DREMKA

DREMKA
Sirius
 
Најбараниот ерген на истокот, Гилгамеш, принцот од Урук, панично се беше преплашил од смртта, за којашто разбрал дека неминовно ќе го стигне. Врткајќи се во очај низ сокаците на градот во негово владение, примил абер дека ако го посети архемудрецот Утнапиштим (првиот братучед на хебрејскиот Ное и грчкиот Девкалион), ќе ја има таа чест и привилегија да се стори бесмртен и како таков, засекогаш, како VIP да биде присутен на игранките на боговите. Арно ама, овој Утнапиштим, во замена за вечна младост, му е дал за задача на фраеров Гилгамеш, еден мишн импосибл. Имено, му рекол “да се опита шест дена и шест ноќи да не спие”. И Гилгамеш несретни, се опитал, ама не успеал. И така загубен, будејќи се, си рекол: “Сонот како разбојник ме зграби, а во сонот смртта седи”.
Оттогаш, не само што во нашата психоаналитичка автоперцепција ние луѓето сме исфрустрирани шо не сме богови, туку, исто така, сфативме дека дремката е мигот на субверзија што вечноста ја положува врз нашата дребност. Таа ти е нешто како десантот на Дрвар, како Перл Харбур, паѓа од ведро небо, парализира, сништува, онесреќува. “Меѓу мене и среќата секогаш знаци темни", би рекол Де Нервал. Таа е нашата циклична смрт, нашата гранична ситуација.
Нејсееее! Во античката издавачка куќа Olimpos publishing house, која своевремено го печатеше влијателниот неделник Olimpos weekly во некоја од годините пред Хомер (точниот датум на печатењето е засекогаш загубен во несофистицираниот антички компјутерски систем) е објавена една клучна информација која го деконспирираше целиот разузнавачки крем на Олимп. Имено, во статијата која се вика Хипнос и Танатос се браќа се изнесени монструозни обвинувања врз, како што се вели, “неодговорната олимписка управа поради која, а благодарение на дворските игри на Хера и Ѕевс, Тројанците ја загубија војната”. Во заплетот, во критичниот час, биле инволвирани браќата близнаци. Се друго е историја... Хипнос, по налог на Хера, на Ѕевса му "нанел" тешка дремка, па овој, не можејќи да се освести, пропуштил да испрати мониторинг на теренот, и така у меѓувреме на Танатос му било овозможено да ужива во канибалската гозба на бреговите на денешна Турција. Поради тоа, Грците до ден-денес го слават Хипноса - затоа во текот на годината имаат најмногу неработни денови споредено со другите земји во светот.
Така, со векови сите се плашеа од дремката оти таа го имаше мистериозниот превез на ненадејна смрт, смрт што доаѓа на крајот на денот. Но, еден поинаков расплет почна да се открива некаде во романтизмот, кога смртта стана објект на обожување. Тогаш на дремката и беше дадена дуална функција!!!!
Господинот Вилијам Вордсворд, не сакајќи, отворил цела една нова епизода во манифестациите на дремката изнесувајќи го стихот со кој таа, ем има божествена природа, ем ја оличува тешката мрза. "Дремка мене в душа ми се вткала/ И човечки немав мори; /Небаре таа не могла да сети/ Од лета земски допир”, заклучува Вилијам. А за тоа дека цела таа епоха на чуден начин "пребиваше" во некоја тешка дремка (поточно сон, доста креативен и некрофилен сон!) зборува и фактот што Англичаните целата таа ера ја нарекоа Вордсвордово доба.
Неговиот помлад колега, пак, Едгар Алан По, сакајќи отворено да зборува за проблемите на младината во негово време, вели: “Не е лага, знаат сите, /дека јас ги/ преспав дните”. Нашиве неоромантичари го сфатија овој стих буквално, та затоа денес, ако поминете во еден налет на скопскиот кеј, ќе ги видите како сите тие, секој проклет ден од летово што е пред нас, дремливо уживаат одново и одново во едно исто нес со мраз или едно студено скопско. Крв да ви се стори (!).
Чудесно е како, нештата што нашите предци ги славеле како митософски мудроштини, денес си имаат своја лежерна, турбо-фолк верзија. Има еден стереотип за Homo Balcanicus во кој дремката има суштествена улога во животот. Ви текнува ли како во едно блиско минато луѓето ќе си дојдеа од работа во три поподне и веќе во пет ја упражњаваа својата попладневна дремка? Дремеж и досада/ Посилни од дрога, бејби (Ристе Вртев). У дремката човек не смее да се вознемирува. Тоа ти е како со некоја глупа забелешка да прекинеш верник во молитвена екстаза. Дремката беше општествено полезен ритуал во кој работничката класа полни батерии за следниот работен подвиг. Се разбира, постоеше и т.н. работна дремка, која остана неевидентирана, неофицијална јавна тајна, закопана некаде длабоко во интимните работнички сеќавања. Бре, хедонизам!
Е, така, додека размислувам за рецидивите од времето на Лазо, свечено изјавувам: проклет да сум, ама ми се придрема! Форум

Duh Jas sum cul za nekoi lugje koi sto navodno ja izgubile navikata za spienje kako posledica na nadvoresni okolnosti (rabota, obvrski) koga bile prinudeni da ne spijat nekolku dena i nokji po red, pa potoa vekje ne ni mozele da zaspijat. Mislam deka vo vesnik imase bas za eden covek od Makedonija, no i nego mu bile potrebni barem 10 - 15 minuti dremka na den. Kolku sto znam, naukata se uste nema objasneto kako coveckoto telo se odmora so spienje, to est se uste ja nema objasneto razlikata pomegju spienjeto i opustenoto lezenje na teloto, kako vsusnost sonot nosi svezina. Toa moze da gi potvrdi pretpostavkite deka spienjeto e samo misla vo glavata, potreba potrebna samo umot da se smiri i da gi smesti i skladira preziveanite nastani i emocii vo tekot na denot kako sto treba, no ovaa komparacija deka spienjeto ili dremkata se povrzani so smrtta mnogu mi se dopagja. Ispagja deka smrtta e vsusnost povisok stadium na zivotot od kade sto doagja energijata, od vecnosta. Citav i za navodno nekoj jogi koj sto bil ziv zakopan nekade, i tamu vo sostojba na visoka meditativna svest uspeal da prezivee ne znam tocno kolku godini, bez hrana, voda i vozduh. I da ne e vistina, i ponatamu stoi povrzanosta na spienjeto so smrtta.
Duh A inaku, mislam deka glavnata poenta na ovaa prikazna bese deka besmrtnosta e prokletstvo dokolku doticniot e sam.
nikolahn Oda za dremkata, alal neka tie.
Ubavo napishano. Vo Veles vikame da si "prespiesh poruchok".
Vo latinskite zemji "siestata" e institucija.
E jas go praktikuvav prespivanjeto 30 i kusur godini, tuk*rechi sekojdnevno, udarnichki. Ubavo mi beshe. Kumot moj, na primer, vo zhivot nikogash ne prespal, bukvalno.
Ovde vo Germanija ne postoi takva rabota. Uspeav da se prilagodam, shto da se pravi. Tuka i na decata vo gradinka - onie postarite od 5-6 godini - ne im davaat da prespijat. Instituciski se borat da ne steknat decata sluchajno navika za prespivanje. Iskren da bidam ne sum nachisto chija strana da drzham.
Edino shto ovie ovde pravat Mercedes i BMW i Porsche i Opel i VW i Audi i ...
Ima li toa vrska so prespivanjeto?