Kako se osnova revolutsionernata organizacija 1893

Kako se osnova revolutsionernata organizacija 1893
Negator
 
Христо Татарчев, "Спомени":

quote:
II. Обиколка низ Македонија. - Насекаде борба против централистичките стремежи на Егзархијатa. – Прво запознавање на Т. Со ДамјанГруев. – Истоветност на нивните погледи во однос на потребата да се дејствува за олеснување на народните маки. На средба на шестмината на 23 октомври 1893 год. се формира првата револуционерна група. На втора средба во почетокот на 1894 год. поопределено се разменуваат мислења и се поставаат основите на внатрешната македонска револуционерна организација. - Првиот статут на В.О. Се избира првиот Централен комитет на Организацијата. - Првите членови на Организацијата посветени во делото од Груев.


[...] Откако се вратив од својата обиколка, не помина многу - некаде во половината на август - во мојот кабинет доаѓа Дамјан Груев, кој штотуку беше дојден преку летото во Солун како заменик на Никола Наумов, подоцнежниот уредник на в. „Право“, во книжарницата на Самарџиев како коректор. Дотогаш не го познавав Груева. Тој беше дојден кај мене за лекарска помош, - имаше егзем крај левото уво.

По овој повод заприкажавме за мојата клиентела, какви болни доаѓаат кај мене, па поминавме на егзархиските работи, и најпосле на општите работи. Се покажа дека во нашите гледања има многу допирни точки. По една недела Груев, пак под изговор за својот егзем што веќе заздравуваше, доаѓа кај мене. Пак заприкажавме за општествените работи. Јас бев покатегоричен, а тој, напротив, нарочно воздржан; се гледаше дека таи нешто, што се насетуваше од неговите зборови но немаше смелост да го каже отворено. Треба да забележам дека уште на својата прва средба со него ми падна в очи неговата особена итра насмевка, со која ме прашуваше дали имам многу работа или не. Воопшто таа негова особена тактика, итро - лукаво оддалеку да пристапува кон својата цел дури и кога немаше потреба од тоа, како во случајот со мене ми остави дури неубав впечаток, и чиниш доведе дури за мое заладување спрема него. На второто среќавање јас му реков дека моето решение да дојдам во Македонија, кога нема уште ниеден лекар Бугарин, зборува достатно за моите идеи. Груев пак сe така насмевнат, но очевидно задоволен од мене се збогува откако ми ја стегна раката, и ме запраша кога пак да се видиме. Не помина многу време, и Груев наново ме посети и овој пат веќе поотворено заприкажавме за дејноста, што ни претстои како на Бугари, за да се подобри политичката состојба на нашиот народ. Веќе стана збор да се привлечат и други другари, откако претходно бидат сондирани по тие прашања. Груев зеде врз себеси да го стори тоа. На 23 октомври 1893 год. дојде до првата средба на овој поширок круг луѓе, во одајата на книжарот Иван Хаџи Николов, во улицата Челеби - бакал. Присуствувавме јас, Груев, Поп Арсов, Хаџи Николов, Андон Димитров (учител по турски јазик во гимназијата, ми се чини род. од с. Ајватово), Христо Батанџиев, (од Гуменџе), тогаш учител во основното училиште, потем секретар во митрополијата; тој загина заедно со архимандритот Евлогиј во1913 год. Фрлен од Грците во морето).Само овие шестмина се бевме собрале. Тука веќе разменивме мисли за идната политичка активност, така што секој еден од нас ќе се труди да влијае врз други лица, и да ги привлекува за истата идеја, да се подготви организирана општествена дејност. Групата се конституира врз тие начела како друштво, без записник, и без да се избираат раководители сиреч претседател и сл..

26 јануари 1917 год.


На оваа средба не беше утврдена никаква формалност -заклетва или нешто слично, за да се сметаат членовите лично задолжени да дејствуваат за ослободителното дело. Меѓутоа, се разделивме со увереност дека ни претстои сериозна и тешка задача. Презедовме задолжување заедно да дејствуваме меѓу наши познати и секој еден од нас гледаше при погоден повод да го искористи престојувањето на учители, еснафи, свештеници и трговци во Солун, дојдени од провинцијата, за да агитира меѓу нив за идејата. Така помина до крајот на 1893 година. Во почетокот на 1894 година во време на празниците, пак споменатите шестмина се собравме пред Водици во живеалиштето на Андон Димитров (спроти куќата сега на браќата Дамјанови, бившиот бугарски пансион), за да го поставиме темелот на една револуционерна организација. Долго расправавме за целта на таа организација, и најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент. Не можевме да го прифатиме ставот за „директно присоединување на Македонија кон Бугарија“, затоа што увидувавме дека тоа ќе сретне големи тешкотии, поради спротивставувањето на големите сили и аспирациите на соседните мали држави и на Турција. Ни поминуваше низ мислата дека една автономна Македонија потем би можела полесно да се обедини со Бугарија, а во краен случај, ако не се постигне тоа, дека ќе може да послужи како обединувачка алка на една федерација на балканските народи. Одринско, колку што се сеќавам, отпрвин не влегуваше во нашата програма, и мислам дека после беше дојдено до замислата и таа област да се вклучи кон автономна Македонија. Откако се согласивме за целта на нашата организација - на истата средба се зафативме да изработиме статут на Организацијата. Прирака ми беше еден том од „Записите“ на Захариј Стојанов, и од нив го зедовме за урнек статутот на „Бугарскиот револуционерен комитет“. Го задолживме Поп Арсов, врз основа на тој статут, да изработи нацрт за нашиот статут. На истата седница долго се разгледуваше прашањето какво име да носи Револуционерната организација и Комитетот Ова прашање ни одзеде прилично време, и најпосле, колку што се сеќавам, усвоивме да се наречат: „Македонска револуционерна организација“, а Комитетот - „Централен македонски револуционерен комитет“, а скратено „Ц.М.Р.К.“. На други средби статутот беше дефинитивно примен, се така од истиот тој состав на шестмината. Тогаш веќе, во согласност со усвоениот статут, беше конституиран првиот Централен комитет, при што мене ме избраа за претседател, а Дамјана Груев за секретар и благајник. Потем веќе започна практичното организирање на револуцијата, што тргна многу позабрзано.

