Vlasta neprincipielna vo vrabotuvanjata

Vlasta neprincipielna vo vrabotuvanjata
Makedon
 
Нови вработувања во „Македонски Пошти“
Наташа Стојановска - A1


29.05.2006
Македонски Пошти“, предизборно, со нови вработувања. Деновиве, фирмата објави конкурс. Отворени се 40 нови работни места. Се бараат луѓе за работа во различни сектори во оваа фирма.

Власта сега пред крајот на мандатот вработува нови луѓе токму во јавното претпријатие за кое неодамна тврдеше дека има превработеност, поради што се отпуштаа луѓе.

Оваа фирма во последните две години ја напуштија 180 луѓе, па оттаму познавачите сега се вчудоневидени од одлуката за вработување пред изборите.

„Македонски Пошти“ до неодамна важеа за фирма загубар со минуси кои достигнуваа и по 2 милиони евра годишно. Од зоната на неликвидност излегоа дури минатата година.

Односот кон јавните претпријатија и администрацијата во изминативе 15-тина години ја доведоа земјава во нелогична превработеност во државниот сектор.

Според последните бројки, над 120.000 луѓе работат под капа на државни институции и претпријатија, што е премногу за мала земја како Македонија.

Редовно администрацијата и јавните претпријатија служат за вдомување на партиски кадри и редовно тоа се случува пред секои избори.

„Пошта“ е само еден пример кој докажува дека и оваа година ќе биде искористена за подмирување на партиските сметки со државни пари.


Pacmen Ova i dpmne (za da se imaat pravo na vmro vo imeto ce treba uste treva da pasat edno 100 godini) go praese istovo. Vlast pa vlast. Se e toa za vo zatvor.
Aleksandra
quote:
Originally posted by Pacmen

Ova i dpmne (za da se imaat pravo na vmro vo imeto ce treba uste treva da pasat edno 100 godini) go praese istovo. Vlast pa vlast. Se e toa za vo zatvor.