Прослава на двата Илиндена - 1903 и 1944 |
||||
BorisVM | Претседателот Бранко Црвенковски ќе говори на Мечкин Камен во Крушево, а претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, ќе има поздравен говор во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Вчера свечено беа отворени Научно-културните средби Десет дена Крушевска Република, а на полноќ - во пресрет на централното чествување - беше изведен импровизиран напад на Крушево. Според Програмата на средбите, предвидени се изложби, концерти, рецитали, филмски проекции и сценски изведби. Во рамките на прославата на Илинден претседателот Црвенковски вчера на Воената академија во Скопје го отвори првиот македонски Воен музеј. Точно на полноќ спроти Илинден 1903 камбаните во Крушево го објавуваат почетокот на востанието. Се развиорува црвеното знаме Слобода или смрт и се разгласува Крушевскиот манифест. Околу 800 востаници го ослободуваат градот. По два дена Никола Карев ја прогласува Крушевската Република и станува нејзин претседател. Републиката ги живее десетте денови на слобода. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнува во акција за враќање на власта во Крушево. Во одбраната на Републиката на востаниците не им помогнал ниту арсеналот од црешови топчиња. За два месеца, пред и за време на востанието, биле направени 17 топови од црешово дрво, со должина од 80 до 150 сантиметри и тежина од 20 до 70 килограми. За поголема отпорност биле зацврстувани со железни обрачи. Мајстори на арсеналот биле Цветко Стојчев од Селце и Тодор Борјар, по скица на Тодор Христов. Муницијата доаѓала од бомболеарницата во Битола. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули го означуваат и крајот на Крушевската Република. Крушево е бомбардирано, запалено и разурнато, а поразот на Илинденското востание наидува на силен одглас во светот и на симпатии и солидарност кај меѓународната јавност, која се вклучува во хуманата акција за помош на настраданите. Четириесет и една година подоцна, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржаа Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отвори Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена, со зборовите: Денеска е Вториот Илинден, последен Илинден на неслободна Македонија, се ставаат темелите на македонската држава. Избран е Президиум на АСНОМ, во состав: Методија Андонов Ченто (претседател), Панко Брашнаров и Емануел Чучков (потпретседатели) и Љупчо Арсов и Владимир Полежиноски (секретари). Заседанието усвои неколку документи со државнотворно значење - Решение за конституирање на АСНОМ како врховен законодавен и извршен претставнички орган на демократска Македонија, Решение за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларација за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија - која со својот либерален и демократски карактер и денеска, по 62 години, може да биде пример за заштита на правата на луѓето во една современа држава. |
|||
kazano |
ne znam sto kazuvas nekoj raboti sto ne gi znaes.si dosol do nekoj fakti koi se navistina tocni no ne ja znaes nivnata sustina |
|||
nukleus | Sushtinata e vo toa shto koga ke pojdesh vo Prilep i ke prashash kade e "Gradska" i ke te upatat vednash nasproti spomenikot na Metodija Andonov Cento.Tokmu taa terasa od Gradska ja pravel Cento a ucenicite od gimnazijata Mirce Acev sekojdnevno vo grupi doagale da go plukaat i navreduvaat so parolite za Tito i partijata koja ne sakala nikakvi drugi osven komunisti.Gimnazijalcite bile deca na "lizigazi" koj se ofajdile vo vlasta zatoa shto propagirale "bratstvo i jedinstvo" i nikako ne mozele da ja zamislat samostalna Makedonija kako shto ja zamisluval Cento koga posocuval deka drzavata ima dovolno sila i resursi da prezivee sama duri i vo tie vreminja koga Tito ja prodal za da im se dopadne na Anglicanite i Grcite. | |||
nukleus | Vednash po 2-3 godini Tito i Makedonskite predavnici gi "kompromitiraa" predsedatelot i podpredsedatelite na ASNOM i gi pratija na Goli Otok,predsedatel na sudot shto go sudeshe i osudi Metodija Andonov-Cento beshe Lazar Mojsov koj pred nekoja nedela ja poseti Makedonija i ni deleshe soveti kako trebalo da ja vodime drzavata.Nikoj od mediumite ne najde za shodno da go zaprasha zoshto go sudel i osudil Cento. Metodija Andonov - Cento koj po teshkiot zatvor morashe da ja prehranuva familijata so majstorski race pravejki "teraco" i skali po Prilepskite delovni objekti a togashnite gimnazijalci bea zadolzeni od profesorite sekoj den da go plukaat koga pominuvaat pokraj objektite kade shto rabotel Cento izvikuvajki paroli od tipot -Ua predavnik! |
|||
zlotty_co_380 | nistooooo , se se zaboravi i se pisa vo stranicite na istorijata, Ilinden ne se slavi so 100 lujge. : ( | |||
gossip |
I watched last week two different tv stations( A1 and TV Rodina - Blagoevgrad) to see how the people in Macedonia and Bulgaria celebrate Ilinden. And what I saw 100 people on Mechkin Kamen( The "politichari" were even more) and about 10,000 on Predela...What is going on here...I am so confused!!? |
|||
Belomorec | Same people, Macedonians. |