Македонски идентитет? |
|||||
Inkognito | АРХЕОЛОГИЈА Македонски идентитет? Поразен е фактот дека во Република Македонија не постои модерна македонска археолошка школа оспособена за изведување на врвни деликатни теренски и кабинетски археолошки операции Неодамна имав можност да ги изнесам моите сознанија за македонскиот идентитет пред еден драг пријател, советник во Конгресот на САД. Тој внимателно ме сослуша и видно возбуден рече: Македонците во Америка малку знаат за сопствениот идентитет. Импресиониран сум затоа што гледам дека Вие навистина верувате во тоа што го зборувате. Грците, на пример, го претставуваат и форсираат Александар Македонски низ светот како Александар Грчки. За жал, вашите влади спијат токму во овој најкритичен момент од современата историја на вашата држава. Ако продолжите вака, за мошне кусо време вашите соседи и без посебни аргументи ќе го убедат целиот свет дека вие нешто матите и дека македонската нација не постои, па затоа ќе бидете поделени помеѓу соседите. Поразно звучеа овие реченици од устата на мојот пријател. Се прашувам, какви ли притисоци и небулозни тези шират нашите соседи низ светот? Во комунистичкото едноумие или ерата на југопанславизмот, во Македонија дојде еден човек и оформи археолошко движење за афирмација на словенското потекло на македонскиот народ. Неговата задужбина и денес чекори, упорно придржувајќи се на патеката што тој ја зацрта во основачкиот акт на и денес единствениот државен археолошки институт на Република Македонија. Интересно притоа, самиот тој малку наликуваше на Словен. Ако пак генерално ги погледате денес Македонците, нема да препознаете Словен. Антрополошкиот профил на современиот Македонец, за жал, не успеавме научно да го дефинираме, а имаме врвни истражувачи потенцијали токму во антропологијата и генетиката. Многу одамна од Епир, преку Пинд навлегоа воинствени групи на Протомакедонците и ја завладеаја широката земја по сливовите на реките Бистрица, Вардар и Струма. Тука се измешаа со многубројните палеобалкански пајонски племиња и тој супстрат во наредните векови го заокружи античкиот македонски ген. Потоа дојдоа Римјаните, донесоа помал процент дојденци од околу Медитеранот. Во антиката дојдоа разни групи: Хуни, Готи, Авари, Протобугари, Словени. Дали, според една теза, оваа античка мешавина еволуирала во влашкиот народ? Во средниот век доаѓаа Печенези, Кумани, Арбанаси, Срби, германските Саси, Турци и други. Колку е присутен античкиот македонски ген во современиот македонски народ? Но, идентификацијата на сопствениот национален идентитет врз научни основи е света задача на секој народ. Е па тоа го заборавија македонските влади, токму денес, кога Македонија и Македонците треба да докажат пред себе и пред светот зошто го носат ова име. Зошто примат има археологијата, а потоа антропологијата и генетиката? Бидејќи најнеопходно е да се дефинира кралството на античките Македонци во Република Македонија. Потоа мораме, со нова усовршена археолошка методологија, да ги изведеме прецизни археолошки операции врз кардиналните македонски, пелагонските и пајонските гробови, градови, тврдини и култни места, за по, или паралелно со, неопходната археолошка фаза да настапат антрополозите и палеогенетичарите. Неодамна ја добивме првата верзија на Правилникот за археолошки истражувања. Но, поразен е фактот дека во Република Македонија не постои модерна македонска археолошка школа оспособена за изведување на врвни деликатни теренски и кабинетски археолошки операции. Се' уште не сме ги имплементирале најосновните современи археолошки методи и опрема па тогаш како да го дефинираме македонскиот идентитет? Работев 20 дена на теренското отворање на урна на Хелветиец во Швајцарија, по што истата кабинетски ја отвораа триесетина дена со специјални методи и опрема. Верувајте, тоа беше вистинска археолошка хирургија. За