Последна опомена за пукањето и препукувањето |
||||
dejan | Неофицијално, амбасадорите ќе ги потсетат лидерите на партиите на Албанците дека јавно го потпишале кодексот за фер и демократски избори и ќе ги повикаат да го почитуваат. Тие ќе ги повикаат и симпатизерите на владејачката Демократска унија за интеграција и опозициската Демократска партија на Албанците да се воздржат од какви било насилства и закани и да ги осудат сите видови насилства во време на кампањата. Дипломатски извори вчера изјавија дека не е исклучено Миловановиќ да им укаже на Ахмети и на Џафери дека со инцидентите се нанесува огромна штета не само на имиџот на државата туку и на имиџот на Албанците во Македонија и во регионот. На средбата, освен Ахмети и Џафери, требаше да присуствуваат и потпретседателката на ДУИ Теута Арифи и заменик-претседателот на ДПА Мендух Тачи. Дознаваме дека ниту Ахмети ниту Џафери нема да прифатат одговорност пред меѓународните претставници дека нивни активисти предизвикуваат инциденти. Според извори во ДПА, Џафери не очекува разрешница на проблемот и по денешната средба со меѓународните претставници. Таму велат дека Џафери нема да прифати да потпише каков било документ на кој би стоел потпис и на Ахмети, бидејќи не му верувал. Џафери тоа ќе го образложел пред меѓународните претставници со аргументите дека ДУИ ги фалсификувале претседателските и локалните избори и дека не му верува на Ахмети оти тоа нема да се обиде да го направи и на парламентарните избори. Според партиски извори, Џафери и Тачи ќе им кажат на меѓународните претставници дека ДПА не е инволвирана во инцидентите и ќе потенцираат дека тие во изминативе неколку дена немале проблем со активистите на ДУИ, туку со полицијата, за која сметаат дека директно работела за партијата на Ахмети. Портпаролката на ДУИ, Ермира Мехмети, претпоставува дека Ахмети ќе се заложи да престане „лудилото“ што се случува на терен, без да се навлегува во тоа кој е виновен. - Ахмети и лидерот на ПДП Абдулади Вејсели потпишаа декларација за ненасилство, која денеска им ја доставивме на лидерите на партиите на Албанците во Македонија, учесници на изборите. Со тоа ДУИ презема конструктивна улога во разрешување на проблемот, а според нашите првични сознанија декларацијата е позитивно прифатена и најверојатно утре ќе има средба меѓу лидерите на партиите од албанскиот блок - изјави Мехмети. Ахмети ги повика на разговор претседателите на партиите на Албанците за да се овозможат фер и демократски избори. Претседателите на ДПА, Нови демократски сили, Партијата за демократска иднина и на Националната демократска партија на Албанците вчера експресно ја отфрлија поканата, зашто тврдат дека нивното членство не врши насилство. - Ахмети не е во позиција да бара средба со нас бидејќи тој преку своите активисти директно е вклучен во инцидентите и насилствата во предизборната кампања. Тој треба да си ги дисциплинира своите симпатизери и членови. Зошто би одел на таква средба кога сите лидери на партии потпишавме кодекс за фер и демократски избори. Само меѓународните претставници, а не Ахмети може да бараат лидерска средба, бидејќи половина година ни укажуваа дека не треба да дозволиме насилство во изборниот процес - вели Хисни Шаќири, лидер на партијата Нови демократски сили. И Алајдин Демири, лидер на Партијата за демократска иднина, ја отфрла поканата, бидејќи вели дека е изморен од декларативни заложби. - И илјада декларации да се потпишат, најголемите партии на Албанците, ДУИ и ДПА, се занимаваат со други дејствија. Двете партии ќе станат заложници на „непознатите“ групи и тука ќе биде крајот на нивните политики. Нема да одам на средбата бидејќи многу пати се договаравме за фер настап на изборите, а тие пак тераат по старо - вели Демири. Средбата ја одби и Џезаир Шаќири од НДП со порака Ахмети прво да си ги смири своите активисти. Сепак, за да се одржи средбата, дознаваме дека Ахмети барал помош и од Сабри Годо, близок соработник на премиерот на Албанија, Сали Бериша. Kako ne im e sram na DUI i DPA??? Kako mali deca se...i sega 'roditelot' gi sobira i gi uci kako da bidat mirni, ili civilizirani. |
