Pobrzo od svetlinata |
||||
Anna_Black | Ne znam dali oda e soodveten primer, ali mene taka mi go objasnija: Ako na primer nekoj se naoga na golema dalecina od Zemjata i vidi kako nekoja zvezda eksplodira. Ova znaci deka svetlinata so nejzonata ogromna brzija stignala do nego. No toj covek ako moze da patuva pobrzo od svetlinata, ke ja 'pretrka' do zemjata, kade sto zvezdata uste ne eksplodirala (barem lugeto ne videle - posle ke objasnam za ova) i na nekoj nacin toj se vratil vo vremeto koga zvezdata ne e eksplodirana. Ova bi povleklo nekoi prasanja, kako na promer deka zvezdata e odamna eksplodirana, bez razlika dali nie toa go gledame ili ne. No, spored definicija, realnost e toa sto e okolu nas, sto mozeme da go vidime, pomirisame, dopreme itn. Od ova sleduva deka vo 'Zemjinata' realnost zvezdata uste postoi. Sto mislite vie? |
|||
toni_a | tochno e toa deka nie so nashite teleskopi go gledame minatoto koe pred dolgo vreme se sluchilo vo univerzumot/vselenata.znachi "pogled" vo vremeto e mozhno te. e nasha momentalna realnost bidejki aktualnite informacii ne pristignale.ili dzvezdata shto sveti na neboto mozhe da e vekje izgasnata... istoto se sluchuva pri navigiranje na neshto shto se naogja na golema dalechina ili pri prenos na informacii |
|||
zlotty_co_380 | Ana pisuvaj za ova super tema, bravos , odlicen primer. No sto mislite dali moze da se patuva navistina pobrzo od svetlinata, patuvanje pobrzo od zvukot e isprobano vejke? Patuvanje pobrzo od svetlinata nemislam deka teoretski pa ni vistinski e vozmozno, zosto najveroijatno svetlinata e edinstevniot materiajal koja sto najbrzo se dvizi niz prostorov. jas pa nemisalm taka, ako ekoaj dzvezda sveti i ekspodria , nie voist moment ke zabelezime deka nesto se ima dogodeno so neze t.e. deka izgasanala. nemoze nie da zemime teleskopot pa da pogledneme i da vidime deka nema dzvezda , a so relano oko gledame deka uste "sveti". |
|||
toni_a |
Zlotty,koga ke slushnesh nekoj od onie brzite avioni kade go gledash? ili neshto polesno...koga e nevreme shto registrirash poprvo? gromot(zvukot) ili svetkavicata(svetloto)? sum sretnuval lugje shto kratko predtoa "predviduvaat" koga ke grmi za teleskopite...nie gledame raboti shto se sluchile vekje bidejki treba vreme za da stigne svetloto do nas.znachi dodeka nie gledame dzvezda taa mozhe i vekje da ne postoi vo istiot moment dodeka nie ja nabljuduvame.znachi go gledame minatoto,a segashnosta ke ja vidime vo idninata. ps-Zloty,zemi eden gluv chovek i eden slep chovek...prashaj gi posle udarot na gromot koga se sluchilo toa.se razbira deka izvesno rastojanie od mestoto e preduslov. |
|||
Thunder from down under | sonceto koga go se gleda e vsusnot pred 8 minuti, a za zvezdite neznam tocno kako ke gi spasite od eksplozija,koga nekoj ke vidi deka zvezda ekspodirala toa se slucilo vece vcera | |||
zlotty_co_380 |
tunder toa sto go kazuvas za 8 minuti.... Svetlinata zrak sto e potrebno da pristigne do zemjata toa rastojanie go pominuva za 8 minuti. I logicki ne mozeme nisto da kazeme deka nesto sto go gledam vo momentot deka se slucilo vcera. Ako nekoja dzvezda eksplodira da receme vo momentov , nie vo istiot moment ke zabelezime deka eksplodirala, samo ke odzeme vreme na svetlosnata ekslozija t.e. zracite da stignat do nas. Isto kako da zemis edna kofa voda, kacise na zgrada i isturija. Sekako na vodata i treba vreme da stigne do zemjata i da napravi "plas". Ako nekoj vidi kako jas ja isturam kofata so voda, toj toa go gleda vo momentot, ne se slucilo toa pred izvesno vreme, samo odzema vreme "plasot" da stigne na zemjata. Vecra i denes postojat na zemjava. Koga kaj mene e denes kaj tebe e vcera, samo na zalost samo na istok ako odam mozam da se vratam vo vcera, a kolku i da brzam na zapad tesko deka