SDSM&Co. vaka organiziraat izbori vo Makedonija: |
||||
nukleus | "Во центарот на Сарај бев блокиран од 8 коли. Кога излегов од возилото тројца активисти на ДУИ сакаа физички да ме нападнат. Моето обезбедување реагираше многу професионално пукајќи во воздух додека не се оддалечија напаѓачите", изјави вчера градоначалникот Селмани опишувајќи го инцидентот. Според него, напаѓачите потоа неколку минути непрекинато пукале во правец на службеното возило на општината. Во Сарај вчера беше и потпретседателот на ДПА Мендух Тачи, кој се сомнева дека во инцидентот е вклучена и полицијата. "Началникот на Скопската полиција потврди дека возилото со кое се возеле активистите на ДУИ е полициско. Ги фативме на дело", изјави Тачи. Полицијата вчера негира дека на било кој начин е вклучена во инцидентот во Сарај. "Припадниците на полицијата на терен вршат редовни работи без притоа да учествуваат во активностите на политичките партии, ниту пак да се инволвираат во нивните партиски активности", се вели во соопштението на МВР. |
|||
nukleus | Ефектите што деновиве ги сумираме во графата изборни инциденти се токму последица на една таква амнестија која ни се случува на секои избори. Тоа е онаа поразителна ситуација во која државата се решава да се „изземе“ од надлежностите кои ги има и за кои првенствено им служи на граѓаните. Ако сега ја немаме државата со нејзините инструменти, ако ни се случува она што го гледаме веќе секоја вечер, за каква легитимност на изборниот процес можеме да зборуваме? | |||
nukleus | - Избори организирани согласно меѓународните стандарди се круцијални за аспирациите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, оцени државниот потсекретар за европски и евро-азиски прашања на САД, Розмари Ди Карло на распитот во организација на американската Хелсиншка комисија на тема човекови права, демократија и интеграција на регионот на Југоисточна Европа. - Ги повикуваме сите политички лидери да ги отстранат нерегуларностите што беа констатирани на локалните избори во 2005 година, им порача Ди Ларло на македонските партии воочи парламентарните избори. Како што јави Гласот на Америка - Програма на македонски јазик, Ди Карло потенцираше дека претстојните предизвици за Македонија остануваат исти – вклучување на малцинствата во институциите на системот и примена на децентрализацијата, со што локалните власти ќе добијат поголема ефикасност. Експертот од Центарот за стратешки и меѓународни истражувања во Вашингтон, Јануш Бугајски за Гласот на Америка - Програма на македонски јазик изјави дека за Македонија е важно во овој момент, пет години по Охридскиот договор, да демонстрира дека има целосно функционална плуралистичка демократија со целосни права за малцинствата, дека нема внатрешни проблеми што не може да се решат и дека е на добар пат кон ЕУ и НАТО. |
|||
Satanico Pandemonium |
Nema vrska ova. Ova doduse ke go koristat mozebi kako izgovor za da ne ne primat vo EU i NATO. Od druga strana ako imaat reseno (izborite nemaat vrska) ke ne primat i so neredi. Bitno e do 2010 godina (SLEDNITE IZBORI) nema da se izjasnat za primanje i neprimanje novi clenki, do ovaa data nema primanje taka da isto ti se faka. I na Albancite na Kosovo im velat nema nezavisnost osven ako ne pokazete deka Srbite ke bidat sigurni i deka coveckite prava se zastiteni. Vo praksa se slucuva obratno, ne samo sto Srbite ne se sigurni tuku skoro sekoj den nesto se slucuva (ostetuvanje na crkvi, kamenuvanje na avtobusi i slicno) , na Kosovo e anarhija teska, no podgotovkite na Kosovo da mu se dade nezavisnost se vo poln ek i vo Noemvri Kosovo i pokraj kompletno neispolnuvanje na uslovite ke bide nezavisno. Ne znam kolku pati treba da ni se dokaze deka se se interesi vo prasanje. Patot ne e vo baranje na pravda, tuku vo rabota za svoite interesi. |
|||
nukleus | Znaci interesite na Makedonskata vlast e da se organiziraat izbori kade ke ima barem spored predizbornite aktivnosti pukanje so kalashnikovi i vmeshanost na delovi od policijata.Na toj nacin ako treba da se organiziraat izbori barem da imaa malku doblest i da kazea deka e pozelno da pukame shto e mozno poveke za vreme na izborite.Sekako EU stana mislena imenka a tamu kade se puka nema demokratija vo izborite.Tokmu zatoa na ova mesto ke gi objavuvame site vesti za vooruzenata organizacija od strana na SDSM&Co. za vreme na izborite 2006. | |||
nukleus | Бомбашките напади од самиот почеток на кампањата ги диктираат разузнавачките служби и тие се најава каков изборен процес не очекува, смета Стефан Буџакоски, професор по казнено право на Европскиот универзитет. Тој вели дека станува збор за различни разузнавачки служби, кои на разни начини се обидуваат да остварат свои интереси. - Инцидентите ќе и бидат алиби на Европската Унија да не ја прими Македонија во европското семејство - вели Буџаковски. Во Струга не стивнуваат реакциите по последниот инцидент, кога во штабот на ДУИ во овој град беше фрлена бомба „кашикара“. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој е и претседател на разгранокот на ДУИ, не знае кој би можел да биде сторителот. ДПА, пак, обвини дека ДУИ сама го предизвикала инцидентот. Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе се придржуваат на фер и демократски избори. Од општинската организација на СДСМ велат дека целосно стојат зад ставот на нивниот лидер Бучковски, кој се залагал за демократски и фер-избори. |
