Idniot Premijer

Idniot Premijer
Avitoholl
 
Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Нема да бидеме сервис на олигарсите
За директорското место во Фондот за здравство ќе распишеме меѓународен конкурс. Таму ќе има најмалку двајца директори со врзан потпис, или принцип на четири очи. По принципот на менаџирањето на банките. Секако пред конкурсот ќе има консултантска куќа која ќе анимира квалитетни интересенти, успешни менаџери. Тоа ќе го спроведеме и за управување на Македонската радио телевизија. На сите им дадовме на знаење дека новата влада мора да биде со вистинските луѓе на вистинските места. Независно кој каква позиција има во својата партија.

Ќе ангажираме компетентни млади луѓе кои пред се се ентузијасти. Некои од нив не живеат сега во Македонија. Живеат во САД, во државите од ЕУ, некои од нив сега се тука, но работат за странски институции, мисии и тие сега не се во можност да се експонираат, иако имаат капацитети. Многумина работат и во државната администрација, но за жал најчесто се маргинализирани и не се користи нивниот потенцијал.

Никола Стојанов
[email protected]

Амбициозна економска програма, полна со рокови за исполнување на мерки кои треба да го подобрат животниот стандард на просечниот Македонец и нашата земја да ја направат мета на инвеститорите. Ова го ветува ВМРО-ДПМНЕ во својата предизборна програма Преродба во 100 чекори. Многумина проектот го оценуваат како премногу амбициозен. Груевски верува во себе, во луѓето што ги планира во тимот со кој бескомпромисно ќе расчисти со корупцијата, ќе именува за директори – менаџери професионалци. Вели дека нема да прави компромиси со коалициските партнери и дека ќе ангажира многумина млади непартиски кадри-стручњаци од своите области кои докажале дека вредат во светот. Најавува снижување на даноци, промена на имиџот на Македонија, ангажман на странски консултанти.

Наближуваат изборите, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ ветувате екомонски растеж двојно повисок животен стандард, како ќе го реализирате тоа, сега роковите што си ги поставивте изгледаат премногу амбициозни?
Нашата проекција е дека со спроведувањето на зацртаните економски политики Македонија може да има раст на БДП од 6% до 8%. Тоа не е нешто што е недостижно оти го имале многу земји од централна и од источна Европа. Дури и актуелниот министер за финансии Никола Поповски, во една од своите изјави рече дека е можен раст на БДП до 6%, но дека не би можело повеќе од тоа. Разликата помеѓу нас и нив е во тоа што ние цениме дека има шанса да овозможиме и раст над 6%, можеби до 8%. Разликата е во методите и начините што ќе ги примениме. Ние цениме дека реформите и мерките во наредните четири години треба да се спроведуваат и превземаат, што досега не беше случај. Се зборуваше многу, но немаше конкретни мерки. Нашата стратегија ја темелиме на три столбови со групи на мерки. Првиот столб се мерки со кои ќе ја зголемиме конкурентската способност на домашните компании, втората група мерки е што треба да ја “продадеме” Македонија како успешна приказна за да дојдат многу повеќе странски инвеститори и третиот столб се мерките со кои треба да редуцира корупцијата. Третата група мерки би било нормално да бидат дел од првите два столба. Меѓутоа во земјава толку е голема перцепцијата за постоење на корупција што мора одделно да се обработи тоа. Заради тоа редуцирањето на корупцијата во бирократијата е посебен таргет за нас. Во изминативе два месеци имав средби барем со дваесетина странски инвеститори. Ги прашав што е тоа што ги обесхрабрува. Дури 90% од нив рекоа дека проблем се корупцијата и бирократијата. При тоа сите мислат на корупцијата во бирократијата. Тоа ги колеба и домашните и странските инвеститори. Не случајно Македонија е на 103 место на листата на земји според нивото на корупција. Заради тоа во нашата изборна програма го користиме слоганот нулта толеранција за корупцијата. Тргнуваме од најниските позиции: од референтите на шалтерите па до министрите кои треба да бидат пример за сите. Постои едно правило: ако подолг период има интензивна или честа корупција во некое министерство не може да се каже дека првиот човек на ресорот не знае за тоа. Или дека не е вмешан во тоа. Заради тоа се концентриравме на ова и во програмата предвидуваме нова Агенција за борба против корупција и против организиран криминал. Таа ќе може да врши конфискација на имот и да врши лустрација (забрана за вршење политичка дејност). Освен ова сакаме да го зајакнеме капацитетот на Царинската управа со набавка на современи скенери со кои не ќе мора да се растоваарат шлепери за да се види што носат. Тоа ќе ја зголеми ефикасноста на цариниците, ќе ја намали сивата економија.

