АРМ ќе добива офицери од Тирана

АРМ ќе добива офицери од Тирана
трендафил
 
Македонски студенти ќе се запишуваат на Воената академија во Тирана
Вера Тодоровска А1 телевизија


01.06.2006
На Воената академија „Скендербег“ во Тирана за прв пат во новата академска година ќе може да се запишат македонски студенти.

Тоа се овозможува со потпишаниот протокол за соработка во областа на армиското образование меѓу министерствата за одбрана на двете земји.

По потпишувањето на документот замениците министри на двете земји оцениле дека ова е уште еден позитивен чекор во низата настани од повеќе сфери значајни за целиот регион.

Македонската делегација била примена и од министерот за одбрана на Албанија, Фатмир Медиу, а присуствувала и на започнувањето на едномесечната заедничка воена вежба на која учествуваат стотина офицери од Македонија, Хрватска, САД и Албанија.

Целта на вежбата е подобрување на способностите на војниците во планирање, гаѓање и војување во градски средини.

-----------------------

Мои забелешки: Македонија дипломираните офицери во својата академија ги испраќа или на улица или во затвор. Како чувари. И покрај тоа што имаат договор со Република Македонија за сигурно вработување по завршувањето. Зошто и се тогаш потребни офицери од Албанија? Дали албанската воена академија е позната во светот (препорачана од НАТО) или само на неа на одредени питомци ќе им дадат дипломи, бидејќи на друга не се во состојба да дипломираат, а токму тие треба да бидат вработени во АРМ.


nukleus Zatoa treba ARM da "zgasne" i da ne gi troshi zaludno parite na Makedoncite kako shto se potvrdi i vo voeniot konflikt 2001.