Za site clenovi posebno za Bugarite |
||||
slasa | Sekoj clen koj ke e navredi Makedonija i negira Makedonskiot Jazik i nacija na eden ili drugi nacin odi na ban a temata ke se brisi ili zakluci . Za bugarite posebno ako sakaar da diskutiraat na ovoj forum da bidat pristojni i da gi pocituvaat pravilata, ako sakaat da imat pristap na forumov .. |
|||
Jakov | Дополнително известување за сите посетители на Форумов кои доаѓаат од Бугарија. Од денес на Историја нема да толерирам ни една тема отворена од Ваша страна. Секој пост и цитат кој нема да ми се допаѓа и кои едноставно ќе решам ќе го префрлам во Рисајк Бин. Сите постоечки теми за Бугарија и Бугарите ќе ги заклучам, а сите кои ќе пробаат да пројадат гомна ама само еден збор против Македонија не само што ќе ги банираме него ќе ви ги затвораме и јузерите и се друго. Бидејќи сме агресивни и грабаме се што е туѓо отсега па натаму како буба шваби ќе ве плескам по Форумив еден по еден. Поддршката на евроатланските аспирации на Македонија ќе продолжи, но само ако предуслов се градењето добрососедски односи и не мешањето во бугарската историја и нација е изјавата на шефот на бугарската дипломатија Ивајло Калфин. Бугарија ги поддржува Македонија и Турција, но таа поддршка нема да е безусловна. Ние ќе настојуваме од двете страни да ги почитуваат принципите на добрососедство и особено ќе следиме Македонија да не појавува агресија кон бугарската историја и нација вели Калфин. На средбата со раководителите на бугарските дипломатско конзуларни претставништва во странство, Калфин не објаснил и прецизирал што подразбира под македонска агресија кон бугарската историја и нација. Ваквата изјава на бугарскиот министер предизвика експресна реакција кај македонското министерство за надворешни работи. Оттаму велат изјавите не се во прилог на принципите на добрососедство. Македонскиот амбасадор во Софија Абдурахман Алити изненаден е од изјава на Калфин. За А1 вели Македонија со ништо не придонела за да предизвика ваква изјава. Вечерва очекува и прием кај Калфин. „Македонија со ништо не придонела да се даде таква изјава и да се има таков став према нас. Во моментот очекувам средба во министерството за надворешни работи и ќе побарам појаснување каде се базира таквата изјава на министерот“, изјави Абдурахман Алити македонски амбасадор во Бугарија. Предупредувачките изјави од Софија доаѓаат по писмото на претседателката на европската слободна алијанса Нели Маес до еврокомесарот за проширување Оли Рен. Маес бара од Рен признавање на македонското малцинство во Бугарија на државно ниво, како и да им се гарантира поддршка со цел да можат да ги користат правата кои им се гарантирани со конвенцијата за малцинства, пишува во соопштението на ОМО Илинден Пирин. Тие имаат право да им се почитува правото на сопствено мислење и на мирен собир. Поконкретно бараме да се набљудува ситуацијата во следните недели за да им се овозможи ОМО Илинден Пирин да се регистрира, наведува во писмото Маес. Во писмото го потсетува и на одлуката на европскиот суд за човекови права со која бугарската влада и покрај претходната одлука на истиот суд не успеала да ги обезбеди правата на асоцијацијата ОМО Пирин. Истото писмо од 18 јули испратено е и до бугарскиот претседател и премиер како и претседателот на комитетот на министерството за надворешни работи на ЕУ Елмар Брок. |