"РОЛС РОЈС" ВО МАКЕДОНИЈА

"РОЛС РОЈС" ВО МАКЕДОНИЈА
Aleksandra
 
Дневник, вторник, 20 јуни 2006

РОЛС РОЈС“ ВО МАКЕДОНИЈА

Половина милион евра за најлуксузното возило во светот

Од 20-ина поканети македонски богаташи само неколкумина прифатиле разговор за купување

Суперлуксузниот автомобилски бренд „ролс ројс“ од вчера може да се купи и во Македонија, и тоа преку овластената дилерска мрежа на „БМВ“. Германскиот автомобилски гигант го поседува „ролс ројс“ од 1998 година и оттогаш постојано работи на подобрување на имиџот и создавање возило кое ќе ги задоволи и најпребирливите купувачи. Тоа задоволство чини речиси половина милион евра, а за тие пари купувачот добива суперлуксуз, рачно изработено возило и статусен симбол во општеството.

По прес-конференцијата и промоцијата на „луксузот на четири тркала“ што се одржа вчера во Скопје, првиот потенцијален македонски купувач на „ролс ројс“ веќе ги имаше и директните разговори со луѓето од Гудвуд, Англија. Од вкупно 20-ина поканети македонски богаташи само неколкумина прифатиле да разговараат за купување.

Компанијата „Маккар“, која во Македонија ги продава автомобилите од марките на „БМВ“ и „лендровер“, сега е врската меѓу „ролс ројс“ и новите сопственици. Моделите „фантом“ и „фантом“ со продолжено меѓуоскино растојание“ се двата модела што беа промовирани во Скопје.

Сите модели на „ролс ројс“ се изработуваат рачно и за познат купувач кој однапред ќе ја плати сумата од речиси половина милион евра. По презентацијата во Скопје, двата „ролс ројса“ заминаа за Бугарија и Романија, со надеж дека таму ќе најдат некој сопственик.

Во последниве неколку години единствено во Романија се продадени три модели на „фантом“ додека во другите балкански земји има само заинтересирани, но не и расположени да платат висока цена за автомобил кој најчесто би им стоел во гаражата.

Лани беа продадени околу 800 модели на „фантом“ во повеќе од 40 земји, што е највисока продажба во последните 15 години. Во 2007 година на пазарот ќе биде промовиран и „ролс ројс конвертибл“ што ќе биде првиот супуерлуксузен кабриолет.

Горан Антевски
achtung_panzer Zamisli go vozilovo na makedonskite patishta... pa go podbere nekoe jugo ili ficho...
Mislam, za shto bi se koristelo ova...
ZooGraf
quote:
Originally posted by achtung_panzer

Zamisli go vozilovo na makedonskite patishta... pa go podbere nekoe jugo ili ficho...
Mislam, za shto bi se koristelo ova...

Za chalam. Za porakata, vidite, jas imam polovina milion evra da dadam za kola.
concrete Znam za perfekta replika za 0,0015% od cenata.....
achtung_panzer
quote:
Originally posted by ZooGraf

Za chalam. Za porakata, vidite, jas imam polovina milion evra da dadam za kola.

I taka si se vozikash i se chalamish, a tie pred koi se chalamish kopaat po kanti za gjubre vo potraga po hrana... i molish Boga da promashish barem nekoja dupka ili dzhomba na patot, oti brzo-brzo kje zginat amortizerite...
Lidija Malku nadvor od tema ama to so spomna ZooGraf, mene mi se cini deka nie sme eden narod koj saka da se calami, da se pokaze, nezavisno dali nekoj tret tuka odma do tebe nema za jadenje. I ovde ne zboram samo za makedonskite stranci ko mene, tuku zboram za karakteristika so e tipcna za makedonskiot narod. Parkiraj ubav motor, kola pred kafici i ko ke palis malki poke na gasta za da site se svrtatat. Pa taka i so ova kola od pogore, sigurno ke se najdi i coek za to ima luge so imat i tolku pari.
Great_Macedonian Nesme samo nie makedoncite takvi Lidija, toa e del od coveckiot mentalitet- sekoj saka da ima poveke i saka da se istakne, as golem del od nas im e kejf i da se falat. Mene licno bi mi bilo stram da vozam rols rojs vo makedonija znaeki kako siromasite ke gledaat na mene.
ZooGraf
quote:
Originally posted by achtung_panzer

quote:
Originally posted by ZooGraf

Za chalam. Za porakata, vidite, jas imam polovina milion evra da dadam za kola.

I taka si se vozikash i se chalamish, a tie pred koi se chalamish kopaat po kanti za gjubre vo potraga po hrana... i molish Boga da promashish barem nekoja dupka ili dzhomba na patot, oti brzo-brzo kje zginat amortizerite...


Da... Ili uste nesto mnogu poloso.. Ako si gi gledal Ruskite filmovi Okraina ili Brat 2, znaes na sto mislam.