Јаков

Јаков
Jakov
 
РИПКАТА




Вмв`лија порано беше убаво место за дружење. ВМв`л-овците ВМв`л-магарињата и останатите ВМв`л-чиња си живееа среќно и весело. Арно ама еден ден, дел од ВМв`л-чињата решија да формираат банда. Не ја нарекоа никако, а ни име немаа за тоа што го формираа. Кој уште измислил зборови за таа пакост која таму се беше збрала. На чело се стави малиот Напоелон (ама не тој од Франција, а не ни оној на Орвел). Овој е сличен на орвеловиот ама посмешен. Се насобраа олошите и почнаа да рошкаат по локалните буништа. Рошкаа и сето ѓубре кое се збрало го собраа кај нив. Никој не ги гледаше, никој не ги пазеше а тие од ѓубрето створија свој свет. таму живееа, таму растеа, таму гневот си го растеа, таму пизмите кон се људско ги собираа. Од ѓубрето на другите лаги и прелаги за нив измислуваа. Резил ширеа во зло се капеа.
Лека полека успеаа да ја усмрдат цела ВМв`лија. Смрдеше не не се влегуваше во неа....
За несреќата да биде поголема, еден ден од нигде никаде силен потоп дојде. Врнеше, врнеше ни Арката да беше немаше да остане во тие водишта што истурија. Од Сеирлиско поле до Општината, се беше во вода. Пливаше и шуто и рогато и криво и право во вителите вода кои не сопираа со денови, недели, месеци. Се разбранува морето од нигде повикано и од никого создадено.
Послабите и помалите почнаа да се дават. Неможеа да издржат. Врискаа за помош ама немаше кој да помага. Сите гледаа да се спасат самите себе си. Но дали сите?
Не. Имаше неколку души кои решија да ги спасат и другите. Посилните потфаќаа по три-четири душички удавени,, оние послабите по еден-двајца.
Но види чудо. Види гнасотија!!!!
Од под_вода излегоа некој чудни створови. Со усти погани ко јами длабоки, со грди фаци како да се од најтемната темнина излезени. Пливаа и давеа се што ќе најдеа. Ги давеа спасителите. Им ги фрлаа спасениците назад во вода. Пируваа и славеа на туѓите несреќи. Живо месо гризеа од оние со кои доскоро вино и ракија пиеа, и мрсни меса кркаа. Се вцрвени водата, крв се стори.
Насекаде само чемер, врискотници, гнаси и погнаси царуваа. Ништо живо не остана. И водата од лошотијата нивна се смири. Застана. Мирна стакло se stori. Чиниш страв и е да мрдне, да не излезе некоја гнасотија да ја отепа. Ден, два, три неколку.....се наоколу почна да се засмрдува. Морето стана бара, барата накоти тревишта, тревиштата скапаа, скапаниците над вода излегоа, водата се усмрде, смрадот во реа се престори, реата го заплсина воздухот, воздухот скапа се испогани.
Само од далечината се слушаше воскиликот на гнасите од зло створени како врискаа над некоја изгубена душа која овде онде ќе подизлезеше.
Проплака се наоколу. И небото и земјата и дрвјата и каменот. Се стенкаше и липаше од болка. Болка од усмрдените заби на бездушниците кои во својата лакомија гризеа се. И живо и диво и старо и младо. Од бес и лудило и коските на мртвите ги глодаа додека во прав не ги претовореа. Не знаеа тие ни за свето ни за профано. Ни за људско ни за нељудско. Мртвите души од нив бегаа.
Наполеонот владееше, малите гмизливи нопаци околу него пирот го водеа. Еден ден најподлото од сите подли створови кој злобата некогаш ги створила, во водата најде рипка. Кој знае како преживеала пустата во сета таа бара усмрдена. Туку зина да ја лапне со својата муцка разлигавена од плачење, кога одзади се здаде Наполеонот. Го тресна по главата со кривиот стап со кој власта ја држеше. Го тресна чиниш го отепа.
