ОПШТЕСТВОТО НА СПЕКТАКЛОТ

ОПШТЕСТВОТО НА СПЕКТАКЛОТ
Sirius
 
ОПШТЕСТВОТО НА СПЕКТАКЛОТ
Довршено одвојување
"Нашето време недвосмислено и дава предност на сликата над стварта, на копијата над оригиналот, на претставата над стварноста, на привидот над битието. Она што во него е свето е сениште, а она што е профано е вистина. Подобро речено, светото во неговите очи расте во онаа мера во која раскрстува со вистината и и придава веродостојност на сенишноста, така што врвот на сенишност за него е врвна светото."
Feuerbach (Предговор кон второто издание на Суштината на христијанството)

1
Сиот живот во општествата во коишто владеат модерни услови на производство, се објавува како голема акумулација на спектакли. Сe што непосредно се доживувало, се оддалечило во претстава.
2
Сликите што се одвојуваат од сите видови живот се стопуваат во општиот тек во којшто единството на тој живот веќе не може да се обнови. Стварноста се смета за делумна и се предава во сопственото општо единство како одвоен псевдо-свет, објект само за контемплација. Специјализацијата на сликите на светот се довршува во светот на автоматизираната слика, во кој лажгото се лаже самиот себе. Спектаклот воопшто, како конкретна инверзија на светот, е автономно движење на не-живото.
3
Спектаклот едновремено се претставува како самото општество, како дел од општеството и како средство за обединување. Дотолку што е дел одопштеството, тој изрично е сектор којшто ги сосредоточува сите погледи и сета свест. Со самото тоа што тој сектор е одвоен, тој е место на изопачениот погледи на лажната свест; обединувањето што го постигнува, не е ништо друго туку службен јазик на општото одвојување.
4
Спектаклот не е збир од слики, туку општествен однос помеѓу поединци, посредуван со слики.
5
Спектаклот не може да се сфати како злоупотреба на светот на гледањето ниту како производна техниките за масовно распростирање на слики. Тој повеќе наликува на Weltanschauung кој станал делотворен, преведен во материја. Тоа е гледање на светот коешто се објективирало.
6
Спектаклот, сфатен во својата целокупност, едновремено е резултат и проект на постоечкиот начин на производство. Тој не е додаток на стварниот свет ниту негов накнаден украс. Тој е самото срце на иреализмот на стварното општество. Во сите свои посебни форми - во информирањето и во пропагандата, и во рекламирањето и во непосредната потрошувачка на забава - спектаклот создава модел на живот кој владее во општеството. Тој е сеприсутна потврда на веќе направениот избор во производството и негова последична потрошувачка. Формата и содржината на спектаклот исто така се потполна потврда на условите и целите на постоечкиот систем. Спектаклот е и постојаната присутност на тоа оправдување, дотолку што го зазема главниот дел од проживеанато време вон модерното производство.
7
Одвојувањето и самото создава дел од единството на светот, единство на глобалната општествена пракса раздвоена на стварност и слика. Општествената практика, спрема која се поставува автономниот спектакл, исто така е стварна севкупност која го содржи спектаклот. Но, расколот во таа севкупност ја осакатува до таа мера што се чини дека спектаклот е нејзина цел. Јазикот на спектаклот го создаваат знаците на владеачкото производство, коишто едновремено се последната цел на тоа производство.
8
Не е можно апстрактно да се спротивстават спектаклот и делотворната општествена октивност; таа поделба и самата е поделена. Спектаклот кој ја превртува стварноста делотворно се произведува. Проживеаната стварност едновремено материјално се проникнува со контемплацијата на спектаклот, па и самата го прифаќа поредокот на спектаклот, дарувајќи му позитивна кохезија. Објективната стварност се прикажува од две страни. Сите на тој начин зацврстени поими како темел го имаат само својот премин во спротивност: стварноста извира од спектаклот и спектаклот станува стварен. Тоа реципрочно отуѓување е суштина и темел на сегашното општество.
9
Во стварно испревртениот свет вистината е момент на лага.
10
