Политичка Свест |
|||||
Unreal | Во овој пост ќе бидам доста самокритичен,а и доста критичен спрема другите. Имено се работи за нашата сага,наречена транзиција.15 години демократија,15 години стремеж према развој,15 години избори,15 години меѓуетнички тензии, згора на сето тоа војна во 2001, и на крај цели 15 години никакви резултати на полето од економијата и надворешната политика. Секако дека после сите овие години на катастрофално владење секој од нас вината ја наоѓа кај политичките партии кои се на власт,без разлика на нивната политичка ориентираност спрема лево или спрема десно, сите ние знаеме дека тие се ориентирани само спрема длабоките џебови,кој побрзо да ги наполни. Некој паметен некогаш рекол, дека ако сакаш да го промениш светот,мора прво да почнеш од себе.Така да врз основа на оваа мисла јас вината на прво место ја наоѓам во себе, затоа што редовно сум изегувал на гласање и со мојот глас сум допринел да дојдат луѓе на власт кои со своето владеење не покажале никакви резултати.Тоа е мојата самокритика.Тоа е моето ниво на политичка свест,кое би рекол дека е на многу ниско ниво,затоа што политичката свест се огледува врз политичките одлуки кои ги донесува еден гласач на денот на изборите,чив пак глас одлучува за неговата иднина и просперитет.Нивото на политичката свест ми е ниско затоа што ниеден од гласовите што сум ги дал не допринел за развиток,туку за назадување на мојата лична иднина и идината на идните поколенија во државава.Вкупните резултати на крајот покажуваат дека целиот македонски народ е со ниска политичка свест,незрел да донесе правилно решение, и незрел и неспремен да се соочи за предвреме да ги отповика тие на кои им ја дал довербата. Некој ќе рече дека толкав е изборот за гласање,дека нема политички опции за кои би можело да се гласа,но јас не би се согласил со тоа,затоа што секогаш верувам дека секогаш,ама баш секогаш се има избор за се. Ако немаш избор за да гласаш за некоја политичка опција,не излегувај на гласање воопшто...Да почнеме прво да се променуваме од себе,затоа што ако секој знае што сака, и ако секој знае што може да постигне со своето гласање или негласање со тоа политичката свест на народот се зголемува,со тоа им се дава на знаење на сите политички партии кои се на власт или кои претендираат да дојдат на власт,дека народот има политичка свест,високо развиена политичка свест со која знае да одлучува,со која знае кој точно треба да го води или да не го води,со која ќе се знае точно кој ќе биде казнет,а кој награден на следните или предвремените избори. Се додека постои ова ниво на разиена политичка свест кај народот во Македонија, дотогаш ќе се редат разно-разни влади кои ќе бидат ориентирани само спрема една цел,а тоа е лично богатење,а со самото зголемување на копрупцијата (гнилежот), а со самото тоа постепено убивање на демократијата,и на крај со тотален економски и политички колапс на целата држава. Ако во една кошница со јаболка има едно гнило јаболко,само прашање на време е кога ќе згнијат и другите. Ве повикувам сите да се запрашаме што сакаме,да размислиме доста добро и да донесеме правилна одлука со висока политичка свест за да не дозволиме да донесеме уште едно гнило јаболко во нашата кошницата. П.С Текстов е испратен во дневниот весник време,каде што до сега ми се објавени 3 писма... |
||||
Makedon | SDSM nisto ne stori za Makedonija, osven sto ja unakaza i izvrsi ekonomski genocid i nacionalno raznebituvanje na Makedonecot i ti pak glasas za niv. | ||||
Aleksandra | Unreal, Interesen text, i bas mi e milo sto tvoite pisma se objaveni, prodolzi i ponataka da pisuvash. Makedon, Ostavi go covekot da si glasa za kogo saka. |
||||
slasa | jas ke glasam za ona partija koja ke ni dade pravo da glasame nie sto sne vo Stranstvo | ||||
Makedon |
Aki Abe em e svesen deka glasa za pogresni luge, em pak glasa za niv. Da ne ima mazohisticki nagoni unreal= big daddy |
||||
Satanico Pandemonium |
Coekot proba da napravi analiza zosto 15 godini vo Makedonija odat rabotite onaka kako odat. Za prvpat se spomnuvaat nadpartiski raboti, toest niskata politicka svest na narodot. Ne spomna niedna partija. Ti vednas so tvoeto spomnuvanje na SDSM izvrsi regresija i ne podseti site zosto e vaka kako sto e vo MK i samo mu dade za pravo na Unreal. P.S. Vozdrzi se od spomnuvanje i obrakanje do drugi ucesnici na forumot so cinizmi ( na primer "mazohisticki nagoni unreal= big daddy") |
||||
Aleksandra |
Ajde Unreal za SDS, ali pak ti za VMRO. |
||||
slasa | Za kogo Vazi ova politicka Svest za Politicarite ili za Narodot | ||||
