МАКЕДОНИЈА ВО ОЧИТЕ НА ДРУГИТЕ

МАКЕДОНИЈА ВО ОЧИТЕ НА ДРУГИТЕ
Inkognito
 
Еве што значи наводната грешка на Кавијар Солајна па ги нарече Македонците како славомакедонци, и веднаш го следат и другиве ...

МАКЕДОНИЈА ВО ОЧИТЕ НА ДРУГИТЕ
Националисти, славомакедонци и нецивилизирана кампања

Низа светски медиуми и новински агенции објавија анализи и коментари за изборите во Македонија. Британскиот весник „Индипендент“, во текст на белградската дописничка Весна Периќ-Зимоњиќ, земјата ја нарекува ФИРОМ, а Македонците „славомакедонци“ и оценува дека ако изборите биле со инциденти, тоа ќе било катастрофа за македонските амбиции за влегување во ЕУ и во НАТО, па и за безбедноста во регионот, поради поврзаноста на македонските Албанци со Косово.

Македонците се „славомакедонци“ и за дописникот Гарентина Краја од „Асошиејтед прес“, Давид Вујановиќ од француската новинска агенција АФП, како и за Николас Вуд од „Њујорк тајмс“, кој текстот го почнува со физичкиот опис на кондовскиот политичар-командант Агим Красниќи. Според Вуд, „македонски и албански националисти, вклучувајќи ги и политичките ментори на Красниќи, можат да ги нарушат плановите за брзи преговори со Европската Унија, особено ако гласачите заклучат дека членството во ЕУ нема да се случи набргу“.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=9&tabid=1&EditionID=792&ArticleID=52170