Ја зеде рипката спремен да ја проголта. Но ни тој неуспеа. Одзади некој женски створ со очи на распадната мрша му се нафрли. По неа од водата излезе најстрашното од сите стравотии. Мало врискаво, ддткаво чудовиште. Како маваше така се кикотеше. Како се кикотеше така отрови со муцката фрлаше.
Гнасите се степаа. Очите си ги копаа, кожата на живо си ја дереа. Ноќта не беше уште минала, а сите стоворови меѓусебе се колеа. Никој од нив незнаеше ни зошто се тепа ни со кого се тепа. Само скокаа од водата над водата и пак назад се враќаа.
Се чинеше дека ги има помалку, но беа дузини и дузини. Лошотијата не издржа и почна сама себе да се јади.
А, рипката!? Рипката избега. Се спаси. Се засолни малу потаму. Подзастана душа да земе. Погледна угоре кон небото. Зрак светлина конечно продре низ облаците од реа кои со месеци висеа на ВМвлија.
Месечевиот зрак ја плисна рипката. Одсјајот од нејзината златна боја на кожата блесна наоколу. Се разбранува морето. Почна да фрла далги до секаде. Малата рипка скокна и силно плесна со опашот по водата. Веќе не беше мала и не беше рипка. Се сплоти со морето и изникна во еден огромен бран. Бран со оган во едната и бистра вода во другата рака. Се вдаде кон гумното на кое гнасите си ги колваа очите и си ги глодаа телата.
Не ги остави ни да го погледнат. Оган каков небеше видел никој пред тоа и никој потоа истури врз нив. Ни гласовите не им се слушаа додека гореа во огнот. Никој не избега, ниту пак виде што му се случи. Се наоколу изгоре. Остана само пепелта на злото и лошотијата, наоколу да догорува.
Силен поток од бистра вода истури врз смрдеата која уште излегуваше од пепелта. Створи вртлог кој се дигна до небото. Сета застоена и гнасна вода ја собра со себе, ја вивна високо некаде и ја фрли далеку од ВМвлија.
Се изчезна. И смрдливата вода и облаците крв и коските и мртвите тела. Се отиде некаде џенемијата. Една мрша, една гнасотија пцовисана не остана.
Месечината осветли се наоколу. Разгледуваше и не си веруваше на своите очи. Не си веруваше дека пак ќе може да ја види старата глетка.
Мирот и спокојот. Тишината и радоста. Со солзи во очите се сокри зад хоризонтот оставајќи му го небото на својот постар брат.
Рипката?
Рипката од тогаш наваму никој не ја видел. Не чул никој ништо за неа. Незнаеме ни дали била стварно рипка или некој абер од небото. Некои зборуваа дека скокнала во вителот кога тој се извишувал кон небото, ама кој да верува на вмвлиња?
Неодамна еден пијаница се колнеше во сето вино на светов дека ја сретнал рипката. Ја сретнал далеку одовде, некаде кај што нормални ВМв`лци не одат. Велеше дека ја видел во водите на Гнасна_река. Го препознала и му рекла дека е таму за да ги чува ВМв`млци од болештини и нечистотии. Му рекла дека вителот гнасотијата ја мафнал, ама не ја исчистил до крај сета лошотија на Светов и веков. Му рекла и дека дур има лажови и неранимајковци, фукари и предавници, плачковци и нелуѓе таа ќе седи во Гнасна_река и ќе ги штити токму од нив.
Пијаницата велеше дека му рекла уште многу што, ама пијаница ко пијаница, следниот ден не знаеше ни кај бил ни што бил ни што кажал.
Pacmen Јас ама баш ништо не разбирам од ова напишаново. Шо е работава? Кој е кој овде во приказнава?
deni pacmen ti nogu raboti ne razbiras . bega metro ajde
darkjesus хехе изоткачена приказна..:))