ke stignam vo vcera. Jas a voedno i site drugi mozeme da se vratime vcera. Sega vo Sydney e June 13 2006 . Ama na Hawai se uste e 12 June 2006. I da pojdam so avion za 8 casa se uste ke bide 12 June. Ne daj boze da se sluci nesto da umre covek, ne mozeme da kazme Zlotty ili Petko ili Janko umrele vcera. A nekoj lujge me videle denes. Toni koga ke slusnam nekoj od "brzine" avioni sekogas go gledam/baram so glavata na zapad, zosto za toa vreme dodeka zvukot stignal do mene avionot pominal ic malce uste 3-4km. Nekogas gromot i svetlinata idat zaedno. Sekako prvin svetlinata ide zosto na gromot/zvukot mu treba vreme da stigne do nas. Ama sekako koga ke vidime svetlina/grom znaeme deka ke prosledi so zvuk/grmenje zosto toa vejke e sluceno. No ako sme na mestot kade sto mavnal gromot vo istiot moment doajga i zvukot t.e. zaedno. Jas ili nekoj drug da receme zivee 30 km dalecina od mestot na gromot , prvn sto ke vidime e svetlina pa po nekolku sekundi i zvukot/grmenejto. No lujgeto koj sto ziveaat na toa mesto kade sto mavnal gromot tie grmenjeto i svetlinata gi videle.slusnale naednas t.e. dvete zaedno. Istoto e i so avionot koga ke poletuva, naednas slusas golem zvuk dur se svrtis d avidis od kade ide ke vidis deka avionot vejke letnal. Zatoa st ozvukot na motorite doajga podocna. Ama ako sme na mestotot t.e. na samamta pista nema da zabelezime razlika. Bidejki zvukot na motorite e do nas. |
|||
Thunder from down under | vremeto ne postoi be zlotty,vremeto go izmislija samo zaradi rabota da pocnat site vo isto vreme i vozojte da imaat red to sho spomna deneska/utre kaj mene/kaj tebe Ako postoi vremeto togas zosto denes vcera bese utre,a denes utre ce bidit vcera ? |
|||
Anna_Black | Ova sto go spomna so vremeto - interesna tema e. Nekoi go zamisluvaat kako edna materijalna tocka vo prostorot. Ali citav edna kniga 'Vremeplov' - mi bese lektira odamna :), i tamu ubavo bese objaseto. Deka vremeto e cetvrtata dimenzija, bidejki edno telo od tri dimenzii, ili potocno receno prostorno telo, ne moze da postoi samo eden moment, tuku toa postoi podolgo vreme. Od tuka proizleguva deka osven trite dimezii, MORA da ima i cetvra - vremeto, koe bi ovozmozilo 'traenje' na teloto. E sega, ako sme patuvale vo trite dimenzii, zosto ne bi patuvale i niz cetvrtata. pak tuka doaga prasanjeto - ako patuvame pobrzo od svetlinata bi ja na nekoj nacin 'preminale' taa vremenska granica na momentot i bi se dvizele niz cetvrtata dimenzija. |
|||
slasa | togas sakam da odam pobrzo od svetlinata i da se vratam vo vremeto na aleksandar Makedonski |
|||
Anna_Black |
I jas! |
|||
Enigma |
Chetvrtata dimenzija na svetot e duhovna, koja e nevidliva i bezvremena. Vremeto e interval na bezvremeto, koe zapochnuva vo pochetok i se dobrojuva vo svojot kraj. Shto e "vreme"? Ako go nabljuduvame chasovnikot na polnokj, kje zabelezhime deka sekogash koga kje otchuka polnokj, utreshniot den se preobrazuva vo deneshen, i dvanesetiot chas na nokjta vo prviot chas na denot. Nema vreme! Vremeto e magnovenie. Se shto imame e samo mig na vreme, ili vo poshiroka smisla na zborot, vreme e eden zemen zhivot. Imeno, vremeto se odnesuva na chovechkiot zhivot, a dadeno mu e na chovekot za polesno da se orientira vo svojot zhivoten proces. |
|||
