Izbori - Info

Izbori - Info
Satanico Pandemonium
 
Rezultati ke ima na polnok prvicni. Nema rezultati se uste od anketite (exit polls).

Ona sto e interesno e da do 17 casot samo 42% izlegoa na glasanje. Golem interes da se glasa na ovie izbori izgleda nema. Ako se zeme faktot da izlezot na izbori kaj Albancite e verojatno pogolem, ispagja deka od Makedoncite odprilike samo partijskite clenovi i nivnite familii izlegle na glasanje.
tane komita
ВМРО - ДПМНЕ - 44 ПРАТЕНИВИ,
СДСМ - 32 ПРАТЕНИЦИ,
ДУИ - 18 ПРАТЕНИЦИ
ДПА - 11 ПРАТЕНИЦИ,
НСДП - 7 ПРАТЕНИЦИ,
ВМРО - НП - 6 ПРАТЕНИЦИ,
ДОМ - 1 ПРАТЕНИК,
ПЕИ - 1 ПРАТЕНИК.
в к у п н о: 120

Преброени 99,43%, информација ДИК.
трендафил
quote:
Originally posted by tane komita


Можеби ВМРО - ДПМНЕ нема да направи коалиција со DPA поради „бадинтеровите правила“ - сака не сака, ќе мора да колаицира со DUI, за да има повеќе од 51 % од албанските гласови!?
Уште пред изборите веќе биле водени разговори помеѓу ДПМНЕ и ДУИ!!??

Политиката не е ништо подобра од најстариот занает на светот!


Бадинтеровите правила не предвидуваат мнозинство од секоја етничка заедница посебно, туку половина од вкупниот број на пратеници што не се од мнозинската заедница. Мнозинството може да се постигне и со дел од припадниците на албанската заедница, доколку Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците или другите од присутните од малцинствата во моментот на гласањето се во мнозинство кај малцинствата. А доколку Албанците сакаат навистина да бидат рамноправни, тогаш нема два победника, туку само еден. Мислам дека сега е шансата, како преоден период, во власта да влезе природниот коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ (победникот на изборите) ДПА. А во догледно време Албанците треба да разберат дека доколку сакаат да влезат во власта мораат да членуваат во партија што се обраќа до мнозинството од гласачите. Доколку навистина сакаат да бидат рамноправни граѓани, а не да ги подредат другите. Едноставно, не може во купот на шампиони да играат првак на прва и на втора лига.

П.С.: Погоре напишаното важи за понормални земји (во чисто нормалните нема бадинтерови правила). Кај нас важи ако и само ако меѓународната заедница не нареди подруго.


трендафил
quote:
Originally posted by tane komita


ВМРО - ДПМНЕ - 44 ПРАТЕНИВИ,
СДСМ - 32 ПРАТЕНИЦИ,
ДУИ - 18 ПРАТЕНИЦИ
ДПА - 11 ПРАТЕНИЦИ,
НСДП - 7 ПРАТЕНИЦИ,
ВМРО - НП - 6 ПРАТЕНИЦИ,
ДОМ - 1 ПРАТЕНИК,
ПЕИ - 1 ПРАТЕНИК.
в к у п н о: 120

Преброени 99,43%, информација ДИК.
Ако овие резултати станат официјални, тогаш овде може да се случи се`. Треба да се има предвид дека ВМРО-ДПМНЕ нема 44 свои пратеници, туку овде се влезени и тие од коалиционите партии. Истото важи и за СДСМ. Практично, потребна е коалиција од најмалку три партии, доколку основната коалиција остане цела.
Во секој случај мнозинството граѓани почнува да ја разбира демократијата. Останува уште да научиме дека не мораме да чекаме избори доколку некоја одлука на власта, туку треба да реагираме веднаш. Прво да се поправи таа грешка, но доколку власта продолжи со тоа и да си замине веднаш, не чекајќи избори.


