Vitamini i Minerali

Vitamini i Minerali
Aleksandra
 
Dali gi vnesuvame dovolno i pravilno Dali gi vnesuvate samo preku ishrana ili i kupuvate dodatno vitamini i minerali Znachi sve okolku vitamini i minerali postirame tuka....

p.s Ova e bitna tema i bi sakala sekoj sto moze da ucestvuva.
Aleksandra Сезона на лековито зрнесто овошје

Дозволете си себеси зрнесто овошје, бидејќи содржи драгоцени флавоноиди и антиоксиданси кои се борат против болестите и ја чуваат младоста.

Со топлото летно сонце ни доаѓа и зрнестото овошје: малини, капини, рибизли, боровници, шумски јагоди, врапчино грозје. Бобинките содржат многу витамини и други витални материи од непроценливо значење за организмот. Да ги искористиме за чистење на организмот и за убав тен, за одржување на вита линија и воопшто за подобро здравје. Повеќето од ова овошје содржи големи количества на витамин Ц, којшто дејствува како силен антиоксиданс. Освен што има поволен ефект во случај на настинка, астма и некои други болести, го намалува ризикот од настанување на некои видови на карцином: на устата, грлото, желудникот, хранопроводникот, дебелото црево и белите дробови. Докажана е поголемата ефикасност на витаминот Ц природно содржан во продуктите во однос на оној земен во облик на витамински додаток (суплемент), што се поврзува со меѓусебното заедничко дејство на витаминот Ц и другите состојки во продуктите.

Ако страдаме од преголема телесна тежина, ако имаме проблеми со кожата, косата и ноктите, тоа се знаците кои укажуваат на потребата за витамин А, којшто исто така ќе го задоволат бобинките. А се извонредни и за ублажување на различни алергии и умор, се препорачува и на бремените.

Најдобро без шеќер

Најдобро е ова овошје да се конзумира сурово, без додаток на индустриски шеќер, а ако му дозволиме да созрее во градината, ќе биде доволен и неговиот сопствен шеќер. Ако имате проблеми со црниот дроб или панкреасот, ќе ви помогнат боровниците. А ако сте алергични на градинарски јагоди, можете да се обидете со шумски, бидејќи тоа е овошје што подмладува. Поволно влијае врз функцијата на јајниците, штитната жлезда, хипофизата, воопшто врз ендокрините жлезди.

Кисело без киселина

Немојте да се плашите од киселите бобинки, тие нема да ви создадат киселина. Напротив, и кај многу киселите бобинки преовладуваат базичните материи, единствено брусниците се овошје кај кое е зголемен уделот на киселината, сето останато зрнесто овошје е извонредно против ревматизмот и артритисот.

Брусница

Американските и финските експерти, по многу внимателни истражувања, дошле до заклучок дека од овошјето нагголем капацитет за уништување на т.н. слободни радикали има брусницата.

Таа во најголема мера содржи и антикнацерогени материи, коишто ги разоруваат туморните клетки. За брусницата е утврдено и дека има позитивно влијание врз микрофлората во мочните патишта и дека ги спречува уринарните инфекции.

Боровница

Сината боја на боровницата потекнува од антицијанот, познат антиоксиданс. А, познато е дека продуктите богати со антиоксиданси го намалуваат ризикот за настанување на рак, болести на срцето и крвожилниот систем.

Боровниците се богати и со диетални влакна, најмногу со пектин, којшто е растоплив во вода, а дејствува благотворно кај снижувањето на холестеролот во крвта. Воедно, боровниците дејствуваат антибактериски кај воспалителните промени на системот за варење и против дуењето.

Освен плодовите, и листовите на боровницата имаат лековити својства. Богати се со танини, гликози и флавоноиди. Чајот од листови на боровница се користи во народната медицина кај пролив, воспаление на усната шуплина и грлото, шеќерната при облоги.

Дури и замрзнатите боровници содржат материи коишто го забавуваат растот на патогените бактерии.

Шумски јагоди

Изобилуваат со витамин Ц, овошни киселини и минерални материи. Коренот и листовите на јагодата се користат за подготовка на чај за гаргара, кај желудечни и цревни тегоби и за сопирање на прилив. Уште во почетокот на минатиот век жупникот Кнеип го препорачал чајот од листови од шумски јагоди за јакнење на слабите и неисхранети деца.

