potekloto na bugarite

potekloto na bugarite
slasa
 


Потеклото на бугарските племиња треба да се бара во монголските степи, како и кај сите турко-бугарски народи. Припаѓаат на турската народносна група Алтаи, а јазикот им е турко-алтајски. Бугарите од Азија постопено се движеле кон Европа, за да во 2 век н.е. се населат меѓу каспиското и црното море. За прв пат на Балканите, Бугарите се забележани во 502 г. кога ја харале Тракија [THE BULGARIANS, Extract from the book "Bulgaria Illustrated History", Bojidar Dimitrov, PhD., Author, Published by BORIANA Publishing House, Sofia,Bulgaria].


Околу јужното устие на Волга и ден денеска живеат неколку бугарски народа и тоа Болгари-Татари, Чуваши и АлМаринци. Балканските Бугари потекнуваат од Волга, од познатата волшка Бугарија, денешен Татарстан, а до 1919 г. нарекуван Болгаростан. Болгарите по националност се декларираат како Бугари-Татари [Boryngy..., 1963, 17-51], [Vorobev N.I., 1948, 80; Kozlova K.I., 1964, 20-21], [Boryngy..., 1963, 17-51], а имаат и свој посебен бугарски јазик, кој припаѓа на групата турки јазици [Kashgari Makhmud, 1960, 66-68; Kononov A.N., 1972, 14]*.

Нема дилема, вистинските Бугари кои бугарската историја ги нарекува прото-Бугари, биле турски азијатомонголски народ, со свој турски јазик (History of the Bulgarian State, v. l, part 1, Sofia, 1938, pp. 332 337, by Prof. V. N. Zlatarski); официјалната бугарска историја тоа го потврдува, како и Бугарската Академија на Науките за која вистинските Бугари се турско племе со турски јазик (История на България. Т. II. С., 1981, с.60.). Турскиот антропологичен тип и турскиот јазик на Бугарите не се поставуваат под сомнение; постојат неоспорни докази за турскиот карактер на стариот бугарски јазик, кои можат да се најдат по написите на вистинските Бугари, како Именикот на бугарските владетели, по пишувањата од византиските извори, но и по бугарските камени натписи од средновековието кои се на турски јазик (стр. 23-33 от Studia protobulgarica mediaevalia europensia. В чест на професор Веселин Бешевлиев. Велико Търново, 1992).


Бугарски војсководец Мострич од 9 век

Материјалната култура на првото бугарско царство (до 971 г.) е чисто турска, со елеменит присутни во сите останати култури од турскиот каганат: дванаесетгодишен животински календар, култ кон Тангра, итн. (Б е ш е в л и е в, В. Първобългарите. Бит и култура. С., 1981; Р а ш е в, Р. Дунавска България и Централна Азия. - Втори международен конгрес по българистика. Доклади. Т.6. С., 1987, с. 205-210). Замислете, во турци Бугарите го вклучуваат и Цар Самоил!

Бугарската современа историја тврди дека бугарите се словенизирале и така настанал современиот бугарски народ. Но, дали е тоа така? Историјата вели дека немало мешање на правите Бугари (турки) со Антите (Словените) од Бугарија, освен со Антите од Добруџа, за што постојат многу докази како заеднички фолклор, посебни народни песни, ора, игри. Всушност, само во Добруџа и источна Тракија покрај црноморието се населиле правите Бугари (турки). По отоманската окупација на Бугарија во 14 век, правите Бугари поради културната, етничката и јазичната сличноста со турците селџуци, масовно преминуваат во ислам и целосно се претопуваат во Турци. Така, денешните милион турци во Бугарија и оние уште толку насилно преселени "Турци" од Бугарија во Турција за времето на Тодор Живков, се оригиналните Бугари, наследниците на Хан Аспарух. Но, дел од вистинските Бугари (турки) не се исламизирал и денеска уште ги носат своите турски карактеристики- тоа се Гагаузите. Името Гагауз доаѓа од изворните бугарски (турки) зборови гаг-гуг што значи никако; имено, кога мнозинството вистински Бугари (турки) преминувале во 14 век во верата на своите побројни и посилни турки браќа, Селџуците, имало Бугари кои се опирале на исламизацијата со зборовите НИКАКО, па тој збор Гаг-Гуг станал синоним за вистинските Бугари кои останале доследни на христијанството.

Зборот Узи, значи Бугар и така постојат денеска Гага-Узи т.е. Гага-Бугари, Бугари кои си ја задржале својата христијанска религија (Bakhshi Iman, "DJAGFAR TARIHI" (THE ANNALS OF DJAGFAR), Volume 3, KUL GALI, HON KITABY (BOOK OF HUNS), 28/29). Така, Бугарите од Узбекистан себе се нарекуваат Узбеки, што значи "да си Бугарин".

Гагаузите се туркомонголски народ, припадници на жолтата раса, со изразити монголски особини. Јазикот кој го говорат припаѓа на турки јазиците, а го нарекуваат туркче или гагаузче (Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176). Гагаускиот јазик е јазикот на вистинските Бугари, оние на Хан Аспарух кој ги донел во денешна Добруџа. Гагаузите потекнуваат од Добруџа, Варна и источна Тракија, токму онаму кај што се населиле правите Бугари, турките. Денеска, историчарите од од Бугарија, за да ја одбранат својата хипотеза дека се мешавина на Буагри и Словени, одат дотаму дека Гагаузите се остатоци на Куманите и Печенезите, но во местата на Гагаузите од устието на Дунав до Русе, па на југ се до Бургас тоа се териториите каде што се населиле Бугарите. Ако се погледне етнографската карта на тој дел од Бугарија, тнр. права Бугарија од 1861 г., целата спомната област е чисто турска, населена исклучиво со православни и исламизирани туркобугари (Георги Радуле КОЙ ФАЛШИФИЦИРА ИСТОРИЯТА?).

Културата на Гагаузите е иста со онаа на добруџанските славенофони Бугари, така што можеме да речеме дека мешање на Бугари и Анти (Словени) имало само во Добруџа. Танците и народните песни, како и целиот фолклор на Гагаузите се идентични со Бугарите од Добруџа (Коларова 1998, објавено во Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176).




Таткото на нацијата: Хан Аспарух, представен од Бугарите како монгол

Гагаузите т.е. Бугарите, како сите христијани во Отоманската Империја биле изложени на притисоци за исламизација од нивните отомански браќа, па многу од Гагаузите заедно со словенофонски браќа Бугари од Добруџа, по руско-турските војни од 18 век, се селат во Бесарабија, денешна Украина и Молдавија- руски територии до 1918 г., а подоцна советски. Интересно е што Гагаузите се сметаат за чисти Бугари т.е. прави. Иселените Гагаузи во руската империја до крајот на 19 век, секогаш од страна на официјална Русија се опишувани како Бугари по народност (Скальковский 1836-1838; 1848, Бугньон 1853: 198, Свиньин 1867: 175, Могилянский 1913: 85). Русите, за прв пат ги разграничуваат словенофоните Бугари од Добруџа (мешавина ан турките Бугари и Антите) и Гагаузите во средината на 19 век (Кепен 1850: 196; 1852: 40; 1861: 62, Каранастас-Радова 2001: 23). Во тој период, царска Русија се стреми да создаде руска марионета, вештачка држава Бугарија и нова словенска нација Бугари, од различните словенски племиња кои живееја на територијата на денешна Бугарија. За таа цел, Русите мораа да ги тргнат вистинските Бугари, да им го замрат името, па затоа ги нарекуваа Гагаузи, а вистинските Бугари во Болгаростан (руска колонија) почнаа да ги нарекуваат Татари и го променија името на нивната држава од Болгаростан во Татарстан. Едноставно, мораше да се скрие вистината дека вистинските Бугари се турки народ, азијатомонголски. Сепак, Гагаузите и во 20 век се декларирале по руските пописи како Бугари (Державин 1937: 87), односно како преселници од Бугарија во Русија, со своето вистински национално име (Державин 1914: 13). Гагаузите како најблиски на себе ги сметаат Турците и бесарабските-добруџанските словенофони Бугари (мешани Анто(словени)-Бугари (турки)) и најчесто се среќаваат бракови меѓу нив добруџанските словенофони Бугари (Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176).