Поимот спектакл ја обединува и објаснува големата разноликост на видливите појави. Нивната разноликост и нивните контрасти се привиди на тој општествено организиран привид кој треба да се признае во неговата општа вистина. Ако го разгледуваме со неговите сопствени термини, спектаклот е потврда на привидите и потврда на целокупниот човечки живот, значи на општествениот живот, како гол привид. Но, критиката која ја достигнува вистината на спектаклот го разоткрива како видлива негација на животот, како негација на животот која станала видлива.
11
За да се опише спектаклот, неговата творба, неговите функции и сили коишто делуваат во насока на неговиот распад, треба условно да се разликуваат неодвоивите елементи. Анализирајќи го спектаклот, во одредена мера се зборува со јазикот на самиот спектакл, според тоа што се движи на методолошкото подрачје токму на општеството коешто се изразува во спектаклот. Но, спектаклот не е ништо друго туку смисла на вкупната практика на некоја општествено-политичка формација, нејзина употреба на времето. Тоа е историскиот момент во којшто сме.
12
Спектаклот се претставува како голема, нерасправлива и недостапна позитивност. Тој само вели дека "она што се гледа е добро, а она што е добро, се гледа". Ставот кој тој го бара е пасивното прифаќање што веќе го постигнал со својот начин на претставување без одговор, со својот монопол на привидот.
13
Фундаментално тавтолошкиот карактер на спектаклот потекнува одедноставниот факт дека неговите средства едновремено се и негова цел. Тој е сонце коешто никогаш не заоѓа во царството на модерната пасивност. Тој ја прекрива целата површина на светот и бескрајно се капе во сопствениот сјај.
14
Општеството коешто почива врз модерната индустрија не е туку така случајно или површно спектакуларно: тоа во суштина е спекталистичко. Во спектаклот, сликата на владеачката економија, целта не е ништо, а развојот е се. Спектаклот не сака да постигне ништо освен самиот себе.
15
Дотолку што е неизбежен украс на производите коишто денес се произведуваат, дотолку што е општо излагање на рационалноста на системот и дотолку што е напреден економски сектор кој непосредно обликува мноштво слики-предмети, спектаклот е главното производство на денешното општество.
16
Спектаклот ги користи живите луѓе во мера во којашто економијата веќе во потполност ги искористила. Тој е економија која се развива заради самата себе. Тој е веродостоен одраз на производството на ствари и неверодостојна објективизација на произведувачите.
17
Првата фаза на превласт на економијата надопштествениот живот доведе до очигледна деградација на да се биде во да се има во дефиницијата на остварувањето на човечкото суштество. Сегашната фаза на потполно исполнување на општествениот живот со натрупаните резултати на економијата води кон општо лизгање на да се има во да се чини, врз што секое "имање" всушност треба да го темели својот непосреден угледи својата претходна функција. Едновремено, целата поединечна стварност станала општествена, директно зависна одопштествената моќ и обликувана со неа. Таа смее да се појави само во мера во којашто не постои.
18
Каде што стварниот живот се преобразува во едноставни слики, едноставните слики стануваат стварни суштества и делотворни мотивации за хипнотичко однесување. Спектаклот, како тенденција да се причини гледање, со разни специјализирани средства, на светот кој веќе не е директно достапен, наоѓа во погледот нормално повластено човечко сетило коешто во други времиња беше допирот; тоа поапстрактно сетило, кое може повеќе да се мистифицира, и соодветствува на сеопштата апстракција на сегашното општество. Но, спектаклот не може да се одреди со едноставен поглед, дури ни комбиниран со слухот. Тој им измолкнува на дејноста на луѓето и на нивното разгледување и исправување со нивни дела. Тој е спротивност на дијалогот. Таму каде што постојат независни репрезентации, спектаклот се обновува.
19
Спектаклот е наследник на сите слабости на западниот филозофски проект кој се занимава со разбирање на дејноста, сфатена со категориите на погледот; понатаму, се темели врз непрекинатата примена на техничката рационалност, која и самата е последица на неговата мисла. Тој не ја остварува филозофијата, туку ја пофилозофува стварноста. Конкретниот живот на сите нас деградирал во спекулативен универзум.
20
