Konecno SDSM uspea da go unisti zdravstvoto

Konecno SDSM uspea da go unisti zdravstvoto
Makedon
 
I dodeka pred 4 godini imase lekovi za sekogo i na recept, sega 20006 godina....

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=775&ArticleID=50736

ДРЖАВНА БОЛНИЦА ГИ ПОТРОШИ РЕЗЕРВИТЕ
На операција со вата и со фластери од дома



Адријана Георгиев

Медицински фластери, санитетска вата и спреј за рани се основните работи што болниот мора да ги купи за да може да биде примен на операција во Клиничкиот центар, се жалат пациентите.

- Неколку дена пред терминот за операција, медицинската сестра ми даде список на работите што морам да ги купам. Покрај спрејот за рани „бивацин“, кој чини 300 денари, требаше да купам санитетска вата и медицински ленти „виваторе“, кои чинат 200 денари. На крајот сметката само за овие материјали беше 1.000 денари - вели пациент што минатата недела бил опериран на Клиниката за ортопедија.

Освен основните медицински материјали, пациентите се жалат дека на клиниките нема лекови, имплантанти и реагенси за лабораториски испитувања. За да се направи обична анализа, болните честопати се препраќаат од клиника на клиника во потрага по реагенси за испитувања.

Во меѓувреме, операциите на клиниките се одложуваат и болните се враќаат дома поради недостиг од имплантанти. Најголем дел материјали и лекови пациентите плаќаат од свој џеб и потоа со сметките чекаат и повеќе од година за Фондот за здравствено осигурување да им ги рефундира парите.

- Кога минатиот пат бев на операција на коленото, платив околу 9.000 денари за болнички трошоци и лекови. Од нив по една година успеав од Фондот да наплатам само 3.000 денари. Сега ми се случува истото. Пред да се пријавам во болницата, прво што ми побараа беше да купам коскен цемент, кој чини 6.400 денари. Медицинската сестра ми посочи дури и од која аптека да го купам - вели К.Г. од Скопје.

Во меѓувреме, операциите на пациентите што беа закажани за крајот на минатата и за почетокот на оваа недела биле одложени без објаснување. На болните што требало да бидат хоспитализирани во средата, а операција им била закажана за понеделник, им било кажано дека ќе треба да почекаат уште неколку дена. Неофицијално, операциите биле одложени бидејќи во салите во хируршките клиники не работеле апаратите за анестезија, а недостигале и лекови и медицински материјали.

На Клинички мината недела немаше ниту крв. Најголем недостиг имаше од Рх-негативните крвни групи. Од Заводот за трансфузиологија неофицијално велат дека резервите со крв се намалени, а очекуваат ситуацијата да се влоши во летниот период.

Од Клиничкиот центар во Скопје велат дека кон крајот на минатата недела во операционите сали на хируршките клиники биле донесени сите материјали што недостигале и дека операциите се одвивале непречено.

- Клиничкиот центар работи со ограничен буџет, но ниту една операција не е одложена. Секако дека имаме проблеми, но тие се решаваат тековно. Во моментов нема недостиг од лекови и имплантанти и болните имаат се што им е потребно - велат од канцеларијата на Андреа Арсовски, директорот на Клиничкиот центар.

Неофицијално, до Клиничкиот центар не стигнале жалби од директорите за недостиг од лекови и медицински помагала.
Aleksandra Zdravstvoto kaj nas ne funkcionira unazad so godini, a ne samo poslednite 4 godini, ali deka SDSM se na vlast poslednive god, vas vi odgovara toa da napishete. Stvarta e ne daj boze covek da pocne po tie vrati.
Makedon http://www.vest.com.mk/default.asp?id=118947&idg=6&idb=1797&rubrika=Makedonija