Дали тоа значи дека и податоците за имотните состојби на пратениците и на министрите и високите државни функционери ќе бидат можеби и он-лајн достапни за јавноста?
За ова засега не сме размислувале,треба да ги проучиме искуствата во другите земји, но тоа не го исклучуваме како можна мерка која може да се примени во борбата за редукција на корупцијата.

Во програмата има многу конкретни мерки и рокови. Дали е програмата тестирана со економски модели или се работи најмногу за превземање на успешни примери спроведени претходно во други земји?
Мерките во програмата се комбинација на она што е детектирано како голем проблем во земјава со најдобрите искуства од некои држави кои би можеле да се применат кај нас. Програмата ја подготвуваа група домашни и странски експерти. Работевме тимски и мислам дека програмата е многу амбициозна, но е изводлива. Некои луѓе сметаат дека за оваа програма не е доволен еден мандат. Мислам дека со ова темпо на работа како што работи сега власта од СДСМ навистина требаат неколку мандати за оваа програма. Да, нашата програма е амбициозна, но ако немаме големи амбиции нема да имаме ниту резултати. Може да се случи да доцниме со некој рок, неколку месеци или слично. Но, јас велам камо среќа и досега не со месеци, туку со цела една година задоцнување да се исполнуваа ветувањата на СДСМ. Досега Македонија ќе изгледаше многу поразлично, и поубаво, од тоа што сега е.

Во нашата програма има големи и суштински важни проекти. Дела кои конечно Македонија ќе ја мдрнат од дното. Програмата има многу конкретни проекти што можат да се спроведат. Да споменам дека планираме единствена даночна стапка,популарно наречена рамен данок, флет рејт такс за данокот на добивка и на персоналниот данок. Тоа би го оствариле во две фази од кои во финалната и двата даноци би биле со стапка од 10%. Ова е тренд во Европа многу држави го применија и даде мноштво позитивни резултати. Освен ова секоја реинвестираната добивка ќе биде ослободена од оданочување. Ова е клучна работа за странски инвеститори. Повторно ќе го вратиме принципот за повраток на ДДВ во рок од едем месец и државата да плаќа пенали доколку доцни.

Најавувате силни и бескомпромисни реформи, рокови и резултати. Од друга страна извесно е дека во коалицијата ќе има барем 15 партии. Како ќе ги изменаџирате сите тие различни интереси да постават и да постигнат заедничка цел- економски просперитет. Како ќе направите дрим-тим кој ќе ја спроведе оваа амбициозна програмата?
До овој момент, 15 политички партии потврдија дека ќе влезат во коалиција. Како да направиме успешен тим? Прво баравме да ја поддржат програмата во чија изработка и тие даваа свои мислења. Овие коалициски партнери ја прифаќаат програмата е заедничка на коалицијата. За секој нов коалициски партнер, клучно е да ја прифати програмата како своја одредница.Второ, секоја партија мора да знае дека само со вистински професионалци и чесни луѓе, поставени на вистински позиции, може да успее и државата и самите партии.

Дали има капацитет во вашата партија и кај партнерите за да се понесе товарот на програмата?
Тука првенствено станува збор за индивидуални капацитети. Се што се прави, зависи од тоа дали имате добар тим. Тоа го направив во Министерството за финансии додека работев таму. Тогаш имаше резултати. На сите им дадовме на знаење дека новата влада мора да биде со вистинските луѓе на вистинските места. Независно кој каква позиција има во својата партија. Тврдам дека во мојата партија има кадарни луѓе да го направат тоа што е потребно со програмата.Во последните неколку години покрај постарите квалитетни кадри во партијата има наплив на многу нови млади, способни луѓе, компетентни и подготвени да дадат далеку повисоки резултати од овие на сегашната власт. Имаме јадро, имаме луѓе што се способни да го понесат товарот. Морам да кажам дека има и други луѓе кои во моментот не се во нашата партија или во раководството на партијата, но на кои сметам.

