ИНДИРА КАСТРАТОВИЌ МУ КАЖА ЗБОГУМ НА АКТИВНОТО И. |
||||
a-pin-dim | Спектакл за "мајсторот" Кометал 2002 и Македонија 1997 - Ол Стар Тим 33:30 (11:12) Сала: "Кале" во Скопје, гледачи: 2000 Судии: Марјан и Драган Начевски, делегат: Коруновски Маслова, Нацева, Дину, Кастратовиќ, Велкова, Боева, Радуловиќ, Пршеш, Будимир , Тодоровска, Платон, Андрушенко, Чупиќ, Георгиевска, Боева, Кисељева Тренер: Богдан Маковеј Ол Стар: Линдеман, Дину, Савиќ, Одер, Долер, Божовиќ, Морскова, Јаценко, Логвин, Дамјанац, Китиќ, Поповиќ, Бодниева, Дерепаско Тренер: Татјана Медвед Индира Кастратовиќ ја одигра својата последна средба. Вистинско уживање беше да се биде дел од последниот натпревар на ракометната легенда. Нејзините соиграчи од репрезентацијата на Македонија 1997 и од шампионската генерација на Кометал 2002 како и лутите ривали со кои војуваше низ Лигата на шампионите и мундијалите со години и приредија вистински спектакл на прошталниот натпревар. Низа ситни ритуали кои беа препознатливи за македонскиот тим беа репризирани, низа големи потези беа повторени во изведба на големите мајстори кои од сите краишта на Европа пристигнаа да оддадат почит на заштитната марка на македонскиот ракомет. Мечот заврши во 33 минута со постигнати 33 гола, се во знак на "тројката" која ја носеше на дресот во минатите 20 години. Коментари не се потребни, единствено што може да се каже со сигурност е дека Кастратовиќ навистина заслужи ваков проштален натпревар и дека многу ќе му недостасува на македонскиот ракомет и сите негови љубители. |
|||
a-pin-dim | Драго ми е за нејзините успеси Тренерот кај кого Индира Кастратовиќ ги направи првите ракометни чекори Милан Поповиќ е присутен на спектаклот. "И бев тренер четири години, а почна релативно доцна. Меѓутоа со големата желба за работа успеа да стигне до она што го направи потоа во кариерата. Таа е прекрасна лично и беше задоволство да се работи со неа. Драго ми е за сe што успеа да направи бидејќи постигна големи резултати". ФОТО ВЕСТ Костовски со прием за ракометарките По пресот на Кометал Ѓ. Петров, Трифун Костовски приреди прием за ракометарките коишто ќе беа дел од синоќешниот спектакл на Индира. Покрај приемот имаше и по една роза за секоја од девојките коишто вчера имаа исполнето време и многу работа. |
|||
a-pin-dim | А најдраго ќе ни је на сите љубители на спортот во Македонија кој сите ке се секаваме на настапите на Индира. | |||
TimeHacker | bravo za Indira za se sto stori za Kometal i za Makedonskata Reprezentacija | |||
david69 | Definitivno edna od najdobrite ako ne i najdobra rakometarka vo istorijata na MKD rakomet.Golem covek koj na terenot se "borese" bespostedno, i mnogu pridonese za popularnosta na rakometot kaj nas i za toa da staneme poznati vo svetot po nekoj sport i da ne sramime deka imame nesto dobro.I pozeluvam se najdobro i da go prenese seto svoe znaenje i iskustvo na mladite pa vo najskoro vreme da ocekuvame novi "Indiri" vo nasiot rakomet. | |||
a-pin-dim |
Cul te gospod... togas uste poveke ke sme poznati po nekoj sport... |