Negator |
Михаил Герџиков, "Спомени":
quote: | 4. Г. Делчев во обиколка во Одринско. – Мешање од врховистите. – Првиот револт. Одрински конгрес. – Конгресот го раслределува Одринско на револуц. движење во Одринско, агитира и врши организирање по селата. - Расположението на бугарското население. Остер конфликт со еден бугарски чорбаџија. - Г. во Одрин.
Тогаш се одржа конгресот - првиот „конгрес на Одринскиот вилает" во Пловдив, во нашата куќа.
Револуционерното движење во Одринско во онаа форма, во каква се пројави во Македонија, датира од подоцна, од околу 1899 година. Тогаш имено Делчев, Лазар Маџаров и Стојан Лазов (Димитров), направија една обиколка низ Лозенградско. Пред тоа Делчев, заедно со Антон Бозуков, оделе со чета во Македонија, со специјална мисија да најдат пари. Но Боздаг Бозуков се скарал со Делчева - и се разделиле, па Делчев, откако се врати без да може да стори нешто, замина во Одрин и Лозенградско. Во таа обиколка, што траела кусо време, еден месец, Делчсв набрзина го обиколил Лозенградскиот санџак. По селата оделе преоблечени како селани, само со револвери, да вршат агитација. Воопшто таму агитацијата до 1902 год. била водена од одделни лица, преоблечени како тамошни жители, а не од чети, како во Македонија. Така патувале и Делчев и двајцата негови другари. Со Лазов Делчев се скарал во Бунар-Хисар, а виновен бил Лазов, шго си допуштал да му нагрубува на Делчев, пред населението го наречувал глупак и сл.. Лазов е одринчанец од Лозенград. Му потфрлувал на Делчева дека тие и самите можат да си ја вршат работата без Македонци и сл.. Сепак Делчев успеал да подготви некои агитатори по одделни каази, но се врати разочаран. Меѓу тие агитатори се појавила неслога - некој не пропуштал друг по канал во својот реон и сл..
Во таква критична положба Одринско беше до 1902 год.
Мегутоа Ах'рчлебискиот крај беше поставен на посебен испит. Тогаш прашањето, кој да раководи кога ќе се обединат комитетите, дали од Софија, - од врховистите, или од Солун, по предлог на Ѓорче било решено така што да се направи испит така што еден реон да му се предостави на располагање на Софискиот врховен комитет, за да се види како ќе го управуваат. За тој обид го определиле Ах'рчелебиско. Таму Сарафов го поставил еден свој роднина за раководител, В'лчо Сарафов, кој наскоро по 2-3 месеци беше убиен од своите другари, таму на границата. Тој ги праќал парите што ги собирал од внатре, во Софија, до Комитетот на Сарафов, арно ама мнозина не знаеле дека така е договорено меѓу двата комитета, па сметале дека се работи можеби за кражба и го убиваат.
На негово место беше назначен В'лчо Антонов, од Стара Загора (социјалдемократ, интелигентно момче, млад, 23-24 годишен човек). Тој се зафати со работата во Ах'рчелебиско по заповед на Сарафов. Тој беше член од женевската група, која имаше свои подгрупи во Бугарија - еднаш и во Ст. Загора. Отпрвин тој си помислил дека треба да се воведе ред во работата, да се потстегнат дејците, та многу наскоро и неоправдано прибегнал до терор. Павел Генадиев беше претставник на Комитетот на Сарафов во Ах'рчелебиско и Рупчоско. Генадиев дејствуваше во Пловдив. В'лчо Антонов комуницираше со Генадиев. Шапарданов беше учител во Скеча. Тој и уште двајца негови другари, како раководители во своите реони, сакале самите да им ги однесат парите во Софија на претставниците на внарешната организација, па ако тие им речат да ги предадат во Врховниот комитет, и ќе ги дадат, инаку сметал со парите сами да си набават оружје. Немаа доверба во Антонова. Тие дојдоа во Софија, и ги предадоа парите на претставништвото на внатрешната организација. Туку В. Антонов Врховниот комитет останале навредени од тоа, и таа постапка ја оцениле како акт на непослушност и предавство. Поради тоа во согласност со В.К. (?) В'лчо Антонов со својот четник Дедо Патр, негов прочуен терорист, отидува во Скеча, го повикуваат Шапарданова (учител) и неговите другари (трговци), со измама во планината, и ги убиваат, божем според пресуда.
