Dojde Vreme

Dojde Vreme
The_Crow
 
Убедливо најдобар избор за сите оние кои се палат на брзина
и стабилност.

Безжичната интернет врска директно насочена кон нашите базни станици гарантира одлично сурфање и download. Добивате опрема
и услуга која досега ја нудевме само на деловни корисници.

Ако сакате да летате со бизнис класа по економски цени - побарајте WADSL!

Брзини до 512kbps, 10GB месечен трансфер, Motorola Canopy опрема, наша монтажа.




WADSL - Безжичен ADSL
Месечна цена на услугата 1.090 денари
Canopy Motorola 5400SM На користење
Депозит за опремата 12.400 денари
0 денари
Инсталација (еднократен трошок) 699 денари
во цената не е вклучен 18% ддв

Времетраење на услугата
- 24 месеци



Eve i dogovorot kako e sreden

Д О Г О В О Р бр.
Склучен на ден __.__. 2006 г. во Скопје, помеѓу

Договорни страни:

1. Он.нет ДОО Скопје со седиште во Скопје на бул. Партизански одреди бр.70/5, ДЦ Алуминка, застапуван од управителот Предраг Чемерикиќ (во понатамошниот текст давател на услуга) и
2. ________________, адреса _____________________, број на лична карта _____________ и единствен матичен број __________________, Скопје (во понатамошниот текст корисник)

ПРЕДМЕТ: КОРИСТЕЊЕ ИНТЕРНЕТ УСЛУГИ ПРЕКУ ОН.НЕТ

Давателот на услугата со овој Договор му обезбедува на Корисникот користење интернет услуги преку Он.нет наведени во прилог број 1, кој е составен дел на овој Договор.

Член 1
ПРАВА И ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ

1.1 Корисникот има право да ги користи интернет услугите дефинирани во Прилог бр.1, кој е составен дел на овој Договор за цело времетраење на овој Договор.
1.2 Корисникот превзема обврска за дефинираните интернет услуги да плаќа месечен надоместок наведени во Прилог бр.1, точка 5 од овој Договор.
1.3 Уредот Motorola Canopy 5400SM се дава на користење на корисникот на услугата за цело времетраење на договорот. Корисникот на услугата се обврзува за тој период да се однесува како добар стопанственик кон опремата дадена на користење. Доколку настанало штета, кражба или уништување, односно пропаѓање на опремата, освен во случај на виша сила, корисникот на услугата е должен да ја надомести целата вредност на опремата, наведена во Прилог бр.1, точка 8, во спротивно, давателот на услугата има право да поднесе тужба за надоместок на штета.
1.4 Доколку се утврди дека опремата е расипана, корисникот не смее да ја отвара или поправа истата, туку треба да го извести давателот на услугата за проблемот и да му овозможи пристап до опремата со цел нејзино поправање или заменување.
1.5 Доколку корисникот на услугата го надмине договорениот трансфер на податоци од 10GB, дефиниран во Прилог бр.1 давателот на услугата го задржува правото да ја намали брзината дефинирана и да исклучи одредени услуги.
1.6 Корисникот е должен во рок од 5 (пет) дена писмено да го извести Давателот на услуга за секоја промена на името, адресата или податоците од идентификационен карактер. За штетите настанати при непочитување на обврските за известување, Давателот на услуга не превзема никаква одговорност.

Член 2
ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДАВАТЕЛОТ НА УСЛУГАТА

2.1 Давателот на услугата се обврзува:
Да обезбеди пристап за корисникот до мрежата на интернет во рок од 7 дена, по извршена уплата и по реализирањето на сите потребни технички услови на страната на корисникот (конфигурирана опрема и обезбедена физичка врска до местото на инсталација).
Да обезбеди квалитетна услуга во 98% од времето.
2.2. Давателот на услугата се обврзува дека ќе ја следи политиката на цените на интернет пазарот и ќе ја ревидира цената на интернет услугата, доколку дојде до нејзино намалување.



Член 3
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ

3.1 Договорот се склучува на период од 24 месеци.

Член 4
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

4.1 Овој Договор се продолжува по автоматизам доколку било која страна не достави писмено известување за прекин најкасно во рок од 30 дена пред истекот на договорот.

Член 5
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

5.1 Корисникот се обврзува дека месечната претплата за интернет пристап, дефинирана во Прилог 1 од овој Договор, ќе ја подмирува до __-ти во месецот за тековниот месец во просториите на давателот на услугата.
5.2 За ненавремено плаќање на месечната претплата, давателот на услугата го задржува правото да пресмета законска затезна камата.