Sirius | Од каде доаѓа видливата светлина? Вчудоневидувачки е, но многу астрономи сe уште немаат јасна претстава од каде доаѓа видливата светлина. Првиот одговор што доаѓа на памет е „па од ѕвездите!“ Тоа е до некаде точно, но не сосема прецизно. Всушност, колку повеќе се учи за светлината, толку помалку јасно станува кој е точниот одговор на тоа прашање. Еве еден обид да се даде малку „понаучен“ одговор: Пред не премногу време (според некои пресметки, 13,7 милијарди години) се случил еден настан, прилично важен за целата Вселена. Се разбира, станува збор за Големиот Прскот. Космолозите сметаат дека пред овој настан Вселената, каква што ја познаваме, не постоела. Што и да постоело тогаш било вон сето наше поимање – сe било ништо и празнина. Зошто? Постојат два типа на одговори. Првиот тип се т.н. филозофски одговори: пред Вселената да настане, не постоело ништо од што, со што или дури за што да се поимува. Но, постојат и научни одговори, кои се сведуваат на следново: пред Големиот Прскот не постоел простор-време континуумот (нематеријалната средина низ која се движат сите работи изградени од енергија и материја). Кога се создал простор-време континуумот, се создале едни од најклучните работи – единките на светлина, кои физичарите ги нарекуваат „фотони“. Научната претстава за фотоните е дека тие прикажуваат два, на изглед, контрадикторни начини на однесување: тие се однесуваат на еден начин кога се во група (тогаш прикажуваат својства на брановидно простирање), а на друг начин кога се единки, т.е. кога претставуваат изолирани честички. Еден индивидуален фотон може да се разгледува како пакет од бранови кој низ просторот многу бргу спирално се движи напред. Секој пакет претставува осцилација низ две взаемно нормални оски на делување на две сили – електричната и магнетната. Бидејќи светлината претставува осцилација, брановидните честички взаемнодејствуваат. Може да се замисли дека бранови и бранови на фотони влегуваат низ нашите телескопи, но индивидуалните фотони се тие кои се апсорбираат од страна на нашите очи. Најпрвите фотони кои се простирале низ простор-време континуумот биле екстремно моќни. Како група, биле неверојатно интензивни. Како индивидуални, трепереле на исклучително високи фреквенции. Светлината на овие исконски фотони набргу ја опсјаиле младата и бргуширечка Вселена. Светлината била насекаде, но материјата сe уште не се појавила. Како што Вселената се ширела, првобитната светлина губела како на фреквенција, така и на интензитет. Ова се случувало така што првобитните фотони се ширеле сe повеќе низ просторот што се ширел. Денес, првобитната светлина сe уште може да се забележи низ Вселената, во облик на вселенското позадинско зрачење. Ова зрачење, сепак, не е видливо за човечкото око. Како што Вселената се ширела, првобитната светлина се ширела со неа и го исполнувала целиот тој простор. Како резултат на тоа, брановата должина на оваа светлина се зголемувала сe повеќе и повеќе, односно фреквенцијата се намалувала сe повеќе, така што денес оваа светлина (односно позадинско зрачење) зрачи во екстремниот краен дел на црвениот спектар на електромагнетното зрачење. Поточно, добиено е дека брановата должина на ова зрачење одговара на брановата должина на зрачење на апсолутно црно тело на температура од 2,275 Келвини, односно само 2,275 степени над апсолутната нула (при пресметките се претпоставувало дека апсолутно црното тело била самата Вселена). Но ова зрачење, односно оваа светлина НЕ може да се види со голо око. Онаа светлина што ние ја гледаме доаѓа од други извори. Ако претпоставиме дека светлината доаѓа од ѕвездите, следното прашање што се наметнува е: па тогаш од каде настанале ѕвездите? Во основа, на ова прашање нема јасен одговор. Вселената, односно простор-времето, прави нешто повеќе отколку само пренесување светлински бранови – тоа создава материја. А материјата, за разлика од светлината, поседува маса. А како последица на масата, материјата поседува својства на инерција и гравитација. Инерцијата може да се смета како противење на промена. Во основа, материјата е „мрзлива“ и само го прави она што го правела и пред тоа – освен ако не и делува некоја сила надвор од неа. Во раните фази на создавање на Вселената, главната сила која ја нарушувала мрзливоста на светлината