Значи ќе користите аутсорсинг?
Да ќе ангажираме компетентни млади луѓе кои пред се се ентузијасти. Некои од нив не живеат сега во Македонија. Живеат во САД, во државите од ЕУ, некои од нив сега се тука, но работат за странски институции, мисии и тие сега не се во можност политички да се експонираат, иако имаат капацитети. Многумина работат и во државната администрација, но за жал најчесто се маргинализирани и не се користи нивниот потенцијал. Досега сме промовирале личности кои покажале дека се кадарни, но има барем уште толку луѓе кои ќе добијат задачи. Тие воедно и беа инволвирани и учествуваа во подготовка на програмата. Оваа програма е дело на многу луѓе.

Како на ММФ ќе му ја продадете приказната за даночна реформа, за унифицирана даночна стапка, за промени во фискалната политика, кога сме сведоци дека тие се противат на промени и се за стабилност без растеж и за статус-кво?
Уште кога планиравме да воведеме измени во даночната политика контактиравме луѓе од ММФ. Пред се во централата во Вашингтон, луѓе што се надлежни за Македонија. Морам да кажам дека тоа беа неофицијални контакти, имаше дискусии, дилеми, но мислам дека ќе најдеме заеднички јазик и дека кога ќе дојде моментот за имплементација ќе ја презентираме со сите детали нашата стратегија според која ќе редуцираме буџетски трошоци за нови автомобили и мебел, кои ќе ги исклучиме целосно во првата година,како и други расходи за кои цениме дека не се најприоритетни. Наши адути се зголемување на наплатата на даноците, по воведувањето на таа промена. И трето со зајакнување на инспекциските контроли до намалување на сивата економија. Имаме изработено листа каде точно ќе бидат буџетските кастрења непродуктивни точки, што ќе го објасниме кога ќе дојде време.Тоа ќе биде тешко, но ќе добиеме многу оти земјата ќе стане атрактивна и за домашни и за странски инвеститори. Освен ова планираме и снижување на ДДВ за земјоделска механизација и за репорматеријали од 18% на 5%.

Најавувате многу странски консултанти, кој е ефектот од тоа?
Досега многу пати во пракса власта ангажираше и ангажира странска памет, но потоа ни се случуваше и се случува тие да чекаат за прием и по шест месеци. Некои од консултантите на актуелниот премиер чекаат на прием и по шест или осум месеци.Во најмногу случаи, не се реализира тоа што тие го нудат како совет, и честопати тие се прашуват зошто добиваат плата кога со месеци ниту некој ги прима, ниту кога ќе ги прими, сериозно ги разгледува нивните совети. Тие се повеќе тука за ПР на премиерот, за сликања, фотографирања и слично. Нешто како фабрика за надеж.

Сега економијата е приоритет број еден. Излезот од кризата е подобрување на стандардот, а тоа ќе го направиме преку реформи и поголем влез на глобализацијата во Македонија, во позитивната смисла на зборот. Интернет, учење странски јазици, компјутерски обуки. Планираме ангажман на 20 до 50 консултанти во педесетина држави. Проценивме дека тие можат подобро да не промовираат во нивните земји отколку што тоа би го направиле наши претставници, колку и да се тие обучени или способни за тоа. Затоа што консултантите најдобро ги разбираат барањата на бизнисмените. Тие најдобро можат да ги презентираат можностите на Македонија за потребите и желбите на нивните инвеститори, од нивните држави. Идејата е да создадеме поволна бизнис клима и да ангажираме до 50 консултантски куќи. Целта е во повеќе развиени земји, извознички на капитал, да ангажираме по неколку консултантски куќи од тие земји, кои би работеле на промоција на можност за инвестирање во Македонија, токму во компаниите од тие земји, компании кои имаат планови за проширување на производството. Не случајно ќе бидат ангажирани по повеќе од по една консултантска кукја во земја, за да можат да си конкурираат меѓусебно. Ако успеат да донесат инвеститор тогаш ќе добијат бонус кој ќе биде претходно утврден со договор согласно законот, тоа ќе биде нивна мотивација да ја завршат успешно работата. Ни требаат консултантни кои имаат отворени врати кај менаџери на силни компании. Прво треба да достават програма што треба да ја одобри Владата и во која ќе им бидат покриени основните трошоци. Бонусот од склучена зделка ќе дојде откако ќе биде завршена работата и ќе има инвестиција во Македонија. Тука е и проектот Инвест Македонија, со кој ќе формираме единствена агенција што ќе го работи тоа, по теркот на истата таква во Ирска, најуспешната држава во последните 20 години во привлекување странски инвеститори. Тука ќе треба исклучително способен менаџер кој има такви контакти и работел во големи компании.

