наЈголемата инвестициЈа лани стигна од иселеницит

наЈголемата инвестициЈа лани стигна од иселеницит
dejan
 
Каде се милијарда долари што ги испрати дијаспората?

Никој во државава не знае од каде точно се овие пари што се регистрирани на менувачкиот пазар, за што се употребени и кои се нивните ефектите

Македонските гастарбајтери лани во Македонија испратиле една милијарда долари. Никој во државава не знае да објасни од каде точно се овие пари што се регистрирани на менувачкиот пазар, за што се употребени и кои се ефектите од овој девизен прилив.

Министерот за финансии Никола Поповски претпоставува дека тоа се приватни трансфери, а парите најверојатно се искористени за отворање мали семејни бизниси. Според него, станува збор за пари што иселениците традиционално им ги праќаат на своите роднини во земјава. И експертите се согласуваат дека тоа се пари што ги праќаат македонските иселеници. Тие велат дека најголем ефект од овие девизи е што се користат за покривање на дефицитот во трговскиот и особено во платниот биланс на државата.

Гувернерот на Народната банка на Македонија, Петар Гошев, вчера потврди дека во минатата година имало зголемување на приватните трансфери, односно приливи од странство, кои на крајот од 2005 достигнале 18 отсто од бруто-домашниот производ (БДП).

- Треба да се утврди колкав дел од овие пари е од сивата економија - рече тој.

Според Томе Неновски, доцент на Американскиот колеџ во Скопје, во изминатите четири години македонските иселеници испратиле 2,76 милијарди долари. Тој смета дека со овие пари се покриваат дефицитите во трговскиот и во платниот биланс. Неновски не се согласува со министерот Поповски дека парите се искористени за отворање семејни бизниси.

- Ако овие пари навистина се искористеа за нови бизниси, економијата ќе процветаше - посочува тој.

Неновски предупредува дека државата не може да се потпира на овие пари бидејќи не се сигурен извор на финансирање.

- Но ако ги нема, дефицитот во платниот биланс ќе надмине 10 отсто од БДП - вели тој.

Приливот на оваа огромна сума ги збуни и претставниците на Меѓународниот монетарен фонд, кои во изминатите две недели подготвуваа анализа за севкупната економска состојба во Македонија.

„Зголемената конверзија на странска валута во денари во менувачниците, што беше главна причина за подобрување на состојбата на тековната сметка во минатата година, тешко може да се објасни. Дали таа е резултат на зголемени дознаки од странство? Доколку е така, колку е веројатно тие да бидат постојани? Дали тие се резултат на прилив на капитал или на конверзија на парите што се чуваат ‘под перница’?“, пишува во заклучокот на ММФ.

Ако се земе предвид неофицијалниот податок дека во странство има околу 300.000 иселеници што имаат македонско државјанство, излегува дека секој од нив во минатата година испратил во земјава во просек по околу 3.300 долари. Според неофицијалните информации, гастарбајтерите во изминатите неколку години праќале по околу 500 милиони долари. Министерот Поповски и гувернерот Гошев се убедени дека зголемувањето на приливот се должи на подобрувањето на политичката и економската состојба во државава.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=46CCF8980C147C4784CE31CCE0D7ACE3
Satanico Pandemonium Da, za zal ova e najgolemta stranska investicija vo MK bez koja MK nemoze. Da ne se iselenicite, denarot ke propadne , platite ke bidat tretina od segasnite. Zalosno.

Veruvam deka dosta od ovie devizi sto se prakaat vo MK zavrsuvaat za kupovina na nedviznosti. Kako inaku da se objasni relativno visokata cena na nedviznostite koga istata ke se sporedi so prosecniot dohod vo MK. Toj odnos mora da e eden od najgolemite vo Evropa i najverovatno se odrzuva zaradi toa sto ima pobaruvacka od iselenicite koj sakaat da kupat stanovi, kuki, zemjiste.
f9
Hahahahahahahahahaha.Pa puknav od smeenje...Dragi ministri Popovski i Goshev! Iselenicite prakjaat poveke zatoa sto e pokatastrofalna situacijata,cenite se gore a primanjata dolu.So toa i troshocite na emigracijata se mnogu pogolemi vo odnos na situiranje na semejstvata koj gi ostavile vo Makedonija.Plus seto toa se i armijata sto ja isprakjate sekojdnevno vo Italija,Grcija,Irak,Avganistan i drugi egzotichni zemji.Ako trendot vi prodolzhi i pochne da go zagrozuva opstanokot na emigrantite vo emigracijata mesto pari da se vlevaat,ke pochnat semejstvata da se odlevaat...a togash nema zapiranje.
OooOo
quote:
Originally posted by dejan

Македонските гастарбајтери лани во Македонија испратиле една милијарда долари.

Glupi novinari, ushte ne ja znaat razlikata megju gastarbajteri i iselenici.

concrete
quote:
Originally posted by f9


Hahahahahahahahahaha.Pa puknav od smeenje...Dragi ministri Popovski i Goshev! Iselenicite prakjaat poveke zatoa sto e pokatastrofalna situacijata,cenite se gore a primanjata dolu.So toa i troshocite na emigracijata se mnogu pogolemi vo odnos na situiranje na semejstvata koj gi ostavile vo Makedonija.Plus seto toa se i armijata sto ja isprakjate sekojdnevno vo Italija,Grcija,Irak,Avganistan i drugi egzotichni zemji.Ako trendot vi prodolzhi i pochne da go zagrozuva opstanokot na emigrantite vo emigracijata mesto pari da se vlevaat,ke pochnat semejstvata da se odlevaat...a togash nema zapiranje.



Hahahahahahahahahaha.Pa puknav od smeenje...kamo sreka bre f9 da si gi zemat semejstvata, kamo sreka...,ama toj film nema da go gledas uste mnogu vreme.....


achtung_panzer Eve be Strelcho koj ti gi krade bobinkite:
>>"Министерот Поповски и гувернерот Гошев се убедени дека зголемувањето на приливот се должи на подобрувањето на политичката и економската состојба во државава.
"<<
Ovie redovi verojatno posle konzumacija na bobinki od Founder's Reserve kvalitet.
Dijasporata gi pokriva dupkite vo istancheniot domashen budzhet ama zatoa nema pravo na glas. Ima smisol, navistina dosta logichno...