Katastrofalno: Matnite raboti na SDSM- Latas

Katastrofalno: Matnite raboti na SDSM- Latas
Makedon
 
Latas bese del of "fabrikata" SDSM do 1999 godina i znae mnogu raboti za ovaa partija, pa pisuva:

Прашањата до милионерот Бучковски (асоцијацијата е на емисијата, скраја да е, никако на неговата имотна состојба) се:

-Дали имал разузнавачка соработка со военото разузнавање на Сојузна Република Југославија во 1999, 2000 и 2001 година. Дали таа ја остварувал непосредно, преку Белград, а и посредно преку Амбасадата во Скопје, и тогашниот југословенски амбасадор Зоран Јанаќковиќ. Дали ургирал кај Основниот суд Скопје, по палењето на американската амбасада во 1999 година. Дали ургенцијата била да се заташкаат сомневањата и пријавите за девет лица, кои учествувале во палењето на Амбасадата, од кои седум се активисти на СДСМ, а двајца на неговиот колационен партнер партијата на Иван Стојиљковиќ, и тоа сите од Скопје. Дали потоа случајот е навистина - заташкан.

Дали е негова лична одлука, или сугестија на југословенските служби, Бучковски кон крајот на мај 1999 година, на состанок со Црвенковски на кој присуствував и јас, да инсистира за свикување голем анти-НАТО митинг, со образложение дека расположението на јавноста оди на таа страна, а плус би било големо враќање на СДСМ по загубените избори. Дали, потоа, таков митинг е одржан?!

Дали Бучковски го знае Дарко Ашанин, извршител и ликвидатор на српската државна безбедност, пријател со Аркан, а потоа организатор на неговата егзекуција. Ако се сретнале, дали тоа било во 1999 година, со посредство на неговит шеф на градската организација на СДСМ, Љупчо Палевски-Упа. &"56256;&"56452; Дали му е познато, и кој го запознал со документите, на Сојузната ДБК, според кои Фазли Велиу (чичко на Али Ахмети) во осумдесеттите соработувал со ДБК, и од нивни пари снимил пропаганден филм против Македонија, за да му обезбедат авторитет меѓу албанските емигранти.

Дали [color=red][size=18]како министер за одбрана во 2001 година имал цело време лични контакти и соработка со команданти на ОВК, особено од Тетовско. Дали соработувал со нив за местење на полицијата, и Љубе Бошковски во Требош? Дали потоа вршел притисок врз МВР, и Горан Митевски, да ги ослободи уапсените. Дали поради тоа Борис Трајковски не го повика на состанокот на Советот за безбедност, свикан по полноќ. Дали Бучковски ноќта, во 1 часот, ме повика со предлог да посредувам, и да побарам од Борис Трајковски да биде повикан и тој. Дали потоа, по моето јавување кај Трајковски, околу 2 часот по полноќ беше повикан од тогашниот претседател. Дали им објаснил што соработувал со тетовската ОВК. [/size] [/color]


Дали Бучковски, како министер за одбрана преку Југословенската армија купил 1.000 безвредни менувачи за тенкови, иако сме имале само 90 тенкови, што е видно малку за 1.000 редуктори. Дали со некого тој, или од него пратен близок соработник, побарал од српскиот Генералштаб да имаат на ум дека им го чисти ѓубрето и дека тоа има своја цена.


Дали го познава Миле Драгиќ, сопственик на фабрика за воена опрема, кој во Србија беше притворен и обвинет за поткуп на нивниот министер за одбрана и офицери на Генералштабот. Дали среде војната во 2001 од Драгиќ, без тендер и мислење од македонскиот Генералштаб, а по препорака на српската воена служба, набавил над 2.500 панцири со цена од 2.600 германски марки по парче, иако истите југословенската војска ги плаќаше по 1.600 марки. Дали неодамна, кога Миле Драгиќ бил во притвор, преку еден од своите први соработници се интересирал кај неговите адвокати - дали е спомнат во изјавите пред полицијата.



Дали имал средби со шефови на српската тајна полиција, БИА, за време на Владата на Ѓинѓиќ, и ако имал дали биле организирани од Беба Поповиќ, и што притоа разговарал и договарал.
Дали, преку пратеникот Иван Стојиљковиќ, барал било каква јавна средба со Коштуница сега пред избори, затоа што тоа му требало за кампањата? Дали средбата му е ветена, па потоа откажана поради неговата изјава околу Косово.

Дали Бучковски лани ги пратил кај грчките власти потпретседателот на Владата Муса Џафери и Агрон Буџаку да преговараат околу името, и патем да понудат концесии на грчка фирма за скопскиот Аеродром. Дали средбата е договарана со посредник, Грк од Егејска Македонија, кој, меѓу другото, се занимава со трговија со шеќер.
Дали Бучковски има конфликт со претседателот Црвенковски околу небалансирани односи со соседите, вклучително и со Србија и Косово? Дали пораките до мене со моето српско презиме, а божем до Груевски, се навистина пораки до Црвенковски, и закана поради неговите, наводни, српски наклоности.
Дали на наредните избори, ако останете на чело на СДСМ, имате намера да се кандидирате за претседател, на местото на Црвенковски.