|||
nukleus | LuBco Georgivski pred nekoj den pobara da se napravat dva nezavisni izveshtai do EU i mozebi beshe vo pravo koga rece deka taka najdobro bi se znaelo koj gi pravi incidentite vo Makedonija i koj ne saka da ima fer i demokratski izbori.No moronite reagiraa vednash i se sprotistavija na taa negova ideja zatoa shto taka ke se podelela Makedonija(kako da ne e podelena).Abe ovde e veke ocigledno deka nekoj se pravi na udren ama cudno e toa shto takanarecenata opozicija ucestvuva vo akcijata prodavajki ni demagogija. | |||
Satanico Pandemonium |
Da, ako si pametna vlast moze da ti se interesite da organiziras predizborna kampanja kade se puka! I da se ofajdis od toa. Seti se na izborite vo Ukraina. Nemase eden nezavisen promatrac sto kaza deka izborite se regularni. British helsinki watch dade detalen izvestaj kako se krsea izborite vo zapadna Ukraina. No, pobedi Yuschenko vo orange revolucijata i zapad , EU, USA, NATO vednas rekoa deka izborite se regularni i nikoj nikakva zamerka nemase. Vednas pocnaa da se pustaat vesti za Ukraina vo EU , NATO i slicno. Interesi. Ona sto sakam da go kazam (po iljaditi pat) e da batalime Eu, NATO i a gledame rabotata da si ja sredime doma prvo. Klucno e da vo MK dojde na vlast garnitura nekorumpirana koja znae i saka da vovede red i zakon vo MK i prvo ke i bide Makedonija a posle se ostanato. Vo takva zemja, kade se e podredeno na napredokot , ekonomski pred se, normalno za takva zemja EU ke ima interes posto kade se parite tamu e i interesot. Vo takva zemja, pukanje pred izbori kako sto e sega moze da se iskoristi kako baranje od bitnite i klucni faktori vo svetot da se donese konacno resenie za Albanskiot faktor vo MK koj ke izlgeda destabiliziracki vo drzava koja saka da napredne i da se priblizi do razvieniot svet. Slovenija ne ednaska iscenira napadi, i ja prestavi Jugoslavija kako srboslavija i leglo na komunizmot, nesto od sto EU i USA se plasat. No, nie ne sme takva drzava. Ne sme na toa nivo, ne rabotime taka te rezultatite ke bidat vakvi kakvi sto se . Albanskite prepuknuvanja NAS ke ni se skrsat od glava zatoa sto sme samo pasivni promatraci. |
|||
concrete | A be Sataniko...toa ti e em samo pasivmi posmatraci , em baska site nie ovde na VM i posmatraci od daleku....turi i pepel na rabotava , dobar dalje..... | |||
nukleus | Znaci i da se puka i da ne se puka ovie izbori nema da bidat regularni zatoa shto shansite na SDSM&Co. da pobedat se navistina mali.Pa sega ako se izgubat izborite barem tie da bidat neregularni. | |||
nukleus | Izbori se organiziraat i so vakvi prashanja na koj najverojatno nikoj nema da odgovori: -Четири години го слушаме прашањето од каде му се парите на Владо Тасев од Словенија, а дали некој од вас се прашал или го чул прашањето од каде му се парите на Бајруш да купи три големи објекти во Куманово. Зошто Македонците се граѓани од втор ред и зошто им е забрането да градат во сопствената држава. Зошто некој друг треба да ги купува фирмите и улиците и да напредува сe повеќе и повеќе територијално", рече лидерот на ВМРО-Народна на прексиноќешниот митинг на Градскиот плоштад во Куманово и праша зошто територијата на овој град веќе е разграничена на половина со истакнатите албански знамиња. |
|||
nukleus | Ke imame ushte eden paradox na ovie izbori koj se edinstveni vo svetot kade ke ima glasacki livcinja podolgi od eden metar.Abe gospod neka ni e napomosh so vakvi "moroni" koj organiziraat edinstveni izbori so rekviziti shto nikade barem vo dosegashnata istorija ne se organizirale na vakov nacin i so vakva blentava procedura: -Со многу мака и проблеми, Изборната единица под број четири некако е тргната од дневен ред, а другите пет нека му ја мислат. Особено оние од двојазичните и тријазичните изборни единици како што се Шуто Оризари и Чучер-Сандево, кога ќе треба на денот на изборите да им понудат на граѓаните гласачки листи подолги од еден метар. Но, и тоа е цената на демократијата! Ќе мора да се стрпи и печатачот на ливчињата, зашто членовите на ДИК не можат да одржат седница во нормално време , а камоли да ги усогласат ставовите меѓу себе. Џабе му е на претставникот од „Киро Дандаро" што предупредува дека се доцни со печатењето и оти лесно може да се случи да дојдат во временски цајтнот. Но, така е кога во највисокото изборно тело седат претставници на партии, а не професионалци, на кои единствена грижа им е да спроведат регуларни и фер избори, а не да им угодат на партиските челници. Секоја чест на Јосифовски што сака да се држи до законот и што инсистира да се мерат сантиметрите и милиметрите. Но, не треба да заборава уште колку ангажман ја чека Државната изборна комисија! Од обуката на членовите на избирачките одбори нема ништо, а има и многу други незавршени работи. Ако на утврдувањето на гласачкото ливче се потроши неколку дена, што ќе остане за другите работи. Што ќе прави тогаш педантниот претседател кога ќе дојдат приговорите и вистинските проблеми! |
|||
DJ_SHEMA |
Zostho e topikot za SDSM? NIkade vo ovoj tekst ne pishuva za nitu eden niven cheln. Kje te molam da se odnesuvash konkretno i da ne meshash politiki za bez potreba. |