Добра и лоша вест! |
||||
zgrada_37 | Пред два дена, костумосани стегнати до гуша се собраа на свечен прием поголем дел од видните граѓани на РМ и прославија јубилеј. Добрата вест гласи: петнаесет години од формирањето на првата влада на самостојна и независна Македонија. Сакам да потсетам дека во средата во исто време додека се одбележуваше јубилејот, а поранешните премиери со широка насмевка и со шампањско му наздравуваа на сегашниов премиер, надвор ни се случуваше затемнување на Сонцето. Како се совпаднаа двата настани, да се чудиш и да се крстиш. Која симболика само се стори. Замислете: свечено се одбележува деценија ипол од владата, чин на кој присутните четворица од петте премиери, кој од кој посигурен во себе и убеден дека за време на својот мандат со нешто ја просветлил земјата евоцираат спомени, Македонија се најде во темница соочувајки се со вистината дека е прогласена за "неуспешна приказна" откако го фати дното и застана на опашката од ранг листата на државите во регионот. * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * Нека виси Циле. Тоа е лошата вест и пораката од власта, која по се изгледа не остава ништо на случајности. Се ближат парламентарните избори и на сите кои се наоѓаат на списокот како потенцијални тркачи и можат да им го загрозат резултатот на оние кои се сметаат за фаворити треба да им се покаже по еден жолт картон како предупредување дека судијата не се шегува. Обвинителството конечно се "освести" и после шест цели години или четири откако работи под менторство на највисоките партиски и државни кабинети го обвини Циле за злоупотреба на службената должност, како некогашен директор на Агенцијата за обнова и развој. Многумина рекоа-аферим! И така на Прчевски и компанија им требаше време да сочекаат аналитичарите од коалицијата на власт да соберат докази, па да почнат со рафали од заседа. Всушност требаше да им се запали сијаличката и да констатираат дека Циле од Тајван донесе речиси толку милиони долари колку што владата го продаде ЕСМ. Кога се свестија патем дека таа сума беше една третина од ветената милијарда, која со невидена агитроповска кампања ја избербатија како проект и цинично се поганеја мајтапејќи се сите оние закоравени кинеско-српски профитери и полтрони на чело со тогашниот татко на нацијата и државниот врв, му дадоа директива на битолчанецот да издаде потерница. И, ете Циле се најде кај истражниот судија. Да биде уплавот поголем придонесоа и реакциите после неколкуте настапи на алтернативецот по медиумите каде тој отворено проговори и објасни некои математики кои јавноста после долго време почна да ги прифаќа како реалност. Зошто токму од тркачите е избран Циле? На ова прашање ке се обидам накусо да понудам одговор, не за да го бранам "младиот", туку да ја поткрепам мојата теза дека во ова предизборие, кога се прават илјадници комбинации како да се остане на власт, какви се можни варијанти се ставаат во оптек за да се оствари фронт за далавери, а да не се сруши мотото "110 посто чесни и фер избори", на кои инсистира Брисел. А, Циле може да им ги помати сметките. Како? Па доволно е електоратот да се соочи само со неколку политички потези кои ги повлече тој, а кои другите не би ги прифатиле ниту во сон. Прво: Во ноември 2000 година после две години активно учество Циле излезе од власта исполнувајќи го ветувањето дадено пред изборите дека ако не успее да ја реализира програмата нема да ја злоупотребува довербата на граѓаните и ќе се повлече. Второ: Објави Бела книга и ги нацрта сите оние свои пријатели за кои го обвинуваа дека им давал кредити. Значи не сокри ништо. Напротив понуди аргументи и посочи дека сега топката е кај банките на чии шалтери се броеле парите, а не кај него. Трето: Времето покажа дека проектот за чија реализација се залага и оваа денешна актуелна влада, а тоа е слободната економска зона "Бунарџик", не била Цилева шарена лага, туку сериозен и капитален зафат со кој Македонија доста добро ке профитираше. Треба ли уште аргументи, зашто е Циле токму сега упатен кај истражниот судија? Треба ли да се постави прашањето кој од сегашниве што се на власт има мадиња како што стори тој да ја напушти фотелјата како доблесен чин или да објави Бела книга и да покаже кој се и на кој начин приватизирал и како се збогатил за време на неговото владеење. Да завршам во стилот на Циле - мало морген! Објавено на 1 и 2 Април 2006 година во весникот: Вечер новинар: Владимир Тулевски |
|||
GiTaRiSt | mislam deka ovaa ne rebase ovde da se pise ???ili jas gresam..? | |||
M-I-L-A | pa bi mozelo da se kaze | |||
xokaido | ne gresis | |||
TimeHacker | greska e,ova politika nesto tamu bi trebalo da se otvori |