Пофалби за Македонската Берза |
||||
darkjesus | „Добрите перформанси на Берзата во изминатиот период се за поздравување и ваквиот развој претставува позитивен сигнал за поефикасно функционирање на пазарните принципи во македонската економија", нагласила вчера американската амбасадорка во Скопје, Џилијан Миловановиќ, која со своите соработници била во работна посета на Македонската берза. Амбасадорката Миловановиќ разговараше со раководството на Македонската берза, при што беше информирана за нејзиното функционирање и организациска поставеност и за начинот на тргување преку БЕСТ-системот за електронско тргување со хартии од вредност, соопшти Берзата. Главниот извршен директор на Берзата, Иван Штериев, ја информира амбасадорката Миловановиќ за моменталниот амбиент во кој функционира македонскиот пазар на хартии од вредност, актуелните трендови, остварените трговски резултати во првата половина од годинава и за заложбите и плановите на Берзата во наредниот период. Амбасадорката изрази уверување дека овој тренд ќе продолжи, за што свој придонес треба да дадат сите институции на пазарот на хартии од вредност кои, како и досега, ќе имаат поддршка од владата на САД, се вели во соопштението од Берзата. Извор: www.utrinski.com.mk |