При една ваква положба во Одринско се наложуваше да се свика едно собрание, за да се размисли, какви мерки да се преземат за да се зајакне Организацијата во Одринско. Ова собрание, наречено конгрес, се одржа во Пловдив. Главната иницијатива за конгресот дојде од ЦК, од Делчева, бидејќи одринчани сакаат да комуницираат само со Делчева. Двајцата претставници на ЦК, Стефанов и Т. Делинванов, дојдоа да заседаваат користејќи го своето право. Како делегати на ЦК бевме јас и Делчев. Како дејци агитатори од Одринско на конгресот беа Георги Кондолов (војвода) родум од с. Велика, Малотрновско, дрводелец во Бургас, 50 год. човек, тој одеше со мали чети низ Одринско (беше потем во време на востанието убиен); Караманџуков, како агитатор во Одринско; Тодор Шишманов (што после се предаде и стана секретар на Хилми паша); Нунков (од Стара Загора, убиен потем во Кумановско). На тој конгрес имаше се на се околу 15 мина. Го поканивме да дојде и В'лчо Антонов, како раководител во Ах'рчелебиско, но тој не дојде, извинувајќи се дека бил ранет (беше лесно ранет во раката). Присуствуваше и Л. Маџаров, (родум од Солун, син на архиерејскиот намесник Маџаров во Солун).
На тој конгрес повеќе се занимававме со разидувањата, па дојде до пречкање, и дури до вадење на ками. Се занимававме со положбата во Одринско во организационен однос. Се занимававме и со прашањето за вооружување. Јас одржав реферат за начинот како треба да се води агитацијата; Делчев - како да се организира Одринско. Само тие два реферата се одржаа. Одринско беше разделено на оддедни реони, и беа назначени агитатори за одделни реони. Реоните беа: Малкотрновски, Бунархисарски, Лозенградски, Чокенски (Одринска кааза) Мустафа-пашенски, Ах`рчелебиски, Дедеагачки, Скечански, Узунќуприски. Некои од старите месни раководители беа потврдени, а се избраа и нови други. Месните раководители побараа ЦК да делегира еден главен инспектор за целата одринска организација. Тоа им беше ветено. Сите се разотидоа, откако беше ветена помош во луѓе од ЦК, а за оружје Одринско ќе собира пари, што ќе ги внесува во ЦК, а ЦК ќе се грижи да набавува средства, главно оружје.
Тогаш се забележа кај одринчани извесен дух на сепаратизам, што го обвинуваа ЦК, дека многу малу се грижел за Одринско, а сето внимание го обрнуваал на Македонија. Се обвинуваа и окружните раководители во Одрин, како луѓе без иницијатива што не се помрднуваат од градот да направат обиколка во реоните. По еден месеи од ЦК добив известување со кое ми се јавуваше јас во својство на член на подвижниот ЦК (Делчев, јас и уште еден - двајца), да заминам во одринскиот вилает, и да се движам таму вршејќи ревизорска работа. Ми дадоа право на иницијатива, и да можам да дејствувам во потполност соодветно со условите.
Заминав во 1902 год. во месец јуни-јули. Влегов прво во Малко-трновската околисија, со чета од 10 мина. Таа чета се формира во Бургас, од тамошни луѓе, малкотрновчани и лозенградчани, луѓе што веќе биле внатре. Го зедов со себеси еден свој другар од детство, пловдивчанецот Димитар Општински, студент по право во Лозана, а сите други беа одринчани... |
http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spommg04.htm
Ах`рчелебискo (denes delovi od Oblast Smoljan vo Bugarija i Prefektura Drama vo Grcija):
Лозенградско (denes vo Provincija K'rklareli, Turcija):
Одринско (denes vo Provincija Edirne, Turcija):
Рупчоско (reonot na selo Hvojna, sredni Rodopi, Oblast Smoljan, Bugarija):
Скечанскo (denes vo Prefektura Xanti, Grcija):
Малкотрновскo (reonot na gradot Malko T'rnovo vo Oblast Burgas, Bugarija, denes delumno i vo Provincija K'rklareli, Turcija):
Мустафа-пашенскo (reonot na denesniot grad Svilengrad, Oblast Haskovo, Bugarija):
Дедеагачкo (denes grad Alexandrupoli, vo Prefektura Evros, Grcija):
|
Negator |
Ilindenskoto vostanie vo Odrinsko:
quote: | VI. Марш кон Василико. Герџиков со чега од 80 мина ги напаѓа касарните во Василико. Турските војници бегаат. Однесувањето на селаните востаници. - Храбриот комита, Русинот Николај. - Турските војници бегаат. - Акцијата во Инијада успешна. Заробени турски заробеници. Грчка делегација од Василико кај Герџиков. - Г. испраќа свој заменик, свечено пречекан во Василико. Силјанов фаќа тројца турски функционери. - Ранетите и заробениците се испраќаат во Бугарија.
