Noviot policeiski shef na Bitola

Noviot policeiski shef na Bitola
Chingizhan
 
Пропаднатиот софиски студент денес им командува на луѓето што ја бранеа Македонија од него
Бугароманот Црномаров на чело на битолската полиција
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

И покрај неговите очигледни бугаромански определувања, ВМРО-ДПМНЕ неодамна одново го постави Димитар Црномаров на високо и мошне одговорно раководно место. Како што е познато, тој од министерот за внатрешни работи, Љубе Бошковски, е назначен за нов началник на Секторот за внатрешни работи на Битола, за да се грижи за безбедноста од овој дел од македонската држава против која, ако се суди според неговото досегашно однесување, всушност и работел. Битолчани тоа не ги изненади многу, бидејќи веќе се навикнати на слични кадровски решенија на партијата на власт. Пред извесно време Црномаров, исто така, заземаше висока функција, беше прв човек на одбраната на Битола.

Контроверзиите околу "ликот и делото" на битолскиот "војвода" на македонската јавност и се познати уште од првите плуралистички денови на Македонија. Оттогаш го следи дебела сенка на "бугарската севда". Не се спорни неговите пробугарски убедувања, зашто тој тоа и не го крие и јавно го манифестирал. Тој е близок пријател и соработник со најрадикалните мпеовци, како што е Георги Младенов од Торонто, кој ја направи познатата сцена на промоцијата на Здружението "Радко". Тој е истомисленик со софиската ВМРО која е бајрактарот во антимакедонската пропаганда во Бугарија. Присуствувал на многу нејзини конгреси, а со лидерот Красимир Каракачанов се прегрнувал и пламено говорел за бугарштината на неговите предци.

Ако се суди според бугарските медиуми, чести биле и неговите посети и контакти со Софија во првите години на независноста на Македонија. Тој тогаш ги кани бугарските војски да помогнат. Делегација на чело со него, во својство на потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во почетокот на 1992 година, веднаш по референдумот за независност, пристигнала во бугарската престолнина и од тогашниот министер за одбрана, Димтар Луџев, побарала оружје во случај на воен конфликт со југословенската војска. Истата година, пак, навраќа во градот, каде што студирал медицина која никогаш не ја завршил, но сега кај друг нов бугарски министер, Александар Сталијски, од кого, исто така, бара помош, но сега настапува со пет конкретни предлози. Од бугарскиот Генерален штаб бара да формира пет комисии за да помогнат да се структурира новата македонска армија, за вооружување и нејзино снабдување со комуникациска опрема, за обучување на тенковски и авионски екипажи и за подготвување офицери во Воената академија "Г.С. Раковски". Софиските весници тогаш напишаа дека Димитар Црномаров дури инсистирал бугарската војска да создаде тајна шифра на новата војска, за што би се искористувала воената техника на Третата армија во Сливен. Со наредба на министерот Сталијски биле назначени дури и експерти на петте комисии.

Меѓутоа, со честата смена на владите во Бугарија, на чело на одбраната дошол нов министер - Валентин Александров, кој очигледно сфатил што би значело бугарски војски да влезат во Македонија. Тогаш тој ќе изјави: "Моите две баби - Македонки постојано ми пееја за тоа како го поминале Вардар, а таму останал Македонец, нивен брат сирак. Наивно е да се мисли дека во Македонија ќе н? пресретнат со леб и сол. При обидот во 1941 година видовме што се случи. Ослободувањето на нашите поробени браќа роди и една страшна поговорка - не ја сакаме вашата слобода, да ни ги вратите килимите.

Па така, официјалната бугарска политика почнала да се лади спрема "браќата од Македонија" за да се одмрзне со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ. Во април 1993 година, на пример, во Софија пристигнал официјално тогашниот помошник на македонскиот министер за одбрана, Кирил Ниневски, но не бил широкоградо прифатен како Димитар Црномаров, чии посети биле по лична или партиска линија.