била светлината. Под влијание на притисокот од зрачењето, првобитната материја, воглавно водороден гас, се „организирала“ и групирала. Оваа „организирана“ материја почнала да пројавува едно ново својство, кое ние го нарекуваме „гравитација“. Гравитацијата претставува „нарушување на простор-време континуумот“. Ваквите нарушувања се јавуваат секаде кадешто е присутна било каква маса – бидејќи материјата има маса, просторот се закривува. Секоја маса, дури и онаа на најмалиот атом, предизвикува „микро-нарушување“ на простор-времето. А кога доволно микро-нарушувања ќе се соберат на едно место, нарушувањето станува „макро-нарушување“, односно големо и лесно забележливо. Првата маса што се организирала ги претставувала, всушност, првите ѕвезди. Првобитните ѕвезди не биле како денешните, туку претставувале супер-масивни џинови, кои своите животи бргу ги проживувале и ги завршувале спектакуларно, со колосални експлозии. Во моментите на својата смрт, овие ѕвезди се срушувале самите во себе под притисок на сопствената маса, што создавало ударни бранови со толкав интензитет и енергија, што се создавале нови елементи од постоечките. Како резултат на тоа, простор-времето сe повеќе се исполнувало со сите елементи кои денес постојат во Вселената. Во однос на светлината, материјата може да е транспарентна или нетранспарентна – може да ја апсорбира или одбива светлината. Светлината може да влегува во материјата, да минува низ неа, да се апсорбира или одбива од неа и слично... Кога минува низ материјата, светлината се забавува, додека нејзината фреквенција расте. Кога се одбива од материјата, нејзината патека се менува. Кога се апсорбира во материјата, електроните на материјата се возбудуваат и можат да се реорганизираат и да создадат нови молекули. Но најважно од сe е дека кога светлината минува низ материјата, дури и кога не е апсорбирана, атомите и молекулите предизвикуваат простор-време континуумот да трепери, и ова е причината што можеме да гледаме видлива светлина. Грубо кажано, ние „гледаме“, бидејќи нешто што се нарекува „светлина“ взаемнодејствува со нешто што се нарекува „материја“ во нешто што се нарекува „простор-време континуум“. Принципот според кој ѕвездите „сјаат“ и создаваат светлина се должи на промената на енергетските нивоа на електроните во атомите при прекршувањето и апсорбирањето на светлината. Имено, стаклото на куќните прозорци ја пропушта видливата светлина. Но, тоа одбива голем дел од инфрацрвената светлина, а ја впива ултравиолетовата. Кога видливата светлина ќе влезе во некоја соба, бидува впиена од мебелот, теписоните итн. Овие, пак, дел од светлината претвораат во топлина, односно инфрацрвено зрачење. Стаклото не му дозволува на инфрацрвеното зрачење да излезе, па собата се загрева. Од друга страна, голем дел од ултравиолетовото зрачење што доаѓа од Сонце се апсорбира во Земјината атмосфера, но мал дел успева да пројде низ неа. Бидејќи стаклото ја апсорбира, а не ја пропушта ултравиолетовата светлина, онаа ултравиолетова светлина која „удира“ на стаклото го загрева на истиот начин на кој мебелот се загрева кога бидува осветлен со видлива светлина. На овој начин се случуваат процесите во ѕвездите кои доведуваат до тоа тие да зрачат. Да го земеме нашето Сонце за пример. На надворешната страна на јадрото на Сонце, фотони со високи фреквенции ја озрачуваат Сончевата обвивка под фотосферата. Обвивката ги впива овие зраци и ги презрачува нанадвор кон фотосферата. Ова зрачење исто така може да се нарече „светлина“, но е сепак со многу поголема фреквенција отколку што ние луѓето можеме да видиме. Температурата е толку висока, што се формираат конвективни струи кои ја носат топлината нанадвор кон фотосферата, а притоа исто така зрачат фотони со помали енергии, но сепак сe уште невидливи