Директор ќе биде тој што го бива, а не тој што има партиска книшка Дали ова значи дека партиската книшка нема да биде единствен критериум за директорски места?
Основен приоритет е да го бива, да ја сработи работата квалитетно. Во спротивно не чини ниту за државата ниту за партијата. На пример за Фондот за здравство за директорското место ќе распишеме меѓународен конкурс. Таму ќе има најмалку двајца директори. Секако пред конкурсот ќе има консултантска куќа која ќе анимира квалитетни интересенти, успешни менаџери. Тоа ќе го спроведеме и за управување на Македонската радио телевизија. Во областа на земјоделството ќе формираме нова државна компанија за продажба на земјоделски вишоци и за промоција. Клучно е што директорот ќе се бира на меѓународен тендер, и ќе има менаџерски договор. Значи ни требаат менаџери кои биле успешни во таа бранша имаат контакти и можат успешно да ја завршат работата, независно дали се од Македонија или странци.

Најавувате многу силни реформи кои се спротивни на интересите на нашите бизнис олигарси. Како ќе се справите со нивното влијание?
Немаме намера да дојдеме на позицијата на која што се подготвуваме да дојдеме за да им помогнеме на нив како што тоа го прави СДСМ. Едноставно тие ќе мора да се прилагодат на новиот начин на работење. Ние не можеме да бидеме сервис на олигарсите. Тоа никогаш не сум бил, ниту можам да бидам. Планираме во првите 60 дена да објавиме оглас за издавање концесија за трет мобилен оператор. Ветуваме дека веднаш ќе ги елиминираме сите законски пречки кои досега намерно не се отстранети заради што не може да се либерализира фиксната телефонија. Мислам дека во земјава ќе се создаде поинаква клима за инвестиции. Притисокот што сега го прават некои олигарси врз Владата, ја доведоа земјава на дното на држави според ниво на странски инвестиции. Зошто многумина ја заобиколуваат Македонија и не вложуваат во земјава? Нашиот систем продуцира висока корупција и огромно влијание на олигарските врз систем.

Имате ли верба во луѓето со кои би ја спровеле оваа програма зашто сигурно ќе има многу проблеми?
Имам верба во себе и во голем дел од луѓето што ги планирам во тимот. Најголем дел од работите сме ги разјасниле досега и ги знаеме позициите. Расчистивме дека мора да има поинаква влада и нема логика да го губам времето и јас и сите луѓе, ако ни се случи некои да ги наполнат џебовите и да создадат сопствени бизниси. Под такви услови нема да работиме.

Најавувате формирање на тим Македонија, а вие како негов лидер ќе одговарате пред собранието за резултатите двапати годишно?
Проектот тим Македонија ќе има претходница во консултантите и во проектот Инвест Македонија. Откако тие ќе детектираат посериозни најави за влез на инвеститор, мултинационална компанија, тогаш постапува Тимот Македонија. Не очекуваме спектакуларни резултати преку ноќ, но очекуваме резултати на пример втората или третата година затоа што претходните две ќе се работи многу напорно на тоа што е зацртано како агенда.