Имаме историски податок од 13 век од англискиот професор на оксфордиот универзитет др. Роџер Бакон (1211-1294), со највисока универзитетска титула Доктот Мирабилис, дека бугарите од денешна Бугарија говореле турски јазик. Но тој факт тој не го пренесол од некој друг извор, туку во 13 век лично ја посетил денешна Бугарија - Мала Болгарија (меѓу Стара Планина и Дунав) и вистинска азијатска Бугарија (Голема Бугарија), па во своето дело „Опус Мајус“ 1268 г. вели: „Мала Бугарија е во Европа и таму тие (бугарите) го говорат јазикот на болгарите кои живеат во Голема Болгарија, која е во Азија ("Kazan. The Enchanted Capital" (Flint River Press Ltd, London, 1995).

знаме на Татарстан знаме на Бугарија
Сите историски извори тврдат дека Бугарите и Антите (бугарските словени), а особено Бугарите и Македонците биле непријатели. Во егејска Македонија, во градот Филипи, пронајден е запис на туркобугарскиот хан Пресијан од 837 г. кој гласи: „Пресијан од Бога владетел на многу болгари, го испрати кавханот Исбул после давањето на војска нему и на боилот Коловур ПРОТИВ СМОЛЈАНИТЕ ШДержавин, Н.С. История на България. Том І, с.213, цитат по Георги Радуле КОЙ ФАЛШИФИЦИРА ИСТОРИЯТА?Ќ. Во денешно време, бугарските историчари намерно зборчето „против“ го фалсификуваат и го преименуваат во „кај„, со цел да се пропагира кај пиринските Македонци кои носат смолјански корен, дека се Бугари.

На друг средновековен бугарски споменик, напишан на варовна плоча од 9от век од страна на турско-татарските бугари кои говореле турски јазик, стои: Хан Омуртаг ја поведе својата војска против словените ...да ги уништи словените и да не можат да се оправат се додека постои сонцето и тече реката Тича ("Първобългарски надписи", Веселин Бешевлиев, София, 1979 г., БАН).

Како што гледаме, Бугарите никогаш не се словенизирале, туку и денеска опстојуваат и го задржале својот турки јазик и својата туркобугарска изворна култура. По овие историски сведоштва, како е возможно да се тврди дека Бугарите се словенизирале? Бугарите биле поробители на бугарските словени, а обете едноса биле премногу различни, како расно, така и културолошки и лингвално. Со ова испаѓаат ступидни тврдењата на бугарската историографија дека Св. Кирил и Методиј биле Бугари, создале бугарска азбука и јазик. Едноставно тоа не е возможно, оти во 855 г. кога светите словенски апостоли ја создадоа словенската азбука, Бугарите се турки народ кој говорел свој турски јазик, а официјален јазик им бил грчкиот. Дури 40 години подоцна, Бугарите го воведуваат како официјален словенскиот јазик, бидејки најбројна поробена етничка група во нивното царство биле Словените. Словенскиот јазик, како и грчкиот кој претходно бил официјален во државата, е туѓ јазик за Бугарите. Нивниот јазик не го смениле, уште е жив и се зборува од нивните наследници- ГагаУзите. Па да биле Бугари Св. Кирил и Методиј ќе говореа турски, ќе создадоа турска азбука, а не словенска. Да беа Македонците Бугари, ќе бевме турки народ и ќе си зборевме туркча јазик како Гага-Узите т..е Гага-Бугарите во Бугарија и Молдавија.


Инаку, дискутабилно е дали е вистинско тврдењето на бугарската историографија дека на преславската конференција на туркобугариските болјари, словенскиот јазик е прогласен за службен. Прво словенско дело напишано во Бугарија е на Константин Преславски, моравски словен, кој од латинските свештеници е протеран, па спас бара во Бугарија, поточно Преслав и во исто време од Јоан Егзарх, кој бугарите ги нарекува „насилници словенски“. По прогласувањето на Симеон за бугарски цар 915 г., Константин Преславски и Јоан Егзарх изчезнуваат и воопшто нема словенско творење во Бугарија, ниту пак оставиле таму свои следбеници и ученици. Дури 4 века подоцна, во второто бугарско царство, во кое владееле романците т.е. власите, излегува 1273 г. првото словенско дело во Бугарија- „Трновско Евангелие“. Значи, говорењето на создавање некаква си бугаро-словенска нација е само говорење, празни зборови, оти историските извори такво нешто не познаваат. Доколку се создала нација т.е. народ на бугарските Анти (т.н.р. бугарски словени) со туркобугарите (правите Бугари) и овие последните биле словенизирани, ќе имавме словенска книжнина на територијата на права Бугарија, меѓу Стара Планина и Дунав, но немаме ниту едно дело од некој локален Бугарин во тоа време!

Евлија Челеби кој ја посетил североисточна Бугарија во 1651 г., територијата населена во 6 век со туркоБугари, вели дека е посебна област- (Гага) Узка Милет и вели дека таму луѓето носат татарска носија и се од татарско потекло; протоБугарите се Узи. Челебија, цела Добруџа ја представува како населена со турко-татарски народ, или мешавина од словено-татари. За Силистра вели дека е град на Татари, а за потсетување Силистра е центарот на средновековната бугарска црква. Освен Татари, Челеби вели дека во Добруџа има и Читаци- мешавина на Татари (прави Бугари, Челеби ги нарекува така поради правите Бугари од Болгаростан-Татарстан), Словени, Власи и Молдавци. Жените биле заблудени, но христијани, а ја населувале целата област на Добрич. Понатаму зборува за Делиорманци, исламизирани прави Бугари, кои не биле Османци, иако И тие како И останатите жители на Узка-Милет говореле турки јазик, различен од турскиот (османскиот) (“ЗА ГАГАУЗИТЕ” А. И. Манов., Музејна Библиотека, Варна).

Топонимите во североисточна Бугарија, исто така се чисто Турски како: с. Узлар, (уз-лар = узите), Хорозлар, Азаплар, Герзалар, Сонгулар, Сиахлар, Каспичан (едно од бугарските племиња), Кочулар, Дураклар, Гейкчилер, Болгарево, Бургас итн.

Бугарската официјална историја ги признава Гагаузите за најстари Бугари, дел од бугарската нација, но и туркобугарите од Бугаростан,Чувашија, руските степи итн. (Брошурка “БЪЛГАРИТЕ ИЗВЪН РЕПУБЛИКА БЪЛГАРИЯ’’Пламен Павлов, председател на Агенцията за българите в чужбина (август 1998 - март 2002 г., објавено од ВМРО Русе)).

Еве неколку примери од јазикот на вистинските Бугари, Гага-Узите:

GAGAUZ T#220;RKLER#304; (G#214;KO#286;UZLAR)
Ortodoks ayinler,
Verimli topraklar#305;n sundu#287;u #351;arap,
dilde,k#252;lt#252;rde ve geleneklerde ya#351;ayan g#246;rkemli ge#231;mi#351;.
Anadolu O#287;uzlar#305;n#305;n hristiyan akrabalar#305;..
Gagauzlar'#305; T#252;rk tutan en #246;nemli unsurlar,
* #304;nat derecesindeki T#252;rkl#252;k bilinci
* T#252;rk dilinde yap#305;lan ortodoks ayinler

Gagauzlar, 1000 y#305;ll#305;k ayr#305;l#305;#287;#305;n ard#305;ndan,T#252;rk d#252;nyas#305; ile bulu#351;uyor...