TheStorm Интересно... иако победници на изборите ова значи дека можеби нема да можат да формираат влада.
ДПМНЕ+ДПА+НП=61 ..но ова е прашање...
Овде буквално се е можно...
Pina So far, so good!!! I 42% e mnogu, ke go "skrpat" procentot da bide legitimen za nova vlast. Kolku li treba ...preku 50%? Gi znae li nekoj pravilata?
ZooGraf ВМРО ДПМНЕ: Водиме во 4 изборни единици, СДСМ: Водиме во две

http://www.makfax.com.mk/look/novina/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=2&NrArticle=29064&NrIssue=71&NrSection=10


..излезност која може да се движи околу 60 отсто.

http://www.makfax.com.mk/look/novina/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=2&NrArticle=29046&NrIssue=71&NrSection=10
Christian se javiv doma mi velat DPMNE pobedile
struga
quote:
Originally posted by Christian

se javiv doma mi velat DPMNE pobedile

Are sto i slusas domati slusajme mene VMRO so koalicijata pobedi so 55 pratenici i Bucko im e prizna pobedata,Ali Ahmeti slavi vo Skopje so kalasnikovi
f9 Buchkoski go prizna porazot...Na prashanjeto na novinarkata shto posle ova ,toj odgovori deka se sprema za vo Biznis centarot"Idrizovo" shto ke go otvorel Gruevski da predava Rimsko pravo.
dada Sani Eve posledno sto procitav - pobeda na VMRO-DPMNE

Macedonia: VMRO-DPMNE Announces Electoral Victory With 55 Seats Won


Coalition led by VMRO DPMNE announced victory at the general elections by winning 55 seats.
The party's spokesman Vlatko Gjorcev said that after 51 percent of the total number of votes processed, SDSM ollows DPMNE with 32 seats, NSDP has won 9, VMRO NP - 5 and DOM - 1 or 2 seats.
Nikola Gruevski is the new Macedonian Prime Minister, Gjorcev said tonight, announcing Gruevski’s address in an hour.
struga
quote:
Originally posted by f9

Buchkoski go prizna porazot...Na prashanjeto na novinarkata shto posle ova ,toj odgovori deka se sprema za vo Biznis centarot"Idrizovo" shto ke go otvorel Gruevski da predava Rimsko pravo.

HA HA HA ME IZNASMEA AKO TOA GO VIDAM JAVI SE TE NOSAM NA VECERA.PA TOJ NE GO POZNAVA MAKEDONSKOTO PRAVO TREBA TOA PRVO DA GO NAUCI AKO NE ZA DRUGO BAREM ZA ONA VO 2001 GODINA VO KARPALAK KOGA MU GI NAMESTI NA AHMETI NASITE BRANITELI DA GI ISKASAPET PLEME MU RASIPENO.AKO SEGA GRUESKI NE GO PRIPREMA ZA ZATVOR OVA KUCE RASIPANO PODOBRO NEKA SI ODI OD VMRO DPMNE
DJ_SHEMA struga, smiri se, ne se deri.
DJ_SHEMA buchko izjavi:


„Најголем дел од граѓаните на овие избори им дадоа поддршка на опозицијата, предводена од ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски“ i „победила Македонија, затоа што изборите поминале во фер и демократска атмосфера“
DJ_SHEMA gruevski izjavi:


„Од утре треба да ги почнеме процедуралните работи за создавање влада, што побрзо да ја создадеме и да се фокусираме на работата и исполнување на програма“
marko_polog Zosto odma velis deka se dere, moze se raduva covekot :))


Aleksandra
quote:
Originally posted by marko_polog

Zosto odma velis deka se dere, moze se raduva covekot :))





Odma se pocna so zatvori, kochete...pak li istata pesna ke bide...
marko_polog Ne treba zatvori, treba na besilka.
Aleksandra
quote:
Originally posted by marko_polog

Ne treba zatvori, treba na besilka.