него таа рипката потомци нешто ово оно??
Thief Нека се пази рипката во Гнасна_река, се збори дека таму била загадена водата. Да не ја покажуваат после на телевизија како последен примерок прежиеван после новиот помор на риби. :(
zlotty_co_380 obicno ne citam mnogu blogovi ama slusnav deka Jakov napisal ubav blog pa navistina dobar bese. Ubava prikaska.
Pacmen Јас Многу работи не разбирам, а не ногу. Од кај ти е жити се овој Македонски дијалект?
sisi Ne e fer Jakove.:) Ako ne site likovi,barem da ni kazese koj e ripkata,hahahahaa...:):)
Dobra perspektiva,iako znam deka znaes da dades i posvetla i povesela.Aj,vo sledniot napis.:)
The_Crow
quote:
Originally posted by Jakov

РИПКАТА




Вмв`лија порано беше убаво место за дружење. ВМв`л-овците ВМв`л-магарињата и останатите ВМв`л-чиња си живееа среќно и весело. Арно ама еден ден, дел од ВМв`л-чињата решија да формираат банда. Не ја нарекоа никако, а ни име немаа за тоа што го формираа. Кој уште измислил зборови за таа пакост која таму се беше збрала. На чело се стави малиот Напоелон (ама не тој од Франција, а не ни оној на Орвел). Овој е сличен на орвеловиот ама посмешен. Се насобраа олошите и почнаа да рошкаат по локалните буништа. Рошкаа и сето ѓубре кое се збрало го собраа кај нив. Никој не ги гледаше, никој не ги пазеше а тие од ѓубрето створија свој свет. таму живееа, таму растеа, таму гневот си го растеа, таму пизмите кон се људско ги собираа. Од ѓубрето на другите лаги и прелаги за нив измислуваа. Резил ширеа во зло се капеа.
Лека полека успеаа да ја усмрдат цела ВМв`лија. Смрдеше не не се влегуваше во неа....
За несреќата да биде поголема, еден ден од нигде никаде силен потоп дојде. Врнеше, врнеше ни Арката да беше немаше да остане во тие водишта што истурија. Од Сеирлиско поле до Општината, се беше во вода. Пливаше и шуто и рогато и криво и право во вителите вода кои не сопираа со денови, недели, месеци. Се разбранува морето од нигде повикано и од никого создадено.
Послабите и помалите почнаа да се дават. Неможеа да издржат. Врискаа за помош ама немаше кој да помага. Сите гледаа да се спасат самите себе си. Но дали сите?
Не. Имаше неколку души кои решија да ги спасат и другите. Посилните потфаќаа по три-четири душички удавени,, оние послабите по еден-двајца.
Но види чудо. Види гнасотија!!!!
Од под_вода излегоа некој чудни створови. Со усти погани ко јами длабоки, со грди фаци како да се од најтемната темнина излезени. Пливаа и давеа се што ќе најдеа. Ги давеа спасителите. Им ги фрлаа спасениците назад во вода. Пируваа и славеа на туѓите несреќи. Живо месо гризеа од оние со кои доскоро вино и ракија пиеа, и мрсни меса кркаа. Се вцрвени водата, крв се стори.
Насекаде само чемер, врискотници, гнаси и погнаси царуваа. Ништо живо не остана. И водата од лошотијата нивна се смири. Застана. Мирна стакло se stori. Чиниш страв и е да мрдне, да не излезе некоја гнасотија да ја отепа. Ден, два, три неколку.....се наоколу почна да се засмрдува. Морето стана бара, барата накоти тревишта, тревиштата скапаа, скапаниците над вода излегоа, водата се усмрде, смрадот во реа се престори, реата го заплсина воздухот, воздухот скапа се испогани.
Само од далечината се слушаше воскиликот на гнасите од зло створени како врискаа над некоја изгубена душа која овде онде ќе подизлезеше.
Проплака се наоколу. И небото и земјата и дрвјата и каменот. Се стенкаше и липаше од болка. Болка од усмрдените заби на бездушниците кои во својата лакомија гризеа се. И живо и диво и старо и младо. Од бес и лудило и коските на мртвите ги глодаа додека во прав не ги претовореа. Не знаеа тие ни за свето ни за профано. Ни за људско ни за нељудско. Мртвите души од нив бегаа.
