Лига на Шампиони 2006/07

Лига на Шампиони 2006/07
a-pin-dim
 
ЛИГА НА ШАМПИОНИ - 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

ДУДЕЛАНЖ - РАБОТНИЧКИ К. 0:1 (0:0)

Стадион: "Јос Носбаум", во Дуделанж. Гледачи: 1.100

Главен судија: Леви. Помошници: Арламили и Шарон, тројцата од Израел.

Делегат: Едуард Дервиши (Шпанија)

Ж. картони: Муни, Жоли (Д), Јованоски (Р)

Стрелец: Велковски 76'

Играч на натпреварот: Томе Пачовски

ДУДЕЛАНЖ

Жубер 1,5
Борбикони 2
Муни 2
***Крапа 2,5
*Ди Грегорио 2,5
Мартин 2
**Белини 2,5
Кабонго 2,5
Реми 3
Хиг 2,5
Зегдан 2
71' Леком 1,5
74' Жоли 1,5
83' Грузински 1,5

РАБОТНИЧКИ

3 Пачовски
2,5 Јованоски
2 Илиевски
2,5 Вајс
2 Степановски
2 Лазаревски**
2,5 Стојанов
2 Игњатов
2 Трајчов*
2 Пејчиќ
2 Велковски***
1,5 Јанкеп 73'
2 Карчев 80'
/ Алексовски 84'

ДУДЕЛАНЖ - РАБОТНИЧКИ К

15 корнери 7

10/5 удари/во 6/1

18 прекршоци 10

3 офсајди 1

2 ж. картони 1



Минута по минута

3'- Удар на Ди Грегорио од 25 метри по средината на голот и во рацете на Пачовски.

7' -По корнерот случајна топка до Вајс на 7-8 метри но дефанзивецот не се снајде најдобро.

8' -Опасно изведен корнер од Мартин а Стојанов избива во корнер но топката мина многу блиску до десниот дирек.

10'- Незгоден удар на Мартин од 23 метри ниско по земја а Пачовски со мала несигурност успева да одбрани.

27' -Лоша соработка Степановски-Пачовски за среќа топката оди само во корнер.

33'- Поништен гол на Дуделанж поради офсајд а по ударот на Реми од 20 метри. Ди Грегорио беше пред Пачовски.

34'- Упасен удар од 25 метри одлево на Реми но топката за малку оди над пречката на Пачовски.

40'- Силен удар на Крапа од слободен удар од 35 метри, Пачовски брани но ја испушта топката до осамениот Ди Грегорио но овој повторно е во офсајд.

41'- Пејчиќ од близината на гол аут линијата нафрла до Трајчов кој е во лоша положба и бие над голот од 7-8 метри оддесно.

55'- Зегдан на 10 метри од голот во последен миг го блокира ударот на Трајчов.

60'- Хиг од левата страна нафрла а Мартин на 5 метри со глава за малку не ја смести топката во мрежата на Пачовски.

70'- Белини страотно бие од 18 метри ниско по земја но Пачовски со крајни напори избива во корнер.

0:1 - 76' Велковски од 16 метри бие ниско под Жуберт а топката го тресе долниот десен дирек и заврши во мрежата. Претходно одлично додавање од Пејчиќ кој ја разви контрата на нашиот тим..

85' -Пачовски со реакција пред главата на Леком кој беше добро проигран во петерецот.

86' -Бомба на Реми од 35 метри но Пачовски со фантастична парада избива во корнер.

89' -Грузински од 20 метри но нова одлична одбрана на одличниот Пачовски.

90'- Леком сам на 5 метри и бие со глава. Среќа за Пачовски. Топката оди крај гол.

90+2 -Вајс избива во корнер по опасниот удар на Реми од десната страна.