што ви зборувам? За нашите нестручно ископани археолошки сонди, за непочитувањето на профилите и археолошката стратиграфија, метрика или, пак, за документација на ниско рамниште. За милионите загубени археолошки информации. Сурова вистина е дека илегалните трагачи како површински канцер врз кожата ја соголија македонската почва и го оневозможија научното дефинирање на македонскиот идентитет за добри 10-20 отсто. Но ние пак, со се' уште застарените праисториски археолошки методи, не сме подготвени ниту да отпочнеме да навлегуваме како што треба во длабочините на македонскиот идентитет. Постои и трета категорија, луѓе шарлатани и фалсификатори на универзитетски дипломи. Тие вешто го злоупотребуваат македонскиот патриотизам и национални чувства, убедувајќи значајни ликови од македонската култура, естрада, политика, бизнис, дека македонските учени ги спречуваат во нивната света должност да ја спасат Македонија. Крајно време е да се забрани таквите лаици да ја претставуваат Македонија во светот. Јасно е дека конечниот резултат на нивните дилетантски презентации може да биде заклучокот на врвните светски експерти дека Македонија е некаква африканска банана-држава па нема ни да трепнат еден ден за давање согласност за нашето разнебитување. Република Македонија не поседува сериозна археолошка школа. Но, имаме луѓе-институти што оформиле илјадници научни библиографски единици. Точно се знае кои се добитниците на престижните европски награди (Хердеровата или Хумболтовата) во Македонија. Тоа се археолозите од Филозофскиот факултет. Доколку експертите од овој факултет добијат реална сериозна подршка, тие можат да ја издигнат македонската археолошка наука на европската научна платформа. Потенцијали имаат и Институтот за старословенска култура во Прилеп, Музејот на Македонија или, пак, Националниот конзерваторски центар од Скопје. Конечно, од изнесените факти произлегува дека не се дискредитира исклучиво актуелната влада, затоа што ниту една од досегашните влади не презеде решителни чекори. Дали бидејќи во кусото време на самостојност се' уште не успеавме да се расониме од длабокиот панславистички сон или се нема време поради новонастанатите берзански активности? Виктор Лилчиќ (Авторот е универзитетски професор) http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=DB96538A7B8C9E4DB6DD3C3A8008424F |
||||
tane komita | Се прашувам, какви ли притисоци и небулозни тези шират нашите соседи низ светот? Одговорот е многу лесен: ТИЕ РАБОТАТ ДА ДОКАЖАТ ОНА ШТО НЕ СЕ, А НАШИТЕ „НАУЧНИЦИ“ НЕ МОЖАТ ДА ДОКАЖАТ ОНА ШТО СМЕ!!!??? Знаеме дека поранешните „истражувачи“ не биле од Македонија ама сега... Во што може да биде проблемот: дали државата не дава доволно средства за таа проблематика затоа што не верува во нивната стручност, дали се малку платени, дали не смеат или не можат(не се стручни а земаат плата бадијала) или било која мотивација или не мотивација????? Земајќи пример од мене - мојата стручност е од областа на електро техниката и никогаш не реков дека Никола Тесла бил виновен затоа што платата ми била мала или не доволно сум платен, навреме не сум напредувал на подобри работни места и покрај стручноста, навреме не ми доделиле стан или не го запослиле моето дете. Секој треба да работи она за што е стручен, да ја сака професијата, да биде професионалец во работата, да напредува како стручњак, да ја оправда платата што ја прима, а не да биде политичар или да дреми во МАНУ. Дали државата има пари за тоа??? - за научно истражувачка работа со добри визии, секогаш ќе се најдат, ама некој треба да ги побара и со доказ да поткрепи и каже за што ги бара. За пронајдувачот - најголема сатисфакција е пронајдокот, а за „материјалистот“ - материјалното. Иако Македонија е мала мислам дека имаме многу со титули: професор, доктор професор, магистер, примариус, „второмиус“ и т.н. Поздрав! |