Toa e...vie neznaete za drugo...
wolf_pack Зошто на бесилка? Што убав камен мост имаме, јака историја има во него:))
struga
quote:
Originally posted by Aleksandra

quote:
Originally posted by marko_polog

Zosto odma velis deka se dere, moze se raduva covekot :))





Odma se pocna so zatvori, kochete...pak li istata pesna ke bide...

Ednas im oprostija 1988godina zatoa nekoj ligusi kako Bucko ,Kostov ,Crvenkoskigi pozatvoraja site i deneska go imame Jube Boskoski i Johan Tarculofki vo Hag,a ovie vo pregratka so nivniot brat Ahmeti i so site teroristi.Malku mu bese toa otide da im e dadi STRUGA i KICEVO vo nivno vladeejne i gi proglasi Albanski.Pleme negovo rasipano dali za nego ima nekoja poblaga kazna jas neznam .Ednas se spasi vo Struga ama ziv trbase da izgorit togas mozebi nesto ce se spasese
c0nGuR
quote:
Originally posted by DJ_SHEMA

gruevski izjavi:


„Од утре треба да ги почнеме процедуралните работи за создавање влада, што побрзо да ја создадеме и да се фокусираме на работата и исполнување на програма“


stara prikaska!

Mozebi sakal da kaze....

„Од утре треба да ги почнеме процедуралните работи за создавање влада, и отварање на нова девизна сметка во некоја од ЕУ Државите за да ги надохнадиме изгубените 4 години без пари, и што побрзо да ја измолзиме оваа Држава, и да се фокусираме на работата и исполнување на програма“

Za mene site se isto g****o! Samo narodot budala shto glasa i shto seushte im veruva na "nekoj si"!
Jakov Довидување плави.
Па поминете некад за едно 10-15 години да се видиме.
Ароганцијата и самобендисаноста не поминуваат никогаш во животот(иако Далила мисли дека врват на форуми)
Еве ги резултатите(неофицијални).
ВМРО-ДПМНЕ - 50 пратеници
СДСМ - 35 пратеника
ДУИ - 11 пратеника
ДПА - 8 пратеника
НСДП - 8 пратеника
ВМРО-НП - 6 пратеника
ДОМ - 1 пратеник
ПЕИ - 1 пратеник
c0nGuR I can say only ONE thing.
poor Macedonia and the people who living there.
Aleksandra
quote:
Originally posted by c0nGuR

I can say only ONE thing.
poor Macedonia and the people who living there.


Toa e toa drugar...nazalost....
marko_polog Kako sto imav eden drugar na vremeto, celata utakmica pcuese po sudijata "cel zivot crno da nosis mame ti itn..", on zalese sto gubese pari na kladba, a ne sto sudijata loso ja sudel utakmicata.
A vie stvarno zalite za Makedonskiot Narod deka e vo polosa situacija poslem ovia izbori ili nesto od licen interes ve maci??
pero bravarot Abe gi zaboraviv izborive.
Tepale moive,cestito,treba da gi podrzime.
Eve jas gratis im otvoram smetki po egzotikata,in case da nemaat.
Smile
tane komita
Им ја честитам победата на ВМРО - ДПМНЕ!

Со среќа и со памет!

Излезеност 56,99 %, неважечки ливчина 2-2,5% или околу 24-25000 гласови - информација спрема ДИК.

За бројот на пратениците - ќе причекаме.

Поздрав!
macswiss
Odamna prestanav da se "palam" na politichki partii poshto na zalost vo MKD momentalno nema vistinska politichka opcija...
Edinstveno me raduva sho pobedija DPMNE samo bash poradi ovaa:
quote:
Originally posted by Jakov
Ароганцијата и самобендисаноста не поминуваат никогаш во животот

A toa beshe bash vistinskata odlika na Buchko i negovite pridruznici: Arogantnost i samobendisuvanje, vo stil na "nema vie sho da mislite,nie sme tuka da mislime za vas..."
I inaku i od DPMNE ne ochekuvam nishto da storat. Samo znaesh kako e: Nadezta umira posledna, pa se nadevam deka moze sepak poucheni od proshliot pat koga narodot na ist nachin kako sega SDSM gi sobori niv od vlast deka ke se potrudaat da rabotat profesionalno....
Ceki Pa ocekuvano, nisto novo.

