Galichka svadba - koga?

Galichka svadba - koga?
dejan
 
Томислав Лазаров, потомок на познатата галичка фамилија Томевци и скопјанката Ирена Китановска годинава ќе бидат главни актери на Галичката свадба. Својата три годишна врска Томислав и Ирена ја озакониле пред две недели, а Првиот викенд по Петровден ќе се венчаат во црквата Св. Петар и Павле во Галичник.

„Од раѓање сум присутен во Галичник и скоро на сите свадби досега сум учествувал дали како организација дали како актер. И ова година на задоволство и на идната невеста решивеме заедно да се пријавиме и да бидеме главните актери на годинешната галичка свадба“, изјави Томислав Лазаров галички зет.

Откако минатата година беше доведено до прашање одржувањето на Галичката свадба, оваа година Организацискиот одбор без јавен конкурс се реши Ирена и Томислав да стапат во брак со традиционалните обичаи на Галичник. Со Галичката свадба почнува и Галичкото културно лето. До 19 август предвидени се настапи на познати музички имиња и концерт во спомен на Александар Сариевски доајенот на македонската народна музика.

Dali nekoj znae koga e svadbata?? I dali sum pokanet?
dejan Ne se sekirajte, si doznav sam http://www.mymacedonia.net/links/galichnik.htm 12 juli.
dada Sani
quote:
Originally posted by dejan

Ne se sekirajte, si doznav sam http://www.mymacedonia.net/links/galichnik.htm 12 juli.


Bravo Denko
dejan hehe
dejan Томислав Лазаров и Ирена Китановска се годинашните младоженци на традиционалната Галичка свадба што на 15 и 16 јули ќе се одржи 43. пат. Младоженецот потекнува од едно од најпознатите галички фамилии Томовци и е долгогодишен учесник на манифестацијата.

- Одлуката да се пријавиме беше заедничка. Учеството на оваа свадба ми причинува особена чест бидејќи потекнувам од можеби најпознатата и најголемата галичка фамилија што оставила длабока трага не само во историјата на Мијачијата туку и во историјата на земјава. Овој миг го чекам цел живот, особено што сите мои предци се земале токму на Петровден - вели Томислав.

За Ирена, да се биде галичка невеста е вистински предизвик. Таа првпат лани присуствувала на свадбата и веќе е запознаена со обичаите и обврските кои ја очекуваат.

- Особено ме воодушеви рачноизработената невестинска носија што ќе ја носам, а е изработена пред многу години - вели Ирена.

Архиепископот на МПЦ г.г. Стефан ќе ги венча младенците во селската црква „Св. Петар и Павле“. Инаку Лазарови пред две недели се регистрирале и направиле семејна веселба во хотелот „Александар палас“.

Организаторите на манифестацијата очекуваат меѓу гостите да биде и директорот на УНЕСКО.

Во рамките на Галичката свадба, во петокот на 14 јули, во амфитеатарот кај чешмата Упија, концерт ќе одржи Драган Даутовски квартет.