Филозофијата, како моќ на одвоената мисла и мисла на одвоената моќ, никогаш не успеала самата да ја превозмогне теологијата. Спектаклот е материјална реконструкција на верската засенетост. Техниката на спектаклот не ги распрши верските магли во коишто луѓето ги беа сместиле сопствените сили, одвоени одсебе: таа само ги поврза со земски темел. Значи, најземскиот живот станал матен и задушлив. Животот веќе не проецира во небото, туку кај себе го угостува своето апсолутно порекнување, својот лажен рај. Спектаклот е техничко остварување на изгонот на човечките моќи во оностраноста: довршен раскол во внатрешноста на човекот.
21
Во мера во којашто потребата се смета за општествен идеал, идеалот станува потреба. Спектаклот е ноќен кошмар на модерното оковано општество, коешто на крајот само ја изразува својата желба за сон. Спектаклот е чувар на тој сон.
22
Фактот дека практичната моќ на модерното општество се одвоила одсебе самата и се отелотворила во независното царство на спектаклот може да се објасни само со друг факт, дека на таа моќна практика и понатаму и недостасувало кохезија и затоа останала во противречие со самата себе.
23
Најстарата општествена специјализација, специјализацијата на моќта, е во коренот на спектаклот. Значи, спектаклот специјализирал дејност којашто зборува во името на сите други. Тоа е дипломатско претставување на хиерархичното општество предсамото себе, каде што е забранет секој друг збор. Тука најмодерното едновремено е и најархаично.
24
Спектаклот е непрекинат дискурс на моментниот поредок за себе, неговпанегирички монолог. Тоа е автопортрет на моќта во периодот на тоталитарно управување со егзистенцијалните услови. Фетишистичкиот привидна чистата објективност во односите на спектаклот го крие нивниот карактер на односи помеѓу луѓе и помеѓу класи: како некоја друга природа со своите закони да владее со нашата околина. Но, спектаклот не е потребниот производна техничкиот развој кој се гледа како природен развој. Напротив, општеството на спектаклот е форма што ја избрала својата техничка содржина. Ако спектаклот, согледан во ограничената смисла на "масовни комуникациски средства", коишто се негова најразорна површна манифестација, како да може да го опфати општеството како едноставен инструментариум, таа опрема не е нешто неутрално, туку самиот инструментариум кој води кон свое потполно самопридвижување. Ако општествената потреба на времето во коешто се развиваат тие техники можат да се задоволат само со посредување на тие средства, ако администрацијата на општеството и сите допири меѓу луѓето можат да се одвиваат само со посредството на комуникациската моќ којашто станала моментна, тоа е затоа што таа комуникација е битно едносмерна; нејзината концентрација пак се натрупува во рацете на администрацијата на системот во кој постојат средства што му овозможуваат да ја спроведува таа администрација. Поопштениот раскол на спектаклот е неодвоиводмодерната држава, што значи дека општата форма на расколот во општеството всушност е производна општествената поделба на трудот и средство на класното владеење.
25
Одвојувањето е алфа и омега на спектаклот. Институционализацијата на општествената поделба на трудот и исчезнувањето на класите ја создадоа првата света контемплација, митскиот поредок задкој целата моќ се крие уште одискона. Светото го оправда космичкиот и онтолошкиот поредок којшто им одговараше на интересите на владетелите; тоа го објасни и разубави она што општеството не можеше да го направи. Сета одвоена моќ така беше моќта на спектаклот, но прифаќањето на сите на таквата неподвижна слика значеше само општо препознавање на имагинарното продолжување на сиромаштвото на стварното општествено делување, коешто главно се уште се чувствуваше како единствен услов. Напротив, модерниот спектакл го изразува она што општеството би можело да го направи, но во тој израз дозволеното апсолутно му се спротивставува на можното. Спектаклот е чување на несвесноста за практичната промена на егзистенцијалните услови. Тој е свој сопствен производи тој самиот ги поставува своите правила: тој е наречи-го-свето. Тој го покажува она што е: одвоена моќ која се развива самата во себе, во растот на продуктивноста по пат на постојано профинување на поделбата на трудот низ парцелизација на движењето, со коешто тогаш завладува независното движење на машината; сето тоа се прави за пазарот кој непрекинато се шири. Секоја заедница и секоја критичка смисла се расточуваат во тоа движење, во коешто нараснатите сили, одвојувајќи се, се уште одново не се пронашле.