Гагаузкиот јазик спаѓа во истат група јазици како и чувашкиот (јазикот на Бугарите од Чувашија), татарстанскиот-болгарскиот (јазикот на Бугарите од Болгаростан-Татарстан), казачкиот јазик, турскиот, туркменистанскиот, узбескиот (Узбеките се бугарско племе), азербеџанскиот, киргискиот и јакут јазикот. Оригинално, гагаузкиот јазик бил пишуван со грчки букви, бидејки во бугарската држава на Балканот, која ја основа Хан Аспарух, како официјално писмо во средниот век го воведува грчкито. Дури во 20 век, Гага-Узите ја прифаќаат турско-латинската азбука и турското латинско писмо.

Јазикот на волшките Бугари, денеска Болгаростанци-Татарстанци од Татарстан е исто така турки јазик, но се пишува на кирилица од 1939 г.. Овој јазик е многу сличен на Гагаузскиот, оти Бугарите на Балканот се дојдени од денешен Татарстан, така што јазикот на вистинските Бугари од Татарстан (Волга) и Гагаузите имаат ист корен. Пример за болгарски-татарча јазик: интервју со татарскиот Председател, извадок од неговата ВЕБ страница: http://www.tatar.ru/president/vopros.php?lang=TAT. Еве еден друг пример за татарча, јазикот на Бугарите од Татарстан со латинска азбука:“Dungiz!!! Bashta Tatarcha soylesherge oyren. Annari Australia turinda uylarsin. Monda sinnen bashka da mankortlar kup. Hormet belen, Koala efende Ayuyev (The Tatar Gazzete, Editors Note, N 3-4, 18.04.2000).
Минтимер Шаимиев, претседател на Татарстан

Чувашите се Бугари од Република Чувашија и имаат исто потекло како и Бугарите од Болгаростан-Татарстан, Гагаузите (балканските Бугари) и Чувашија; и јазикот им е ист- туркобугарски. Самите Чуваши својата националност ја декларираат како бугарска.

Се наметнува прашањето: "Ако вистинските бугари говорат турки јазик, чиј е јазикот што денеска го говорат балканските Бугари?" . Не е можно само Бугарите од Чувашија и Болгаростан-Татарстан да се турки народ, со турки јазик, а балканските "Бугари", кои се дојденци од Волга, од денешен Татарстан, да не се турки народ. Гагаузите ете говорат ист јазик со Болгаростанците-Татарите и Чувашите, вистинските Бугари, имаат исти турки традиции и култура, па со сигурност може да се тврди дека тие се вистинските наследници на Бугарите на Хан Аспарух.

http://makedonskaistorija.blog.com.mk/node/5734#comment-107313
slasa he first settlements in the territory of the Republic of Tatarstan date back to Paleolith period (100,000 years ago). In the VIII-XI CC, tribes of the ancient Bulgars, ancestors of the modern Tatars, began to populate the Volga region. The first state - the Volga-Kama Bulgaria- was set up at the end of the XIth-beginning of the Xth CC. The Bulgars were the first in Europe to begin to smelt iron and make qualitative leather goods, erect castles with central heating. The Bulgar mosques and medrese (Muslim clerical schools) diffused learning and culture in the neighbouring regions.


n the XIIIth century the Bulgar state was one of the first who held out in the wars with the Mongol troops. In 1236 the Bulgar state fell under the pressure of the Mongol-Tatars. Many towns, i.e. Bulgar, Bilyar, Suvar, etc. were destroyed and set on fire. In the XIII-XIVth CC. the territory of the Volga-Kama Bulgaria became the part of the Turkic state Zolotaya Orda (Golden Hord). The collapse of Zolotaya Orda resulted in formation of a number of new states including the Kazan Khanate. It inherited ethnic, language, religious, cultural and trade-economic traditions of the Volga-Kama Bulgaria. Kazan became the capital of the newly formatted state. The Kazan Khanate ceased its existence in October 1552, after two-month siege when troops of Ivan 4 (the Terrible), numbering 150,000 people, conquered Kazan.

A path-breaking step in the way of reconstruction of state independence of the Tatar people was proclamation of the Volga region autonomy in 1920.





he end of this century brought new possibilities for reconstruction of state independence of Tatarstan. On 30 August, 1990, the Declaration on State Sovereignty of the Republic was adopted and signed. In line with people's will, referendum, held in March, 1992 and new Constitution of the Republic of Tatarstan, adopted on November 6, 1992 established a new state status of the Republic.
slasa Koja budalastina napisal Lepavcev. Krele nepismeno edno. Makedonija ja oslobodija clenovite na VMRO Obedineta, vodeni od Cento. Tie se borea protiv okupatorot, a okupatorot bea bugarite. Cento so negovite sorabotnici poradi toa sto sakaa "golema" t.e. obedineta Makedonija 1946 bea so puch smeneti od srbokomunistite na Tempo i Lazar Kolisevski.



Според најновите археолошки испитувања, се мисли дека словените се староседелци на Балканот, а бидејќи Траките, Македонците и Илирите биле слични народи, Византија ги нарекла сите со заедничко име Словени, односно Анти. Американскиот Prof. Dr. Florin k*rta во својата книга „History and Archaeology of the Lower Danube Region, c. 500-700“ тврди дека по археолошките испитувања на поддунавскиот Балкан (вклучувајќи ја и Македонија), немало никакви преселби во 6 век; за време на Јустинијан, се по јавила голема економска криза, глад и немаштија, па луѓето од градовите почнале да мигрираат по селата. Како доказ на својата теорија, др. Флорин Курта ја приложува генетиката на денешните „словенски“ балкански народи, чии гени одговараат на балканските жители од палеомезеонеолитичките миграции, некаде 5000-6000 години стари ( The Making of the Slavs : History and Archaeology of the Lower Danube Region, c. 500-700 (Cambridge Studies in Medieval Life and Thought: Fourth Series) by Florin Curta, Rosamond McKitterick (Series Editor), Christine Carpenter (Series Editor), Jonathan Shepard (Series Editor) Cambridge University Press (July 12, 2001). За овој труд, Др. Курта е награден со „Herbert Baxter Adams Prize“ на американското сојузно историско друштво (the American Historical Association, January 3, 2003).

Бугарската пропагандна машинерија тврди дека Македонците и тнр. бугарски „словени“ имаат ист словенски корен и според тоа Македонците се Бугари. Но, тоа е сосема неточно, за што сведочи и историјата.

Словенските народи се делат во повеќе национални групи и тоа: Словени, Анти и Венети. Сите тие имале сличен јазик, но биле различни етникуми. Во денешна Бугарија се имаат населенo Анти, а во Македонија Словени. Од кога Антите го прифатиле словенското т.е. македонското писмо, јазик и култура во доцното средновековие , после 11 век и тие почнале да ги нарекуваат Словени, но дури во 11 век. Jordanes (Getica 119) разликува три словенски рода ('gentes'): Венети, Анти и Словени. Англосаксонската историографија ја лоцира татковината на Словените меѓу Вистула и Дунав чиј делумен корен влечеме ние, современите Македонци, Антите потекнуваат од територијата меѓу Дон и Днестар, а од нив потекнуваат денешните Бугари, додека Венетите ги лоцира на Виста-Вистула (Oxford Dictionary of Byzantium (1991), vol.3, p.1916-1918).