Наполеонот владееше, малите гмизливи нопаци околу него пирот го водеа. Еден ден најподлото од сите подли створови кој злобата некогаш ги створила, во водата најде рипка. Кој знае како преживеала пустата во сета таа бара усмрдена. Туку зина да ја лапне со својата муцка разлигавена од плачење, кога одзади се здаде Наполеонот. Го тресна по главата со кривиот стап со кој власта ја држеше. Го тресна чиниш го отепа.
Ја зеде рипката спремен да ја проголта. Но ни тој неуспеа. Одзади некој женски створ со очи на распадната мрша му се нафрли. По неа од водата излезе најстрашното од сите стравотии. Мало врискаво, ддткаво чудовиште. Како маваше така се кикотеше. Како се кикотеше така отрови со муцката фрлаше.
Гнасите се степаа. Очите си ги копаа, кожата на живо си ја дереа. Ноќта не беше уште минала, а сите стоворови меѓусебе се колеа. Никој од нив незнаеше ни зошто се тепа ни со кого се тепа. Само скокаа од водата над водата и пак назад се враќаа.
Се чинеше дека ги има помалку, но беа дузини и дузини. Лошотијата не издржа и почна сама себе да се јади.
А, рипката!? Рипката избега. Се спаси. Се засолни малу потаму. Подзастана душа да земе. Погледна угоре кон небото. Зрак светлина конечно продре низ облаците од реа кои со месеци висеа на ВМвлија.
Месечевиот зрак ја плисна рипката. Одсјајот од нејзината златна боја на кожата блесна наоколу. Се разбранува морето. Почна да фрла далги до секаде. Малата рипка скокна и силно плесна со опашот по водата. Веќе не беше мала и не беше рипка. Се сплоти со морето и изникна во еден огромен бран. Бран со оган во едната и бистра вода во другата рака. Се вдаде кон гумното на кое гнасите си ги колваа очите и си ги глодаа телата.
Не ги остави ни да го погледнат. Оган каков небеше видел никој пред тоа и никој потоа истури врз нив. Ни гласовите не им се слушаа додека гореа во огнот. Никој не избега, ниту пак виде што му се случи. Се наоколу изгоре. Остана само пепелта на злото и лошотијата, наоколу да догорува.
Силен поток од бистра вода истури врз смрдеата која уште излегуваше од пепелта. Створи вртлог кој се дигна до небото. Сета застоена и гнасна вода ја собра со себе, ја вивна високо некаде и ја фрли далеку од ВМвлија.
Се изчезна. И смрдливата вода и облаците крв и коските и мртвите тела. Се отиде некаде џенемијата. Една мрша, една гнасотија пцовисана не остана.
Месечината осветли се наоколу. Разгледуваше и не си веруваше на своите очи. Не си веруваше дека пак ќе може да ја види старата глетка.
Мирот и спокојот. Тишината и радоста. Со солзи во очите се сокри зад хоризонтот оставајќи му го небото на својот постар брат.
Рипката?
Рипката од тогаш наваму никој не ја видел. Не чул никој ништо за неа. Незнаеме ни дали била стварно рипка или некој абер од небото. Некои зборуваа дека скокнала во вителот кога тој се извишувал кон небото, ама кој да верува на вмвлиња?
Неодамна еден пијаница се колнеше во сето вино на светов дека ја сретнал рипката. Ја сретнал далеку одовде, некаде кај што нормални ВМв`лци не одат. Велеше дека ја видел во водите на Гнасна_река. Го препознала и му рекла дека е таму за да ги чува ВМв`млци од болештини и нечистотии. Му рекла дека вителот гнасотијата ја мафнал, ама не ја исчистил до крај сета лошотија на Светов и веков. Му рекла и дека дур има лажови и неранимајковци, фукари и предавници, плачковци и нелуѓе таа ќе седи во Гнасна_река и ќе ги штити токму од нив.
Пијаницата велеше дека му рекла уште многу што, ама пијаница ко пијаница, следниот ден не знаеше ни кај бил ни што бил ни што кажал.


I pokraj mojata bujna fantazija ova ni jas ne bi mozel da go sklopam. Majstore remek delo.