Заговор

Заговор
Sirius
 
Повеќето луѓе живеат во свој свет на фантазии. Најпрво опишани од Зигмунд Фројд во неговата студија за психоанализата, секоја личност води интерна емоционална битка со неговите родители/старатели од детството, со неговите браќа или сестри, со неговите непријатели од иднината и општеството. Темелите на овој свет на фантазии се моќни алатки за контрола на цивилната популација, ако има влада која знае како да ги искористи.

Едвард Бернајс бил креаторот на модерната пропаганда. Бернајс бил внук на Фројд и ја адаптирал работата на чичко му во уметност за масовно манипулирање со извртување на техниките за реклама и со разбирање на човечката психологија. Бернајс работел во Комитетот за јавни информации во САД. Оваа владина организација била креирана од претседателот Вудроу Вилсон во 1917 со цел добивање на јавна подршка за I светска војна.
Оригиналната пропаганда имала три правила:
· Емоции на стрес пред логиката
· Демонизирање на непријателот
· Ветување за војна која ќе го направи светот безбеден за демократијата
Инвазијата на САД врз Авганистан и Ирак го следи сценариото на Бернајс до последна буква . Се мавта со знамињата на САД додека злобниот поробувач на жени, Талибан е уништен од слободуљивата Северна алијанса. Комитетот за јавни информации има и денес многу работа. Деден е нов живот на Војната против теророт (емоции над логиката), со цел да се уништи Лошата Оска (демонизирање на непријателот), се со цел да се креира безбеден свет за нашите деца (ветување на демократија). Можеме само да ја замислуваме обемноста на целиот обид за пропаганда, но нема да претераме ако претпоставиме дека запослува илјадници и чини милијарди.
Февруарскиот број на Vanity Fair на 15 страни го опишува кабинетот на претседателот Буш. Во групата се наоѓа и тимот за пропаганда кои тврди дека офанзивата е начин да се објасни конфликтот на американскиот народ во смисол на економијата, дипломатијата и законот. Во практиката тие ги користат класичните Фројдовски, имагинарен страв, надеж, опасност и награда.
Врбувањето на домашната пропаганда со цел да се добијат војни изгледа дека е само дел од поголемата агенда. Тоталитарната држава континуирано се труди да ја зголеми својата моќ и тоа го прави со охрабрување на граѓаните да ја гледаат владата како сакан родител. Избраните представници се презентираат како авторитет, наместо како јавни слуги. Низ влијанието преку државно контролираните медиуми политичарите почнуваат да се гледаат како луѓе кои се грижат за нас. Со други зборови, им даваме родителски авторитет.
Како следен доказ присуствуваме на експанзијата на „личност-новинарство“ во САД. Кога се известува за владини работи медиумите избегнуваат дебата. Наместо тоа новинарите се фаќаат за човекот. Гледаме како претседателот држи говор, и потоа слушаме како коментаторот зборува колку силен изгледал, колку бил одлучен и убав. Нема потреба да се дискутира неговиот план. Приметете како Буш има повеќе бели влакна после 11 септември. За време на едно од неговите обраќања тој статешки бил поставен пред група на восхитени млади луѓе. Тој треба да претставува патријарх, или ако тотално пропадне демократијата, Монарх.
Дури и титулите на таканаречените лидери се променија за да го рефлектираат новиот поредок. Сега постојат Командант за татковинска сигурност, Главен командант итн. Сите се фигури со авторитет.
Во книгата од 1982, Заштрашувачките паралели, Леонард Пикоф, протаже на познатиот објективист Аин Ранд, ја опишува еволуцијата на тоталитарната држава и доктрината на Статизмот. Тој вели дека модерната западна култура е во состојба на филозофска банкроптираност. Тоталитарната држава ја користи оваа банкроптираност за да следи три цели: обожување на ирационалноста, барање на заможртвување и издигање на општеството или на државата над индивидуата. Ова се истите цели кои биле следени од Германија за време на II светска војна. Тие се нарекуваат Национал Социјализам.
Национал социјализбот е мешавина на Марксизам и Империјализам, кои заедники ја формираат основата на тоталитарната држава. Следното е опис на истите, од Дарен Перкинс:
Марксизмот е основата на владиниот систем на социјализмот. Социјализмот се однесува на моралниот код на хуманизмот, каде што науката е крајниот извор на мудроста и знаењето за сите луѓе. Луѓето се лимитирани од државата која им дозволува да работат само за доброто на општеството.
Империјализмот е основата на владиниот систем на Корпоратизам. Корпоратизмот се однесува на моралниот кодекс на материјализмот, со можноста за освојување и доведување под контрола, во систем на привилегии и калси. Тоа што има смисол му отстапува место на тоа што е можно. Базирано на владеачкиот принцип на најголема доминација, дозволата да се учествува во системот доаѓа од главата на империјат и неговата владеачка елита.
Целите на тоталитарната држава се да ги формализира чиновите и привилегиите на владеачката елита и да ги елиминира дисидентите. Национал социјализмот и овзможува на државата да ги постигне и двете цели. Под маската на цивилни заложби богатата елита доминира со политичкиот процес преку донации на пари. Ова овозможува комплетна политичка моќ и ослободување од данок и други обврски. Според некои проценку оваа група има префрлено трилиони долари во скриени прекуокеански банки. Овие пари никогаш нема да бидат признаени ни оданочени во САД, иако тие ја контролираат владата.
Втората цел, елиминација на дисидентите, е уште полесна. Универзитетскиот систем, контролиран од владата, има дефинирано малку параметри кои се кфалификуват како прифатлив говор. Да се започне дијалог надвор од тие параметри значи и ризик да се биде обвинет како расист, сексист, хомофоб, ксенофоб или анти-Семитист. Ваквите обвинувања носат со себе и тежина на криминал предизвикан од омраза, кој е казнив со затвор. Граѓаните кои ќе ја доведат во прашање политиката на владата може да се соочат со обвинение за предизвикување на бунт против државата. Да го цитираме претседателот Буш: „Или сте со нас, или сте со терористите“.
Има многу примери за тоа како државата се издига над индивидуата. Еден од последните примери се предлогот целата младина во САД да има цивилни должности по 2 години. Моменталниот персонален данок изнесува 50%, што е всушност поблиску до 60% со оглед на инфлацијата. Данок од 85% до 2015 година е сосема можен. Даноците на имот исто така се зголемуваат и ја легализираат конфискацијата на земја која се одвива под изговор - грижа за околината. Ова се случува и сега, а Бил Клинтон има потпишано извршна наредба со која направил федерален споменик од 1,7 милиони акри во Јута.
Најголемата опасност од Статизмот лежи во фактот дека превзема родителски авторитет со цел да ги тренира малите умови за послушност спрема држабата, нешто што се опишува како патриотизам. Статизмот бара лојалност без размислување, што се продава преку медиумите и преку јавните училишта. На крајот го ограбува граѓанинот од најважната сопственост: моќта за расмислување.
Со ова победата на тоталитарната држава е комлетна. Вистинските бенификатори, елитата и нејзините калси ќе продолжат да ги користат методите на Едвард Бернајс. Граѓаните ќе бидат под постојана пропаганда и даноци се додека не потпаднат во виртуелно ропство.
Постои мит дека Ајнштајн ја креирал најопасната технологија во 20 век кога го поделил атомот. Технологијата креирана од Фројд е многу по опасна. Бомбите на Ајнштајн може да плашат или повремено да убиваат, но пропагандата на Бернајс, комбинирана со ригидната контрола на Национал социјализмот и дозволува на тотоалитарната држава да држи милиони луѓе во невидлив затвор.
dejan Poveke od lugjeto na zapadot si zhiveat vo svoii ne vistinski svetovi, posebno ti peaci, glumci....deneska gledav nesto na televizija 'tyra banks show' kako edna manikenka vodi eden vid na 'show' i razgovara so razni (poznati) lugje...pa sto ima novo za alishta...jadenje...gluposti!! Mi se smachi, tolku ne vistinsko bese toa sve i glupo...se cudam kako mozele tie gosti sto i sedele tamu da se raduvat tolku na edna bluza sto im dade na site, ili nekoj kolach....nisto posebno, samo truenje pamet na glupi lugje koj ne sakat da si go svatat svojot zhivot.
otkacalkaMK toa spored mene e luge so vise se preziveale i ne znaat na koj dr nacin da se glupirat.kako na primer se prodavale gakite na Britni ili prslakot na Madona i ja ke odam da i go kupuvam svasta..