Луѓето што во Битола работат во службите за безбедност не можат да сфатат како човекот кој уште по враќањето од неуспешните студии по медицина во Софија постојано бил предмет на перцепција на тајните служби, стана прв полицаец на нивниот град и сега се грижи за редот и законот под Пелистер. Не можат да прифатат да им наредува човек за кого имаат сигурни сознанија дека работел против денешна Македонија.

Нема сомнение дека тој "дебело" ја задолжил ВМРО-ДПМНЕ како еден од нејзините основачи и како нејзин втор по ранг "војвода", веднаш зад Љупчо Георгиевски. Без оглед што нешто подоцна, поради несогласувања и судир директно со Љупчо, беше елегантно тргнат настрана, па своето "политичко дејствување" го продолжи со новата партија што ја создаде, ВМРО-Татковинска. Со лавчето во срцето, тој и при промоцијата на неговата втора партија "патриотски" ќе застане на становиштето дека македонскиот јазик мора да се ослободи од "србокомунистичката" азбука, дека Татковинската партија "непремено" ќе издејствува нејзина ревизија како и конечно враќање на неправедно прогонетите "мал и голем ер".

Поради големата љубов спрема Бугарија, во изминатиов период на Димитар Црномаров му било изѕидано големо полициско досие од речиси цели 900 страници. "Доволно е само 10 отсто од тврдењата за Црномаров да бидат точни за тој да биде осуден, а не да биде назначен за владин службеник од таков ранг, како што е началник на ПЕ на Министерството за одбрана, функција што ја извршуваше до неодамна или началник на Сектор за внатрешни работи што ја извршува сега", објавува револтирано нашиот соговорник, кој е добро запознат со бугароманските определувања на битолскиот "војвода" и кој од разбирливи причини сака да остане анонимен. Впрочем, поради многу компромитирачки моменти од неговата биографија, Црномаров бил и еден од луѓето што најмногу биле испитуван во врска со атентатот врз Киро Глигоров.

Битолчани, кои добро го познаваат минатото на својот нов полициски началник, велат дека неговото назначување е само параван зад кој треба да се сокријат матните работи што власта не сака да излезат на виделина, како што е, на пример, кражбата на бистите на народните херои, во чија приказна никој не верува. Јасно е и тоа зошто токму сега Димитар Црномаров е назначен за прв полицаец на Битола. Наближуваат парламентарните избори, а тој натоварен со тешкото "бреме" бугарштината, со своето гимназиско образование и никакво полициско искуство, мошне дисциплинирано ќе ги извршува сите задачи што ќе му бидат поставени. За да остане во власта ќе направи с? што ќе му биде побарано. Како никого да не го интересираат неговите пробугарски определувања, ниту фактот што тој работел против сегашната македонска држава, за што сведочи неговото дебело досие.










































nukleus Zatoa sega se pikna kako "putka pod koshula" i nikade go nema.Ili mozebi praveshe problemi samo dodeka negovite drugari korisnici na Bugarska "propagandna" pomosh bea na vlast.Otkako Makedoncite vidoa so kogo si imaat rabota ne im izglasaa doverba i poleka gi frlija vo politicki zaborav a Bugarite pocnaa da "pushat" zatoa shto potroshija zaludno golemi sumi na pari za da instaliraat svoja vlast vo Makedonija koja ke igra kako shto ke im svirat Bugarite.Za sreka Makedoncite gi "osuetuvaat" site obidi na Bugarskite "pushaci" da instaliraat svoi luge vo vlasta na Makedonija.Tokmu taka pomina i obidot za involviranje na Crnomarov vo probugarskata-vlast.
трендафил Оваа тема е веројатно за форумот за историја, затоа што се работи за настан од пред повеќе години. Не би можел да тврдам (по бугарското државјанство на Љубчо Георгиевски) дали се работи за лепење на етикета на Црномаров од политички причини, но факт е дека тој е денес на слобода и дека против него нема судски процес. Факт е и дека во Македонија многу лесно се лепат вакви и слични етикети. ( Неможејќи да се пофалат со своите дела партиите се обидуваат да го понижат противникот). Истите не се од полза ниту за нас, Македонците, ниту за соседните народи, затоа што го оддолжуваат нивното лечење од халуцинациите што ги имаат кон Македонија.