Славените се населиле на запад на Балканите, а источно од нив до Црноморито Антите тнр. бугарски „словени“ (ОБЩОНАРОДНОТО И РЕГИОНАЛНОТО В КУЛТУРНО-ИСТОРИЧЕСКО РАЗВИТИЕ НА ДУНАВСКАТА РАВНИНА * Димитрина Митова-Джонова, Издание на БАН, София, 1989).
Византискиот хроничар, Прокопиј од Ќесара вели „овие две НАЦИИ, Словени и Анти живеат во демократија“ (Procopius of Caesarea : Wars VII 14.22). Значи, македонските Словени и бугарските Анти биле два различни народи.

Воедно, Антите и Словените биле непријателски настроени едни кон други, дури меѓу нив избувнала и војна во која победиле Словените ("Христоматия по история на България", стр. 57). За да ја зајакне Византиската моќ, императорот Јустинијан ги вооружувал Словените против Антите (тнр. бугарски „словени“) кои во подолг временски период биле големи непријатели ( "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41).

Од историска гледна точка, да се тврди дека Македонците и Бугарите се еден ист народ е чиста глупост и шпекулација. Споредбата меѓу Македонците и Бугарите е исто како да се споредуваат Полјаците со Русите, или пак Чесите со Русите или Украинците. Со еден збор, тврдењата на бугарските пропагандисти дека Македонците се Бугари, е исто како да се тврди дека Словаците се Украинци или пак дека Полјаците се Руси!

Од друга пак страна, за својата и странската историја, бугарските историчари ја кажуваат историската вистина дека нивната модерна бугарска нација е создадена од мешавина на Трако-Мизијци, туркомонголските Бугари со 7 Антски племиња и Северјани (најстарото руско словенско племе); извор: "Rulers of Bulgaria" Text by Profesor Milcho Lalkov, Ph.D.

Македонците никако не можат да се вклопат во „бугарскато племе“; не влечат потекло од Антите, Северјаните и туркоБугарите. Напротив, Македонците биле големи непријатели на етникумите кои ја сочинуваат модерната бугарска нација. Како што видовме погоре, Словените со Антите (тнр. бугарски словени) биле непријателски настроени, а особено големи непријателства и војни имало меѓу Македонците и вистинските, турските Бугари.

Во егејска Македонија, во градот Филипи, пронајден е запис на туркобугарскиот хан Пресијан од 837 г. кој гласи: „Пресијан од Бога владетел на многу болгари, го испрати кавханот Исбул после давањето на војска нему и на боилот Коловур ПРОТИВ СМОЛЈАНИТЕ [Державин, Н.С. История на България. Том І, с.213, цитат по Георги Радуле КОЙ ФАЛШИФИЦИРА ИСТОРИЯТА?]. Во денешно време, бугарските историчари намерно зборчето „против“ го фалсификуваат и го преименуваат во „кај„, со цел да се пропагира кај пиринските Македонци кои носат смолјански корен, дека се Бугари.

На друг средновековен бугарски споменик, напишан на варовна плоча од 9от век од страна на турско-татарските бугари кои говореле турски јазик, стои: Хан Омуртаг ја поведе својата војска против словените ...да ги уништи словените и да не можат да се оправат се додека постои сонцето и тече реката Тича ("Първобългарски надписи", Веселин Бешевлиев, София, 1979 г., БАН).

Нема дилема, вистинските Бугари кои бугарската историја ги нарекува прото-Бугари, биле турски азијатомонголски народ, со свој турски јазик (History of the Bulgarian State, v. l, part 1, Sofia, 1938, pp. 332 337, by Prof. V. N. Zlatarski); официјалната бугарска историја тоа го потврдува, како и Бугарската Академија на Науките за која вистинските Бугари се турско племе со турски јазик (История на България. Т. II. С., 1981, с.60.). Турскиот антропологичен тип и турскиот јазик на Бугарите не се поставуваат под сомнение; постојат неоспорни докази за турскиот карактер на стариот бугарски јазик, кои можат да се најдат по написите на вистинските Бугари, како Именикот на бугарските владетели, по пишувањата од византиските извори, но и по бугарските камени натписи од средновековието кои се на турски јазик (стр. 23-33 от Studia protobulgarica mediaevalia europensia. В чест на професор Веселин Бешевлиев. Велико Търново, 1992).


Бугарски војсководец Мострич од 9 век

Материјалната култура на првото бугарско царство (до 971 г.) е чисто турска, со елеменит присутни во сите останати култури од турскиот каганат: дванаесетгодишен животински календар, култ кон Тангра, итн. (Б е ш е в л и е в, В. Първобългарите. Бит и култура. С., 1981; Р а ш е в, Р. Дунавска България и Централна Азия. - Втори международен конгрес по българистика. Доклади. Т.6. С., 1987, с. 205-210). Замислете, во турци Бугарите го вклучуваат и Цар Самоил!



Хан Кубрат и Хан Аспарух, основачите на Бугарија, бугарската историографија ги прикажува како турко-монголи


Знаејќи дека Македонците не можат да бидат дел од „бугарското племе“, модерниве бугарски „историчари“ почнаа да измислуваат како во Керамиското Поле (прилепското поле) се населил ханот Кубрат, користејќи еден цитат од „Животот на Св. Димитрија Солунски“ кој вели дека некој си Коурват дошол од Панонија со ромејски (византиски) пленици и ги населил во Керамиското Поле. Во Чудесата на Св. Димитрија се говори за извесен Коувер- водач на Аварите и за некој бунт кој избувнал во аварско племе, воден од Коувер ( L'Abb#233; A. Tougard, De l’histoire profane dans les actes grecs des Bollandistes (Paris, 1874), pp. 186 ff. ). Подоцна тој Коувер, го нападнал и заробил Коринт (Пелопонез) и не останал во Керамиското Поле, Тракија (Ibid., pp. 521 f.). Но, пак тој Коувер и во останатите историски извори е представен како водач на Аварите, кој населил Словени во Коринт, најверојатно поради малубројноста на Аварите (see Peter Charanis, 'The Chronicle of Monemvasia and the Question of the Slavonic Settlements in Greece,' Dumbarton Oaks Papers, No. V (1950), 158-159). Сега тој Кувер некој ни го претставува како Бугар. Но, како што вели народов, на лагата и се кратки нозете, па има доста византиски извори за тој Хорбатос. Кубер никогаш не се населил во Македонија. Според Солунската Легенда, Кувер, вазал на аварскиот хаган, востанал против својот претпоставен и протеран е од Аварија (денешна Војводина) и заедно со негови пленици од словенско-ромејско потекло, во областа на словенското племе Драговити, наречено Керамијско Поле (A. Tougard, De l'histoire profane, Paris, 1874, p. 187—204. — H. Gelzer, Die Genesis der byzant. Themenverfassung, Leipzig, 1899, S. 47—50. — Ф. Ив. Успенский, О вновь открытых мозаиках в церкви св. Димитрия в Солуни, в ИРАИК, т. XIV (1909), стр. 50—59). Бугарите тврдат дека тоа Керамијското Поле е битолското поле, но битолското поле од антички времиња, преку средновековието, па се` до денес го носи исклучиво само името Пелагонија. На солунчаните добро им било познато името Пелагонија, а и Керамијското Поле, кое се наоѓа во Смолјанската област. Впрочем, Драговитите ја населувале територијата на исток од Солун, од Солун до р. Бистрица, Бер (Петров, П. Образуване на българската държава. С., 1981, 64-65), па византискиот пишувач на "Солунската Легенда" точно го лоцира местото каде Кувер ги населил словено-ромејците т.е. источно од Солун; но, тој направил само една грешка, Керамијското Поле не е во областа на Драговитите, туку во областа на Смолјаните (Тракија), кои се населени уште поисточно од Драговитите. Тоа е сосема нормално за тоа време, византискиот свештеник -писател знаел дека на исток од Солун живеело словенското племе Драговити, но не бил добро запознал точно со народот во смолјанската област, појугоисточно од Драговитите.