за нас. Кога овие зраци стигнуваат до фотосферата, атомите се загреваат по пат на конвекција и се стимулираат, по пат на прекршување на зраците, да треперат со фреквенции доволно бавни за да можат да зрачат во спектарот на видливата светлина. На овој начин светлината се создава во ѕвездите, кои сепак претставуваат најважни извори на видлива светлина во Вселената. Како заклучок: онаа светлина што ние денес ја гледаме е онаа првобитната светлина која се создала во моментот на Големиот Прскот. Во текот на наредните неколку стотици илјади години, светлината, којашто се материјализирала под дејство на својата гравитација, се кондензирала и собирала во огромни гасовити сфери наречени ѕвезди. Овие, поради дејството на својата огромна гравитација, во своите јадра создале многу големи притисоци, така што можеле да започнат хемиски процеси со кои таа материјализирана светлина (првобитните атоми) се комбинирала, а се создавала и нова материја (соединенија и потешки атоми). Притоа, се ослободувала нова светлина, за човечките очи невидлива. Низ серија од прекршувања и впивања, таа светлина се презрачувала во нова, секогаш со поинаква фреквенција од претходната, сe додека не достигнала фреквенција која, нешто помалку од 14 милијарди години потоа, човечките очи успевале да ја видат. Светлината и понатаму зрачи и се презрачува, а човекот, со помош на науката и технологијата, полека почнува да гледа и подалеку и повеќе отколку што умее само со своите очи. |
|||
zlotty_co_380 | mmmmmmm inteserni mislenja i za vremeto i za svetlinata. Imav citano deka denot ne e 24 casa, deka denot e 24:30 minuti (otprilika), bidejki spored denesnata podelba planetava ne e pravilno podelena vo casovni zoni. Ima eden del kade sto zemjata se uste se vrti po svojata zamislena oska , a denot nov vejke zapocnal. Na novite atlasi ke zabelezite teka na nekoj mesta pomegu Fizji, Samoa pisuva GMT +13 , a ako denot e 24 casa togas treba da ima samo GMT-12 i GMT +12. A sto mislite da li svetlinata eden den ke zgasne, naucnicite predviduvaat da, potpirajki se na teoremata deka nisto vecno ne e. Pa ako zgasne se, togas znaci nie lujgeto se unistivme, duri i vselenata. Dali samo nie zemjanite go napravvme toa ili ima uste nekoj drugi " sojuznici" so nas? |
|||
zlotty_co_380 | Enigma pogore somna vidovi na dimenzii. Dali znaes kolku vidovi na dimenzii ima i postojat, imas napisano intersno mislenje. Ako mozis objasni za sekoje so primer. Jas na primer ne veruvam vo takvi dimenzii , prva / vtora/ treta / cetvrta / .... spored mene postojat polno needintifikuvani ako moze da se kaze "dimenzii" koj sto sekoja ima svoja razlicno znacenje. |
|||
Sirius | Се смета дека при самата Голема експлозија размерите на вселената биле еднакви на нула, па нејзината топлина тука била бесконечна. Но, како што се ширела вселената, така опаѓала температурата на зрачење. Една секунда по Големата експлозија таа паднала за околу десет илјади милиони степени. Оваа температура е околу илјада пати поголема од онаа што владее во средината на Сонцето, но олку високи вредности се достигнуваат при експлозија на водородни бомби. ... Стотина секунди по Големата експлозија температурата паднала на околу илјада милиони степени, што одговара на онаа во внатрешноста на најтоплите ѕвезди. Само неколку часови по Големата експлозија се завршило создавањето на хелиум и на другите елементи. Потоа, во текот на приближно милион години, вселената само се ширела, без некои значајни случувања во неа. Нашето Сонце содржи околу 2 отсто од овие тешки елементи (јаглерод и кислород), затоа што тоа е ѕвезда од второ или од трето колено, настаната пред околу пет илјади милиони години од облак на ротирачки гас, кој содржел остатоци од поранешните супернови. Најголемиот дел од гасот во тој