26
Во општото раздвојување меѓу работникот и неговиот производсе губат сите единствени гледишта за извршената дејност и сите лични односи помеѓу произведувачите. Следниот напредок на натрупување на одвоени производи и концентрација на производната постапка, единството и комуникацијата стануваат исклучиви атрибути за управување на системот. Успехот на економскиот систем на одвојување е пролетеризација на светот.
27
Со успехот на одвоеното производство, како и со производството на одвојувањето, темелното искуство, коешто во примитивните општества е поврзано со трудот, на пат е, со развојот на системот, да биде заменето со не-работа, со неактивност. Но, таа неактивност не е лишена одпроизводната дејност; таа зависи однеа, таа е немирно и восхитено потчинување кон потребите и резултатите на производството; таа и самата е производна својата рационалност. Не може да се има слобода без активност, а во рамките на спектаклот се порекнува сета активност, исто како што стварната активност во потполност беше заробена заради глобалната изградба на тој исход. Така денешното "ослободување на трудот", продолжувањето на слободното време, не е никакво ослободување во работата, а не е ни ослободување на светот обликуван со тој труд. Никаква дејност прошверцувана во трудот не може да се пронајде во потчинувањето кон неговиот резултат.
28
Економскиот систем втемелен врз одвојувањето е кружно производство на одвојување. Одвојувањето ја втемелува техниката, а и самата техничка постапка. Од автомобилот до телевизијата, сите одбрани добра одстрана на системот на спектаклот исто така се и оружја на постојаното засилување на условите за одвојување на "осамените толпи". Спектаклот секогаш поконкретно ги открива сопствените претпоставки.
29
Изворот на спектаклот е загубата на единството на светот, а џиновското ширење на модерниот спектакл ја изразува тоталноста на таа загуба: апстрахирањето на секоја поединечна работа и општото апстрахирање на производството совршено се преведува во спектакл, чијшто конкретен начин на постоење токму е апстрахирањето. Во спектаклот еден дел одсветот му се претставува на светот, и надмоќен му е. Спектаклот е само општ јазик на тоа одвојување. Гледачите ги поврзува само неповратниот однос во средиштето, којшто ја одржува нивната одвоеност. Спектаклот го обединува одвоеното, но го обединува како одвоено.
30
Отуѓувањето на гледачот во корист на контемплираниот објект (кој е последица на неговата сопствена несвесна дејност) се изразува вака: колку што повеќе тој контемплира, толку помалку живее; колку повеќе прифаќа да се препознае во владеачките слики на потребите, толку помалку ги сфаќа сопствените желби и сопственото постоење. Надворешноста на спектаклот во однос спрема активниот човек се појавува во тоа што човековите сопствени гестови веќе не се негови, туку на некој друг кој нему му ги претставува. Затоа гледачот никаде не се чувствува дома, бидејќи спектаклот е насекаде.
31
Работникот не се произведува себеси; тој произведува независна моќ. Успехот на тоа производство, неговото изобилие, води кон произведувачот како изобилие на развластеност. Сето време и сиот простор на неговиот свет му стануваат туѓи со натрупувањето на неговите отуѓени производи. Спектаклот е мапа на тој новсвет, мапа што точно ја покрива неговата територија. Истите сили што ни избегале ни се покажуваат во својата целокупна моќ.
32
Спектаклот во општеството му соодветствува на конкретното производство на отуѓувањето. Економската експанзија битно е експанзија токму на индустриското производство. Она што расте со економијата, но во сопствено движење, не може да биде ништо друго освен отуѓување, коешто е во нејзината првобитна срж.
33
Човекот одвоен од својот производ се посилно и самиот ги произведува сите поединости на својот свет и така се повеќе се одвојува од својот живот. Колку повеќе неговиот свет сега е негов производ, толку повеќе тој е одвоен од својот живот.
34
Спектаклот е капитал во таков степен на акумулација во којшто тој станува слика.Guy Debord