Најстарата бугарска историја "Џафкар Тарихи", во превод "Бугарски Летописи", која ја опфаќа историјата на правите Бугари (турки народ) од нивното создавање па се до средниот век, вели дека Кувер ги населил своите пленици ромео-словени во Турун, каде тамошната река (најверојатно денешна Црна Река) била наречена Кувердара (Бахши Иман, ДЖАГФАР ТАРИХЫ (ЛЕТОПИСИ ДЖАГФАРА), ГАЗИ-БАРАДЖ ТАРИХЫ, (ЛЕТОПИСЬ ГАЗИ-БАРАДЖА),1229 - 1246 годы"О БУЛГАРСКИХ ЦАРЯХ ВСЕХ ДИНАСТИЙ"). Турун се наоѓа во смолјанската област, на стотина километри источно од границата меѓу пиринска Македонија и права Бугарија. Денеска Турун (бугарски Търън) е село со 800 жители. Во 7 век, Турун се наоѓал во византиската тема Македонија, инаку етногеографска територија Тракија, па оттаму може таква забуна дека Кувер ги населил своите пленици во Македонија. И двата историски извори го тврдат истото, дека Кувер се населил во смолјанската област, Тракија, на исток од Солун, а не на запад, особено не во "битолското поле" кое отсекогаш го носело истото име- Пелагонија.

Вистинските Бугари знаеле најдобро и најточно каде се населиле, во Турун, кој не припаѓа дури ни во границите на пиринска Македонија, туку е уште понаисток, во Бугарија, во смолјанската област.

Дури еден македонски археолог, со немакедонско презиме, Иван Микулчиќ, базирајки се Чудесата на Св. Димитрија измисли приказна како Кубрат населил Ромеи (Византијци) во Македонија, па дури и тврди дека материјалните остатоци (пред се` керамика и останати метални предмети) на овие луѓе се бугарски! Притоа, споменатиот господин заборавил да отиде до денешен Татарстан, од каде што потекнуваат правите Бугари и да најде материјални докази за нив, од едноставна причина што Бугарите биле номади и немале никаква култура во тоа време. Треба господинот Микулчиќ да си ја земе и прочита бугарската најстара историја, напишана од самите вистински Бугари кои сосема јасно имаат напиШано дека Кубрат се населил во Турун, денешна смолјанска област, инаку област Тракија. Нема белким сега ние да ги учиме старите Бугари каде се населиле.

Сите сериозни историчари кои ја проучувале историјата за Кувер, па дури и реалните бугарски историчари се согласни дека Кувер ја населил Бугарија, а не Македонија (Ф. Ив. Успенский, О вновь открытых мозаиках в церкви св. Димитрия в Солуни, в ИРАИК, т. XIV (1909), стр. 50—59. Н. Милев, Кубрат от историята и Кубер в чудесата на св. Димитрия Солунски, в ПСп, кн. 71 (1910), стр. 556 и сл.).


Византискиот историчар Глигора вели дека Хроватос бил водач на Хрватското племе (Gr#233;goire, op. cit., pp. 91, 104 ff.). Познатиот византски историчар и император, Константин Порфиногенет вели дека Хробатос навистина се населил во темата Македонија, инаку етногеографска област Тракија, која нема ништо заедничко со нашата вистинска Македонија , бил Хрват, а подоцна заминал во Далмација, каде станал водач на далматинските Хрвати (Constantine Porphyrogenitus, De Administrando Imperio, edited by G. Moravcsik and translated into English by R. J. H. Jenkins (Budapest, 1949), pp. 146 ff.). Дури и хрватската историографија тврди дека селото Арвати во Преспа е основано од Хрвати, при словенизирањето на Македонија (M. Vasmer. "Die Slawen in Griechenland." Abhandlungen der Preussischen Akademie der Wissenschaften. Phil.-hist. Kl. No. 12. (Berlin, 1941), p. 123, 127, 175.). Поп Дукљанин, авторот на најпознатото словенско дело „Царството на Словените“ од 12 век вели дека цел Илирик до Валона во денешна Албанија е населен со црвени (јужни) Хрвати (Извор: POP DUKLJANIN, 9, according to Codex Vat. lat. 6958, fol. 57r in the Vatican archives / P. Lessiak, op. cit., p. 84 ff., понатаму види кај AMARI-SCHIAPAELLI, стр. 90, 108 / ). Цела денешна западна Македонија и западна егејска Македонија припаѓаа на Илирик, па попот Дукљанин смета дека западните Македонци се Хрвати. Не само Поп Дукљнин, туку и современата хрватска историја смета дека заедно со македонските словени, доаѓале и хрвати, кои го запоседнале цел Илирик! (V. Mo#353;in, op. cit., p. 43, 54. / L Hauptmann, "Albanija, Povijest," Hrvatska Enciklopedija (Zagreb), vol. I (1941), p. 177-79).

Но, дали се точни тврдењата на бугарската историографија дека настанало мешање на вистинските туркобугари со Словените? Историјата вели дека немало мешање на правите Бугари (турки) со Антите (Словените) од Бугарија, освен со Антите од Добруџа, за што постојат многу докази како посебен фолклор, посебни народни песни, ора, игри. Всушност, само во Добруџа и источна Тракија покрај црноморието се населиле правите Бугари (турки). По отоманската окупација на Бугарија во 14 век, правите Бугари поради културната, етничката и јазичната сличноста со турците селџуци, масовно преминуваат во ислам и целосно се претопуваат во Турци. Така, денешните милион турци во Бугарија и оние уште толку насилно преселени "Турци" од Бугарија во Турција за времето на Тодор Живков, се оригиналните Бугари, наследниците на Хан Аспарух. Но, дел од вистинските Бугари (турки) не се исламизирал и денеска уште ги носат своите турски карактеристики- тоа се Гагаузите. Името Гагауз доаѓа од изворните бугарски (турки) зборови гаг-гуг што значи никако; имено, кога мнозинството вистински Бугари (турки) преминувале во 14 век во верата на своите побројни и посилни турки браќа, Селџуците, имало Бугари кои се опирале на исламизацијата со зборовите НИКАКО, па тој збор Гаг-Гуг станал синоним за вистинските Бугари кои останале доследни на христијанството.

Гагаузите се туркомонголски народ, припадници на жолтата раса, со изразити монголски особини. Јазикот кој го говорат припаѓа на турки јазиците, а го нарекуваат туркче или гагаузче (Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176). Гагаускиот јазик е јазикот на вистинските Бугари, оние на Хан Аспарух кој ги донел во денешна Добруџа. Гагаузите потекнуваат од Добруџа, Варна и источна Тракија, токму онаму кај што се населиле правите Бугари, турките. Денеска, историчарите од од Бугарија, за да ја одбранат својата хипотеза дека се мешавина на Буагри и Словени, одат дотаму дека Гагаузите се остатоци на Куманите и Печенезите, но во местата на Гагаузите, Варна, источна Тракија и Добруџа се населиле правите Бугари. Културата на Гагаузите е иста со онаа на добруџанските славенофони Бугари, така што можеме да речеме дека мешање на Бугари и Анти (Словени) имало само во Добруџа. Танците и народните песни, како и целиот фолклор на Гагаузите се идентични со Бугарите од Добруџа (Коларова 1998, објавено во Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176).