Грција има проблем со нашето име, а не ние Клучни работи : Спорот за името што ни го наметна Грција, демаркација на границата со Косово и решавање на имотниот статус на децата бегалци и на нивните наследници во северна Грција?
Грција има проблем со нашето име и очекувам дека имаат цел тој проблем да го решаваат што побрзо. Би барал начини да помогнеме во процесот тоа прашање да се реши што побрзо. Но нашиот став за неменување на уставното име е дециден и немаме намера да го менуваме. Во секој случај сме подготвени да помогнеме да се најде решение со кое Грција ќе го елимира својот проблем. Ние немаме некој сериозен проблем по тоа прашање, но Грција има. Свесен сум дека во иднина би можеле да имаме помали проблеми што би ги наметнала таа страна, особено во процесот на евроинтеграциите. Сепак треба да се одржуваат добри релациите со јужниот сосед и да ги продолжиме разговорите и да најдеме солуција во која нашето уставно име останува, а тие ќе можат како така да излезат од сегашниот вртлог во кој се заплеткаа.

Од тоа што го гледам досега како се одвиваат работите, и особено од несмасните активности на премиерот, ценам дека ќе биде тешко изводливо пред решавањето на статусот на Косово да имаме решение за демаркацијата, иако и тоа не би го исклучил. Сепак, сосема извесно е дека прашањето за демаркацијата ќе се решава непосредно по решавањето на статусот. Ова неодамна го соопшти и косовскиот премиер. Правата на Егејците е една од работите за кои ќе се залагаме и ќе го отвараме како прашање кое не е решено од грчката страна. Во секој случај ќе влијаеме затоа што многу Македонци имаат проблем со нерешените имотни права, а проблемот го познавам и поблиску затоа што мојот татко е од Егејска Македонија, и преку многу наши пријатели родени во тој крај, и директно ја знам судбината на тие луѓе. Грција не треба да бега од реалноста, треба демократски да го реши тоа.

Какви избори очекувате, очекувате ли позитивна кампања?
Очекувам позитивна кампања генерално, како презентација на тоа што ќе го направите и како критика на тоа што не чини. Критиката на тоа што не чини не е негативна кампања. Негативна кампања е кога се измислуваат приказни, кога вулгарно се исмејуваат политичките противници, се шират неточни информации. Ние тоа нема да го правиме, меѓутоа презентација на тоа што ќе го направиме и понекоја критика на тоа што не чини, ќе го правиме затоа што тоа е легитимно. Очекувам дека СДСМ ќе влезе во кампања со многу ниски удари, со притисок врз различки структури. Нема да може до крај да фалсификува како што тоа го правеше на локалните избори и на претседателските избори. Затоа што мониторингот на меѓународната заедница е огромен и ќе има големи консеквенци дури и лични ако дојде до сериозни нарушувања на изборниот процес. Очекувам обиди за нерегуларности, но се надевам дека изборите ќе бидат порегуларни од порано.

Рековте дека очекувате победа на изборите, дали имате резервна варијанта?
Имаме две варијанти за исходот на изборите. Првата варијанта е да победиме но да освоиме помалку од 61 пратеничко место што секако ќе биде доволно да составиме влада со коалициските партнери. Втората варијанта е победа со повеќе од 60 пратеници. Значи не планираме да изгубиме. Кај нас атмосферата е победничка, такви се и истражувањата на јавното мислење, и општата атмосфера и генералното расположение на народот. Има избори кога се гледа од авион каков ќе биде исходот.


Ide krajot na Srbokomunjarite vo Makedonia?
јузер
quote:
Ide krajot na Srbokomunjarite vo Makedonia?

Крајот е мислена именка, он не зна да хода.
kazano SRBOKOMUNJARI???? vaskov zbor vo leksikonot nemam sretnato pa ako sakas da mi objasnis od koi zborovi vodi poteklo i od koj jazik
tomislav1978
quote:
Originally posted by kazano
i od koj jazik

Od tatarskiot jazik..tie go imaat izmisleno ovoj zbor
tmoro Zosto da ne i PREMIERKA.
slavenik1
quote:
Originally posted by tomislav1978

quote:
Originally posted by kazano
i od koj jazik

Od tatarskiot jazik..tie go imaat izmisleno ovoj zbor


Moze podobar odgovor imaat BC, Hari Kostov i ostatokot od vasata partija koi raspolagaat so osobeni znaenja od oblasta na mak. jazik i literatura.

Vidov na ovoj neoficijalen forum kako nekolku pati napagate luge koi ne napisale nekoj zbor so golema bukva.