Член 6
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

6.1 Корисникот може да го раскине договорот, со претходно писмено известување на Давателот на услугата, кое се доставува најмалку 30 дена пред датумот на раскинување на договорот при што е должен да ги измири сите обврски за плаќање кои ги има кон Давателот на услугата и да ја плати разликата во цена наведена во Прилог бр.1, точка 4 и точка 5, за периодот на користење на услугите и да плати 50% од намалената месечна претплата за интернет услугата за останатите неискористени месеци, наведена во Прилог бр.1.
6.2 Корисникот на услугата може да го раскине договорот доколку:
- Давателот на услугата не е во состојба да обезбеди квалитетен интернет пристап во 98% од времето во календарскиот месец;
- Давтелот на услугата не овозможи пристап на интернет во рок од ­10 дена по извршена уплата и по реализирањето на сите потребни технички услови на страната на корисникот (конфигурирана опрема и обезбедена физичка врска до местото на инсталација);
6.3 Давателот на услугата може да го раскине договорот ако настапило неисполнување на договорните обврски:
- Доколку Давателот на услугата не е во состојба да ги обезбеди услугите поради дејство на Виша сила подолго од 1 (еден) месеци.
Член 7
ВИША СИЛА
7.1 Давателот на услугата и корисникот се согласни ниедна договорна страна да не биде одговорна кон другата за губиток, штета, повреда или неизвршување на одредбите на овој договор кои се предизвикани со дејство на виша сила.
7.2 Под виша сила се подразбира настан независен од волјата на договорените страни чие настапување не може да се спречи или предвиди и поради кои исполнувањето на обврските по Договорот станало отежнато или оневозможено, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на: природни настани, општествени настани (штрајк, немири, војни), акти на Јавната власт, нарушувања во функционирањето на системот.
7.3 За времетраењето на виша сила сите права и обврски од овој Договор мируваат.
7.4 Давателот на услугата не сноси никаква одговорност кон Корисникот поради прекин на неговите услуги поради Виша сила.
7.5 Во случај да договорените обврски мора да се одложат поради виша сила повеќе од 1 (еден) месец, договорените страни ќе договараат нови услови за исполнување на Договорот.

Член 8
НАДЛЕЖЕН СУД

8.1 Сите спорови договорените страни ќе ги решаваат спогодбено, доколку не се реши спогодбено надлежен е судот Основен Суд Скопје 1 Скопје.



Член 9
СТАПУВАЊЕ ВО СИЛА НА ДОГОВОРОТ

9.1 Договорот стапува во сила на денот на неговото потпишување од двете договорни страни.
9.2 Овој Договор е склучен во 2 (два) примероци, од кои еден за корисникот и еден за давателот на услугата.

Во Скопје на ден __.__. 2006 година.

ДОГОВОРНИ СТРАНИ

Корисник Давател на услуга

Прилог 1
На Договор ___________ од 2006 година



Податоци за корисникот:
Име и презиме:

Адреса:

Број на лична карта:

Единствен матичен број:

Лице за контакт:

Контакт телефон:

e-mail адреса:


УСЛУГИ, Давателот на услугата на барање на корисникот, под услови утврдени со основниот Договор број ____________ од 2006 година му ги овозможува следниве услуги:


Перманентен интернет пристап со максимална брзина 128/512 Kbps
Трансфер на податоци до 10GB месечно
E-mail адреса
VIRUS FREE заштита
Anti SPAM филтрирање
Телефонска поддршка 24 часа/ден, 7 дена/неделно
Со овој прилог и понатаму остануваат на важност одредбите на договорот ____________ од 2006 година склучен помеѓу Он.нет ДОО и корисникот.


Начин на плаќање: Во готово, во просториите на давателот на услугата до __-ти во месецот или во најблиската пошта/банка.
Месечна цена на услугата 2.090,oo денари


Договoрена цена на услугата/месечно 1.090,оо денари
Инсталација и подесување на опрема (еднократен трошок)
699,оо денари
Опремата, Motorola Canopy 5400SM е дадена на користење за цело времетраење на договорот.
Вредност на опремата: Canopy Motorola 5400SM, 21.500,оо денари


Во цената не е вклучен ДДВ од 18%.
Овој прилог е со важност од __.__.2006 година.












Unreal Абе додека не дојде уште еден фиксен оператор се ќе биде скапо, и ова е скапо, 12000 денари за инсталација, па кој може тоа да си до дозволи? само 1% од оние што имаат компјутери, па и она лимитиран данлоад, секаде се отепуваат по светон кој ќе даде најбрз и најефтин НЕОГРАНИЧЕН интернет пристап а овде ти дава брзина и што?За мирцање....
Ништо тури им пепел на сите провајдери...
devil Депозит на опремата е 0 денари. http://biz.on.net.mk/wadsl.html
kickol mizi da te mamam so isto mislenje sum i jas kako Unreal..
koristam bezicen internet ogranicen 2gb vo ohrid za 900 den 256-ka..
a koga stanuva zbor za downlodiranje programi odam vo net cafe ..
nasle ovci i gi strizat .. a vo slucajov ovcite sme nie..
se dodeka ne dojde uste eden fiksen operator..
zlotty_co_380 Abe ajde so 128/512km pa i duri maximum toae mnogu slabo, zemete si ADSL 2 so 24Mbps bagatela za 50$AUD

www.tpg.com.au
The_Crow eeee zlotty znaci jas samo za vo australija sum bil, koga ke mu ja sednam na taa konekcija mrtov od pred kompjuter ke me simnat. Ima da rezbam ko mlad vol ko ke naceka nekoja kvalitetna krava, i ondak gs ke i znae :)))
zlotty_co_380
quote:
Originally posted by The_Crow

eeee zlotty znaci jas samo za vo australija sum bil, koga ke mu ja sednam na taa konekcija mrtov od pred kompjuter ke me simnat. Ima da rezbam ko mlad vol ko ke naceka nekoja kvalitetna krava, i ondak gs ke i znae :)))


hey ke ti se zdosadi odma , nedela-dve i tolku , samo sakav da kazam deka se uste e skap internet vo mkd, za tie pari 2000den za 128/512 toa e duri preskao od adsl2. nasle pa gi strizat site najprvo sopstveniot narod.
Napushenko Nema nisto podobro od satelistkiot internet mislam ako ti se pogode dobar satelit :)~
plugin Mnogu e i cenata i dogovorot e loso napraven te obvrzuvaat na 24 meseci da si niven korisnik i jas se slozuvam deka od ova nisto nema da bide ce vidite