените вредности (МДК), додека на некои почви е присутен и до алармантни 70 пати повеќе од МДК - посочи Јачев.

Испитувањето било со два проекта, едниот кој опфаќал 35 квадратни километри и со него е испитувана пошироката околина на градот и, вториот, е теренот на релација Башино Село-Речани од каде што градот се снабдува со земјоделски култури. Резултатите од 150 проби на 1 до 2 кг примерок земја извадена од длабочина до 40 сантиметри покажале дека тешките метали во почвата е најгуст во околината на Топилницата, во урбаното подрачје на градот, кај ридот Вршник, долниот тек на реката Тополка, автопатот Велес-Гевгелија, додека помалку контаминирана и загадена е почвата во стариот дел на градот како и ридот Св.Илија. Проектите се работени со финансиска поддршка на Министерството за образование и Министерството за животна средина.

- Големата загаденост на почвата од каде што Велес се снабдува со градинарски производи е заканувачка за здравјето на жителите. Ќе побарам помош од Владата за деконтаминација на почвата - изјави градоначалникот Аце Коцевски.

Петар Печков
Aleksandra Znaci ne daj boze covek da trgne po ovie vrati...

Угриновски оперирал по гаќи

Операционите сали во Хируршките клиники во Државна болница од вчера се затворени, оти не работат апаратите за анестезија. Со денови наназад дел од закажаните интервенции се одложувале и поради тоа што лекарите немале стерилизирани униформи без кои не може да влезат во сала. Според извори на Хирургија, т.н салска облека нема од минатата недела, па хирургот Јовица Угриновски пред некој ден на операција морал да влезе по гаѓи, оти пациентот кој бил закажан и ставен на хируршка маса не смеел да чека ниту една минута.

" За влез во сала се чека час и половина до два, оти нема доволно униформи, кои ако не ги облечеме не можеме да почнеме со операцијата. Тоа практично значи дека целиот ред на операции се пролонгира, па не стигаме на време да ги завршиме сите закажани интервенции. Ова мислиме дека ги поминува сите граници. Клинички центар се распаѓа, по болниците верувајте нема ама баш ништо", велат за ВЕСТ неколкумина хирурзи, кои сакаат да останат анонимни, оти како што велат секој јавно кажан збор нивниот директор Андреа Арсовски го смета дека се предизборна кампања.

Проф. Угриновски вчера потврди дека морал да оперира само во долна облека.

"Точно е дека бев принуден во сала да влезам по долна облека. Се извинувам за тоа, но ако не направев така, веројатно ќе требаше да го разбудам пациентот кој беше под анестезија и да чекам уште два часа за да ми донесат стерилизирана облека", изјави за ВЕСТ, неврохирургот проф. Угриновски.

Освен недостигот на униформи, во салите од вчера не работат ниту апаратите за анестезија, бидејќи нема сода без која тие се неупотребливи.

Иако, лекарите на Хирургија уште пред две недели алармирале до своите директори дека содата за апаратите е при крај, никој не се ни обидел да ја набави.

" Ние постојано ги информираме сите, од директори на клиники, до директорот на Клинички, па и до Министерството за здравство дека по болниците нема ништо и дека вака не се работи. Но, се е џабе. Ниту некој се јавил било што да праша, а камо ли да дојде да види во какви услови се работи", револтирано коментираат хирурзите.

До затворањето на весникот, портпаролот на Клиничкиот центар Искра Димовска не даде одговор на прашањето зошто од вчера не функционираат хируршките сали, ниту пак даде објаснување до кога ќе трае ваквата состојба и кој ќе биде одговорен за здравјето на пациентите кои чекаат за операција. Со тоа, без одговор остана и директорот на Државна Арсовски.

Извор: Вест
idividi