SECREET BOOK - Borhes

SECREET BOOK - Borhes
Sirius
 
Неколку куси врзивни нотки за самиот Борхес прекршен низ неговите опсесивни теми за двојниците, огледалата, сонот и стварноста, животот и смртта, трагите во времето.

А сепак, а сепак... одрекувањето на временото наследство, одрекувањето на себеси, одрекувањето на универзумот се едновремено очигледна манифестација на очајот и тајновита утеха. Нашата судбина не е застрашувачка само зато што е нереална; таа е застрашувачка затоа што е неизменлива и затоа што е во окови. Времето е материјата од која што јас сум создаден. Времето е река што ме прочистува, но едновремено, Јас сум таа река; тигарот е оној што ме ништи, но всушност, Јас сум тигар; огнот е она што ме сотира, а всушност Јас сум оган.. Светот, за жал, е реален; Јас, за жал, сум Борхес.

Во речникот на критичарите зборот "претходник" се чини дека е нужен. Па, сепак, треба да го сфатиме прочистено и дестилирано од сите конотации на ривалство и полемичност. Факт е дека секој писател создава свој сопствен претходник. Неговото дело ја менува нашата концепција за минатото, како што ќе ја промени и иднината.

Постои еден концепт што ги корумпира и вознемирува сите останати. Тоа не е концептот на Злото, чиешто ограничено царство е она на етиката; Тоа е концептот на бескрајот.

Од секогаш сум го замислувал рајот како вид библиотека.

Никој е секој. Еден обичен смртник е сите Никој е секој. Еден обичен смртник е сите луѓе. Како Корнелиус Агрипа, јас сум господ, јас сум херој, јас сум филозоф, јас сум демон и јас сум светот кој е здодевна потврда за моето непостоење.

Не сум сигурен дека постојам. Јас сум сите автори што сум ги прочитал, сите луѓе што сум ги запознал, сите жени што сум ги љубел, сите градови што сум ги посетил, сите мои предци. . . Веројатно би сакал да бидам мојот татко, кој пишуваше и кој имаше доблест да не го објавува напишаното. Ништо, ништо мој пријателе од она што ти го кажав: за ништо не сум сигурен, ништо не знам. . . Можеш ли да си замислиш дека не го знам ни датумот на мојата смрт?

Целиот живот го минав камуфлирајќи го и секогаш одново поставувајќи го во своите дела. Дотолку, светот на книгата, кој настанува како систем, парадоксално се шири и станува хаотичен како бесконечен лавиринт на стварноста. Проблемот на несклад помеѓу реалноста и привидот здобива двосмисленост, престорувајќи се во бесконечен систем од огледала, каде што една илузија се заменува со друга, каде што од еден сон извира друг, каде што во една претстава се игра друга, итн.

Да, точно е дека изворот на моите книги е во туѓите книги. Сметам дека читањето на една книга не е помалку реално искуство од патувањето или вљубувањето... Многумина се склони да ја разграничат стварноста, која обично ја сочинуваат забоболки, главоболки, патувања итн., од имагинарниот свет и од фантазијата кои ја сочинуваат уметноста. Мене ми се чини дека тоа разграничување е неодржливо. Книжевното создавање повеќе е читање отколку пишување; при секое читање делото се претвора во друго дело, така што "затворените" или сосема "изворните" дела не ни постојат.

Никој не може навистина да напише книга. За да биде генијална, книгата мора да ги сфати и отслика различните сонца-она што се бори со своето раѓањево зората и она што умира во квечерината. Мора да се сфати оружјето, и епохите и заробеното, распарченото море.

Никој не треба да се обидува да ја сфати и анализира опсесивноста на самосожалувањето ниту пак некој смее да ги укорува провиденијата на бога кој со својата фантастична иронија, во еден замав, ми ги подари книгите и моето слепило.

Човек си задава задача да го портретира светот. Во текот на годините, тој ја исполнува дадената празнина со слики од разни предели, царства, планини, заливи, бродови, острови, риби, соби, инструменти, небесни тела, коњи и луѓе. Само миг пред својата смрт, човекот открива дека чудесниот лавиринт од линии што стрпливо ги бележел е цртеж на неговото лице. Хорхе Луис Борхес 1899-1999

Борхес ќе остане запаметен како еден од најголемите прозни мајстори и мистификатори во историјата на литературата. Покрај тоа, мошне високо се оценува и неговото поетско творештво.

Борхес постојано укажуваше на значењето на илузионизмот кој му го враќа на уметничкото дело карактерот на продуховена шега којшто тоа го поседувало пред со наивна ненаивност и премногу целовито да го прикаже привидот како стварност (Адорно).

Борхес е вешт илузионист и математичар, но се определува да ги пародира реалистичките писатели и отворено му признава на читателот дека сето тоа сепак е само фикција. Тој дури не се труди ни да ги измисли своите ликови и фабули, туку ги презема од книжевната традиција. Сите тие се споени со механизмот на двосмисленоста кој ги меша стварноста и привидот, историјата и митологијата, личностите од стварноста и ликовите од книги, ликовите од едни книги со ликовите од други дела, писателите и читателите. Дури, Борхес не се труди да го развие ни раскажувањето, туку се ограничува на резимеа. Следејќи ја својата негативна естетика и линијата на помал отпор, тој успеа да создаде совршена барокна литература на XX век.

На македонски од Борхес е објавена една единствена книга (ДИзмислициУ) пред речиси триесет години.
Enigma
quote:
Originally posted by Sirius

AUSENCIA (OTSUSTVO)

Habre de levantar la vasta vida
que a un ahora es tu espejo:
cada manana abre de reconstruirla.
Desde que te alejaste,
cuantos lugares se han tornado vanos
y sin sentido, iguales
a luces en la dia.
Tardes que fueron nicho de tu imagen,
musicas en que siempre me aguardabas,
palabras de aquel tiempo,
yo tendre que quebrarlas con mis manos.
En que hondonada escondere mi alma
para que no vea tu ausencia
que como un sol terrible, sin ocaso,
brilla definitiva y despiadada.
Tu ausencia me rodea
como la cuerda a la garganta,
el mar al que se hunde.

JORGE LUIS BORGES
Sirius Enigma, ova se vonvremenski Los Palabras del Amor ... posle ovie stihovi sekoj nareden post e odvishen...go zakljuchuvam topicov