Од Инијада тогаш осветлуваа со толку силни рефлектори, што не осветлуваа во шумата, каде бевме, така што се гледавме низ шумата, иако до Инијада имаше 50-60 км. Ние не можевме да ја видиме Инијада, и претпоставувавме дека оваа светлина е од електрични рефлектори од турски воени бродови. Не знаевме дека таму дошле руски воени бродови. Дури руски офицери, слезени за да одат на лов на сушата, сретнале едно одделение труски војници, што овие ги помислиле дека се наши комити. Во таа престрелка паднале неколку турски војници, а нивниот офицер, бегајќи се наврел на наши луѓе, што го убиваат, и му ја донесоа облеката и дури една карта, што ја нашле кај него. Зедов дел од момчињата на П. Ангелов, зедов и од секцијата на Шиваров, пак неколку момчиња селани, исто и од цихнихорскиот реон, и на таков начин се формира една чета од 80 мина. Со сите нив на З-ти август изутрината на разденување се најдовме на „Китката", врв над Василико. Ниеден од нас немаше одено во Василико; знаевме дека има две маала, турско и грчко, а не знаевме колку војска има таму. Меѓутоа, на врвот на Китката, (на еден час пат до градот) наидовме на ќумурџии Македонци, што секој ден одеа во градот да носат ќумур, од каде со чунови се препраќа во Цариград. Веднаш ги уапсивме сите, но се покажа дека сите тие се членови на Организацијата во Битола, кои уплатувале и членски влогови во битолската организација. Старите сосе коњите ги испративме во Бугарија а младите ги задржавме. Оние што не можевме да ги снабдиме со пушки, останаа да дејствуваат со секири, да ги пресечат телеграфските жици, бандерите и сл.. На еден од нив, што се чинеше најпредан и најразбран, можевме да му се довериме да отиде во Василико, да ги прегледа касарните и одделните установи и со тоа ни даде ориентација. И ние со бинокол можевме да ги распознаеме улиците, па самиот јас направив една скица на улиците. Се снабдивме со неколку тенеќии газија, пак од градот, - со помош на истиот Македонец, да ни послужи за запалување на турското маало. Малу северозападно од Василико се наоѓа турско село Потурнаково. Бидејќи овие Турци порано вршеле ѕверства, требаше да се стори нешто за да ги подисплашиме, за да не ни се спротивставуваат. За ова го одредив Георги Костандиев и му дадов бомби и неколку момчиња. Бидејќи истата ноќ требаше на неколку места во околноста истовремено да се извршат акции, бидејќи се наоѓаат во близина, па можат да се слушнат пукотниците, и бидејќи во Василико имаше доста војска, испратив курири во околните места, со порака додека не ги слушнат бомбите од градот и експлозијата во Инијада, ништо да не преземаат.
На 5. спроти 6. во еден и половина часот тргнавме од врвот кон Василико. Уште пред тоа момчињата ги распоредив во градот да дејствуваат вака: Силјанов со 20 мина требаше да го нападне домот на управата, каде имаше едно одделение вооружени стражари.Друго слично одделение требаше да го опколиса турското маало, а трето одделение со 5-6 мина требаше да го заземе патот меѓу Старо и Ново Василико (Старо Василико е турско маало, а Ново Василико - грчко). Тие се оддалечени едно од друго 3-4 минути пат. Сите други, што беа без оружје, ги испратив, веднаш штом ќе ги слушнат првите пукотници, да ги уништат телеграфските врски. Јас со околу 40 мина - со мене беа Иван Варналиев, и Карчо - требаше да ја опколисаме касарната и да ја нападнеме. Претпоставувавме дека во тоа време сите ќе спијат. Меѓу овие четириесет мина имаше само 15 комити, а другите беа селани од околноста. Во последен момент случајно узнавме дека во градот имало не една, туку две касарни, и дека во едната имало околу 500 мина, а во другата до 300 мина. Туку враќање немаше: ова ни го кажа еден овчар што не виде: тој беше Бугарин, член на Организацијата. Зедов да го распрашам настрана, му реков да не кажува ништо, а ништо не им реков ни на момчињата, туку одделив околу 25 мина и ги испратив за другата касарна.
