Наша уметница ги симна знамињата на ЕУ среде Лондо

Наша уметница ги симна знамињата на ЕУ среде Лондо
dejan
 


Редизајнираните 26 знамиња на земјите од бивша Југославија, кои ги изработи македонската уметница Нада Прља, ги заменија 25-те знамиња на земјите од Европската Унија на јарболите пред Марбл Арч во Лондон.

До 7 јуни на јарболите на познатиот споменик во Лондон, каде што од 1990-тите години се поставени знамиња на земјите од ЕУ, се веат трансформираните знамиња од новиот проект на Прља, насловен „Виша наука по морфологија“.

- Мојата цел беше да и се доближи на Англија културата на земјите од Балканот - вели Прља, која веќе подолг период живее и работи во Лондон.

Таа смета дека улогата на уметникот е мисионерска и дека авторот се обидува да постави прашања за нашето постоење во „заедничкиот свет“ и да овозможи слободно толкување на уметничкото дело од страна на гледачите.

За да овозможи слободно толкување на своето дело со комплексно значење и политичка заднина, таа минала долг пат низ лавиринтите на британската јавна администрација.

- Поради контекстот на проектот, кој може грешно да се протолкува од јавноста и од политичарите, половина година минав во барање дозвола од Вестминстер кансл и од неговиот оддел за уметност за поставување на знамињата. Медиумите, исто така, со многу внимание го следеа развојот на настаните, а од јавноста имаше дури и реакции дека со таквата замена на знамињата се предвидува војна во ЕУ или дека ЕУ се вандализира!? - вели Прља.

Уметницата Нада Прља со новиот проект „Виша наука по морфологија“ ги преработува и трансформира националните знамиња на земјите од бивша Југославија. Па така сончевите зраци од македонското знаме делумно преминуваат во шаховница или огреваат на знамето на БиХ.

- Целта на „Виша наука по морфологија“ е да ги постави „новите изменети“ знамиња од републиките на бивша Југославија заедно, а со тоа да ги постави и земјите што тие ги претставуваат во нова форма на единство - преку препознавање на разликите меѓу земјите и давање израз на нивните културни, географски, историски и други сличности - вели Прља.

Софи Хоуп, кураторката на проектот, за делото на македонската уметница вели:
„Додека постои заедничка потреба од подобро разбирање на мултикултурализмот, хибридноста и различноста, постои здрав скептицизам во однос на либералниот хибридизам, кој теоретичарите го опишуваат како зајакнување на социјалната поврзаност преку усогласување на културните, расните или на етничките разлики, за да се намалат и да се направат подносливи потенцијалните конфликти. Таквите конфликти не беа избегнати во историјата на краткотрајната СФРЈ, која се обиде да ги унифицира културите каде што секој имаше можност официјално да се идентификува како Југословен“, вели Хоуп.

Според неа, во овој проект Прља го разработува поимот „различност во единството“, создавајќи комбинации на „меѓудржавите“, но никогаш не го открива во целост оригиналниот изглед на националните знамиња.

На 7 јуни знамињата на Нада Прља ќе бидат церемонијално пренесени во „Спејс галери“ во Хекни, источен Лондон. Дваесет и шест луѓе од различни националности ќе ги носат развеаните знамиња од Марбл Арч до Хекни во поворка, која ќе трае 3-4 часа. Со ова и пошироката публика во различни делови на Лондон ќе има можност да го види проектот на Прља и да ја прими пораката на заедништвото надвор од галерискиот простор, поттикнувајќи го дијалогот со жителите на Лондон за „заедништвото и незаедништвото“.

- Голем број доброволци веќе се имаат пријавено да ги носат знамињата, почнувајќи од луѓе што на некој начин се поврзани со бивша Југославија до љубители на уметноста - најавува таа.

Знамињата на крај ќе бидат свечено поставени на групната изложба „Најсладок сон (унијата и дисонантноста на Европа)“ во „Спејс галери“.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=758&ArticleID=49334

Interesno:)
kazano е многу интересно.
achtung_panzer Pazi go ova:
>>"а од јавноста имаше дури и реакции дека со таквата замена на знамињата се предвидува војна во ЕУ или дека ЕУ се вандализира!? - вели Прља.
"<<
Znaminjata od ex-Yu bile vandalski chin?! Nazdravje im togash sozhivot so zelenive piloti koga kje digaat vo vozduh avtobusi niz London, vozovi niz Shpanija, palat predgradija niz Francija i na smrt osuduvaat sekoj shto go kritikuva islamot.
Za nivnata lichna EU, ex-yu postoi samo koga kje treba da se igra morkov i stap. Vo nivnite ochi seushte sme malite nechisti ruski bratuchedi. Za 15 godini "tranzicija" ako nishto drugo se nagledavme od nivnata dvolichnost. Se zgrozuvaat nad varvarstvata za vreme vojnite niz bivsha Jugoslavija za chij raspad EU ima ne bash mala zasluga.
Znaminjata se samo mal pochetok, shto kje bide koga za nekolku decenii
kje dignat minare do Vestminster, dali toa nema da bide vandalizam i predviduvanje vojna?