DPMNE veke sonuva sto sve ke napravi( za nivniot dzep) vo naredni 4 godini.
SDSM se cudi, zasto gi zagubi izborite, koga touku dobro ni napravija.
DUI e miren, posto znajt, deka celta im e sekoj den se poblizku, i ako ne se na vlast.
DPA veke pripremuva paket zakoni za avtonomija i drugi raboti, sto DUI ne gi doturka do kraj.


A ostanatite partii voopsto ne se ni bitni ...

Bas me interesira kako ke gledat sega nekoj luge na situcijata vo Makedonija posle ovie izbori. Do sega sve bese ODLICNO, spremni bevme za EU, uste malce i ke vlezevme. A sega .... Od ednas ekonomijata ke padnit, nevrabotenosta ke porasnit, lugeto ke se siromasni

Uste moja zelba za kraj za naredni 4 godini. Sakam konecno malce ekonomski da se krenime, konecno da gi preticame ekonomski pojakite zemji od nas na Balkanov, kako Kosovo, Albanija, Crna Gora i BIH. Potoa DPMNE da ne zemit za nivniot dzep ni denar poveke od kouku sto zedoja vo SDSM vo ovie 4 godini. I da ne im se ostavarat planovite na DPA.
tane komita
Можеби ВМРО - ДПМНЕ нема да направи коалиција со DPA поради „бадинтеровите правила“ - сака не сака, ќе мора да колаицира со DUI, за да има повеќе од 51 % од албанските гласови!?
Уште пред изборите веќе биле водени разговори помеѓу ДПМНЕ и ДУИ!!??

Политиката не е ништо подобра од најстариот занает на светот!