Од Дуделанж




Прва победа но и прв гол на евро сцената за "романтичарите" кои со синоќешниот триумф се на чекор до следната рунда од Лигата на шампионите


Младиот Крсте Велковски му ја донесе првата победа но го постигна и првиот гол за Работнички К. на евро-сцената на гостински терен Во еден драматичен и возбудлив меч Работнички Кометал со голема среќа дојде до победата која е од огромно значење но и голема во пресрет на реваншот со Дуделанж за седум дена во Скопје. Нашиот тим кој беше голем фаворит може да го брои само голот и победата и ќе мора што поскоро да заборави на лошата игра. Шампионот на Луксембург се прикажа во одлично издание. Беше добар составот на Лефлошман кој имаше игра, шанси но против себе го имаше феноменалниот Пачовски кој на многупати ја спасуваше мрежата на "романтичарите". Многу воздишки на присутната публика но и чудни рефлекси на нашиот голман но и на дефанзивното дуо Вајс-Јованоски. Се бројат победите но ќе се паметат и нервозите во нашиот табор. Добро е кога вака се победува но триумфот на нашиот шампион постојано висеше во воздух исто како и мрежата на Пачовски.

Работнички К. успеа да се радува и да ја тресе мрежата во својот прв директен удар и прва закана по голот на домаќините кои постојано ја имаа иницијативата. Многу дофрлувања, критики и сугестии кон своите играчи подели Ѓоре Јованоски кој во ниту еден случај не смее да биде задоволен од она што го прикажаа неговите фудбалери. Цел меч средниот ред имаше големи проблеми. Никако не можеше да се врзат 2-3 додавања но сепак таа 76 минута донесе гол и голема радост. Направен е добар резултат но и крупен чекор кон следната фаза од Лигата на шампионите и дуелот со унгарскиот Дебрецин. Сепак преостануваат уште 90 минути за "романтичарите" против незгодниот тим од Луксембург кој сигурно ќе ги опамети играчите на нашиот тим кои и во Скопје ќе мора да се испотат доколку сакаат да ја прескокнат првата фаза. Само за потсетување. Дуделанж лани исто така во квалификациско коло од Лигата на шампионите дома загуби со 0:1 од Зрински но на реваншот оваа екипа направи чудо и славеше со 0:4 во Мостар. Овој податок треба да биде добро предување и знак дека во ниту еден случај не смее да има опуштање.


Синоќа среќата и сите други фактори беа на страната на Работнички.


Со златни бројки на дресовите

Во стилот на големите шампиони и нашиот првак Работнички К. "Романтичарите" вчера во Дуделанж со нова гарнитура на дресови на кои бројките и буквите беа со златна боја. Тоа е стилот на големите клубови како Барса, Јуве....па и нашиот Работнички К.


Се вееја нашите знамиња

Од Келн, Брисел, Парис...Од околината на Дуделанж околу 50 наши навивачи се најдоа на стадионот "Јос Носбаун" да го бодрат Работнички К. и да навиваат за нашиот шампион. Се вееја десетина наши знамиња а сите тие навивачи дочекаа да се радуваат на победата. Тука треба да се напомене дека боите на нашето знаме се софпаѓаа со боите на Дуделанж.


Премијата е 1.500 евра

Премијата за пласман во 2.квалификациско коло е 1.500 евра. Тоа е одлука на раководството на нашиот шампион, тоа е наградата ако се мине Дуделанж. Повеќе од сигурно е дека за евентуалниот триумф над Дебрецин премијата ќе биде многу поголема.


Дресовите подарени на нашите навивачи

По завршувањето на мечот и по триумфот над домашниот тим сите играчи под директива на потпретседателот на клубот Коста Костовски на нашите навивачи им ги подарија своите дресови. Потоа им подарија и шалови и останати навивачки реквизити. Убав гест на "романтичарите".



ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ:

Ѓоре Јовановски:

"Она што го очекувавме така и излезе. Задоволни сме од победата но не и од играта во некои фази од мечот но сепак најважно е што слававме победа. Се виде дека Дуделажн е квалитетен тим и затоа порачувам голема сериозност и за во реваншот" посочи тим - менаџерот на Работнички К.

