O.S.C.E. ili ОБСЕ se samo shverceri na droga |
||||
nukleus | Ломашвили бил уапсен во саботата во Пескара, кога во автомобилот марка „голф“, со македонски дипломатски ознаки, полицијата открила 20 килограми хероин од типот „кафеав шеќер“ Централата на ОБСЕ во Виена вчера и официјално потврди дека италијанската полиција го уапсила Грузиецот Зураб Ломашвили, вработен во мисијата на ОБСЕ во Скопје, под сомнение дека шверцувал хероин. Според ОБСЕ, италијанските власти потврдиле дека уапсиле лице со документи на име Зураб Ломашвили, но се очекува целосна потврда на идентитетот. Од мисијата во Виена најавуваат соработка со италијанската полиција за целосно расчистување на случајот. Ломашвили бил уапсен во саботата во Пескара, кога во автомобилот „голф“, со македонски дипломатски ознаки, сопственост на ОБСЕ, полицијата открила 20 килограми хероин од типот „кафеав шеќер“. Италијанската полиција се сомнева дека дрогата потекнува од Албанија и оти нејзината вредност е проценета на 2 милиона евра. Ломашвили бил сместен во луксузен хотел во градот, а хероинот бил наменет за локалниот нарко-пазар. Ломашвили во Пескара бил пресретнат од финансиската полиција, по што почнал да негодува и да се нервира. Тогаш му бил одземен „голфот“, кој бил комплетно расклопен, а хероинот бил пронајден во посебни бункери над тркалата и во вратите од автомобилот. Според ОБСЕ, Грузиецот во петокот од своите претпоставени побарал продолжен викенд и во вторникот требало да се врати на работното место. Бидејќи не дошол на работа, почнала потрага по него. Од ОБСЕ контактирале со неговото семејство, но ниту тие не знаеле каде е. Зураб Ломашвили од 2004 година е член на мисијата на ОБСЕ во Македонија. Во почетокот работел во канцеларијата на ОБСЕ во кумановскиот регион, а од пред еден месец е именуван за политички советник во мисијата во Скопје. |
|||
Pina | Sitna riba. So 20 kila stuff sitna riba. Da gi vidime gazdite bi bilo interesno.... |
|||
achtung_panzer |
Ah taka, koga vo Italija pretresuvaat koli so diplomatski oznaki- nikomu nishto. Ama ako makedonskata policija zapre i pretrese diplomatska kola, odma sme od crni- pocrni po belosvetskite mediumi i diplomatskiot kor shto ja pretstavuva "megjunarodnata zaednica"... e togash kaj nas nema chovekovi prava, ne se pochituvaat megjunarodnite zakoni i slichno na toa i tn... |
|||
nukleus | Вашингтон, 6 јули (МИА) - Американската Влада ќе го почека извештајот на ОБСЕ за вчера одржаните парламентарни избори во Македонија, а потоа ќе го изнесе својот став по ова прашање, јави радиото Гласот на Америка, пренесува МИА. |
|||
nukleus | Znaci Amerikancite cekaat "instrukcii" od glavnite shverceri na droga vo regionov pa da ja dadat ocenkata.Abe gospod da cuva i da brani od vakvi "ocenuvaci".:) |