Natasa Aku do sega ne cinese od sega tesko nas.Sankir ko bese VMRO na vlast vrat svitka pak sea posaglem ke se aj da ne recam nesto.
f9 Честитки за Вмро-Дпмне и коалицијата за нивната победа и сочувство за симпатизерите на власта.
Да се надеваме дека ке донесат свежи промени и дека ке ја тргнат државата од бедата и сиромаштијата.Тоа сигурно ке им биде најтешката задача.
За се друго ке има време за дискусии после поминатите сто дена.Во овој момент интересно ке биде во фото-финишот како ке се распределат силите.На Вмро-дпмне ке им треба 80 пратеници ако сакаат да протуркаат промени од уставот или законски решенија кој ке се однесуваат на рамковните прашања.Лично не очекувам дека ке успеат во намерите да направат развоен пресврт.За тоа е според мене потребен вистински општ консензус.Факт е дека голем број на грагани не излегоа на овие избори и тоа е доволен знак дека грагјаните ја губат довербата во политичарите и нивните ветувања.Така да за да има општ консензус не ке треба само да се анимира новата опозиција во позитивен и конструктивен однос туку и овој дел на грагјаните.
Kaizerson Честитки до сите ВМРОвци во Републиката.Прашање е колку гласови добиле маргиналните партии кои презентирале екстремни опции како ДРУМ, СРСМ, УТЛС.Инаку мислам дека со изборот на кандидати на ВМРО ДПМНЕ груевски направи добар баланс, привлекувајќи дел од пробугарите преку Милошоски и неколку други а истовремено задржувајќи централистички курс.Јасно е дека силите ќе бидат распоредени вака: ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, НСДП благо наклонета кон ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-НП во сојуз со СДСМ.Груевски ќе биде саботиран од ден 1 од се и секого, меѓутоа тоа е и природен товар за нов Премиер.....
tane komita
ВМРО - ДПМНЕ = 242 999 ГЛАСОВИ
СДСМ = 175 471 ГЛАСОВИ
ДУИ = 87 281 ГЛАСОВИ
ДПА = 52 550 ГЛАСОВИ
ВМРО - НП = 46 709 ГЛАСОВИ
НСДП = 43 409 ГЛАСОВИ
...
Последна информација од ДИК за 81,7% изброени гласови.
f9 1 Група избирачи-ПМ 5.998
2 Група избирачи-ЌТ 155
3 Партија за Економска Обнова 13.102
4 Демократска републиканска унија на Македонија - ДРУМ 2.670
5 ТМРО 1.424
6 Национална Алтернатива 4.250
7 Радикална странка на Србите во Македонија 1.249
8 Леви сили на Македонија 1.184
9 Центар на Демократски Сили 133
10 Коалицијa
Нови демократски сили (НДС)
Демократска Алеанца на Албанците (ДААМ)
4.141
11 Национално Демократска Партија (НДП) 4.490
12 Демократска Партија Напред Македонијо - ФОРЦА 76
13 Обединети Македонци 1.267
14 Лига за Демократија 2.679
15 Демократска партија на Македонија (ДПМ) - Тетово 585
16 ВМРО – НП (ВМРО Народна партија) 57.121
17 ТМОРО-ВЕП 729
18 Партија за Демократска Иднина -ПДИ 1.471
19 Коалицијa
Демократска Унија за Интеграција (ДУИ)
Партија за Демократски Просперитет (ПДП)
114.300
20 Нова социјалдемократска партија 56.922
21 Македонска Партија 2.208
22 Комунистичка Партија на Македонија 591
23 Движење за Национално Единство на Турците 899
24 ДОМ - Демократска обнова на Македонија 17.579
25 Земјоделска Народна Партија на Македонија 12.538
26 Демократска партија на Албанците 70.133
27 ВМРО – ДП (ВМРО – Демократска партија) 1.220
28 Партија за Европска Иднина - ПЕИ 11.437
Стр 1
Р. Бр. листа Име на подносител на листа добиени гласови
29 Коалицијa
1. ВМРО ДПМНЕ
2. Либерална партија на Македонија
3. Социјалистичка партија на Македонија
4. Демократски сојуз
5. Партија за движење на Турците во Македонија
6. Сојуз на Ромите од Македонија
7. Странка на демократска акција на Македонија -СДА
8. Партија на Власите од Македонија
9. Европска партија на Македонија
10. Партија на зелените
11. Народно движење за Македонија
12. Бошњачка демократска партија
13. Партија на демократските сили на Ромите на Македонија
14. Партија за интеграција на Ромите.
303.149
30 Сојуз на титови леви сили 2.985
31 Демократска Aлтернативa 11.174
32 Коалиција За Македонија заедно 217.670
33 Социјалдемократска партија на Македонија (СДПМ) 8.365
Вкупно гласови: 933.894
nepobedliv ZAR VMRO KE KOALICIRA SO NDP????
nepobedliv A sto ako ne mozad da stvarat mnozinstvo??? ste pomislile na toa?
tane komita
На другата тема „што сакам на 5 јули...“ реков дека сакам да дојде 6 и добро да се насмеам.

Дали е можна ПИРОВА победа!!??

Гледајќи ги резултатите, традиционалните партнери не ке можат сами да направат влада, некој ќе се офајди, можно е, еден пратеник „едно министерско“ место!?

Ќе мора да ги бараат и „изгубените овци“, а тоа ќе кошта!

„ЗА ДЕЛАЧОТ - ОПТЕГАЧОТ“ - така рекол народот!!??

Се надевам дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе состави влада од паметни луѓе, а не потрчковци, бидејќи ќе има многу главоболки - да му посакаме да биде храбар во составувањето на владата.