|||
Makedon | Ova albanskive partii namerno go pavat za MKD da ne vleze vo NATO 2008 godina; nivna cel e podelba na Makedonija, a ako Makedonija e vo NATO, nema delba na MKD. Planiraat vo narednive godini da ja zemat pola Makedonija, pa da se cepat od nas. Sega site ke placeme za predlogot na LjuBco da im go daeme samo TE i GV, a da si ja zeeme mala Prespa, ama veke e docna. Struga, Kicevo, Skopje, severnite veleski opstini, Krusevo, Dolneni prilepsko veke se poalbanceni. Sega na udar ke bidat OH, Resen, BT, PP. |
|||
dejan | Kako taka svernite Veleski opstini, zad tamu nema Makedonci?? I Krusevo, Prilep...kako zboris taka... | |||
Makedon |
Dolneni e opstina vo blizina na PP i sega 40% se Albanci, koga na nea i ja pripoija albanska opstina. Isto e i so veleskata opstina Caska, ja pripoija so sela albanski i ima okolu 40% albanci so tendencija da bidat mnozinstvo, (koi porano pripagaa na Veles i taka celosno neutralizirani bea). Krusevo naskoro ke bide dvojazicno, so 20% albanci. I taka e toa. |
|||
tane komita |
Во право си - сакаат да ја поделат Македонија, арно ама како што рекол народот: „Гладна кокошка просо сонува“, нивното е завршено и сега сами себеси си скокаат в грло. Сите ги прочитаа. Гледаш и сам кој е повикан од амбасадорите на „пеглање“. Предлогот од Љубчо беше добар ама премногу „скап“ - после чистењето на териториите (после размената на населението), ќе мораше да се изгради „берлински зид“ (од еден крај до друг), или како сега ќе се гради спрема Мексико. Се сложувам со предлогот на Љубчо да се направи посебно извештај за неправилностите на изборите по етнички заедници и да се види кој е дојден од шума. |
|||
трендафил | Останува впечатокот дека сите во Македонија сме Македонци кога треба нешто да се загуби, а Албанци постојат кога нешто треба да се добие. Иначе мислам дека загриженоста на странците е поради тоа што Република Македонија не превзема ништо за да се спречат инцидентите на нејзината територија. Доколку полицијата не е способна да се грижи за безбедноста во државата, која нели сега е скоро идеална по 4 години власт на ДУИ и СДСМ, наместо амбасадорите не требаше ли можеби Претседателот на Македонија да ги повика лидерите на албанските партии. Па неговите гласачи се тепаат меѓу себе. (Во Липково на пример за него гласаа 98% од гласачите со одзив од 100%.) Во секој случај уште еднаш се гледа дека власта нема желба изборите да бидат регуларни, туку тоа е само желба на странците. Иначе има доволно полицајци од албанската етничка заедница што можат доколку сакаат да го спречат насилството. Но според филмуваните материјали што ги прикажа ДПА на прес конференција, полицијата изгледа ги подржува насилниците од ДУИ. Дејан, што се однесува до северните велешки општини, таму Македонците се во мнозинство. Но со просечна старост од над 60 години. Албанци има три пати помалку, но со просечна старост од под 20 години. За кого работи времето, кога државата не работи ништо за да делува на праведен наталитет, односно пропорционален на застапеноста на секоја заедница во духот на Рамковната спогодба? |
|||
tane komita | Не може Претседателот бидејќи е македонец. Одма ќе кренат глава и ќе речат дека е на етничка основа. Најдобро е тие што ги „донесоа“, тие сами да видат што донесоа, сами ѓубрето да си го чистат. Доста беше повикот само по македонците, секогаш бевме дежурни кривци! |