По одговорите, следат други прашања, но и документи.

Izvor: Vecer, 6/28/2006 Бр. 13232
http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=29626
Makedon LATAS како министер за одбрана во 2001 година имал цело време лични контакти и соработка со команданти на ОВК, особено од Тетовско. Дали соработувал со нив за местење на полицијата, и Љубе Бошковски во Требош? Дали потоа вршел притисок врз МВР, и Горан Митевски, да ги ослободи уапсените. Дали поради тоа Борис Трајковски не го повика на состанокот на Советот за безбедност, свикан по полноќ. Дали Бучковски ноќта, во 1 часот, ме повика со предлог да посредувам, и да побарам од Борис Трајковски да биде повикан и тој. Дали потоа, по моето јавување кај Трајковски, околу 2 часот по полноќ беше повикан од тогашниот претседател. Дали им објаснил што соработувал со тетовската ОВК.

Lele majka, sramota ako e vistina deka SDSM sorabotuvale so UCK. Pa posle go vratile mirot tie. cccc
трендафил Ако е во право Бачев во денешното продолжение во „Шпиц“ (бесплатниот дневен весник што за жал го нема на интернет) посветено на Хари Костов, врз Горан Митевски не морал да се врши притисок. Затоа што (според Бачев) тој работи за разузнувањето на СДСМ. Имаче покрај познатите работи во врска со фабрикуваните обвиненија кои по наредба на Црвенковски ги правеше Хари Костов (Раштански Лозја, Љуботен...) и и нанесоа срам на Македонија, најинтересн ми е еден детал. Кога Хари Костов беше на информативен разговор под сомнение за малверзации во Комерцијална Банка, правото на телефонски разговор не го исползувал да се јави дома или на адвокат, туку се јавил на своето второ работно место, во одделот на ЦИА за Македонија. Подоцна од таму се јавила извесна Карен и по таа интервенција од „пријателска“ служба, Костов е ослободен.


macswiss
quote:

Lele majka, sramota ako e vistina deka SDSM sorabotuvale so UCK. Pa posle go vratile mirot tie. cccc


Moj lichen stav e deka sigurno beshe taka...
трендафил
quote:
Originally posted by macswiss

quote:

Lele majka, sramota ako e vistina deka SDSM sorabotuvale so UCK. Pa posle go vratile mirot tie. cccc


Moj lichen stav e deka sigurno beshe taka...
Уште им трае соработката.


joci Најголемото разочарување на македонската новинарска сцена е абсолутниот губитник после секои иѕбори(и во однос на симпатии и во однос на прогноѕи)- грешката во чекори и ужасно антипатичниот Латас.
Недоквакан политичар, што како срамежлива проститука се крие зад статусот новинар не сфаќајќи дека неговиот промискуитет на мнозинството им е познат.
И сега после толку одвратни лаги и идиотизми кои што ја навредуваат интелигенцијата треба да му веруваме во она што го вели?
За жал и да е вистина сето тоа(а веројатно во голем дел е), токму затоа што некој несериозен новинар како Латас го објавува, ќе остане незабележано или пак ќе пројде неказнето(повторно за жал).

concrete Pa joci ....toa e i semata...da ostane nezabelezano i nekazneto (po jubileen n-ti pat :):)!!!......)..,a jas sum ti ljubitel na "definitivni" kazni posle koi nema zalbi nitu pismanjenje, koga vo igra doagaat drugi igraci ...,a poznato e deka takvite promeni sekogas bile osvezuvanje....
asalvari
quote:
Originally posted by joci

Најголемото разочарување на македонската новинарска сцена е абсолутниот губитник после секои иѕбори(и во однос на симпатии и во однос на прогноѕи)- грешката во чекори и ужасно антипатичниот Латас.
Недоквакан политичар, што како срамежлива проститука се крие зад статусот новинар не сфаќајќи дека неговиот промискуитет на мнозинството им е познат.
И сега после толку одвратни лаги и идиотизми кои што ја навредуваат интелигенцијата треба да му веруваме во она што го вели?
За жал и да е вистина сето тоа(а веројатно во голем дел е), токму затоа што некој несериозен новинар како Латас го објавува, ќе остане незабележано или пак ќе пројде неказнето(повторно за жал).




jasno ie deka ne go mirisis latas (neither I do) ama ne mozes da go obvinis latas teka on e kriv zasto bucko nema da zavrsi vo zatvor.
tane komita
Joci, во право си!

Да не те повторувам, би го додал следното: Латас и како новинар и како човек падна многу ниско - мизерен стана.

Некои работи како новинар не треба да ги кажува и кога е пред суд и под заклетва, а како човек, ако бил соучесник, тогаш и тој треба да одговара за стореното или мисли дека може да биде „заштитен сведок“ ако признае или бил кукавица да признае.

А сигурно ништо не работи ако нема корист од тоа!?

А за кого работел Латас!!!???