Михаел Лефлошман:

"Главната пречка за наша подобра игра е што дел од нашите играчи беа на своите работни места се до 16:00 часот. Мислам дека одигравме добро, но немавме среќа. Незадоволен сум од судењето, не знам зошто ни поништија голот во првиот дел. Сепак во Скопје тешко дека ќе сториме нешто повеќе, Работнички К сепак не е Зрински" истакна тренерот на Дуделанж.


РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВИТЕ НАТПРЕВАРИ ВО 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ВО ЛШ

Пјуник (Ерменија) - Шериф (Молдавија) 0:0

Сиони (Грузија) - Баку (Азербејџан) 2:0 (0:0)

Талин (Естонија) - Хафнарфјордур (Исланд) 2:3 (0:1)

Елбасан (Албанија) - Екранес (Литванија) 1:0 (0:0)

Биркиркара (Малта) - Торшавн (Ф. Острови) 0:3 (0:2)

ДУДЕЛАНЖ (Луксембург) - РАБОТНИЧКИ К (Македонија) 0:1 (0:0)

Линфилд (С. Ирска) - Горица (Словенија) 1:3 (0:2)

ДЕНЕСКА ИГРААТ:

МиПа (Финска) - ТНС (Велс) 18:00ч

Металург (Летонија) - Актобе (Казахстан) 19:00ч

Шахтјор (Белорусија) - Широки Бријег (БиХ) 19:00ч

Корк Сити (Ирска) - Аполон (Кипар) 20:30ч

*Реваншите се играат на 18 и 19 јули 2006 година
Dejan2006 dobro jutro





partizan Beograd
Dejan2006 dobro jutro





partizan Beograd
wolf_pack ajde do prvite razigruvanja barem da stignat:)
macswiss Оваа игра со Дуделанж сама по себе ѕборува ѕа квалитетот на нашиот фудбал...Ке се утепаме цела година местејки натпревари ѕа „да излеземе во Европа„ а уште на преткфаликациите ја утнуваме работата. Судејки според извештајот од утакмицата овие Дуделанж имале целосна иницијатива и несреќно загубиле. А дечкиве тешки аматери се, биле на работа до 16 часот и после на утакмица а имале целосна иницијатива на теренот.... Со таква игра Работнички тешко да го мине следното коло.....
SirAndReW Ja mislam rabotnicki ima sili da go mine 2to kolo
TimeHacker slabo igraat
marko_polog Sigurno deka ke ja podobrat igrata sega so Ignjatov i Stankovski vo sostavot, ke vidime kolku.
ZOTE I Debrecin ne e nishto pojak ke bide neizvesno zatoa shto sega Rabotnicki ke ima pogolem motiv.
VaSiLij Si gi sakam rabotnicki epten, ali sramota e ona sto go prikazuvaat. Pa u maalo bolje fudbal se vrti.
a-pin-dim :o)... More Gorgi Hristov ke gi reshi Rabotinicki :o))))))))))... zaboravivte deka Hristov e vo ekipata na Debrecin?
marko_polog Debrecen - Rabotnicki (1:1), odlicen rezultat na gosti.
sanctus Prvo poluvreme 3:1 sa Rabotnicki. Vaka ne e loso.
DJ_SHEMA rastur sistem a 4:1? Dvajca im izbrkale na ovie a? Aj neka napishe nekoj kako beshe utkamicata.
sanctus Sto mislite za tretoto kolo? ima li sansi?
SirAndReW Sekako deka ima! Samo neka igrat otvoreno bes strav kako so igraa vo Skopje.
a-pin-dim ФАНТАСТИЧНА НОЌ НА "ГРАДСКИ", НАШИОТ ШАМПИОН ГИ ДЕКЛАСИРА УНГАРЦИТЕ (4:1) И СЕГА НА МЕГДАН МУ ОДИ НА ЛИЛ