Фер е, а и правило е, прво тој да добие мандат и дека таа шанса паметно ќе ја искористи.
redstar DPMNE+DPA+NSDP=62+ DOM 1, realna varijanta
Kako sto stojat rabotive, najgolem profiter od ovi izbori ce bidat partijata na Tito i lefteruskite sto uspejaa na vreme da obzbedat pozicija vo NSDP. Pa za ocekuvanje e Tito da se vrati na staroto dobro poznato mesto spiker na Sobranieto, dve-tri "saglam" ministerski mesta i eden kup zamenici,pomosnici na ministri i ambasadori.Ce ima za sekogo po nesto.
DPMNE+DUI=62+ NSDP+DOM 8,mozna varijanta
I ovaa varijanta, NSDP ostanuva profiter od celata situacija, no celata vlada ce bide zaloznik na prljavite igri i bezmilosnite uceni od strana na DUIi ce bide prasanbje na den koga taa vlada ce go izgubi potrebnoto mnozinstvo.
DPMNE+DPA+Narodna=61+DOM 1
Mnogu malku verojatna kombinacija posle site prepukuvanja i teski zborovi, no iako so mala verojatnost i ovaa opcija ostanuva vo igra.
трендафил Јас пред изборите посакав тој што ќе победи (ќе состави влада) мандатот да го заврши непосрамен. Ако Груевски изоди 51 од ветените 100 чекори, на пример. Иначе кај нас се потврди правилото (што го воспостави кој друг ако не Киро Глигоров, а го продолжи Бранко Црвенковски) дека кој нема да се појави на ТВ дуел ги добива изборите. Што стана со Бучковски. Понуди ли оставка на лидерското место во СДСМ? Или и тој ќе воспостави традиција лидерот да остане на чело на „државотворците“ и по загубени избори. Иначе се потврди визионерството на Љубчо Георгиевски, кој кога го предложи Груевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тој е човекот што може да го победи СДСМ. Се надевам дека СДСМ ќе остане во опозиција и по следните избори. Пред се` затоа што тоа ќе значи дека следната власт ќе биде добра, но и дека тоа е партијата што ја донесе Македонија на нивото на кое што е сега. Поради лично богатење (со кршењето на ембаргото кон Југославија на Милошевиќ) наместо да станеме членка заедно со Романија и Бугарија, ќе чекаме на неодредено време. Се надевам дека Груевски ќе донесе датум на почеток и завршување на преговорите за наше членство во ЕУ. Нека и е со среќа на новата власт и на нас со нив.





aleksandar_makedonski vie decki kako da sakate dpmne da prodolzi da raboti kako sdsm-ovcite.. e bogami nema bas taka da bidi, ce se cesla se.. do dinar.. ce izlezat golemi sranja.. cestita da e pobedata, pobedija site gragani na makedonija koi sakaat da ziveat normalen zivot, sloboden, i da ja vidat makedonija kako vistinska drzava ednakva so site drugi.. golema e razlikata vo pobedata i pokraj toa sto go zaplasija narodot da ne izleguva na izbori (za sto ima i relativno mala izlezenost), no nivnite ne izlegoja, a i nsdsm gi otepa haha.. mnogu ima pirej no ke se iscisti..
nepobedliv Gruevski nema vrska sto ke pravi sega, prvo ke se zasili ko Bucko, ke se ispofali i posle mafijata ke go pritegne, vrzani race, ostanatite pijavici ke pocnat pak da grabaat a on ke izgubi kontrola.
Covekot ne los po karakter ama slabic e - se vide so Ljube vojvodata.
Ekonomski moze nesto podobro da e posto ke napravi podramticni promeni sto e dobro. Interesno e da vidime koj ke mu bide minister za finansii - najvaznata pozicija vo zemjata.
Satanico Pandemonium
quote:
Originally posted by nepobedliv

Gruevski nema vrska sto ke pravi sega, prvo ke se zasili ko Bucko, ke se ispofali i posle mafijata ke go pritegne, vrzani race, ostanatite pijavici ke pocnat pak da grabaat a on ke izgubi kontrola.
Covekot ne los po karakter ama slabic e - se vide so Ljube vojvodata.
Ekonomski moze nesto podobro da e posto ke napravi podramticni promeni sto e dobro. Interesno e da vidime koj ke mu bide minister za finansii - najvaznata pozicija vo zemjata.