облак се потрошил на создавањето на Сонцето или бил развеан, но една помала количина од потешките елементи претставувала материјал од кој настанале телата што сега кружат околу Сонцето како планети, меѓу кои е и нашата Земја. Стапката на ширење една секунда по Големата експлозија да била помала барем за еден стоилјадити милионити милионити дел, вселената би колабирала пред воопшто да ги достигне сегашните размери. "Вселената ја гледаме таква каква што е затоа што постоиме". Според оваа теорија (силното антропичко начело), постојат или мноштво различни вселени или мноштво различни подрачја на една вселена, од кои секое има сопствена почетна конфигурација, а, можеби, и сопствен збир закони на науката. На повеќето од овие вселени не би постоеле вистински услови за развој на сложените организми; само во ретки меѓу нив, кои се слични на нашата, би се развиле интелигентни суштества, кои би го поставиле прашањето: "Зошто вселената е таква каква што ја гледаме?" Одговорот тогаш е едноставен: "Ако е поинаква, ние не би постоеле!" Во подрачјето на вселената, кое е достапно за нашите посматрања постојат приближно колку една единица зад која има 85 нули честици. Од каде потекнуваат сите тие? Одговорот гласи дека според квантната теорија честиците можат да бидат создадени од енергијата во облик на двојки честица-античестица. Но, со тоа се отвора прашањето од каде потекнува енергијата. Одговорот гласи дека вкупната енергија во вселената е еднаква на нула. Материјата во вселената е создадена од позитивна енергија. Но, материјата се привлекува сама себе со силата на тежата. Две парчиња материја, кои се наоѓаат блиску едно до друго имаат помалку енергија отколку кога се оддалечени затоа што треба да потрошите енергија за да ги раздвоите, дејствувајќи против гравитациските сили што ги привлекуваат едно кон друго. Според тоа, во извесна смисла, гравитациското поле има негативна енергија. Во случајот на вселената, која е приближно еднолична во просторот, може да се покаже дека оваа негативна гравитациска енергија точно се поништува со позитивната енергија, која ја претставува материјата. Значи, вкупната енергија на вселената е еднаква на нула. А, двапати нула, исто така, е нула. Според тоа, вселената може да ја удвои количината на позитивната енергија на материјата и да ја удвои негативната гравитациска енергија и без да го наруши законот за зачувување на енергијата. "Велат дека нема такви работи каква што е бесплатен ручек. Но, вселената е најголемиот бесплатен ручек". Би можело да се рече: "Граничните услови на вселената се дека таа нема граница". Вселената би била сосема самостојна и на неа не би влијаело ништо надвор од неа. Таа не би била ни создадена ни уништена, таа просто би БИЛА. Замислата за тоа дека просторот и времето можат да создадат затворена површина без граници, исто така, има длабоки импликации за улогата на Бог во работите на вселената. Со успехот на научните теории во опишувањата на случувањата многу луѓе поверуваа во тоа дека Бог дозволува вселената да се развива во согласност со некој збир од закони и дека не влијае на неа за да ги осуети овие закони. Меѓутоа, тие закони ништо не ни зборуваат за тоа како требало да изгледа вселената на почетокот; според тоа, и натаму би зависело од Бог навивањето на часовникот и неговото пуштање да работи. Значи, с#233; додека вселената има почеток, би можеле да претпоставиме дека има и некој создател. Но, ако таа, навистина, е сосема самостојна без граници или рабови, таа не би имала ни почеток ни крај туку, просто, би била. А, зар тука има место за творец? Стрела на времето Имагинарното време не се разликува од правците во просторот. Ако некој оди на север, тогаш, едноставно, може да се сврти и да се упати кон југ; исто така, ако некој може да оди