Во Солун Дамјан ги посвети првите дејци - со заклетва, се разбира, - учениците Славејко Стрезов (родум од Ресенско, убиен подоцна кај Криволак во 1915 год. како поручник;) Хаџи Панов (родум од Прилеп, потем студираше во Брисел инжењерство, - умре подоцна во Солун од болест на грбникот); Алексо и Тончев (од Велес, тогаш работник кај Саздов Ризов, сега во Софија, парализиран); Алексо Часовникаров (работник); Васил Мончев (што го држеше Бошнак - ан; кај него престојуваа сите дејци на Организацијата, држеше и гостилница); Стефан Матлиев (од Охрид, имаше работа со царинарниците и се плеткаше со Турците) и свештеникот Пол Стаматов (од с. Бугариево, тогаш при црквата Св. Димитар во Солун).

http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spomht03.htm
slasa i sto vas Bugari ve boli glata kako se osnova organizacijata aj gledajtesijakata rabota
malinkalin Во 1893 година во град Солун шестима мажи/Дамјан Груев, Антон Димитров, Христо Батанџиев, Христо Татарчев, Петар Попарсов, Иван Хаџиниколов/ основуваат ВМРО. Нејзините први идеолози беа Дамјан /Даме/ Груев и д-р Христо Татарчев. Првото име на Oрганизацијата беше „Бугарски Македоно-Одрински Револуционерни Комитети" /БМОРК/. Уставот на БМОРК е создаден од Георги/Гоце/ Делчев од Кукуш и Ѓорче Петров од Прилеп.
Според Чл. 2 Организацијата ќе работи за ...будење сознанието за самозаштита во Бугарското население и подготовување и подигање на сеопшто востание". Според Чл. 3 член на БМОРК може да биде секој Бугарин без разлика на полот, кој не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството и кој ветува да биде со нешто полезен на револуционерното ослободително дело..."
Сето тоа покажува, дека Внатрешната револуционерна организација се создава единствено за самозаштита на Бугарското население, а не за да се бори за некаква си измислена од болни мозоци македонска нација.
Ете како ја објаснува целта на борбата Гоце Делчев во 1901 година: "...Треба да се бориме за автономноста на Македанија и Одринско, за да ги зачуваме во нивната целост, како еден етап за идното им присоединување кон општата Болгарска Татковина".
slasa
quote:
Originally posted by malinkalin

Во 1893 година во град Солун шестима мажи/Дамјан Груев, Антон Димитров, Христо Батанџиев, Христо Татарчев, Петар Попарсов, Иван Хаџиниколов/ основуваат ВМРО. Нејзините први идеолози беа Дамјан /Даме/ Груев и д-р Христо Татарчев. Првото име на Oрганизацијата беше „Бугарски Македоно-Одрински Револуционерни Комитети" /БМОРК/. Уставот на БМОРК е создаден од Георги/Гоце/ Делчев од Кукуш и Ѓорче Петров од Прилеп.
Според Чл. 2 Организацијата ќе работи за ...будење сознанието за самозаштита во Бугарското население и подготовување и подигање на сеопшто востание". Според Чл. 3 член на БМОРК може да биде секој Бугарин без разлика на полот, кој не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството и кој ветува да биде со нешто полезен на револуционерното ослободително дело..."
Сето тоа покажува, дека Внатрешната револуционерна организација се создава единствено за самозаштита на Бугарското население, а не за да се бори за некаква си измислена од болни мозоци македонска нација.
Ете како ја објаснува целта на борбата Гоце Делчев во 1901 година: "...Треба да се бориме за автономноста на Македанија и Одринско, за да ги зачуваме во нивната целост, како еден етап за идното им присоединување кон општата Болгарска Татковина".


aj i ti odovde u pm bugarska