Гагаузите т.е. Бугарите, како сите христијани во Отоманската Империја биле изложени на притисоци за исламизација од нивните отомански браќа, па многу од Гагаузите заедно со словенофонски браќа Бугари од Добруџа, по руско-турските војни од 18 век, се селат во Бесарабија, денешна Украина и Молдавија- руски територии до 1918 г., а подоцна советски. Интересно е што Гагаузите се сметаат за чисти Бугари т.е. прави. Иселените Гагаузи во руската империја до крајот на 19 век, секогаш од страна на официјална Русија се опишувани како Бугари по народност (Скальковский 1836-1838; 1848, Бугньон 1853: 198, Свиньин 1867: 175, Могилянский 1913: 85). Русите, за прв пат ги разграничуваат словенофоните Бугари од Добруџа (мешавина ан турките Бугари и Антите) и Гагаузите во средината на 19 век (Кепен 1850: 196; 1852: 40; 1861: 62, Каранастас-Радова 2001: 23). Во тој период, царска Русија се стреми да создаде руска марионета, вештачка држава Бугарија и нова словенска нација Бугари, од различните словенски племиња кои живееја на територијата на денешна Бугарија. За таа цел, Русите мораа да ги тргнат вистинските Бугари, да им го замрат името, па затоа ги нарекуваа Гагаузи, а вистинските Бугари во Болгаростан (руска колонија) почнаа да ги нарекуваат Татари и го променија името на нивната држава од Болгаростан во Татарстан. Едноставно, мораше да се скрие вистината дека вистинските Бугари се турки народ, азијатомонголски. Сепак, Гагаузите и во 20 век се декларирале по руските пописи како Бугари (Державин 1937: 87), односно како преселници од Бугарија во Русија, со своето вистински национално име (Державин 1914: 13). Гагаузите како најблиски на себе ги сметаат Турците и бесарабските-добруџанските словенофони Бугари (мешани Анто(словени)-Бугари (турки)) и најчесто се среќаваат бракови меѓу нив добруџанските словенофони Бугари (Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176).

Евлија Челеби кој ја посетил североисточна Бугарија во 1651 г., територијата населена во 6 век со туркоБугари, вели дека е посебна област- (Гага) Узка Милет и вели дека таму луѓето носат татарска носија и се од татарско потекло; протоБугарите се Узи. Челебија, цела Добруџа ја представува како населена со турко-татарски народ, или мешавина од словено-татари. За Силистра вели дека е град на Татари, а за потсетување Силистра е центарот на средновековната бугарска црква. Освен Татари, Челеби вели дека во Добруџа има и Читаци- мешавина на Татари (прави Бугари, Челеби ги нарекува така поради правите Бугари од Болгаростан-Татарстан), Словени, Власи и Молдавци. Жените биле заблудени, но христијани, а ја населувале целата област на Добрич. Понатаму зборува за Делиорманци, исламизирани прави Бугари, кои не биле Османци, иако И тие како И останатите жители на Узка-Милет говореле турки јазик, различен од турскиот (османскиот) (“ЗА ГАГАУЗИТЕ” А. И. Манов., Музејна Библиотека, Варна).

Топонимите во североисточна Бугарија, исто така се чисто Турски како: с. Узлар, (уз-лар = узите), Хорозлар, Азаплар, Герзалар, Сонгулар, Сиахлар, Каспичан (едно од бугарските племиња), Кочулар, Дураклар, Гейкчилер итн.

Бугарската официјална историја ги признава Гагаузите за најстари Бугари, дел од бугарската нација, но и туркобугарите од Бугаростан,Чувашија, руските степи итн. (Брошурка “БЪЛГАРИТЕ ИЗВЪН РЕПУБЛИКА БЪЛГАРИЯ’’Пламен Павлов, председател на Агенцията за българите в чужбина (август 1998 - март 2002 г., објавено од ВМРО Русе)).


Значи, бугарската историографија е сосема збунета и дава погрешна слика за денешните словенобугари. Имено, денешните "Бугари" не се етнички Бугари, туку географски Бугари, со исклучок на добруџанските Бугари. Ако денеска се задржале вистинските Бугари на хан Аспарух, со свои традиции и фолклор, го задржиле својот турки јазик, вистинскиот бугарски јазик, испаѓаат ступидни тврдењата на "Бугарите" дека Македонците се Бугари. Па во Македонија нема ниту Гагаузи, ниту православни туркофонични племиња или православни Турци. Уште повеќе смешни се тврдењата дека јазикот на Св. Кирил и Методиј се бугарски, кога во 855 г., годината на создавањето на словенската азбука, Бугарите говореле турки јазик, истиот кој денеска го говорат нивните наследници. Прашањето е дали постои воопшто бугарски словенски јазик, кога се знае дека вистински бугарски јазик, оној туркиот на Гагаузите, Чувашите и Болгаростанците-Татарстанците е се уште жив.

Инаку, денешниве Македонци да имале Бугарско потекло, тие денеска ќе беа туркомонголски народ од жолтата раса, со коси очи и ќе збореа бугарски - турски јазик, оној кој се говори и денеска меѓу вистинските бугари во Чувашија и Татарстан; во таков случај, немаше средновековните македонски книшни дела како „Панонските Легенди“, разните житија на македонските светци да зборат за народот словенски, ами за народ бугарски, немаше да пишуваат словенски, ами турски, како вистинските бугари во Татарстан и Чувашија.


Да се навратиме на етногенезата на Македонците. Македонскиот народ почнува да се оформува како посебен етникум уште во раното средновековие од два носечки столба: античкото домородно македонско население и од Словените, со нивна фузија во еден етнос. Првите византиски документи, македонските Словени ги опишуваат како народ кој е домороден, а не доселен во Македонија. Еден од најстарите историски извори за македонските Словени е „Животот на Св. Димитрија Солунски“ од 6-от век, каде македонските племиња се прикажани како имаат свои кнежевства, потчинети на византискиот Император и своја локална самоуправа на чело со жупани „Evocatis ex tota provincia principibus (жупани) conventum habuit“; извор:Livius XLV. 29. Од истиот извор дознаваме и кои се најголемите словениски племиња „Sclavenorum gens numero infinito ex Dragobitas, Sagodatis, Belegeretis, Baenitis, Berzitis, reliquisque, quae primum uno ex ligno naves praeparare diciderant“ т.е. Драговити, Сагудати, Велегезити, Бенити, Брсјаци...


Нема апсолутно никаков усмен или пишан историски извор, дека античките Македонци мигрирале од Македонија или не дај боже пропаднале во земја, исчезнале. Напротив, нивната крв тече во современите Македонци, било тие тоа да го сакаат или не. Најдобар пример како да го обајсниме словенизирањето и опстојувањето на античките Македонци е, Романија. Тековнава историја не учи дека Словените неколку стотици години живееле зад Карпатите и зад Дунав, на територијата на денешна Романија; но, Романците- наследници на Даките не изумреле, туку уште се живи и живеат во Романија. Така и античките Македонци опстанале, па поради заедничката религија, а со тоа и култура на античкито домородно македонско население и словените, настанала фузирање во еден етникум. Доказ за тоа е и Солун, градот кој беше најголемо византиско упориште, но целосно словенизиран, каде сите негови жители збореле чисто словенски. Во најстарото „Житие на Св. Методиј“ од 9от век целосно се пренесени зборовите на Михаил Трети (византиски император) упатени до Светите Браќа Солунски: „...вие сте Солуњани, а сите Солуњани чисто словенски зборуваат”.


Византискиот Император, Константин Порфиногенет вели: „цела Македонија и скоро цел Пелопонез се словенизирани“ (Ibid; p.86). Значи, денешните Хелени, можат да полагаат право на континуитет со античките Хелени како и денешниве Македонци со античките Македонци. Историските факти велат дека и цела Елада била словенизирана со исти словенски племиња како и македонските. Само во источен Хелас (денеска погрешно го нарекуваме Грција) останале џепови со автохтоно грчко-ромејско население (Macedonia and Greece - The Struggle to Define a New Balkan Nation, John Shea, McFarland and Company Inc., North Carolina, 1997; p.86 ). Не само Хелада, туку и Епир и Тесалија во 8от век биле целосно словенизирани (Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller, Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574). Имаме запис дека само грците од Елада поради аварословенските напади, се иселиле од Хелада (Пелопонес) на блиските острови (On the Chronicle of Nonemvasia see Charanis, op. cit., pp. 147 ff.), а на нивно место се населуваат словени; баш тие, денешните „Хелени“ полагаат право на континуитет со античките Хелени, а нас Македонците на прават чисти Словени!