nukleus Crnomarov zamina vo istorijata dali so pozitivna ili negativna biografija toa ke go kaze vremeto i idninata koja ni predstoi.Nie negovite sovremenici go zapametivme kako "negativec" koga bea vo prashanje nashite Makedonski cuvstva,onie pak so pro-bugarska orientacija mozebi ke go pametat kako "najdobar" shef na policijata.
kazano ova navistina e golem sram za makedonskata javnost.jas ne znam kolku mozi da bidi golema glupavosta na toj sto go postavil
Satanico Pandemonium
quote:
Originally posted by Chingizhan

Пропаднатиот софиски студент денес им командува на луѓето што ја бранеа Македонија од него
Бугароманот Црномаров на чело на битолската полиција
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

И покрај неговите очигледни бугаромански определувања, ВМРО-ДПМНЕ неодамна одново го постави Димитар Црномаров на високо и мошне одговорно раководно место. Како што е познато, тој од министерот за внатрешни работи, Љубе Бошковски, е назначен за нов началник на Секторот за внатрешни работи на Битола, за да се грижи за безбедноста од овој дел од македонската држава против која, ако се суди според неговото досегашно однесување, всушност и работел. Битолчани тоа не ги изненади многу, бидејќи веќе се навикнати на слични кадровски решенија на партијата на власт. Пред извесно време Црномаров, исто така, заземаше висока функција, беше прв човек на одбраната на Битола.

Контроверзиите околу "ликот и делото" на битолскиот "војвода" на македонската јавност и се познати уште од првите плуралистички денови на Македонија. Оттогаш го следи дебела сенка на "бугарската севда". Не се спорни неговите пробугарски убедувања, зашто тој тоа и не го крие и јавно го манифестирал. Тој е близок пријател и соработник со најрадикалните мпеовци, како што е Георги Младенов од Торонто, кој ја направи познатата сцена на промоцијата на Здружението "Радко". Тој е истомисленик со софиската ВМРО која е бајрактарот во антимакедонската пропаганда во Бугарија. Присуствувал на многу нејзини конгреси, а со лидерот Красимир Каракачанов се прегрнувал и пламено говорел за бугарштината на неговите предци.

Ако се суди според бугарските медиуми, чести биле и неговите посети и контакти со Софија во првите години на независноста на Македонија. Тој тогаш ги кани бугарските војски да помогнат. Делегација на чело со него, во својство на потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во почетокот на 1992 година, веднаш по референдумот за независност, пристигнала во бугарската престолнина и од тогашниот министер за одбрана, Димтар Луџев, побарала оружје во случај на воен конфликт со југословенската војска. Истата година, пак, навраќа во градот, каде што студирал медицина која никогаш не ја завршил, но сега кај друг нов бугарски министер, Александар Сталијски, од кого, исто така, бара помош, но сега настапува со пет конкретни предлози. Од бугарскиот Генерален штаб бара да формира пет комисии за да помогнат да се структурира новата македонска армија, за вооружување и нејзино снабдување со комуникациска опрема, за обучување на тенковски и авионски екипажи и за подготвување офицери во Воената академија "Г.С. Раковски". Софиските весници тогаш напишаа дека Димитар Црномаров дури инсистирал бугарската војска да создаде тајна шифра на новата војска, за што би се искористувала воената техника на Третата армија во Сливен. Со наредба на министерот Сталијски биле назначени дури и експерти на петте комисии.