Сите сосем лесно без да не сетат се доближивме до целта. Јас им кажав за времето на нападот на сите - по 10 минути, откако ќе влеземе во градот, секој да се најде на своето место, и да го исчекува сигналот, првата бомба. Секој од нас имаше по 2-3 бомби, тркалезни, со фитил. Уште пред да тргнеме, меѓу момчињата имало препирање кој да ја фрли првата бомба. За да не се скараат, решивме да ја фрли еден Русин, Николај, што беше попаднал во нашата чета. Јас го бев нашол во Бургас, еден талкач, дојден од Русија со брод. Тој се покажа како прекрасен човек. Се доближивме на 10 чекори до големата касарна, и сите се наредивме зад еден ѕид. Беше договорено најпрвин да се фрли бомбата, и сите да се втурнеме со бајонети внатре во касарната и да ги убиваме, за да не им допуштиме време да се доберат до оружјето. Крај вратата од касарната забележав еден стражар, што се рашетуваше пред вратата, и уште двајца на ширинката пред касарната, а на десетина чекори други двајца што си прикажуваа. Му бев рекол на трубачот (порано бил штапски трубач во Бургас), штом избувне бомбата, да засвири за напад. Николај ја фрли бомбата со запален фитил. Уште пред да влезе во градот тој запали еден долг фитил, што го криеше запален во ракавот, за да биде сигурен, и да не се искажеме и откриеме со светлината. Откако направи неколку чекори напред, и окара на руски, ја фрли бомбата. Кога експлодира бомбата, еден од оние двајца стражари свика: басталар бизe (се предаваме), а војникот близу до кој падна бомбата, истенка - беше убиен. Трубачот засвире напад, ние сите свикавме ура, и се втурнавме во касарната. Селаните ги бев поделил на два дела, - едниот да биде во резерва и да залегне, а другите со нас со бајонети да се втурнат во касарната. Туку во решавачкиот миг меѓу селаните дојде до толкава бркотница, што се испобркаа. Ние се втурнаеме кон касарната, а селаните, што требаше да трчаат со нас, залегнати заедно со резервата и од уплав, или господ знае од што, почнале да пукаат накај касарната. Јас, Варналиев, Карчо, козакот Николај и уште само двајца-тројца се втурнавме накај касарната, а сите други залегнаа и пукаат, и нас ќе не испотепаат. Николај истенка - го беа раниле во раката нашите селани. Кога го видов ова, се вратив назад заедно со другарите и им заповедав да одат по нас, а не туку така да пукаат. Пак тргнавме напред, и тие пак залегнаа и пак пукаат, па го ранија Варналиев во петици. Пак се вратив, го извадив револверот, и им реков дека ќе го убијам оној од нив што ќе пука. Им реков, ако не сакаат да одат во напад, барем да си ги подготват бомбите, и така ние пак тргнавме напред, а еден селанец си помислил, очевидно, дека сум им рекол да фрлаат бомби. Осетив дека нешто силно ме тресна во ногата, тоа беше бомба, што за среќа не експлодира, затоа што во својот уплав неговата милост или заборавил да го запали фитилот, или мошне лошо го запалил. Кога се свртев, видов дека нашите селани се повлекле назад. Зад нас беше морето, а пред нас касарната, и благодарејќи на морето, тие не нe оставија сосем, туку се повлекле до брегот за да се прикриваат таму, очевидно. Тогаш Варналиев рече да ги витосаме селаните, и да се обидеме низ прозорците сами да се втурнеме и да фрлиме бомби. Но во тоа време козакот, иако ранет, викаше „напред, напред, ќе се втурнеме", и беше почнал да ги крши вратите од касарната. Се вративме пак кај влезот во касарната. Во тоа време откај морето слушнавме пукотници накај нас: турските војници успеале да побегнат низ некои други врати на касарната накај морето, таму навлегнале во чунови. и оттаму почнале да пукаат врз нас. Тогаш јас им реков на селаните да пукаат барем накај чуновите, и тие почнаа да пукаат, накај морето. После видовме дека касарната е празна, дека турските војници побегнале, очевидно по куќите. Другото одделение кај втората касарна нашле само 5-6 мина, што ги потепале, а другите војници биле отидени за вооружена придружба на поштата и сл.. Нашите дојдоа кај мене. Тогаш пламна турскиот дел на градот. Само одделението на Силјанов имало да се бори со неколцина стражари и двајца офицери. Во тој миг слушнавме експлозија во Инијада, што е на 2-3 часа оддалеченост јужно од Василико, точно во 3 часот. И во Потурнаково во 3 часот избувнаа неколку бомби и пламна селото. Руските бродови беа таму, кај Инијада. П. Ангелов ја беше урнал кулата светилка во Инијада. Тогаш почнале да светкаат рефлекторите. П. Ангелов запалил еден дел од с. Инијада, што е чисто турско село. Во Василико во акција бевме не повеќе од 1 час, и веќе беше почнало да се зазорува, кога решивме да се повлечеме на зборното место, што си го бевме одредиле од порано. Трубачот засвире повлекување. Се вративме пак во истата планина, но на еден друг рид. Кога излегувавме од градот, не го забележав Силјанова и неговото одделение, слушав пукотници па го испратив Варналиев со неколку комити да му пријде на помош, да види што се случува и да се повлече, ако завршил со акцијата. Овој го пресретнал кога веќе овој бил на пат накај нас, откако ја извршил својата задача.