||||
Makedon | Ama vidi gi nasive profesori koi go predstavuvaat makedonskiot identitet : Lilcic, Mikulcic, itn. Nesto premnogu luge na -ic ima, od kaj dojdoa, da ne dojdea. | ||||
Aleksandra |
Daj ne zezaj aman, sto ima vrska prezimeto? Ako lugeto se struchni i si ja vrshat rabotata, jas ne gledam nikaov problem. I sto sega eve da recheme ako moeto prezime ne e tipicno Makedonsko, ako jas utre dojdam nazad vo Skopje i sakam da predavam, ne smeam, i bi bilo problem? |
||||
Makedon |
Za tebe ke napravam isklucok Mikulcik napisal deka prilepskoto selo Pletvar vsusnost e bugarsko i deka tie luge tamu ne se Makedonci kako odokolu, tuku naslednici na turko-tatarskite Bugari. Mikulcic e Hrvat i za inaet saka da nasteti na Makedoncite, bidejki ne smeta za "partneri" na Srbite. |
||||
malinkalin | Можеме ли да извлечеме воопшто некакви поуки Жестоката офанзива што повторно се води против ВМРО-ДПМНЕ со цел да се сврти вниманието на народот од економската беда, од комплетната културна асимилација, а со тоа нормално оди и политичката кoja во овoj момент се врши од северот во Македонија, како и од жестокиот грабеж кoj од македонскиот човек создава нов трагикомичен лик во сопствената земја, ме натера да одговорам толку дрско за македонски услови и да проговорам за некој вистини и лаѓи со кои мораме да се соочиме што поскоро, ако сакаме да одиме напред. Инаку, сме осудени на уште поголемо пропагање во живиот песок во кој сега се наогаме до гуша. Секое вртење или скокање во то жив песок само уште повеке не тера да одиме подлабоко во него. Како изгледа тoj жив песок ќе илустрирам со уште еден пример. Неодамна во Софија, по американска инициатива, се одржа годишнина од издавањето на книгата на Карнеги - дондајата за двете балкански војни на кoja учествуваа историчари, научници и политичари од цел свет под раководство на Бжежински. Државните интелектуалци оваа конференција насловија како нов заговор против Македонија. А што всушност претставува таа книга, напишана од десетина врвни историчари и политичари од некол-ку европски држави и Америка 1914 година, непосредно по даете балкански војни, а спонзорирани од Америка? Книгата не претставува ништо друго освен документ верификуван од мегународна комисија за сите злосторсттва врз македонскиот народ во балканските војни. На дланка ja гледаме поделбата и раскинувањето на етничка Македонија. Го гледаме однесувањето на грчките, српските и бугарските вojcки. Го гледаме геноцидот врз македонскиот човек. Впрочем, го имаме најолемиот документ кoj треба само да го препечатиме и бесплатно да го поделиме во ceкoja европска држава или секoj политичар кoj нешто ни значи. Да стоиме цврсто и да кажеме зошто сме во право. Но, живиот песок во кoj се повеке пропагаме не тера тoj документ да го запалиме, да го напаѓаме и јaвно да се откажеме од него, а со тоа го палиме и единствениот мегународно верификуван документ за балканските вojни и нашата поделба. Зошто? Повторно прашање од мoja страна. Зошто бегаме од она со што можеме да се бориме? За жал, повторно тука има некој болни за вас невистини. Меѓународната комисија во целиот тој документ во цела Македонија зборува за македонски Бугари. Единствена среќна околност за александровистите и за Mиxajловистите очевидно е во фактот што ни едниот ни другиот во таа 1914 година не бил во високата политика, инаку сигурно сега ќе ги обвиневме дека ги потплатиле мегународните посматрачи. На кpajoт, зборујќи за националното помирување, ќе го потенцирам уште еднаш ставот дека националното помирување на Македонија меѓу живите и мртвите е повеќе од пот-ребно. За да можеме што поскоро да се свртиме кон иднината националното помирување во било кoja држава се прави токму од причини што некoj се борел против некого и затоа што паѓала крв и на едната и на другата страна. Тоа е суштината на националното помирување. Ако го немале крвопролевањето немало ни да има потреба од национално помирување, а впрочем ако сакаме да ja зацврстиме идејата за самостojнa Македонија, македонскиот јазик, македонската нација или македонската црква, токму тоа ќе го направиме ако ja имаме храброста да се соочиме со некој недвосмислени историски вистини без да бараме виновници во двајца или во тpojцa личности за да можеме да направиме лажно алиби, а впрочем на тoj начин самите ќе си помогнеме да излеземе од ќор-сокакот во кoj се наогаме сега. |