Toj navistina da saka da se spravi so korupcijata kako sto najavuvase a i vcera posle pobedata najavi, prvo sto treba da pocne e da ja goni korupcijata od svoite redovi. Znaci, Ljupco prv vo zatvor kako bivs pajtas, pa posle toa sorabotnicite okolu nego (site tie okolu nego se zedni za vlast i kradenje i sigurno ke ima nekolkumina koj ke se "ogresat" od zakonot). Posle, da premine na SDSM, pa na DUI i ostanatite.

Mislam deka toj covek ako ova go napravi (a treba samo volja i nisto drugo) i nisto drugo da ne napravi, deka ke bide najpopularen politicar vo Makedonija i deka Makedonija ke stane pristojno mesto za ziveenje.
nepobedliv Ama SDS trebase da go goni Ljupceta, sega e stara prikazna. Sega samo napred moze da se ide - slabo razviena evropska zemja ko Makedonija mora da ima iznad 5% porast godisno, sve drugo e utka.
pero bravarot Dobro utro,se slavi li?
Bestnet veli ne,a bas mozese da ne izraduva so barem 5%...
Ali sega ce ima gaga net,pa mozi lugjeto, pokraj porno sajtovi ce naucat i za bestnet.Smile
Malku ozbilno:
Ljupco so Cile 98 dobivase so 431.000,a Branko 02 so 497.000.
Branko 98 gubese so 280.000,a Ljupco 02 so 302.000.
Nevrzanite centristi 98 imaa 77.000,a 02-29.000.

Sega Vmro dobiva so 303.000,a Bucko gubi so 217.000.Duri i da se dodadat po 57.000 od Ljupco i Tito,imaat po 360.000 so 275.000.
Naravoucenie:
Narodot apstinira,Vmro izgubi min.100.000 glasovi so oranzada kampanjata.Bucko e so ocekuvanoto,se cekaat novi lugje.

Molam poiskusnite forumdzii da otvorat tema sto da ocekuvame od novite,pa da vidime sto mozi da se stori.


трендафил Овие избори покажаа и кој „крадел“ на претходните. Во северозападна Македонија на гласачки места кај што имало редовно скоро 100% излезност (и поголема доколку било потребно) сега има и 35%. Интересно е и што ВМРО-ДПМНЕ ги доби приближно истите гласови како кога загуби на 15 септември 2002 година (со одвоена ВМРО-НП, но дојдени повеќе други помали партии), додека СДСМ има загубено доста гласови. Или и тие тогаш беа украдени со амин на меѓународната заедница, како што тогаш тврдеше Љубе Бошковски, но и други. Всушност меѓународната заедница по нејзини потреби прво одобрува изборни кражби, насилство до влегување со оружје во власта.
Што можеме да очекуваме. Доколку ДУИ не влезе во власта, можна е нова војна. Затоа и сега се прават договори дали да се прегласува на местата на кои и сега ДУИ крадеше. Без СДСМ во власта ќе имаме продуцирање на различни фабрикувани афери, каква што беше аферата прислушкување, на пример. Се надевам дека нема да бидат со трајни последици по државата како на пример прогласувањето на Македонија за најкорумпирана земја пред изборите во 2002 година, што до ден денешен ни се влече како опашка. Затоа што сигурно владата на Георгиевски не беше покорумпирана од владата на Црвенковски до 1998 година. Напротив. Но ја разбирам и болката на тие што земале мито повеќе од половина век, кога наеднаш беа дојдени во ситуација да го даваат. СДСМ сигурно нема да се обиде да дојде на власт со оружје. Не толку поради иднината на Македонија, туку повеќе од недостаток на храброст. Но доколку ДУИ повторно почне војна, СДСМ повторно би им дало политичка подршка. „Што ќе ми е партија ако немаме држава“, рече еднаш Црвенковски. Иако јас мислам дека на некои наши политичари не им треба државата доколку не се на власт.