Кога горе се собравме сите, видовме дека нема двајца - тројца од нашите селани, за еден од нив знаевме дека е убиен. Имаше и 3-4 мина ранети. Ги преврзавме ранетите, и тројца од нив, што беа потешко ранети, ги испративме во Бугарија. Меѓу нив, што беа потешко ранети, ги испративме во Бугарија. Меѓу нив беше и Николај, кој беше тешко погоден во десната рака, па потем во Бургас му ја пресекоа. И наспроти тоа што беше толку тешко ранет, тој се бореше со револвер во левата рака. Силјанов беше довел тројца заробеници кои долго време се спротивставувале, не сакале да се предадат. Едниот беше началникот на пристаништето, воено лице, вториот беше началникот на царинарницата, а третиот началникот на поштата. Тројцата веднаш ни се оплакаа дека по пат биле претресени од комитите, и дека им ги зеле парите и часовниците. Тие одамна немале добиено пари, и штотуку недамна им биле исплатени платите и сл.. Јас ги пронајдов парите и часовниците, и им ги вратив. Началникот на пристаништето зборуваше француски, беше интелигентен. Ги распрашав што повеќе би сакале: да ги пуштиме, или да ги испратиме во Бугарија. Тие сфатиле дека востанието е општо бидејќи видоа дека помеѓу нашите има и селани што ги гледале во Василеко. Тие се плашеа дека ако ги пуштиме може да ги сретнат други ида ги потепаат. Затоа изјавија дека претпочитаат да ги испратиме во Бугарија. Така и сторивме - заедно со ранетите, разоружени ги испративме во Бугарија. Само на офицерот му ја зедовме сабјата. Ги испративме во Бургас.
Веднаш испратив курири по другите места, за да ме известат што направиле во тој реон, а ние си отпочинувавме. Икономов ја беше извршил својата акција не во Урумбегли, туку во Инџеќој. Утредента испратив едно мало одделение во Василико да видат дали има таму војска, да не доаѓа некакво засилување. По некое време тие се вратија со тројца граѓани Грци, како делегати од името на целиот град, Тие посакале да се сретнат со началникот на одредот, со мене. Ги рзспрашав и тие ми соопштија дека еден дел од турската војска избегал уште во текот на ноќта, а другиот дел од војската збришале од градот изутрината, а заедно со нив избегало и турското население, како и турското население од Потурнаково. Градот бил исчистен од Турците, па не канеа да влеземе во градот, каде ќе не пречекале со радост, за да им поставиме нивна управа, бидејќи останале без никаква власт. Им реков дека ќе биде испратено во градот едно одделение, а пак што се однесува за власта, нека си средат самите каква што си сакаат управа. Не прашаа какво знаме да издигнат („каква бандера да вдигним?"), а јас им одговорив дека нам ни е сосем сеедно - нека си креваат знаме какво си сакаат. Им реков дека нема да им наложиме реквизиција, но ќе бараме да ни даваат храна (брашно, сирење, кошови грозје и сл.). Тие изнесоа доста работи. Едно одделение замина кај нив со заповед да не останува таму на ноќевање. Веднаш дојдоа да ни се оплачат дека се појавиле пирати. Шиваров беше заминал таму. Тие го пречекале со биење камбани, со литании, со попови, дотерале и млади девојчиња. Ги поканиле на ручек, - одделно Шиваров, но тој не сакал да се дели од момчињата. Ги служеле убави жени и сл. Ги поканиле да останат на ноќевање, но јас строго им го бев забранил тоа. Им подготвиле различни подароци, часовници и одлично, но нашите одбиле да ги примат. Граѓаните си избрале една градска комисија. Шиваров им рекол дека ја смета таа комисија за одговорна за секое и најмало самоволие, што би го направила. Заповедал да ги изгорат сите даночни книги, сите официјални копии, да ги ослободат уапсените. Тоа беше извршено. |
http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spommg07.htm
Gradot Vasiliko, denes Carevo, Oblast Burgas, Bugarija:
quote: | VII. Преземените востанички акции успешно извршени во целата област. - Смртта на војводата Кондолов. - Привремено затишје. - Проглас до грчкото население во Одринско. - Нерешителност за акција од другарите од главното борбено тело. - Герџиков принуден за сe да решава и да распоредува самиот. - Турската војска почнува да дејствува офанзивно. - Паника меѓу бугарското население, масовно бегство кон бугарската граница. - Герџиков се труди да ги задржи Турците, додека се повлечат бегалците. - Логор на бегалци кај с. Аланкајрјак. – Шангов пристигнува со чета доброволци. - Жилен крај на востанието.
Добив известување дека преземените акции насекаде во таа област дале одличен резултат. Затоа решив да заминам накај Малко Трново. Тоа ме окуражи, па сакав да ги повикам другарите да се собереме и да го нападнеме градот Малко Трново. Три-четири ноќи едноподруго слушавме пукотници по границата, - значи нашите ги извршуваа своите задачи. Беа изгорени околу 16 турски караули. Турски војници талкаа по еден-двајца низ шумите, избегани од караулите, и тие или беа дотепувани, или заробувани, ние ги испративме едни во Малко Трново, а други во Бугарија. Некои турски војници што беа ранети ги испративме во Малко Трново.
Кога тргнав накај М. Трново испратив курири до Маџаров и Икономов. Тие ми одговорија дека се зафатени со месните работи, и неможат да дојдат да се сретнеме. Пред првиот ден на акциите, оној што требаше да раководи со движењето во реонот на С. Велика, Кондолов, беше убиен од Турците. Бил тешко ранет во стомакот. Се мачел неколку часа, ги молел другарите да го докрајчат, и тие фрлале ждрепка кој да го стори тоа, и така еден од нив му пукал во главата. Оваа загуба мошне силно ја почувствувавме. Војската во Урумќој, каде дејствуваше Икономов, не избегала; селаните сe онака исто лошо се покажале и Маџаров исто така не сторил ништо особено. Веднаш му напишав на Икономов самиот тој да отиде во с. Велика, да назначи заменик на Кондолов. Од Василико заминав на 7-ми август вечерта.
