Комерцијална банка на продажба |
||||
darkjesus | - Во постапката за наоѓање стратегиски инвеститор, која почна во почетокот од годинава, се испратени документи со барања за влез до дваесет познати банки. До март следната година треба да се завршат сите трансакции и формалности - објасни Маја Стефкова-Штеријева, директорка на сектор во банката, јави МИА. Изборот на стратешкиот инвеститор ќе се одвива преку затворен тендер, а раководството до завршувањето на целата постапка нема да ги објави имињата на потенцијалните инвеститори. Засега се продаваат 59 отсто од капиталот на Комерцијална банка бидејќи толкав процент е удружен од страна на акционерите. Можно е бројот на здружените акции да се зголеми. Се шпекулира дека целта на менаџментот е да ја продаде банката по цена од 100 евра за една акција. Вчера акциите на Комерцијална на Македонската берза се продава по 5.800 денари. - Документот што е испратен до странските банки има намена да го привлече нивното внимание за стратегиско инвестирање, но и за инвестиции во целокупниот банкарски сектор во државата - рече Штеријева. Дознаваме дека Комерцијална банка ангажирала консултант од Велика Британија за спроведување на продажбата. Тој веќе направил длабинска анализа на состојбите, која била одобрена од Управниот одбор на Комерцијална. Потоа била направена листа на 10 банки, до кои бил испратен извештајот со писмо на намери за влез во Комерцијална банка. Се очекува банките што пројавиле интерес наскоро да извршат анализа во Комерцијална, што пак не е гаранција дека ќе достават понуда. Пониски камати за фирмите Комерцијална банка ќе ги намали каматните стапки за правните лица за 0,5 процентни поени, најави Маја Стефкова-Штеријева, директорка на сектор во банката. Анализите на банката покажале дека во моментов нема потреба од намалување на каматите за физичките лица. На последната седница на Управниот одбор за втор генерален директор на банката е назначен Илија Иловски, поранешен директор на Царинската управа. Извор: www.dnevnik.com.mk |
|||
lomuragbi | Ali #269;ini mi se da #269;e cena biti mnogo vi#353;a od 100 EUR , biti #269;e tamo oko 7500 Dinara do 8000 Dinara. #352;ta ti misli#353; ? |