||||
tane komita | Каква врска има ВМРО-ДПМНЕ и 1914 година!!!??? „Книгата не претставува ништо друго освен документ верификуван од мегународна комисија за сите злосторсттва врз македонскиот народ во балканските војни. На дланка ja гледаме поделбата и раскинувањето на етничка Македонија. Го гледаме однесувањето на грчките, српските и бугарските вojcки. Го гледаме геноцидот врз македонскиот човек...“ ...„Меѓународната комисија во целиот тој документ во цела Македонија зборува за македонски Бугари“. ЗОШТО БУГАРСКИТЕ ВОЈСКИ ВРШЕЛЕ ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ - АКО БИЛЕ БУГАРИ??? Првиот став нема врска со вториот, а третиот е спротивен на вториот. Ако не разбираме бугарски, ама македонски совршено разбираме - и меѓу редови. Поздрав! |
||||
Кракра |
Карнегиевата анкета ja има на интернет на секакви jaзици, не треси глупости..бугарските воjски са вршели насилства над муслимани /насилна смена на иминьа, опити за насилно покрстуванье/, над Грци во Егеjска Македониja.. Насилства над македонски Бугари /според вас Македонци/ са вршли Срби и Грци, и примери за тоа во анкетата има колку сакаш. |
||||
Duhot na Vovata | Krakra, ne mesaj vreminjata. Naslistvata na Bugarskite vojski, za koi velis, se praveli vo Egejska makedonija vo WWII. Karnegievata komisija e mnogu porano. Vo karnegievata anketa ne postojat svedoci i zapiski za Bugarski nasilstva. Viz, za Grcki, Srpski i Tuski - kolku sakas... Sami za utocnuvane. |
||||
Duhot na Vovata | I uste - Krakra, na gresniot covek se obrakas so takov ton. Tane e sekogas bil vospitan i nenavredliv. Prasanjeto mu e mnogu dobro postaveno. Ima kontradikcija i lipsa na elementarna logika vo tekstov. | ||||
malinkalin | 11th c. - Charters of Basil II (1019, 1020) testifying that Samuil was at the head of the Bulgarian State; they confirm the right of the Bulgarian Church under Tsar Peter also. "F i r s t c h a r t e r Many and great are the favours which man-loving God has at different times conferred upon our Empire and which surpass any number; the greatest of them is that the Byzantine State expanded and that the State of the Bulgarians passed under one yoke (with it). Therefore on account of this we confirm the most pious monk loan* to the Archbishop of Bulgaria and to be in charge of the matters relating to the archbishopric. And since he asked for the kleroikoi and paroikoi nominated to work for the churches of his diocese, as well as for the bishops subordinate to him, to be determined in writing, we gave him the present sigilium of our Majesty by which we order: The Archbishop himself shall have, in the towns of his diocese, i. e. in Ochrida, Prespa, Mokro and in Kichevo, 40 kleroikoi and 30 paroikoi**. S e c o n d c h a r t e r Since after issuing this sigilium referring to the scope of each Bulgarian episcopate, the holiest Archbishop of Bulgaria asked our Majesty to issue another sigilium concerning his other bishoprics not listed in the first sigilium and the other bishoprics subordinate to him, because the neighbouring metropolitans had seized them from the Bulgarian region and had misappropriated them, and since our Majesty does not allow any one of them or of their people to make even one step into the boundaries of the Bulgarian region, we therefore lay down that the present holiest Archbishop