Во текот на сето време на востанието моите другари Маџаров и Икономов избегнувале да земат врз себеси каква и да е непосредна одговорност. Не сакале да издаваат никакви непосредни заповеди и сите ги препраќале кај мене за упатства. Кога ја видов таа нерешителност (Маџаров си беше таков по темперамент, не милуваше да се расправа со множество луѓе, да даде решително мислење), ги презедов врз себеси сите одговорности, па давав совети и распоредувања, дури и на другари што беа далеку од мене и по два дена пат. Тоа многу пречеше на акцијата, и ми поставуваше сопки. Икономов постојано се извинуваше дека е нов во дејноста, и дека би било поинаку, кога би биле заедно. Тие беа претерано скромни, а јас не сакав да бидам во ролја на главен командант, но потем увидов дека не можам да не ја преземам врз себеси одговорноста, и така и несакајќи се наложував на сите. Поради тоа го витосав својот план за М. Трново и решив да појдам во обиколка по другите реони, за да видиме што се случува. Со мене беа неколцина другари - Силјанов и др., Карчо се разболе од пнеумонија, та го испратив во Бугарија. Податоците, што ги собирав отсекаде, лично или преку курири, покажуваа дека турските војски насекаде, од границата до подножјето на Странџа до пред Лозенград - ја напуштиле револуционерната територија, со исклучок на градот М. Трново.
Како му така почнавме и внатрешно да се средуваме. Туку јас многу добро предвидував, каков ќе биде крајот. Населението беше весело, по селата играа ора, приставуваа гозби. Немаше мое-твое: во шумите, пред и после конгресот имавме подготвени складови; сиот род беше сместен, во брашно и жита, во заеднички амбари, во заеднички складови. И добитокот беше станал заеднички имот. Бидејќи зедовме многу пушки од турски војници, а бевме внеле и уште кримки од Бугарија, ги раздадовме на населението, и почнавме да ги обучуваме оние што знаеја да ракуваат со оружје. Според мое мислење ние си го изгубивме времето со тие помалку значајни работи. По десетина дена по востанието издадовме проглас до Грците на грчки, во кој ние велевме дека не се бориме за обновување на бугарското царство, не се бориме да преземеме територија, туку само за човечки права, дека и тие и Турците имаат потреба од тоа, па затоа нека ни дадат поддршка во морален и материјален однос. Силјанов го напиша на грчки. Овој проглас го растуривме по грчките села. Само еден Грк дојде во четата, еден 45- годишен човек. Ни едно од момчињата Грци не се одѕва на апелот. Затоа Петар Ангелов, јадосан, на своја иницијатива беше наложил парична контрибуција на некои грчки села - на Ахтопол, Василико и др.. Во Ахтопол има државна соларница, тогаш таму имало до 200.000 кгр. сол. Нам ни требаше сол за селата. Затоа му јавив на Ангелов да ја урне државната соларница, да ја извадат солта и да ги пуштаат селаните што ќе доаѓаат со коли да ја разнесуваат солта по селата. Грците не сакаа да го направат тоа, но Ангелов го изврши тоа.
Во тоа време ние очекувавме да ни дојде помош од Бугарија. Даев ми беше напишал дека Ерменците не го одржале своето ветување за Одринското прашање, па не можел ништо да направи. Во меѓувреме во Варна се формирала една комисија од одринци, за да собира помош во луѓе и пари. Оваа комисија вооружила четириесетмина комити, повеќето одринчани, емигранти и неколцина Ерменци, на чело со Даев, ги праќа кај нас. Знаев дека ќе дојдат и ги исчекував нестрпливо, бидејќи сметав дека Турците ќе почнат да дејствуваат офанзивно.
По 15-20 дена од востанието, по ваквото затишје од турска страна, почаа до нас да доаѓаат соопштенија од крајните точки на револуционерната област,дека се извршила концентрација на турската војска. Не помина многу време, и јас истовремено од три различни места добив известувања дека турската војска настапува од Дереќој по лозенградскиот пат, каде дејствуваше Маџаров, и од Одрин, по линијата на границата, за да удрат врз нас и од крилата, а истовремено во Инијада дошло до турски десант.
