Buckovski direktno vmesan vo kradenje na Budzetot? |
||||
Makedon | http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=771&ArticleID=50466 СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ВЛАДАТА Нотарот од „Бачило“ е и советник на Бучковски Мери Јордановска Нотарот Никола Стоименовиќ, кој беше посочен како главен посредник во случајот „Бачило“, е член на правниот совет во Владата и семеен пријател на премиерот Владо Бучковски, тврдат повеќе извори. Еден од нив, Јанко Бачев од Народното движење за Македонија (НДМ), вчера достави документација за тоа до Државната комисија за спречување на корупцијата. Тој вели дека поседува валидни докази оти Бучковски стои зад целиот случај „Бачило“ и дека нотарот Никола Стоименовиќ (кој ги завери хипотекарните договори меѓу Иснифарис Џемаили и Ордан Миланоски) му е семеен пријател. Инаку, семејството на Стоименовиќ и семејството на премиерот новогодишната вечер ја прославувале заедно во хотел во Крушево. Освен Стоименовиќ, како што тврдат од НДМ, школска пријателка на Бучковски е и Емилија Алексова, поранешната директорка на скопскиот катастар. Истиот нотар заверувал хипотекарни договори меѓу сопругот на Алексова и пензионерот Ордан Миланоски. Со тоа, се повеќе во јавноста се зборува дека лицата вклучени во контроверзниот случај и во други спорни хипотекарни договори, Иснифарис Џемаили, нотарот Стоименовиќ, пензионерот Миланоски и бившата директорка на катастарот Алексова се луѓе блиски до премиерот. Нотарот Стоименовиќ подолго време се крие од јавноста и не дозволува пристап до неговата канцеларија на улицата Анкарска, во скопската населба Тафталиџе. Повеќе правосудни извори потврдуваат дека тој е единствениот член на владиниот совет што нема положено правосуден испит. Тој бил член и на комисијата за полагање испит за судски извршител. И ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини дека Стоименовиќ му е советник на премиерот, на што кабинетот на Бучковски веднаш реагираше со демант. - Посочениот нотар Стоименовиќ не е советник на премиерот. Доста е со лаги - се вели во демантот од кабинетот на премиерот. Стоименовиќ, пред да стане нотар, подолго време работел во катастарот како правник под раководство на директорката Алексова. По информациите на антикорупциската комисија дека нотарот заверувал спорни хипотекарни договори и водел постапки за денационализација, каде што како позајмувач постојано се јавувал Миланоски, Министерството за правда формирало комисија. Во комисијата работат нотар, судија и претставник од Министерството, кои ќе ја проверуваат работата на нотарот за последниве четири години. Во најмала рака, објаснуваат правосудни експерти, ако се утврдат недоследности, нему може да му се одземе лиценцата, а потоа да се утврдува неговата кривична одговорност. Нотарот Стоименовиќ минатиот месец заверил хипотекарен договор според кој Џемаили го заложил под хипотека имотот вреден 430.000 евра, а зел заем од Миланоски од 120.000 евра. Договорот бил склучен во истиот ден кога правобранителството поднесе барање до судот да му се замрзне имотот на Џемаили. Со тоа, тој оневозможи државата да му го заплени имотот, во случај постапката да се повтори, а пресудата да не биде во негова корист. Јасмина Блажевска – новата судијка за „Бачило“ Јасмина Блажевска е судијката што од вчера го зеде случајот „Бачило“, откако претседателката на судот Добрила Кацарска ја иззеде судијката Снежана Попчевска. Нејасно е колку време ќе помине додека новата судијка го проучи предметот и закаже рочиште за повторување на постапката, на кое треба да се одлучи дали случајот „Бачило“ ќе почне отпочеток. Кацарска ја иззеде досегашната судијка со образложение дека се обидела да ја одолжува постапката. |
|||
dejan | Nemoj da odish protiv Bucko...ke platis ogromna kazna posle deka go iznervira covekot, isto kako i so Branko. | |||
Makedon |
Vo pravo si, ke treba da bankrotiram. Kaj nas nema pravdina, ima samo vladeenje na silata, a toa e SDSM. Steta sto SDSM ne se sluzat so nivnata sila za da rabotat za dobroto na Makedonija i Makedoncite. Dodusa rabotat za dobroto na Vlasite, oti site celnici im se Vlasi, a onie nasine celnici na SDSM se so isuseni mozoci od razni poroci i ne mislat so svoja glava. Nema siromasen vlav vo Makedonija, site se vraboteni vo drzavni pretprijatija, nisto ne rabotat, a zemaat golemi plati. Plus toa site drzavni firmi gi prezedoa vlasi za bez pari i sega se gazdi. |
|||
nukleus | Toa so Vlasite e trend na celata teritorija od zemjite nareceni "Zapaden Balkan" zaedno so Bugarija i Romanija.Evropskata unija pronajde nacin da se spravi so kriminalniot podem na Vlasite na Balkanot no nacinot so koj toa go pravi edinstveno e na shteta od narodot koj "stenka" vo nemashtija i bezperspektivnost a i apatija koja se pojavi posle signalite za nedogledno odlozuvanje za priem vo EU.Taka e nasekade vo sosednite zemji kade Vlasite go diktiraat tempoto i ja vrtat vodata vo nivnite vodenici. | |||
Belomorec | Господа, Зарем некој анонимус може да брцне во државната каса а глаучите да не знаат. Таа невиност на нивните лица е идентична со невиноста на Чичолина. |
|||
Makedon |
|
|||
struga | Daj prestanete da go vregate OVCAROT Buckoski vo ovie prdizborni denovi bas koga si gi prebrojuva ovcite koi treba da mu dadet mandat uste cetiri godini da gi molzi i da gi strizi. Ama Makedonceto ne zasluzuva podobar ovcar od Buckoski posto e prosto i slepo. |
|||
zrze |
Toj ne mozi ni OVCAR da bidi, da zemi da pasi tri ovdi samo edna doma ke donesi, a kamoli da mu dademe uste edn mandat, sto ke ostani togas od Makedonija, zatoa site treba da glasame za VMRO DPMNE |