Меѓутоа, со честата смена на владите во Бугарија, на чело на одбраната дошол нов министер - Валентин Александров, кој очигледно сфатил што би значело бугарски војски да влезат во Македонија. Тогаш тој ќе изјави: "Моите две баби - Македонки постојано ми пееја за тоа како го поминале Вардар, а таму останал Македонец, нивен брат сирак. Наивно е да се мисли дека во Македонија ќе н? пресретнат со леб и сол. При обидот во 1941 година видовме што се случи. Ослободувањето на нашите поробени браќа роди и една страшна поговорка - не ја сакаме вашата слобода, да ни ги вратите килимите.

Па така, официјалната бугарска политика почнала да се лади спрема "браќата од Македонија" за да се одмрзне со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ. Во април 1993 година, на пример, во Софија пристигнал официјално тогашниот помошник на македонскиот министер за одбрана, Кирил Ниневски, но не бил широкоградо прифатен како Димитар Црномаров, чии посети биле по лична или партиска линија.

Луѓето што во Битола работат во службите за безбедност не можат да сфатат како човекот кој уште по враќањето од неуспешните студии по медицина во Софија постојано бил предмет на перцепција на тајните служби, стана прв полицаец на нивниот град и сега се грижи за редот и законот под Пелистер. Не можат да прифатат да им наредува човек за кого имаат сигурни сознанија дека работел против денешна Македонија.

Нема сомнение дека тој "дебело" ја задолжил ВМРО-ДПМНЕ како еден од нејзините основачи и како нејзин втор по ранг "војвода", веднаш зад Љупчо Георгиевски. Без оглед што нешто подоцна, поради несогласувања и судир директно со Љупчо, беше елегантно тргнат настрана, па своето "политичко дејствување" го продолжи со новата партија што ја создаде, ВМРО-Татковинска. Со лавчето во срцето, тој и при промоцијата на неговата втора партија "патриотски" ќе застане на становиштето дека македонскиот јазик мора да се ослободи од "србокомунистичката" азбука, дека Татковинската партија "непремено" ќе издејствува нејзина ревизија како и конечно враќање на неправедно прогонетите "мал и голем ер".

Поради големата љубов спрема Бугарија, во изминатиов период на Димитар Црномаров му било изѕидано големо полициско досие од речиси цели 900 страници. "Доволно е само 10 отсто од тврдењата за Црномаров да бидат точни за тој да биде осуден, а не да биде назначен за владин службеник од таков ранг, како што е началник на ПЕ на Министерството за одбрана, функција што ја извршуваше до неодамна или началник на Сектор за внатрешни работи што ја извршува сега", објавува револтирано нашиот соговорник, кој е добро запознат со бугароманските определувања на битолскиот "војвода" и кој од разбирливи причини сака да остане анонимен. Впрочем, поради многу компромитирачки моменти од неговата биографија, Црномаров бил и еден од луѓето што најмногу биле испитуван во врска со атентатот врз Киро Глигоров.

Битолчани, кои добро го познаваат минатото на својот нов полициски началник, велат дека неговото назначување е само параван зад кој треба да се сокријат матните работи што власта не сака да излезат на виделина, како што е, на пример, кражбата на бистите на народните херои, во чија приказна никој не верува. Јасно е и тоа зошто токму сега Димитар Црномаров е назначен за прв полицаец на Битола. Наближуваат парламентарните избори, а тој натоварен со тешкото "бреме" бугарштината, со своето гимназиско образование и никакво полициско искуство, мошне дисциплинирано ќе ги извршува сите задачи што ќе му бидат поставени. За да остане во власта ќе направи с? што ќе му биде побарано. Како никого да не го интересираат неговите пробугарски определувања, ниту фактот што тој работел против сегашната македонска држава, за што сведочи неговото дебело досие.













































Kako sto i samiot gledas:

1. Ne e voopsto nov kako sto pisuvas

2. Naznachen e od SDSM, neli tie bea srbomani?

3. I da prifatime deka e Bugarin, sto ima napraveno za Bugarskata kauza vo site ovie godini kak nachelnik na policijata vo Bitola?