Unreal | Мојот пост мислам дека беше јасен,доволно бев самокритичен... Повеќе пати сум размислувал како да го оправдам тој глас што сум го дал,се за да се има чиста совест.Не сакам да мислам дека поради мојот глас јас сум останал невработен или комшијата го отпуштиле,или детето не можам да го вработам и слично... Овде кај нас ти е ептем заебано, чиста совест немаш и ако гласаш и ако не гласаш,но како и да се одлучи човек да направи мора со самото тоа да им прати порака на тие што ги гласа или на тие што нема да ги гласа,се додека ги гласаме и едните и другите а тие упорно си играат со народот, до тогаш ќе имаме ваква ситуација,без разлика кој ќе дојде на власт,затоа што однапред си знаат дека народот нема да ги казни. Не нападнав ниедна политичка партија,не наведувам никого да гласа за одредена политичка опција,тоа не ми е својствено,само сакав да истакнам еден револт спрема власта која ја носиме сите ние на власт. Јас сум 100% сигурен дека ако некој наш пријател ни ја изигра довербата дека никогаш нема да му простиме и ќе се скараме со него,а политичариве?Ги амнестираме на секој 4 години.Незамисливо! |
||||
Unreal | А ти македон, цицај! | ||||
Makedon |
Abe molci i si i traj si drugar, i prodolzisi da si glasas za SDSM. |
||||
tane komita |
За „Македон“ кој ништо не може да види, наочарите му се обоени со црно - црвена боја - не се проѕирни и не гледа. „Од дрвото не ја гледа шумата“... Овде има интересен сендвич: СДСМ - амнезија - СДСМ - амнезија - СДСМ...и сето тоа зачинето со лук и вода. |
||||
Makedon |
Ete, nemam rozovi ocila kupeni so drzavni pari, pa da imam amnezija ko tebe. Ete ne nosam ocila pa da zaboravam za imeto, znameto, doseluvanjeto kosovari, za ekonomskiot grabez na drzavniot imot, za unistuvanje na makedonskoto stopanstvo, eve sega se unistuva i poslednoto sto ostana- zemjodelstvoto. Sto da pravam, ne nosam ocila! |
||||
zlotty_co_380 |
Takva partija ne postoi vo Makedonija, ti kako zitel na Svedska treba da si napravis takva partija. I samo na kraj ke zaklucis samo edno, vremeto i nervite si gi izgubil, a si dobil samo nervoza. a za sto da se nerviram, za politicarite , ne zasluzile da gi spomnes a kamo li da pomislis na niv. |
||||
tane komita | Македон! И покрај моите години, сепак не носам ниту наочари со диоптер(за моја среќа и здравје) ниту пак носам наочари во боја: ниту розова, ниту црвена, ниту сина или разни комбинации на бои кои ги прават денешниве партии. Гледаш дека и јас се согласувам со тебе: за годините кога СДСМ беше на власт - криво е СДСМ, ама за годините кога беше ВМРО на власт - НЕ може СДСМ да биде криво. Зошто тие години не ги спомнуваш? - Имаш амнезија за тие години? |
||||
makedonec | Sto se prepukuvate eden so drug, jas ne znam. Ne li gledate deka politicarite vsadija ogromna omraza megu narodot, go podelija na sini i crveni, VMRO-vci i SDSMO-vci, a vsusnost izvrsija politicka zloupotreba vrz sopstveniot narod ostvaruvajki gi svoite licni interesi. Prestanete veke ednas da si prefrlate eden na drug.Vinovnikot treba da se bara vo strukturite koi nie gi izglasavme i donesovme na vlast. |
||||
tane komita |
Ова е добро кажано, потполно се согласувам! Мислам дека и јас го тврдев истото, но лошо бев интерпретиран. Поздрав! |
||||
achtung_panzer | Unreal veli 15 godini megjuetnichki tenzii, da ne se MALKU povekje od 15? Ajde malku rabotite da gi pogledneme vo retrospektiva. Pred osamostojuvanjeto na Makedonija vladeeshe politichka svest ramna na ovca vo stado. Najgolemite SKJ poltroni bea ili od Makedonija ili od Bosna. Po shokantniot raspad na SFRJ istata svest se transplantira vo novata situacija: samo sega SKJ dobi barem tri klonovi so isti metodiki na treniranje partiska disciplina i kadrovsko odluchuvanje. Znachi ona shto shto go imame denes kako politichka svest e odraz na minatoto. I togash koga imashe shansa da se smeni neshto, najvisokoto makedonsko vodstvo ne beshe nachisto so toa dali voopshto Makedonija treba da bide samostojna (a so toa da si go izvlechat tepihot od pod noze ako padnat vo nemilost vo Belgrad). Sramot od referendumsko prashanje, turkanjeto na platformata Izetbegovich- Gligorov, blamazhite so promena na znameto, imeto... seto toa doprinese za devalvacija na svesnoto vo "politichka svest". Slichna zbunetost i vo briselsko- vashingtonskite redovi (Makedonija kako drzhava kaj niv ja nema vo niedna varijacija), pa otkako vidoa deka povekje se isplati da si instaliraat svoi filijali vamu otkolku da gasat nova balkanska vojna, podatlivite SKJ klonovi im se najdoa kako odlichni aparatchinja. Sega promenata na svesta ne samo shto e teshko vozmozhna tuku i krajno nepovolna za planerite niz Brisel i Vashington. A za slasa shto saka da vidi makedonska partija kako im dava pravo na glas na dijasporata, shto ja sprechuva dijasporata sama da se organizira i da si osnova svoja partija od bliskite rodnini shto gi imaat vo Makedonija? Partija na dijasporata, pa ponudata da bide kompletna: em gi krpi serioznite dupki vo domashniot budzhet em odluchuva na politichko nivo. Zoshto taka? Poglednete vo retrospektiva 15 godini pa videte kolku se vide fajdeto od segashnive "vladejachi"... |
||||
nepobedliv | vlasta e odraz na makedonskiot narod koj za zal e mnogu politiziran i manipuliran. sekoj sto e politiziran e manipuliran posto politika e manipulacija. | ||||
tane komita |
„КАКОВ НАРОД - ТАКОВ СТАП“- (читај ВЛАСТ)!!!??? |