РОМАНТИЧЕН ИЛИНДЕН

Блескава игра на "романтичарите", ноќ за паметење, па можеше ли најголемиот државен празник Илинден да заврши поубаво и порадосно
Се чини дека фантастичниот гол на Неџипи беше решавачки, со тој гол во 21. минута тој израмни, ја загреа публиката, им даде оптимизам на своите соиграчи
Работнички К можеше уште поубедливо да го совлада Дебрецин, играше со два играчи повеќе речиси цело второ полувреме, но во финишот се чуваше за Лил

РАБОТНИЧКИ - ДЕБРЕЦИН (3:1)

"Градски" стадион во Скопје.

Гледачи: 10.000

Главен судија: Дамир Скомина. Помошници: Кокољ и Когеј, тројцата од Словенија.

Делегат: Серџо Ди Чезаре (Италија)

Ж.картони: Бернат, Халмоши, (Д).

Ц.картон: Халмоши 42', Сидибе 51'

Стрелци: Неџипи 21', Пејчиќ 33', Трајчов 42', Нено 56' - Сидибе 20'





РАБОТНИЧКИ

Пачовски 3
Јованоски 3,5
Нено 4
Вајс 3,5
**Јеремиќ 3
Карчев 3,5
***Игњатов 3
Неџипи 4
Трајчов 3,5
Пејчиќ 4
*Станковски 3
61' Велковски 2,5
67' Лазаревски 2,5
68' Стојанов 2,5


ДЕБРЕЦИН

1 Черниански
1,5 Вукмир***
1,5 Домби
1,5 Шандор*
2 Богдановиќ**
2 Комлоши
1,5 Џуџак
1,5 Бернат
2 Сидибе
1,5 Халмоши
1 Егер
1 Киш 46'
1,5 Шатмари 46'
1 Вирак 81'


Минута по минута

6' Шандор од 16 метри успева да упати добар удар, но опката оди крај горниот десен дирек на Пачовски.

0:1 - 20' Сидибе на 5 метри со глава ја "закова" топката во мрежата на Пачовски по центаршутот на Богдановиќ од десната страна и лошата реакција на Вајс.

1:1 - 21' Бомба на Неџипи од 25 метри кога ефектно со левата нога го погоди горниот десен агол.

23' - Контра на "романтичарите" која ја предводи Станковски, кој место да го проигра осамениот Пејчиќ, упати многу-многу лош удар.

24' Пејчиќ изведува скратен корнер, а Карчев на 5 метри со глава упати удар над голот.

2:1 - 33' Игњатов од својата половина го проигрува осамениот Пејчиќ, кој на 15 метри го мина и гостинскиот голман, а потоа лесно ја смести топката во мрежата.

39' Се тресе пречката на Дебрецин по силниот волеј удар на Нено од 15 метри откосо.

3:1 - 42' Трајчов од 10 метри ја смести топката во долниот десен агол по одличното додавање на Пејчиќ од левата страна и "киксот" на Комлоши, кој се сплетка пред својот гол и не ја исфрли топката.

42' Халмоши со раце го сопира Нено по што добива втор жолт и исклучување.

45+2 Станковски е кус на 7-8 метри и не ја зафати острата топка по земја од Пејчиќ.

51' Директен црвен картон за Сидибе, кој со двете нозе на центарот од теренот стартува врз Јеремиќ.

4:1 - 56' Нено од десетина метри оддесно само ја "црпна" топката, која од десниот долен дирек заврши во мрежата. Претходно Станковски добро асистираше.

70' Пачовски сигурен при ударот на Киш од десетина метри одлево.

80' Егер игра со рака пред својот гол, но судијата не покажува на белата точка.

83' Нов обид од далечина на Неџипи, но овој пат топката отиде малку крај голот.

88' Велковски од 7-8 метри со глава упати удар крај голот. Ништо од "петардата".