PA daj vi se molam, poglednete koj podrzuvate, zar imate pravo na zbor???????
kazano ние си го поддржуваме СДСМ оти тие лујге се образовани и паметни а не оние прости вмровци кои што од пцовки и муабети за овци, коњи, крадење итн. нисто друго не знаат.
slavenik1 Vie mi nalikuvate na covek koj bi go podrzuval SDS so koj bilo sostav.

Moram da priznaam deka SDS vo poslednite nekolku godini postigna znacitelen VNATREPARTISKI napredok, kolku tolku konsolodirajki go svojot sostav davajki pogolemi ingirencii na po nekoj sposoben covek, no sepak ste predaleku.

Sto e so napredokot na Makedonija na ekonomski plan?

Jas licno mnogu go cenam Nikola Popovski, ministerot za finansii. Bev presreken koga ja obelodeni aferata "PIRAMIDA". Bea spomnuvani iminja na krupni zverki, biznismeni za koi e javna tajna deka gi steknale paritena nelegalen nacin.

I na kraj od seta taa rabota vo zatvor zavrski sopstvenikot na kafe-barot Beneton koj bil potpisnik na nekoja transakcija vo iznos od 15 000 Eura.

Sto se sluci so Fershped, Sveto Janevski, Orka Holding, Zegin, Makpetrol, Brilijant...

Navistina sto se sluci?? Niv ni oko ne im trepna bidejki se zastiteni od samiot vrv na nasata drzava.

Toa e problemot so nasata drzava, prisustvo na oligarhija zastitena od premierot i pretsedatelot.

Na kraj s-kata na Sveto Janevski bese deblokirana, a dolgot bese isplaten so ogromen popust.

Dokolku Buchkovski imase hrabrost, i mu ostavese odvrzani race na Popovski da gi udri oligarsite, togas SDSM ke bese vo mnogu podobra pozicija, so ogromni sansi posle 5 Juli da ostane na vlast.

Toa kolku tolku ke go anulirase vetuvanjeto na Branko po 1 vraboten od sekoe semejstvo.

I ne samo SDSM, toa ke bese poteg od koj ke profitirase celokupnata ekonomija na drzavava.

No kako sto rekov, od site tie krupni zverki nastrada samo edna mravka, koja potoa bese pomiluvana.

Slaveski Nikola
kazano немој да мислис дека само во СДСМ се случува тоа.еве ако дојди вмро на власт нема да си ги заштитува своите фирми и луѓе??тоа можи да се речи дека е правило.и едните и другите го прават тоа.единствена разлика е тоа што сдсм е партија со поголем процент на високо квалификувани лиѓе а во вмро повеќето се проста маса.а за економскиот развој не сме ние одговорни.која и влада да дојди тој ќе биди во многу мал пораст затоа што тоа не зависи од нас.
slavenik1 Skoro 70 % od visoko-obrazovaniot kadar na vasat partija premina vo NSDP na Tito Petkovski. Za koj luge na SDSM zboruvate vie?

tomislav1978
quote:
Originally posted by slavenik1

Skoro 70 %

Pogresno te informirale vo stabot..ajde trk nazad i dojdi so novi "%"
kazano arno so ne kaza deka 90% pominale ili deka tito petkoski site gi zel.toa se lagi so opaski.eve anketata pokaza.tito petkoski ima 2-3% poddrska.ako bea site kaj nego ce imase 30%.
slavenik1
quote:
Originally posted by kazano

arno so ne kaza deka 90% pominale ili deka tito petkoski site gi zel.toa se lagi so opaski.eve anketata pokaza.tito petkoski ima 2-3% poddrska.ako bea site kaj nego ce imase 30%.


Pa samo 2-3% imavte visoko-kvalifikuvano clenstvo. Ostatokot od 0.4% vi ostanaa verni.
toni_a
quote:
Originally posted by slavenik1

Skoro 70 % od visoko-obrazovaniot kadar na vasat partija premina vo NSDP na Tito Petkovski. Za koj luge na SDSM zboruvate vie?

kako uspeale da utnat so edno A vo toa NSDP
pa ushte eden prav "Tito" da beshe odma vojniche ke se pishev!!!
kazano i da se pisis nema loso da storis.sega site vojnici ce bidat profesionalni i ce ima visoka plata :))))