напред во имагинарното време, би требало да биде способен да се сврти и да се врати назад. Ова значи дека не би постоела некоја важна разлика меѓу насоката "напред" и насоката "назад" во имагинарното време. Од друга страна, ако се разгледа "стварното" време, постои голема разлика меѓу насоката "напред" и насоката "назад", како што сите знаеме. Од каде потекнува разликата меѓу минатото и иднината? Зошто се сеќаваме на минатото, а не и на иднината? Зголемувањето на нередот или на ентропијата со текот на времето е еден од примерите на она што се нарекува стрела на времето и со што се прави разлика меѓу минатото и иднината, односно се одредува насоката на времето. Напредувањето на човечката раса и разбирањето на вселената воспоставило мал агол ред во растечкиот неред на вселената. Ако го запомните секој збор од оваа книга, во вашето паметење би биле забележани околу два милиони делчиња информации: редот во вашиот мозок би се зголемил за околу два милиони единици. Меѓутоа, додека сте ја читале оваа книга сте претвориле најмалку илјада калории средена енергија, во облик на храна, во несредена енергија на топлината, која сте ја испуштале во воздухот околу себе со движење и со потење. Ова ќе го зголеми нередот во вселената за околу дваесет милиони милиони единици - или околу десет милиони милиони милиони пати повеќе отколку што се зголемил редот во вашиот мозок - и тоа под услов да запаметите буквално с#233; од оваа книга. Обединување на физиката Зошто не ги забележуваме сите овие дополнителни димензии ако навистина постојат? Зошто ги гледаме само трите просторни и едната временска димензија? Според една замисла, другите димензии се закривени во простор со многу мали размери, некаде околу еден милион милион милион милион милионити дел од инчот. Тоа е толку малку што ние, просто, не ја забележуваме, туку гледаме една временска и три просторни димензии, во кои просторвремето е прилично рамно. Ова е слично на површината на некој портокал: ако ја загледате подетално, ќе забележите дека целата е збрчкана, но ако ја гледате оддалеку не ги гледате овие нерамнини и таа ви изгледа како мазна. Исто така е и со просторвремето: во многу мали размери, тоа е десетдимензионално и е многу закривено, но во поголеми размери не се гледаат овие закривености на дополнителните димензии. ... постоењето на целосен збир закони би ја ограничило слободата на Бог да се премислува и да влијае на светот. Станува збор за стариот парадокс: може ли Бог да направи камен, кој би бил толку тежок што ни тој сам да не може да го подигне? Но, замислата за Бог што се премислува претставува пример на заблуда замислувајќи го Бог како суштество што постои во времето, на што укажал уште Свети Августин: времето е својствено само за вселената што ја создал Бог. Но, тој, сигурно, знаел што сака кога ја создавал! Целосната, кохерентна, обединета теорија е само првиот чекор; наша крајна цел е целосно разбирање на појавите што н#233; опкружуваат, како и на нашето сопствено постоење. Заклучок Ајнштајн еднаш го поставил прашањето: "Каков избор имал Бог при создавањето на вселената?" Дури и ако постои една можна обединета теорија, таа не е ништо друго освен ред од правила и од равенки. Меѓутоа, што е тоа што вдахнува пламен во равенките и во создавањето на вселената?... Зошто вселената воопшто би се впуштала во тоа да постои? Дали обединетата теорија е толку семоќна што и самата доведува до своето постоење? Или, можеби, е потребен некој создател, а ако е, има ли тој какво било друго влијание врз вселената? И кој го создал него? С#233; досега повеќето научници беа премногу ангажирани во поставувањето нови теории, кои опишуваат што е вселената, не впуштајќи се воопшто во обидот да одговорат на прашањето зошто. Од друга страна, пак, луѓето чија работа