Свежите јагоди ја поттикнуваат работата на црниот дроб и жолчката. Ако сте слабокрвни, исцрпени или со слаби нерви, страдате од ревма или гихт, ќе ви помогнат свежи шумски јагоди.

Ако сакате убав тен, за чистење на крвта, пробајте со чај од листови на шумски јагоди, којшто ќе го поттикне излачувањето на мокрача. Овој чај е извонреден и кај болести на црниот дроб и панкреасот.

Капини

Од минералите, најмногу имаат железо, потоа калиум, калциум, фосфор и магнезиум. Од витамините, пак, мајмногу Ц и А, потоа Б1 и Б2.

Листовите од капина содржат танини, органски киселини, флавони, Ц витамин и дејствуваат како благ адстрингенс, средство што ги коагулира белковините, па затоа се добри за гаргара и измивање на слузницата. Ако сте засипнати, направете гаргара со чај од капини или испијте го млак, тоа е стар рецепт со кој се служат пејачите, актерите и предавачите за да ги сочуваат своите гласни жици. Младите листови на капината го лекуваат непцето, а нејзините млади го запираат крварењето и приливот.

Малини

Имаат нежна структура и брзо пропаѓаат, а биолошки највредни се додека се сосема свежи.

Содржат доста јаболкови и лимонски киселини и минерали - калиум, калциум, фосфор и железо. Исто како и листовите на капините, и малините се погодни за лекување на различни воспаленија на слузницата, за спречување на проливот и за чистење на крвта. Гаргарата со сок од малини го лекува непцето, а со пиење на сокот ќе ги решите тегобите во желудникот и цревата.

Рибизли

Зрната, во зависност од видот, можат да бидат жолти, црвени и црни. Особено се биолошки вредни заради големото количество витамини, овошни и органски киселини и минерали.

Црните рибизли се најбогати со витамин Ц, содржат и доста витамин А, Б1, Б2, како и фосфор, железо и натриум. Имаат диуретични својства (го забрзуваат излачувањето на водата од организмот) и поволно влијаат кај ревматичните болки. Чајот од рибизли помага при засипнатост и кашлање и ја спречува настинката. Црните рибизли се препорачуваат во случај на исцрпеност, за поттикнување на апетитот и ублажување на тегобите во желудникот и цревата.

Шипинки

Сочните плодови на шипинката (дивата ружа) се богати со витамин Ц, а исто така и со витамините А, Б, К, П, минерали, овошни киселини, флавони, танини и шеќери.

Чајот од шипинки е многу корисен за различни настинки, бидејќи ја зајакнува одбранбената сила на организмот и се бори против покачената температура. Поради содржината на овошни киселини и пектин се препорачува и за кури на чистење.

Извор: Ревија Здравје
Извор: Idividi
Aleksandra Letno vreme nemozam da se iznapijam od ovie sokovi. Za tie sto ziveat vo USA, ovie sokovi se prodavaat vo "Whole Foods Market". Za osvezuvanje se petka.




http://www.simplyorangejuice.com/about.shtml

Whole Foods Market web-site:
http://www.wholefoodsmarket.com/stores/
Danomk dechki i jas pijam priroden sok,bogat so vitamini,samo ako e izmeshan so votka. :)
Aleksandra
quote:
Originally posted by Danomk

dechki i jas pijam priroden sok,bogat so vitamini,samo ako e izmeshan so votka. :)


Danomak,

Nishto od tie vitamini shtom meshash so alkohol.
Natasa Isto i sekoj dnevno vnesuvanje na vitamini E,D,B12,B6 namaluvaat vo pojavuvanje na diabets melitus i kardiovaskularni zaboluvanja.Isto gi ima vo soncogledot,kikiritki,lesnici,fstaci,orevi dr imaat prorodni masti koi mu se potrebni na organizmot sekoj den,a isto i za kosata i noktite.Namesto desert se preporacuva 100 g bilo koe os ovie da se zema dnevno so jogurt ili ovosje.Taka nema da bidete gladni i ke odrzuvate zdrav zivot.
Nina87 Se hranam zdravo, ne jadam meso.Jadam mnogu zelencuk i ovosje..A dodatno si kupuvam i vitamini so site vitamini:) i B vitamini i vitamini za pred soncanje.A, da i pijam sumeci tableti -magnezium, kalcium, ali toa koga ke kupat moite-ne mnogu cesto..