Културата - идеолошко боиште |
||||
Sirius | Културата е можеби најширокиот од сите поими кои се користат во историските општествени науки. Тој поим опфаќа многу голем распон на значења, што веројатно и го прави толку сложен. Од една страна, еден од темелите врз кои е изграден погледот на свет на општествените науки - и кој посебно го нагласуваат антрополозите - е уверувањето дека: сите луѓе делат некои карактеристики со сите други луѓе; сите луѓе делат некои други карактеристики само со некои луѓе; и сите луѓе имаат некои карактеристики што се само нивни. Со други зборови, тој основен модел вели дека секоја личност може да се опише на три начини: преку универзалните карактеристики на видот, преку збирот карактеристики коишто ја одредуваат таа личност како припадник на разни групи и преку нејзините идеосинкратични карактеристики. Кога станува збор за карактеристиките коишто не се ни универзални ни идеосинкратични, често го употребуваме поимот “култура”, за да го опишеме збирот на таквите карактеристики или облици на однесување, или вредности или верувања. Накратко, при таквата употреба, секоја “група” има специфична “култура”. Уште повеќе, секој поединец е член на многу групи и тоа многу различни - групи коишто можат да се класифицираат според родот, расата, јазикот, класата, националноста итн. Тоа значи дека секој поединец може да учествува во многу “култури”. При таквата употреба на зборот, културата е еден вид збир на сите начини според кои една група се разликува од останатите. Културата го претставува сето она што е заедничко во рамките на некоја група, а што, истовремено, како што се претпоставува, не е заедничко (или барем не сосема) надвор од неа. Тоа е многу јасен и многу корисен концепт. Од друга страна, културата означува и нешто друго, значи не вкупната специфичност на некоја група во однос на друга група туку одредени карактеристики внатре во групата кои се поставени наспроти други карактеристики во истата група. Тој поим го користиме кога зборуваме за “висока” уметност како спротивност на популарната уметност или на секојдневната практика. Со тој поим ја означуваме “надградбата” како спротивност на “базата”, или “симболичното” како спротивност на “материјалното”. Тие различни бинарни дистинкции не се идентични, иако изгледа дека го следат правецот на старите филозофски дистинкции помеѓу “идеалното” и “реалното”, помеѓу “духот” и “телото”. Какви и да се нивните вредности, сите тие бинарни дистинкции се насочени во сосема поинаков структурен правец од оној по кој оди другата употреба на поимот култура. Тие повеќе укажуваат на поделбата внатре во групата отколку на нејзиното единство (што е, се разбира, основа за поделба меѓу групите). Но, таа “збрка” настаната поради два тоналитети на поимот “култура” трае веќе долго и не може да се согледа набрзина, особено ако имаме предвид дека расправата за културата воопшто, а особено за нејзината дефиниција, беше многу интензивна во текот на XIX и XX век. Затоа, најсигурно е да се претпостави дека долготрајните интелектуални конфузии околу тој поим биле намерни и дека фактот за постоењето на конфузија треба да ни послужи како појдовна точка. Бидејќи таа широка расправа во најголем дел се водеше во границите на еден историски систем, на капиталистичката светска економија, можеби треба да се тргне од тоа дека и самата расправа и поимската збрка се последици на историскиот развој на тој систем и дека ја отсликуваат неговата развојна логика. Филозофската дистинкција помеѓу “идеалното” и “вистинското” и помеѓу “духот” и “телото” е многу стара и од неа, најшироко гледано, настанаа две перспективи, барем во контекстот на т.н. западна филозофија. Оние коишто го застапуваа приматот на “идеалното” или “духовното” настојуваа да докажат дека таа дистинкција укажува на онтолошката реалност и дека “идеалното” или “духовното” е поважно или поблагородно или на некој друг начин е повредно од “реалното” или “телесното”. Меѓутоа, оние кои се залагаа за примат на “реалното” не го заземаа обратното стојалиште. Наместо тоа, тие тврдеа дека “идеалното” или “духовното” не се посебни есенции туку попрво општествени изуми и дека всушност постои само она “реалното” или “телесното”. Накратко, настојуваа да докажат дека самите поими “идеално” или “духовно” се идеолошки орудија за контрола планирани да ја маскираат вистинската егзистенцијална ситуација. Затоа културата ќе ја дефинираме како збир карактеристики со кои една група се разликува од