е да прашуваат зошто, филозофите, не биле во состојба да држат чекор со развојот на научните теории. Во 18 век филозофите сметале дека човековото знаење, вклучувајќи ја тука и науката, претставува нивно поле и расправале за прашања какви што се: "Дали вселената имала почеток?" Во деветнаесеттиот и во 20 век, меѓутоа, науката станала премногу математичка и техничка за филозофите, односно за било кој друг освен малиот број стручњаци. Филозофите толку многу го смалиле своето подрачје на изучување што Витгенштајн, најзначајниот филозоф на 20 век, рекол: "Единствената преостаната задача на филозофијата е анализата на јазикот". Каков крај за големата традиција на филозофијата од Аристотел до Кант! Меѓутоа, ако успееме да дојдеме до една целосна теорија, тогаш неа, со текот на времето, во начело би требало да ја сфатат сите, а не само неколку научници. Тогаш сите ние, филозофите, научниците, како и обичните луѓе, ќе бидеме во состојба да учествуваме во расправата за прашањата врзани за причината за постоењето, како на нас самите, така и на вселената. Ако пронајдеме одговор, тогаш тоа ќе биде врвен триумф на човечкиот разум - затоа што тогаш ќе проникнеме во самиот ум на Бог.... Извор: според Стивен Хокинг |
|||
SydneyGuy | Time is a man-made concept. If energy didn't exist in this universe then 'time' would come to a stand-still. Matter such as electrons, protons and neutrons that is not active (that is, it is not in motion) cannot be perceived by the human eye. Light is a form of energy that is perceived by our eyes to form a 'picture' of an object in our mind. Without light we cannot acknowledge that an object even exists (unless we touch that object). Light exists only if electrons have the energy to continue to remain in motion (either when they revolve around protons and neutrons or when they are on their own). If all electrons in this universe became motionless then we would not be able to perceive anything. In fact, we would not continue to exist and so we would not be able to perceive the energy that is emitted in the form of light. As far as I'm aware, scientists have not yet discovered any object that travels faster than electrons. Therefore, it is not possible to travel faster than light. We have to make a distinction between an event and the perception of that event. Perception does not create the event. Perception is merely our interpretation of that event with the help of our senses. We cannot perceive an event before that event has occurred. The event causes the perception and not the other way around. By the way, perception in itself is also an event, but it exists in addition to the event that is being perceived. When a star explodes then that is exactly what has taken place. We then perceive that explosion with our senses. Unless we can devise a way to 'undo' that event then it doesn't matter how fast we travel because we cannot return to a point in time before that event has taken place. This means that time travel is not possible. Absolute zero is the temperature required to make an object motionless. Scientists have come close to attaining that temperature but without actually reaching it. I think that you would literally have to 'suck out' all the energy from that object before you can reach that temperature. When an object is subjected to a temperature of absolute zero then the object itself not only becomes invisible to the human eye, but it also loses it's ability to weigh anything - it literally becomes wightless. This is the exact opposite of when an object is travelling at the speed of light. Einstein said that as an object comes closer to travelling at the speed of light it becomes heavier and heavier - to the point of reaching an extremely disproportionate weight. |