Отсекаде ме прашуваа што да се прави. Одговарав да се укажува сопротива, колку што се може, но кога силата е преголема, да се пази населението од колеж. Штотуку ја добиле мојата заповед, тие не можеле да ја извршат заповедта, бидејќи населението, кога насетило дека доаѓаат Турците, во крајните области на револуционерната територија веднаш избегало во шумата. Паниката се пренесе врз сето население, и сите се втурнаа накај границата. Во тоа време пристигнува Даев со својата чета. Јас го повикав кај мене, и го испратив да отиде во првите редици, за да се испречи против турската војска, од западна страна. Месноста во сета малкотрновска околија, каде дејствувавме ние, е обрасната густо со шуми. Не можевме да се запреме на ниедно место за некое посериозно судрување; па исто така и за Турците не беше погодно местото. Беше погодно само за пусии. Не можевме да се гониме еден со друг низ шумата. Турците што настапуваа, првин од далеку ги бомбардираа со артилерија шумата и селото, а потем влегуваа. Кога настапи оваа бркотница, јас, Маџаров и Икономов бевме разделени, и не можевме веќе да бидеме во врска, бидејќи војската навлезе меѓу нас. Тоа се случуваше околу 25-26 август.
Таму кај што бев јас, едвај најдов една месност со два голи рида, и таму се окопавме, решени да поведеме борба. Бевме само 60-70 мина, сe само селани, а само 15-20 мина комити. А населението беше избегано по шумите. Бидејќи имаше некои излезени пред нас, се потрудив да отидат зад нас, па така полесно да побегнат по нашиот пораз. Таму три дена се држевме на позициите, туку Турците избегнуваа да стапаг во борба, не поминуваа со заобиколување. Најпосле решив некако да ги предизвикам. Испратив едно мало одделение на една не мошне значна тумба, со заповед, кога ќе забележат Турци, да отворат оган врз нив, а потем да се повлечат накај нас. И навистина стана така, и ги нападнаа турските војници. Овие исто така истрелаа неколку плотуни, се заврза мала меѓусебна стрелба, нашите имаа надмоќ. Јас зедов неколцина другари, и отидов како зајакнување. Но во тоа време Турците се повлекоа. Не поминаа ни два часа, веднаш почнаа да не засипуваат со оган, со артилерија од прикриено место. Ние се наоѓавме на главната позиција. Отпрвин селаните се исплашија од гранатите, но потем се окуражија. Гранатите паѓаа отпрвин зад нас, и пред нас. Се виде дека Турците не можеа да ја одредат далечината, и кога отпочнаа да пукаат, сите штрапнели паѓаа на едно 300 метри пред нас. Оваа пукотница продолжи до вечерта, а ниеден Турчин пешадинец не се појави. Беше очевидно дека во артилериска стрелба Турците беа аџамии.
Во текот на денот населението што се наоѓаше на 1 час оддалеченост од нас ги слуша топовските татнежи и во паничен страв, повеќето жени и деца, бегаат накај бугарската граница, а мнозина од нив беа кај нас, кај мене. Решивме ноќта да останеме на своите позиции, претпоставувајќи дека утредента војската ќе не нападне. Во текот на ноќта ги обиколив своите ноќни патроли, составени повеќето од селани и установив дека повеќето од нив ги нема, - избегале. Најдов еден во моментот кога сакаше да се извлече „Бај Герџиков, додека тука по селата беа децата и жените имаше за што да се биеме, но сега тие таму во Бугарија ќе питаат, а пак јас немам за што тука да се борам, не сакам да се борам за буките." Овој одговор ми остави силен впечаток. Го разоружав и го испокарав. Отидов кај другарите, ги разбудив, и им кажав како стои работата, па ги запрашав дали сакаат да останат да изведеме една битка. Тие рекоа дека сакаат, туку сепак искажаа желба првенствено да си ги обезбедат семејствата. Сепак и утредента ги чекавме Турците, но тие никако не се појавија, ниту со артилеријата, ниту со својата пешадија. Дојдоа курири и ни јавија дека населението од внатрешноста бега кон границата и по другите места, и дека можеби ќе биде догонето од аскерот и од Арнаутите. Тогаш јас ги отпуштив повеќето од половината од селаните, да ги стасаат своите домашни, а со комитите (15-16 мина) тргнав да ја подзапреме некако војската, додека другата група бегалци стаса до Бугарија. На одење натаму не пресретна еден друг курир, кој ни соопшти дека Даев со своите другари ги придружувал бегалците, и дека тие слободно ќе можеле да минат до граннцата. Ми кажаа дека имало уште бегалци од внатрешноста, што ќе поминеле накај границата. Во тоа време ми јавија дека војската, што доаѓаше по граничната линија, на секоја една од урнатите турски караули, до која ќе стасала, оставала под шатор и по 100 мина аскер, кои веднаш ја зафаќале границата и го чинеше отстапувањето невозможно. Тогаш веднаш го испратив овој курир да му јави на Даев да ни испрати 10-тина момчиња до една турска караула, што уште не беше заземена, па да отидам да ја заземам, за да имаме барем едно место, слободно за отстапување. Тоа успеав да го сторам. Тоа беше во почетокот на септември.