tane komita Од секогаш се знаеше кој „кради“ гласови на сите поминати избори. Па затоа успеваат да имаат повеќе пратеници или советници отколку реално што е.
По се изгледа дека немаа помош од страна. Се уплашија од МЗ затоа што беа обележани и вероватно добија многу заканувања дека ќе бидат казнети само тие.
На жалост, на претходните избори и македонските партии ги „употребија“ за свои интереси (посебно при претседателските избори).
Причината за малиот број на излезеност е таа што многу од нив се во странство и сега не можеше многу да се гласа за друг поради голем број на „посматрачи“.
Да се надеваме дека и сите наредни избори ќе бидат вака фер(со мали инциденти) и ќе имаме релативно реални резултати.
redstar Za apstinencijata na Albanskite glasaci.
Povece voda drzi faktot deka stravot od nasilstvo na denot na izborite vozvrati pogolem del od albanskiot elektorat da izleze na izbori otkolku faktot deka se po odmori, pa Tetovo,selata i Gostivar se prepolni so lugje,familli koi se dojdeni od Zapadnoevropskite drzavi na letna ferija. Blagodaraenie na taa niska izleznost imame 3 pratenici(za 100-200 glasa DPMNE zagubi uste eden pratenik) od Makedonskite politicki partii, a od druga strana za zal nitu eden od niv ne e od ovoj region nitu zivee tuka, no toa e ne e tema na ovoj topic.
Bidejci dvete albanski partii ne mozat da bidat del od novata koaliciona vlada, se postavuva prasanje koja od dvete potencijalni opasnosti(se misli na albanska partija vo opozicija) e pomala za Makedonija.Dali DUI kako pobednik megju albasnkite partii ili DPA so Leka,a najverojatno i Agim Krasnici vo parlamentot vo opozicija. Prednosta na DUI pred DPA e brojot na osvoenite mandati no mozebi i pobitna podrskata sto najverojatano ce ja dobie od megjunarodnata zaednica i pritisokot sto istata ce ja vrsi nad Gruevski za vklucuvanje na DUI vo vlasta.
Prednosta na DPA e edinstveno vo tradicionalnite dobri odnosi so DPMNE, no slaba strana e brojot na pratenicite poradi sto e potrebno vklucuvanje na uste eden seriozen partner vo smisol na NSDP ili pak Narodna, so sto uste povece bi oslabela pozicijata na Gruevski vo ostvruvanjeto na del od programata sto ja veti pred gragjanite.
трендафил Ангела Меркл, премиерот на Германија прва упати честитка до Никола Груевски. Со оглед на подршката што ја имаше ВМРО-ДПМНЕ од ЦДУ, да се надеваме и на германска подршка за Македонија, која е значајна кога се работи за добивање на вистински кандидатски статус, со почнување на преговори. Доколку го положиме испитот со изборите и криминалните дејства на овие избори кои ги имаше помалку, но сепак ги имаше, бидат санкционирани на европски начин. Доколку една изборна комисија ги помине следните неколку години во затвор, тогаш следните избори може и да бидат скандинавски. Или други да велат дека ќе организираат македонски избори, мислејќи на чесност, а не да бидеме смтани за народ кој подржува изборни крадци, корупција, луѓе што ја уништуваат земјата... Демократијата не се добива на подавалник (тацна), туку за неа треба да се бори. Па и со зборови, како што правиме и ние овде на форумов.