друга (концепт 1) и како збир феномени поинакви (или “повисоки”) од други збирови феномени во рамките на иста група (концепт 2). Во врска со концептот 1 постои еден голем проблем: кој или што ја поседува така сфатената култура? Изгледа дека тоа се “групите”. Но, ако во нашиот научен речник “културата” го има најширокото и најконфузното значење, поимот на “групата” го има најпроизволното значење. “Групата” како таксономски поим може да биде што било што кој било го дефинира како “група”. Ако одиме ултима ратио на тој поим, постојат, се разбира, “групи” луѓе со одредена висина или оние со одредена боја на коса. Но, може ли за такви групи да се каже дека имаат “култура”? Малку кој би тврдел такво нешто. Очигледно е дека само одредени “групи” имаат и “култура”. |
|||
Enigma |
Ova e samo ushte edna prazna "filosofija", t.e. igra na zborovi bez sushtina. Konfuzijata i "zbrkata", postoi samo vo slobodoumieto na avtorot, koj zaludno se obiduva da bide filosof, dodeka poimot za kultura e jasno definiran. Ako se prifati neosnovanoto tvrdenje, deka "duhovnoto" e opshtestven izum, a realno i vistinsko e samo "telesnoto", togash proizleguva deka i vozduhot ne e realen, poradi negovata nematerijalnost. Ne e li toa absurd? "Realnosta" e postoechka neizmislenost, t.e. ne se odnesuva samo na materijata, nitu zavisi od chovechkata misla. "Vistinata" e neizmislena postojanost, shto znachi, taa postoi sama po sebe, i sekogash e postojana (ista beshe vchera, ista e denes, ista kje ostane do krajot), dodeka materijata ja menuva svojata forma. Ako odime "ultima ratio" na toj poim - "grupata", dovagjame do zakluchok, deka avtorot na gorniot tekst i pripagja na grupa voobrazeni misliteli, koi nemaat poenta. I ako e OCHIGLEDNO, deka samo odredeni "grupi" imaat i "kultura", togash, ima li smisla negovata misla? |
|||
Sirius | Енигма, добар е твојот коментар. Авторот на текстот е Имануел Волерстин, и како прилог на твојот коментар еве една додатна полемика: Оваа кратка полемика за “глобалната култура” дава одличен увид во идеолошките премиси врз кои се засновуваат современите сфаќања на културата. Аргументите на Волерстин се длабоко базирани во неговата левичарска критика на светскиот капиталистички систем и неолибералната експанзија. Волерстин разликува два концепти на културата: збир од карактеристики со кои една група се разликува од друга (концепт 1) и како збир феномени поинакви (или “повисоки”) од други збирови феномени во рамките на иста група (концепт 2). Волерстин смета дека постои долготрајна интелектуална конфузија помеѓу овие две употреби на идејата на културата; тој понатаму тврди дека тоа би можела да биде последица на историскиот развој на светскиот систем и одраз на неговата логика. Бојн го обвинува Волерстин за идеолошко слепило и за бинарна логика. Тој смета дека тезата на Волерстин е премногу широка и не е лесно да се одбрани. Тој тврди дека есејот на Волерстин се занимава со нашата способност да ги искористиме културните стратегии за залажување на себеси и другите. Волерстин возвраќа жестоко. Според него, предметот на оваа расправа се всушност две прашања. Едно е прашањето на делување: дали оние што патат (од расизам, на пример) можат да направат нешто во врска со тоа, нешто што навистина би имало смисла? Второто прашање е дали нешто како “културата” заслужува место, дури повластено место, во нашата епистемологија? Тој го обвинува Бојн дека дава само една дефиниција на културата: “Културата е нешто што треба да се опишува, нешто што не може да се согледа врз основа на некоја теориска премиса”. иавор: Темплум Да сумирам , според мене доста издрзана е сл. дефиниција : "Под култура денес го подразбираме збирот на специфични карактеристики, материјални и духовни, интелектуални и емоционални, кои карактеризираат едно одредено општество или општестевна група. Покрај уметноста и литературата, таа го вклучува и начинот на живот, фундаменталните права на човекот, системот на вредности, традициите и верувањата". "Културата на човекот му ја дава можноста да размислува за себе. Таа е она што не прави човечки суштества, рацинално и етички обврзани. Преку неа обмислуваме вредности и се определуваме за избори. Преку неа човекот се изразува, станува свесен за себе, се препознава како недовршен проект, се сомнева во своите сопствени достигнувања, неуморно трага по нови значења и создава работи кои го трансцедираат“. иавор: УНЕСКО, Мексико 1982 год., Светската конференција за културни Политики: |