Множество од бегалците, известени од луѓе што ги испратив, поминаа по овој канал. Врвулица бегалци се влечкаа по овој канал околу 4-5 дена. Кога бегалците преминале, добив вест дека во Бугарија околу Аланкајрјак се насобрале околу 15-20.000 илјади бегалци, гладни, без покрив над главата, без храна, без ништо, без никој да се погрижи за нив. Тогаш одделив 10-на мина другари од четата да предберат и одведат во Бугарија еден цел турски кардак говеда, околу 100-тина грла, што беше во близина, и да го одведат накај Аланкајрјак за бегалците. Селаните, што беа со мене, исто така настојуваа да си одат во Бугарија. И јас увидов дека е глупаво да се спротивставувам понатаму, па сите ја поминавме границата, и се упативме накај Аланкајрјак. Ги сретнав и Маџаров и Икономов, што исто така беа преминале во Бугарија, тој ден и претходниот. Сите бегалци беа собрани на една голема ледина до с. Аланкајрјак.
7 април
Наша задача ни беше да им помагаме на бегалците, да им набавиме храна. Оние одграбени турски говеда се најдоа токму. Го повикав Крсто Б'лгаријата од Чокенско. Тој дојде со својата чета. Пристигна и Шангов од Софија со една чета од 40 мина, што ги собрал во Софија. Тој ми соопшти дека насобрал пушки, половината берданки, половината манлихерки, добил и пари, та формирал чета од секакви типови. Шангов дојде во логорот, кај бивакот во Аланкајрјак, и тој си крена еден чадор. Јас му реков дека тој не може тука да дејствува мимо Организацијата. Ги разоружив момчињата и нивното оружје им го дадов на своите луѓе, на селаните бегалци, бидејќи пушките што ние ги имавме беа кримки. Шангов се лутеше и затоа и сега не се мирисаме. Ги собрав во едно само поздравите момчиња, појуначните комити, оти сметав дека сега ќе дејствуваме со повеќе ризик. Од 5-600 вооружени луѓе на тој начин останаа само 100-тина мина. Со нив јас, Маџаров и Икономов се вративме внатре до самата граница. Решивме да испратиме две одделенија да ги тероризираат Арнаутите, што ги пљачкосуваат напуштените имоти. На чело на едно од одделенијата беше Варналиев, и Дико Џелепов- на другото со по 15-тина мина. Едно друго одделение испративме накај Блаца и Маџура, од каде населението не беше успеано да избега па уште се криеше во еден дол, за да му биде вооружена придружба и да го префрли преку граница, а веќе слушнавме дека Турците прават насилства. Ова одделение го водеа месни луѓе. Бидејќи имаше уште голем дел од населението, што не беше успеало да избега, а слушнавме дека војската го навтасала, испративме четврто одделение да ја пречека војската. Другите околу 30-40 мина комити ги поделивме на три чети, со по 10 мина, така што секој од нас требаше да нападне од три различни страни една турска караула, касарна, блиску до границата, што најмногу им пречеше на бегалците. Ја нападнавме, (во почетокот на септември) и ги држевме во опсада неколку часа Турцнте, дење; ги опколисавме, но тие успеаја да се приберат во рововите околу касарната, отворија оган и ние требаше да водиме со нив неколку часа престрелка. Планот ни беше да ги нападнеме ненадејно, туку тие од порано ја здогледале претходницата на Икономов, и така постигнавме само толку што тие разбраа дека во околноста уште сме присутни, па не се осмелуваа многу да излегуваат и да ги начекуваат бегалците, да обесчестуваат жени. Успеавме во потполност да го запазиме отворен овој канал за бегалците, обеспокувајќи ги Турците со своите герилски одделенија, така што бегалците успеаја да си приберат по нешто. Оваа караула беше јужно од Аланкајрјак, блиску до стражарницата Чифлик.
Потоа Турците станаа дефинитивно господари на положбата. Нашите бегалци, од една страна оние што беа близу до Аланкајрјак, заминуваа накај Бургаско, а пак други се упатуваа накај Алаѓун и Факијата. Јас со Силјанова и Икономова направив една обиколка, за да видиме на каков ал се бегалците. Ги затековме во страшни околности - спиеја по улиците, по црковните дворови, гладни, премачени. Ги наговаравме да се вратат назад во Турција, и ги уверувавме дека и ние ќе одиме со иив. Туку тие беа обземени од паничен страв, и не можеа да се решат на тоа. А околискиот началник од Бургас им ветуваше дека ќе бидат населени во Бургаско. Сево ова продолжува до крајот на септември. Тогаш се вративме, и јас отидов во Пловдив. За населување на бегалците беа назначени комисии од владата, под претседателство на окружни управници. Овие емигрантски комисии ги населија бегалците делумно во Варненско, - најмногу во Варненско, не помалу од 6-7.000 мина, а другите во Бургаско, Карнобатско и Ајтоско. |
http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spommg08.htm
Gradot Ahtopol, Oblast Burgas, Bugarija:
|