СТАТИСТИКА

2 корнери 3

8 прекршоци 13

12/6 удари/во 4/2

4 офсајди 4

1 ж.картони 3

/ ц.картони 2



Па можеше ли подобро да заврши најголемиот државен празник Илинден, поубаво и порадосно? Секако дека не. Фантазија, рапсодија во црвено. Фудбалска перфекција. Работнички К, нашиот шампион, уште еднаш покажа зошто е најдоброто нешто од Македонија во нашиот фудбал. Во реваншот во рамките од 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите "романтичарите" го совладаа, го декласираа Дебрецин со 4:1 па така со вкупни 5:2 нашиот шампион се пласира во 3. коло каде на 9 август во Франција и 23 август во Скопје ќе игра со Лил.

Стрелците по ред беа Неџипи, Пејчиќ, Трајчов и Нено. За гостите голот го даде Сидибе.

Успех за паметење, сега откако покажавме квалитет, покажавме дека имаме клуб кој знае да одигра мајсторски можеме да се надеваме на фудбалскиот рај, на групите во Лигата на шампионите. Најважно од сe е што сега Работнички К ќе игра уште најмалку четири натпревари во Европа.

Инаку, самиот меч почна со внимателна игра. Мајсторот, тим - менаџерот Ѓоре Јовановски не сакаше ништо да ризикува, сакаше од контри да го реши мечот. Од друга страна Дебрецин нападна, па така во 20. минута по конфузијата на нашата одбрана на центаршутот на Богдановиќ, Ибрахим Сидибе со удар со глава го совлада нашиот Пачовски.

И кога Ндерим Неџипи виде дека работите не одат како што требе, во следниот напад, со феноменален гол од преку 30 метри покажа дека Работнички К има намера да победи во овој меч. Се чини дека тој гол беше решавачки, не само што го израмни резултатот туку ја загреа 10.000 - та публика, им даде невиден оптимизам на своите соиграчи. И тогаш почна рапсодијата во црвено. Тогаш Работнички К го одигра најдобриот меч на една наша екипа во евро куповите. Ни ги разгали срцата, ни докажа дека имаме клуб, екипа, тренер, играчи за највисоки дострели.

Гостите не се соземаа од шокот, а веќе беше 2:1. Во 34. минута Игњатов прекрасно го поигра во празно Пејчиќ, а овој мајсторски реагираше, го предрибла Черњански и ја погоди празната мрежа. Пет минути подоцна и Нено гаѓаше, но само во пречката по волеј ударот, па нели тој е Бразилец, знае да игра како што само "кариоките" умеат.

Во 42. минута сe беше готово, мајсторија на Трајчов во шеснасетникот на Дебрецин и тоа беше веќе 3:1. Потоа Халмоши заработи втор жолт и мораше да го напушти теренот. Со тој епилог заврши првиот дел.

Во вторите 45 минути Дебрецин се обиде да нападне, но Работнички К тоа жестоко го казни, погоди за 4:1 и тоа беше сосема крај за извиканиот унгарски шампион. Уште кога Сидибе заработи исклучување публиката со фантастично навивање им го честита успехот на своите миленици. До крајот играчите на нашиот шампион не сакаа да го понижат ривалот, се чуваа за Лил, се штедеа. Тоа го прават само големи мајстори. Само на момент по 4:1 си "играа" корида, си играа "Оле" за своја душа и за радост на публиката.

На крајот не ни преостанува ништо друго освен да кажеме БРАВО МАЈСТОРИ, НАЈДОБРИ СТЕ!

ArIeS Bravo za Rabotnicki kometal ,ja gledav utakmicata na mktvsat(suk*r konecno nesto asalno da dadat na sat.) i ne ke e previse ako kazam deka od koga pratam makedonski fudbal vo evropski kupovi ,do sega Rabotnicki e edinstven sto pokazal igra za respekt.

p.s da ne zaboravam bravo i na dimeta za copy/paste :P