shall possess and govern all the Bulgarian bishoprics, as well as all other towns which were under the power of Tsar Peter and Samuil and were also held by the archbishops of that time. Because it was not without blood, labour or sweat, but by years' long persistence and with God's help that this country was granted in subordination to us by God, whose goodness clearly helped us, blending into one the divided parts and putting under one yoke the boundaries, without in any way infringing the rules well established by those reigning prior to us . Because although we became the possessor of the land we yet preserved its rights intact, reaffirming them by our royal decrees and sigilia. We also lay down that the present holiest Archbishop of Bulgaria shall have as large a diocese as that under under Tsar Peter, and that he shall possess and govern all bishoprics of Bulgaria, i. e. not only those mentioned in the first sigilium but also those omitted and not indicated together with the others and which through the present sigilia are announced and listed by name. To them, as to the others, we present kleroikoi and paroikoi. We, therefore, decree that the Bishop of Dristra*** shall have in the towns of his bishopric and in the other towns around it 40 kleroikoi and 40 paroikoi. Because during the reign of Peter in Bulgaria this (bishopric) shone in archbishop's dignity and then the archbishops (of it) moved from one place to another, one to Triaditsa,**** the other to Vodena and Moglena, and after this we found the present Archbishop in Ochrida. For this reason (we order) Ochrida to have an archbishop, and another bishop to be ordained for Dristra. We decree that the holiest Archbishop of Bulgaria shall possess not only the bishoprics mentioned by names but if there are some others situated in Bulgarian lands and forgotten to be mentioned, we decree that he shall possess and govern them as well. Whatever other towns missed to be mentioned in the charters of our Majesty, shall be possessed by the same holiest Archbishop and he shall collect canonicon from them all as well as from the Wallachians throughout Bulgaria and from the Turks around the Vardar in so far as they are within the Bulgarian boundaries. And all strategs in Bulgaria and the other officials and archonts shall hold him in great respect and listen to his word and precepts, shall not interfere in the affairs either of a Bulgarian monastery, a chirch or any ecclesiastical matter and shall not obstruct either him or his subordinate God-tearing bishops and shall not be in their way lest such people draw upon themselves the great and merciless wrath of our Majesty. For this reason and as a matter of information to the Emperors after us, we drew up this sigilium and gave it to the holiest Archbishop, stamping it with the the molybdovol of our Kingdom in the month of May, indiction 3, year 6528 (1020)." |
||||
slasa | Sto e ova gluposti na otvoranje na topici . Sre znae za Makedonskiot identitet . i tatko i dedo i pradedo nazad do jordan piperkata . site so makedonski identitet . a arheol. neka utvrdat id, na kamenjata, a ne na Makedoncite |
||||
Кракра |
Имало е и през 1912-13 насилие над гръцки попове, няколко случая . това го има в анкетата. Имало е опити за насилствено покръстване, и смяна на имена на мюсулмани, и това пак го има, при това в Македония. Нищо не бъркам, ама да не пишем тука на македонски форум за тези неща. Съгласен съм, че Тане-комита е възпитан и културен човек. |
||||
Inkognito |
"Македонски идентитет" е насловот на објавената статија од Виктор Лилчиќ. Додека темата е следнава ... "Дали археолозите конечно ќе се откажат пансловенизмот?" Значи, не го доведувам во прашање Македонскиот идентитет туку пансловенизмот. А тоа што татариве се мешаат во секоја каша е проблем на модераторите. |