Можеме да кажеме дека Македонците имале први своја држава, со оформен етникум, народ. Веќе во втората деценија 7от век, во Македонија имаме создавање на државна формација, составена од обединетите македонски склавинии, кои дури имале и свој крал (рекс) Хатсон на чело на државата (Mirac.,II ,p.1325-1333). За жал, Византијците го убиваат Хатсон и македонската држава без лидер пропаѓа. Педесет години подоцна, во 70те години од 7от век, македонските склавинии прават нов обид за обединување т.е. форирање на држава; овој пат, крал (рекс) на обединетите македонски склавении е Пребонд, но пак Византија го уништува Пребонда и Македонија потпаѓа под Византиска т.е. Ромејска власт (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176). Во 9 век хрониката на Теофанес Конфесор спомнува посебна држава „Склавиниа“ во периодот 657-658 г. на просторот на етничка Македонија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347). Тогаш имаме постоење на посебна словенска држава на територијата на Македонија, но во 658 г. византискиот император Констанс Втори ја уништува Склавинија и пак хрониката на Теофанес Конфесор потоа спомнува само склавинии, но не и држава Склавинија (Ibid., I, 486). Како што гледаме, во исто време кога се формира државата на турските Бугари, се формира и македонска држава, која е со компактен единствен етникум, за разлика од хеторегената етничка слика во бугарската држава, со азијатски и мноштво европски етникуми.


Македонија е лулката на словенската писменост и култура, земјата на словенскиот Ерусалим- Охрид, земјата каде што настанале првите букви и книжевни дела на старомакедонски јазик, јазикот кој стана основа на сите словенски јазици и до ден денешен се служи по православните храмови низ словенските земји, од Македонија па се до рускиот далечен исток, во Азија. Од словенската книжнина за Македонија од средниот век, дознаваме многу детали за етникумот кој ја населувал Македонија. Иако нашиот источен сосед упорно тврди дека Македонците се „Бугари“ од средниот век, пишаните историски извори од средновековните Македонци тоа го отфрлаат. Не постои ниту еден Македонец во средниот век кој се декларирал како Бугарин или пак како Србин. Во “Пофалното Слово за Св. Кирил”, за кое кое се мисли дека е напишано од самиот Св. Климент, стои дека народот кој ја населувал Македонија е словенски или како што таму стои: „многуплодниот народ словенски“ (Извор: „Пофално Слово за Св. Кирил“, Панонски Легенди од Црноризец Храбар, крај на 9ти или почеток на 10ти век). Црноризец Храбар во истите Панонски Легенди, во “Житието Методиево” вели дека „сите солунчани чисто словенски зборуваат“. Во Житието на Св. Наум Охридски, напишано по смртта на Св Наум, од перото на анонимен ученик на Св Климент, во 10от век, пак се зборува само за Словени и за никоја друга народност во Македонија. Бугарската историја не се повлекува од квазитеоријата дека Македонците веќе во 10от век биле Бугари. Подоцна, Македонците не би можеле да станат Бугари оти потпаѓаат под византиска власт во почетокот на 11от век, а подоцна под српска. Но, како што гледаме во тоа време Македонците не биле Бугари, напротив, бугарското име македонските писатели не го спомнуваат.


Уште еден важен историски факт е тоа што Македонците во 10от век имале и своја посебна црковна организација, во времето кога Бугарите веќе имаат оформена бугарска канонски призната Црква, и покрај тоа што северна и центрлна Македонија биле окупирана од бугарската држава. Во Житието на Св. Наум Охридски се зборува за „епископ Словенски“ Марко, четврт епископ на Словените од Девол, што јасно кажува дека средновековните Македонци имале религиска автономија, како посебен етникум во рамките на средновековна Бугарија од 10от век (Извор: „Житието на Св. Наум Охридски“, „Спомен за нашиот преподобен отец Наум“, 10 век, Охрид). Да биле средновековните Македонците потчинети на бугарската или ромејската црква, тогаш, би биле покорни на бугарскиот преславски или ромејскиот константинополски патријарх, и нив би ги славиле и спомнувале по пишаните документи.


Впрочем, во целата средновековната книжнина од Македонија никогаш не се спомнуваат верски лидери од соседните народи, како бугарските или византиските патријарси, но се спомнуваат само државните лидери на окупаторите на македонската земја, бугарскиот и византискиот император. Сите средновековни автори од Македонија, обично, своето пишано дело го завршуваат со годината, името на политичкиот и верскиот лидер (по духовната традиција се пишува и името на нивниот верскипастир) кога е завршено делото или пак настанот што е опишан; како нивен верски пастир секогаш се опишани охридските словенски епископи. Се забележува прифаќањето на световната власт на окупаторските сили, но не и на дyховната власт и некаква верска автономија која се уште не е доволно истражена.
_________________
slasa Случај Василиј Втори Македонецот- Бугароубиецот

Најубаво ќе ја разбереме византиската терминологија на луѓето по теми, ако го разгледаме случајот со византискиот император Василиј Втори Македонецот, Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначенлик е Василиј Први, по потекло Ерменец, од ерменска фамилија или мешано словеноерменска, која стотина години живеела во Адријанопол-Едрене, и, поради тоа што е роден (811 г.) во тема Македонија, во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија Македонци - „Македонос“ (Извори: 1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 / 2. "Basil I." Encyclop#230;dia Britannica. 2005. / 3. Abstracts from the International Conference ARMENIAN CONSTANTINOPLE organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001, UNIVERSITY OF CALIFORNIA, LOS ANGELES, DICKSON AUDITORIUM). Така, Ерменците и сите останати националности што живееја во темата Македонија (историски Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа Бугари. Василиј Втори Македонецот е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица, Василиј Втори Македонецот ја победува македонската армија на Самоил, каде убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка, Василиј Втори Македонецот од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот т.е. убиец на жители од темата Бугарија, а не етнички Бугари.

Но, Бугарите забораваат дека во средновековната српска држава, во чиј состав влегува и Македонија, не се забележани Бугари. Тогаш, средновековните Срби не крстиле нас Македонците со ново политичко име- Грци, односно Ромеи. Од друга пак страна, националистичките српски кругови пропагираат дека во нивната средновековна држава се спомнуваат само Грци (Византијци) и Срби, па според тоа Македонците биле Срби. И овие Срби, „забораваат“ да спомнат дека Македонците се наречени Ромеи, Грци (Византијци), а Македонија ја нарекле Романија (Византија) и целосно ги одвоиле од „србље“. Српската националистичка пропаганда тврди дека во нивната средновековна држава се населиле српски доселеници, па настанала србизација на Македонија. Секако, ништо од тоа не е точно. Сите српски средновековни документи велат, дека во Македонија немало Срби, а сите Македонци се наречени политички Грци, Византијци. Затоа, подолу презентирам документи од последните владеења на Србите во Македонија, каде што никогаш не се забележани Срби; подоцна, Македонците не би можеле да станат Срби, оти потпаѓа Македонија под турка власт.Во големата даровна повелба на Хиландар од 1348 г., Цар Душан вели дека државата е поделена на два дела: Романија и Србија; Романија е целата територија од Полог и Скопје т.е. цела Македонија, а народот на Македонија го нарекува „Романих“- Византијци (Извор:Владимир Ћоровић: “ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА”, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 1997 г.). Истата поделба се спомнува и во Меѓународниот Договор со Дубровник од 20. септември 1349 г., каде што Цар Душан, пак Македонците ги нарекува Романи (Византијци) или пак Грци (Византијци). Неговиот син Rex iunior Урош е прогласен за крал и е задолжен за романските (грчките, византијските) земји- Македонија, да ги владее по „ромејските“ т.е. византиските закони (Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.). Сочуван е и запис на овчеполски монах од 14 век за српскиот крал Урош Стефан, син на Цар Душан каде се вели „јас слуга божји Станислав, ја завршив оваа книга во деновите на превисокиот крал Урош Стефан, чиј татко го ослепи и го прати кај Ромеите. И оти 7 години минаа, го прими кралството на сите земји српски, поморски и подунавски и ОВЧЕПОЛСКИ ...“(Lj Stojanovic, Stari srpski zapisi i natpisi, Beograd, 1902, I, zapis 56). Според записот на овчеполскиот монах, во Овчеполието живееле Ромеи (Византијци) т.е. Македонци, во кои се вбројува и самиот, а овчеполските земји не биле српски.