Ги Дебор, еден од нјвлијателните интелектуалици и самопрогласениот лидер на Ситуационистичката Интернационала, е "виновникот" за долговечноста и високиот степен на провокативност што ја имаат идеите прокламирани однего и оддругите ситуационисти. Брилијантен, но со доза на автократичност, Дебор обезбеди обединување на ситуационистичките ставови и практики, но го уништи нивното проширување во оние насоки кои не беа експлицитно во дослух со идеите што ги застапуваше. Неговото дело, Општеството на спектаклот, ќе биде забележано како еден од најзначајните теориски одгласи за современиот капитал, за културниот империјализам и за улогата на контемплацијата во воспоставувањето на опШтествените односи.

После растурањетона Ситуационистичката интернационала, Дебор беше обвинет за вмешаност во организирањето на атентатот на неговиот пријател и издавач Жерар Лебовиц. Обвинувањата го разбеснеа Дебор и тој, како израз на протест за ваквиот однос кон него, забрани да се прикажуваат неговите филмови во Франција се додека е жив.

Дебор продолжи со пишувањето и во 1989-та ги издаде своите Коментари кон “Општеството на спектаклот“, полмизирајѓи и тврдејќи дека се што напишал во 1967-та се уште е точно и вистинито , само со еден голем исклучок: општеството на спектаклот добива нова форма -форма на и нтегриран спектакл.
Во 1994-та, на 62 години Ги Дебор се самоубива. Француските медиуми, кои секогаш го омаловажувале неговото значење, одеднаш гледаат корист во тоа од него да направат “ѕвезда“.

Enigma
quote:
Originally posted by Sirius

Davajki mu prednost na toa shto e profano nad sakralnoto, vo ramkite na fundamentalnata opozicija na materijalnoto vo odnos na duhovnoto, t.e. poagjajki od stavot na materijalizmot, Feuerbach raskrstuva so vistinata i sam postanuva kopija nad originalot, predstava (parodija) na stvarnosta, vo lazhniot privid nad bitieto. Bidejki materijalist, iako nesvesno, Feuerbach prirodno ja poznava senishnosta, na koja, so svojot materijalizam i pridava verodostojnost. Otfrlajki ja Bozhjata sushtina, chovekot se otcepuva od sopstvenoto bitie, i stanuva zhrtva na svojot privid vo senishnosta na svetot. A knez na ovoj svet, ne e nikoj drug osven duhovnoto sushtestvo, poznato pod imeto "Satan" (protivnik) ili gjavol, shto znachi - "otpadnik".

Profaniot svet e teatar na spektakli, vo koj spektatorot so proizvoditelot e ednakvo podlozhen na spektrumot. Za zhal, sekularizacijata na svetot se povekje go
odtugjuva chovekot od negovata sushtina i go odvojuva od ultimatnata realnost.
Megjutoa, shto sakal da dokazhe situacionistot i Chiliast (sektant) Guy Debord, so svoeto lazhno rezoniranje vo "Opshtestvoto na Spektaklot"? Situacionistite, isto kako i surealistite, korenot na svoeto dvizhenje go imaat vo marksizmot, no za razlika od totalitarizmot na stalinizmot, tie propovedaat slobodno opshtestvo na anarhizam.
Guy Debord, roden burzhuj, poveden od intelektualna sueta na bescelnost, povekje od melanholichna dosada, stanal avant-garde radikal, i mislejki deka rezonira, toj vo
"Opshtestvoto na Spektaklot" sozdal teoriska urnatina na kapitalistichkoto opshtestvo,
na koe sam pripagjal. Konkretno, Deborovata inverzija na svetot, e avtokratno dvizhenje na ne - zhivoto, i sama za sebe, Spektakl. "Vo stvarno isprevrteniot svet", vistinata ne mozhe da bide moment na laga, bidejki pred se, taa ne e momentum, tuku neizmislena i neizmenliva postojanost, shto znachi: vistinata e sekogash vistina, duri i vo izopacheniot svet. Spektaklot, ne e opshtestven odnos pomegju poedinci, ami spektar na sliki, koi gi svrzuvaat poedinci samovolno vo opshtestvoto. Spektatorot, kako i proizveduvachot na spektarot vo opshtestvoto e slobodna lichnost, i sekogash mozhe da ja napushti scenata. Teoriski rushejki go sistematskoto hierahichno opshtestvo na kapitalizmot, Guy Debord ideoloshki sozdal spektrum na anarhizam. Vistinata e, deka opshtestvoto ne mozhe da se izmeni so radikalna ideja, dodeka revolucionerniot akt
proizveduva samo anarhija, koja mozhe da rezultira vo ludilo na totalitarizam.
Da, "lazhgoto se lazhe samiot sebe", a Guy Debord e eden od mnogute lazhgovci na "opshtestvoto na spektaklot", i toa go potvrdi so sopstvenite zborovi, ushte povekje, so zavrshniot tragichen akt na samoubistvo.

Zadovolen?

Sirius
quote:
Originally posted by Enigma

...........
Zadovolen?

Enigma,
be a good girl
spread your lips
when the wind is blowing
there will be my kiss

Kvaliteten i originalen disk*rs - reply, neshto shto mozhe da se sporedi so jaka i iskrena itelektualna pregratka...