СЕ РАСПАЃА ВТОРАТА НАЈГОЛЕМА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ВО ЗЕМЈАВА
Битолската болница во клиничка смртАко снема струја се прекинува операција оти нема генератори, во лабораториите нема основни реагенси за испитување крв, болницата смрди оти нема топла вода, а алиштата и чаршафите се перат во Прилеп оти болничката перална нема мазут

Животот на пациентите кои се лекуваат во битолската болница им виси на конец, оти се случува во хируршките сали на сред операција да снема струја. Бидејќи нема генератори за струја не работат ниту апаратите за реанимација и за анестезија, па се случува и во кризна состојба, лекарите да нема со што да ги повратат болните.
Во втората по големина болница во земјава - Клиничката болница во Битола во која се згрижуваат огромен процент од болните во регионот, нема ниту лекови, инфузиони раствори, игли, конци.
Иако, во болницата дневно доаѓаат и до 1.000 пациенти, во нејзините лаборатории нема основни реагенси за испитувања крв, нема ниту рентген филмови и контрастни средства за снимање на болните, а речиси 70 отсто од апаратите не работат и се неупотребливи.
"Болница во Битола е во клиничка смрт", велат д-р Димче Кузмановски и д-р Михајло Џолонга, вработени во оваа установа. Двајцата експерти потенцираат дека кражбите, криминалното и недомаќинското работење се причина за долгот од пет милиони евра во битолското здравство и состојбата на колапс на таа установа.
"Веќе долго време, во континуитет во болницата нема ни топла вода, па цела установа се гуши во смрдеа и нечистотија. Персоналот дури ни рацете не може да си ги измие, а да не зборуваме се туширање и миење на болните, што секаде е нормална и вообичаена работа"- објаснуваат Кузмановски и Џолонга.
Дека работата е дојдена нож до коска е податокот дека во болницата нема ниту мазут, па не можат да се исперат болничките униформи, со што потенцираат двајцата лекари, "е загрозена чистотата во целата болница, а е оневозможена и работата во неколку одделенија".
За да не ја затворат болницата и им бидат на услуга на болните не само од Битола, туку и од останатите градови, лекарите униформите секојдневно ги испраќаат во Прилеп, каде се пере и им се враќа назад.
"Каква што е ситуацијата, облеката на персоналот веројатно се суши некаде попат, на провев, или можеби на отворено во близина на напуштената краварска фарма "Џаферица", па потоа се враќа во Битола. Последниве четири години централната стерилизација во болницата е во катастрофална состојба. Ако еден стерилизатор работи, два се во дефект, со што е загрозена безбедноста во работењето на операционите сали", велат д-р Кузмановски и д-р Џолонга.
Башибозукот, додаваат тие владее и во начинот на плаќањето во болницата.
"Раководството на болницата незаконски им наплатува по 50 денари на сите пациенти за ЕКГ преглед на срце, а партиципацијата за основните лабораториски услуги на своја рака ја зголеми за 100 проценти", тврдат д-р Кузмановски и д-р Џолонга.

М.Павлевски


Makedon
quote:
Originally posted by Aleksandra

Zdravstvoto kaj nas ne funkcionira unazad so godini, a ne samo poslednite 4 godini, ali deka SDSM se na vlast poslednive god, vas vi odgovara toa da napishete. Stvarta e ne daj boze covek da pocne po tie vrati.