Најверојатно, поради долгогодишната византиска окупација на Македонија и византиската култура која ја имале средновековните Македонци, средновековната српска држава Македонците ги нарекува со име Рoмеи, Византијци, додека цела Македонија е наречена Романија, со спомнати следниве градови: Просек, Штип, Брегалница, Струма, Струмица, Сер, Редина, најверојатно и Скопје (Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 1997 г.).

Во Житието на Цар Душан пак се зборува дека Македонија е Романија (Грција, Византија), а Македонците се Ромеи (Византијци, Грци), а тука како ромејски (грчки градови) се спомнати: Охрид, Прилеп, Костур, Лерин, Железнец, Струмица, Воден и Чемрен; во споменатите места, никогаш не живеело елинско население (Извор: Житије Цара Душана, критика академика Симе Ћирковића и Божидара Ћирковића). Историските податоци се недвосмислени: Македонија за средновековните Срби била Византија-Романија-Грција, а народот бил несрпски и небугарски, бидејки по освојувањето на делови од Бугарија, во некои средновековни списи се спомнуваат и Бугари, секако покрај Македонците (Ромеи). Во повелба на Цар Душан од 1346 г. од Дечани се титулира како „цар на српските, приморските и грчките земји“ (F Miklosic, Monumenta, CXXI, str 141). Под грчки земји се подразбира секогаш Македонија.

Сочувани се неколку Повелби на кралот Волкашин и Деспотот Углеша, владетели на териториите на денешна пиринска и вардарска Македонија, каде Македонците, по ист обичај, пак ги нарекуваат Грци; на спомнатата територија, никогаш не живееле Грци, па со сигурност се утврдува дека името Грци е дадено на Македонците. За Волкашин, пиринските и вардарските Македонци се Ромеи, т.е. Византијци, Грци („Monumenta Serbica”,Wien, 1851, str 180/181). Деспот Углеша во неговата феудална држава на територијата на денешна пиринска Македонија, вели дека живеат само Грци, никаде не спомнуваат Бугари и Срби, па себеси се титулира како „господар на сите Грци и Поморјето“ (S. Novakovic, Zakonski spomenici srpskih dr#382;ava srednjeg veka, 1912, str 509).



За крсните слави

Србите тврдат дека крсните слави се српска традиција и секој кој слави слава е Србин. Но, тоа е далеку од вистината. Србите христијанството го прифаќаат подоцна од Македонците; познато е дека Охрид како културен сесловенски центар образувал свештеници, кои се испраќале по сите словенски земји, вклучувајќи ја и Србија, па христијaнските чествувања и традиции, Србите ги имаат прифатено од нас Македонците. Славење Слава за прв пат во историјата е забележана од византискиот историчар Скилица и тоа кај Војводата Ивец (XI век)- војсководец на македонскиот цар Самоил, но и последен македонски феудалец кој се опирал на Византија (Петар Влаховиќ, КРСНА СЛАВА И НЈЕН ЗНАЧАЈ У СРПСКОМ НАРОДУ, напишано во "Братство", часопис друштва " Свети Сава ", Београд, 1997. година). Значи, можеме сосема одговорно и историски потврдено да говориме дека крсните слави се македонски обичај. Крсна слава слават дури и католиците Албанци, кои секако не се Срби (Др Јован Вукмановић, Цетиње- "Слично и специфично у славским обичајима Арбанаса и Црногораца", Извор: зборник "Рад ЏИВ конгреса Савеза фолклориста Југославије (у Призрену 1967)", Београд 1974.).

Со фалсификацијата на историјата на Македонија и Македонците, нема крај. Многу историски документи се презентираат делумно, се вадат од контекст, со цел да прикаже бугарски или српски карактер на Македонците. Најчесто, фалсификациите се поврзуваат со градот Кратово; во Банат има село Крашова (Кратова), а има и Кратов - Киратов во Бугарија, името на бугарскиот град Видин по 14 век. Има стари записи од Срби и Бугари, кои потекнуваат од „Кратова“, но не македонското Кратово, туку војводинското или бугарското Кратова.

Бугарската (и големосрпската, разбира се) пропаганда ни ги представува историските документи, целосно искривени, па тоа ќе го поддржам со следниов пример кој ни го дава бугарската историографија, за некој Велко Попович, кој запишал дека потекнува од „отечество“ (родно место) „Бльгарск#239;е земли, от места Кратова“. (Й.Иванов, op. cit. 183), цитирајчки го само делумно Стојановиќ. Но, целиот текс на овој запис е „..Велко Попович отачаством же от блгарские земли од места Кратова, при државе светлаго ромскаго цесара Леополда, а под властиу српскословенскаго светјишаго патријарха нашего Хаџи Кир Арсениа Чрноевича, в лето 1704“ (Lj. Stojanovic, Stari srpski zapisi i natpisi,II, br 2128, Beograd, 1903). Од текстот се гледа дека тоа Кратово или Кратова се наоѓа некаде во бугарските земји на австристиот император Леополд и под власт на патријархот Арсение Чрноевич, а македонското Кратово никогаш не било под власт на Леополд, нит под власт на Арсение Чрноевич. Најверојатно, се работи за некој Велко Попович, родум од денешно банатско село Крашова (Кратова), каде има иселеници од Бугарија или пак мисли на Банат како бугарска земја, поради тоа што била под власт на првото бугарско царство.

Да кажеме неколку збора и за турските пописи, кои жителите на отоманската империја ги делат по религијата, а не по националноста. Организаторот на последните турски пописи, Хилми Паша во интервју за францускиот писател Paillares, вели: „..ги класифицираме нашите поданици според црквите и училиштата кои што ги посетуваат“ (L' improglio Macedonien, Paris 1907, pp. 50-51). Во Македонија се активни две црковни организации Цариградската Патријаршија и Бугарската Егзархија и сите они Македонци кои биле Патријаршисти по турските документи се Грци, а оние Егзархистите се Бугари. Денеска бугарската и грчката историографија, мафтаат со овие податоци од турските пописи и велат де Македонија е грчка земја, а другине па дека е бугарска, без да спомнат дека тука се работи за религиски попис, а не за национален. Дури по бугарските пропагандни страници, ќе најдете и информации за број на Власи, Албанци итн. во Македонија, што е чиста шпекулација и фалсификат- во тоа време немало декларирање на националноста! За пример ќе го дадам Косовскиот Вилает, во чии граници биле и стара Србија- Рашка. Според последниот турски попис од 1911 г. во Нови Пазар, живееле Муслимани 98 и Бугари 68 ; во Пеќ живееле 96 Муслимани, 28 Грци и 5 Католици (се мисли на семејства).

taxi76 Izbrisano od slasa bidejki ne se pocituvaat pravilata na forumov , dozvoleno e pisuvanje na Makedonski i angliski jazik