Vlasta so svoite oligarsi pak izbrkaa investitor |
||||
Makedon | Александар Момировски 08.06.2006 Скопската фирма „Гемак Трејд“ и бизнисменот Ејуп Алини ја купија локацијата под Кале, која власта првично ја таксаше за „Хилтон“. На лицитацијата трите парцели отидоа во рацете на двајца локални бизнисмени. „Гемак Трејд“ на Енвер Mаљичи купи 2 парцели за милион и сто илјади евра. Eјуп Алини една локација за 850 илјади евра. Претставникот на „Гемак Трејд“ не откри за кого купуваше, тврди дека не е во дил со „Александар Палас“ но, сега ќе барале инвеститори. „Ќе видиме, не сме во преговори, сега они ќе дојдат кај нас, кој ќе понуди повеќе, не се знае уште“, изјави Дритон Шуки, претставник на „Гемак Трејд“. Дел од учесниците лицитацијата ја оценија за скандалозна. Со погрдни зборови, закани по живот. Службите за обезбедување во Министерството за транспорт не ги отстранија лицата кои насилнички лобираа за „Гемак Трејд“. „Не сметам дека се тоа сериозни закани за живот, не е пријатно да лицитирате и да ви дофрлаат погрдни зборови и да ви се закануваат“, изјави Валентин Пепењуговски. Со распарчувањето на парцелата се потешко е дека ќе се оствари идејата во Македонија да се донесе брендот на „Хилтон“. За изградба на хотел од типот на светскиот гигант во хотелиерскиот бизнис, потребно беше целата локација да се продаде одеднаш, а не расцепкана на делови. Вчера во изјавата за А1, менаџерите на „Хилтон“ во Лондон рекоа дека земјава е на нивната бизнис мапа. „Хилтон е заинтересиран за Скопје, Хилтон сака да управува со хотел во Скопје“, рече Мајкл Кулини потретседател на Хилтон. Останува нејасно дали сега „Хилтон“ ќе се договара со локалните бизнисмени, откако остана со само декларативна подршка од македонската влада. Власта со делењето на локацијата практично попушти пред лобирањата на домашните хотелиеерски олигарски кои се уплашија од конкуренција. http://a1.com.mk/vesti/default.asp?vestid=63894 |
|||
dejan | Pa za toa nekoj Portugalci ke gradat hotel na Prespansko ezer, neli?? Ili da ne e SDS koj ke gradi? |
|||
Makedon |
Abe kakvi portugalci Deki. Zarem uste ne nauci deka SDSM samo lazat, demek nosat stranski investitori, a na kraj se vlasite od SDS kupuvaat. Vo Resen vlasite sega kupuvaat se zivo i divo. |
|||
pero bravarot |
Dali si siguren? |
|||
nukleus | Dobro kupuva i po nekoj Albanec i Srbin ama voglavnom i tie se so "vlashko" poteklo. | |||
nukleus | Interesno bi bilo da se znae etnickiot sostav na finansijskata oligarhija vo Makedonija. | |||
трендафил | Ако власта избрка од Македонија повеќе стотици илјади Македонци, зошто да не брка и странци. Според статистиките кои се водеа во времето за кои многумина мислат дека ни било убаво од Македонија од таа убавина имаат избегано окулу 10% (окулу двеста илјади) од вкупното население. Колку се избегани сега најубаво се гледа кога ќе се спореди бројот на луѓе на изборните списоци и на пописот. Веројатниот број на избегани од државата што е создадена по терк на новите државотворци е поголем од 300 илјади. Иначе додека не се сруши финансијската олигархија, која патем ги финансира и власта и опозицијата, нема да има ниту економски, ниту демократски ниту било каков друг развој во Македонија. |