Greska si Aleksandra. Koga bese VMRO na vlast, barem sekoj mozese da dobie lek na recept, samo so participacija. Ako slucajno lekot go nema vo najbliskata apteka do tebe, ke se javis na telefon vo centarot na GA i lekot vo tekot na denot ke ti bide donesen vo najbliskata apteka. Sekako, nikoj ne kupuval lekovi i medicinski materijal koga lezel vo bolnica za vreme na VMRO. Sto za sto, toa e realnosta. Sega, se e katastrofal. Godisno vlasta krade preku zdravstvoto 150 milioni evra i na tie pari nikoj ne im ja znae tragata kaj se gubat. Do 1998 g. koga SDSM bese na vlast pak bese istiot haos; se uvezuvaa i prodavaa lekovi so pominat rok ili lekovi so pogresna aktivna supostanca i mnogu luge zabolea od aplasticna anemija i umrea. Ti izgleda ne si odamna vo MKD i ne gi znaes rabotite.
dejan Pa tie lugje koj zhiveat vo Makedonija ne im treba lekovi...barem taka misli SDS. Posle sve sto pominale od 2001.
трендафил Факт е дека лек на рецепт (со платена партиципација и син картон) нема повеќе од два дена во месецот. Да не говорам за тоа дека некои лекови што во тој краток период можат да се земат се наквалитетни, па лекарите им препорачуваат на пациентите да си купат лек од друг производител, а не тој што го нуди власта.
За немањето на лекови има повеќе причини, но се` се сведува дека наместо за лекови, парите од фондот се трошат на нешто друго. Без разлика дали одат во буџетот (данокот на лековите СДСМ и ДУИ го зголемија од 5 на 18% и покрај тоа што ветуваа намалување на даноците, а не нивно покачување) или по приватни џебови и сметки во Швајцарија.
И замислете, истиот СДСМ сега ветува бесплатни лекови за пемзионерите над 65 години. Да не се добиваат лековите бесплатно како бесплатното кајче на веслачот во песната што ја слушаме на К-15. Можеби на кутивчињата за лекови за стари ќе пишува „Ју наји најт Јуроп“.


Aleksandra
quote:
Originally posted by Makedon

quote:
Originally posted by Aleksandra

Zdravstvoto kaj nas ne funkcionira unazad so godini, a ne samo poslednite 4 godini, ali deka SDSM se na vlast poslednive god, vas vi odgovara toa da napishete. Stvarta e ne daj boze covek da pocne po tie vrati.


Greska si Aleksandra. Koga bese VMRO na vlast, barem sekoj mozese da dobie lek na recept, samo so participacija. Ako slucajno lekot go nema vo najbliskata apteka do tebe, ke se javis na telefon vo centarot na GA i lekot vo tekot na denot ke ti bide donesen vo najbliskata apteka. Sekako, nikoj ne kupuval lekovi i medicinski materijal koga lezel vo bolnica za vreme na VMRO. Sto za sto, toa e realnosta. Sega, se e katastrofal. Godisno vlasta krade preku zdravstvoto 150 milioni evra i na tie pari nikoj ne im ja znae tragata kaj se gubat. Do 1998 g. koga SDSM bese na vlast pak bese istiot haos; se uvezuvaa i prodavaa lekovi so pominat rok ili lekovi so pogresna aktivna supostanca i mnogu luge zabolea od aplasticna anemija i umrea. Ti izgleda ne si odamna vo MKD i ne gi znaes rabotite.


Toa sto ne sum vo MKD nema vrska. Do pred nekoe vreme za EU letav od rabota non stop, a so toa koristev da skoknam do SK. Ovoj period ne idam za MKD poradi nekoi obvrski sto gi imam ovdeka.
The_Crow ja citav deka ugrinovski operiral po kupaci tipot posto nemalo sterilizirani mantili bruka i sramota e toa.
Aleksandra
quote:
Originally posted by The_Crow

ja citav deka ugrinovski operiral po kupaci tipot posto nemalo sterilizirani mantili bruka i sramota e toa.


http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=16227#353224
tane komita
quote:
Originally posted by The_Crow

ja citav deka ugrinovski operiral po kupaci tipot posto nemalo sterilizirani mantili bruka i sramota e toa.


Ако мислиме на истиот угриновски ми се чини дека има приватна ординација и колку што друго знам - тој беше од СДСМ!!!???

А ако е уште на клиника - едно време беше началник на клиниката.

Во секој случај, било како било, голема срамота за него - не за СДСМ!

Имав непријатна случка со него - знам какво ѓубре е!