Интересни вести од земјата и светот

Интересни вести од земјата и светот
Mara
 
преземено од Дневник

Градите на Хилари Клинтон изложени во „Музејот на сексот“

Бистата на американската сенаторка и поранешна прва дама, Хилари Клинтон, вчера е откриена во њујоршкиот „Музеј на сексот“


Бистата на американската сенаторка и поранешна прва дама, Хилари Клинтон, вчера е откриена во њујоршкиот „Музеј на сексот“, со цел да поттикне расправа за сексот и политиката.

Авторот на бистата, Дениел Едвардс, тврди дека и' ја истакнал „благата претседателска насмевка“ и и' ги оставил брчките околу очите за да не ја прикрива нејзината возраст. Преку градите на Клинтон, тој поставил цветен дезен за да ја истакне нејзината женственост, која сенаторката обично ја прикрива.

Хилари Родам Клинтон не ја коментира бистата.





Mara СПОРЕД „НОВИНЕПРЕС“

Елена Ристевска ќе пее во „Магазин“?

Елена Ристевска е главен кандидат за пејачка на хрватската група „Магазин“, јавува www.novinepress.co.yu.



Поранешната пејачка на групата „Магазин“, Јелена Розга ќе пее во групата до почетокот на септември зашто фронтменот на групата Тончи Хуљич не успеал да се договори со останатите членови на групата за тоа кој ќе ја наследи.

Иво Јанковски од „М2“ продукција потврдува дека имало средба меѓу него, Елена и Тончи во Загреб на која отворено се раговарало за понудата.

- Драго ни е што ја одбрале Елена, но сепак таа веќе има одлична соло кариера во земјава и надвор. Тука е и прашањето поврзано со студирањето зашто Елена студира на два факултета, има други обврски и планови поврзани со кариерата и планови. Сепак понудата останува отворена и се разговара за сите опции зашто пред се мора да пред се да се направи добра анализа што таа би добила и изгубила со ваквиот чекор- изјави Иво Јанковски за „Дневник“.

Според упатените, предлогот на Хуљич, пејачката Андреа Шушњара не добил поддршка кај останатите членови, па поради тоа како најдобра замена се спомнува Елена Ристевска.

- Дваесетгодишната Елена неодамна имаше мошне забележителен настап на Евровизија во Атина и Тончи во неа веднаш ја видел наследничката на првата пејачка на Магазин, Македонката Лилјана Николовска. Токму со Николовска „Магазин“ ги удри цврстите темели на долгогодишната кариера - пишува на интернет-изданието на Новинепрес.

Сепак со оглед дека другите членови на групата го застапуваат ставот идната пејачка да биде сплиќанка, тешко дека ќе дојде до конечен договор за ангажман на првото грло на групата.







Mara СПОРЕД ВЕСТ

Манекенки го соблекоа Тоше

Радица, Милена, Марија и Маргарита, манекенки од модното студио "Шанел" од Битола, го соблекоа Тоше зад сцената во Античкиот театар, во Охрид, 15 минути пред завчерашниот концерт.



Радица, Милена, Марија и Маргарита, манекенки од модното студио "Шанел" од Битола, го соблекоа Тоше зад сцената во Античкиот театар, во Охрид, 15 минути пред завчерашниот концерт.
Облечени само во бикини, по желба на Тоше четирите атрактивни манекенки го натераа да се соблече ексклузивно за ВЕСТ. Тој видно возбуден, не замоли да ја повториме фото-сесијата за неколку дена, по неговото враќање од Лондон.
- Немој да се смеете ако паднам во несвест од возбуда. Не ми се верува дека се сликам со Тоше. Следниот пат, ако треба би се соблекла и гола. Штета што Тоше брза на концерт, и нема време, инаку ќе го растргневме", изјави една од запалените манекенки.
По фото сесијата, Тоше замина право на сцената на Античкиот театар, каде што го чекаа преполните трибини. Мега sвездата ги поздрави охриѓани на охридски акцент, со жалење дека немал време да се "иск'пе" во езерото, оти само што стасал од Крушево.
Во два и пол часовното шоу публиката врескаше и плачеше со Тоше, а тој им ги исполни сите желби, им ги испеа старите и новите хитови. Како и секогаш на сцената летаа кадифени мечиња и цвеќиња. Некои девојки на својот миленик му фрлаа писма со слики и броеви на мобилните телефони, со надеж дека Тоше ќе ги побара. Најупорните девојки успеаа да му избегаат на силното обезбедување и му за да му се фрлат во прегратка на Тоше.
По концертот, тој замина за Крушево, за да се одмори пред вчерашниот лет за Лондон.









Mara СПОРЕД ВЕСТ

Прасенце

ГЕРМАНИЈА, - Прасе од сено во нива во близина на селото Мукасл, северна Германија. Селата во регионот Пробештеим, околу 150 километри северно од Хамбург, учествуваат во изработката на фигури од сено во облик на животни и техничка опрема во натпреварот за скулптури.










Mara СПОРЕД ВЕСТ

ФОТО ВЕСТ

Уметничкиот конзерватор Даглас Мартенсон ја мачка со восок бонзената статуа на Џорџ Вашингтон во близина на Музејот за уметност во Филаделфија. Статуите како оваа редовно се чистат и мачкаа со восок за да се заштита од атмосферските влијанија и киселите дождови.










Mara СПОРЕД ВЕСТ

ШПАНИЈА

ШПАНИЈА (РОЈТЕРС) - Медуза во Средоземното Море кај јужното крајбрежје на островот Мајорка. Високите температури што ја зафатија цела Европа донесе наезда на медузи на источното шпанско крајбрежје поради што летивалците не можеа да се капат во морето.












Mara СПОРЕД ВЕСТ

Балони над Бристол

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, - Балони летаат над центарот на Бристол каде што се одржува Меѓународниот фестивал на балони Бристол 2006 во југозападна Англија. Во текот на четиридневната манифестација ќе се одржат масовни летања на балони и концерти.





Unreal Помеѓу бројните познати личности чија што восочна фигура стои во музејот Мадам Тисот, своја заслуга доби и најпознатата порно глумица на сите времиња - легендарната Џена Џејмсон, која стана првата порно глумица во тоа престижно друштво.



Насловот како што е "сакам лезбејки", и "создадена за (на) брзина", Џена ја обележи порно индустријата на свој единствен начин и поради тоа ја вклучија во мрежата на восочни фигури во музејот Мадам Тисот во Лас Вегас.

Изгледа толку реално - заклучија сите кои ја видоа воодушевени и возбудени со јазикот до земја, нормално.

Цицлестата плавуша спремно позирала пред сопствената восочна фигура која толку прецизно е изработена што дури може да се види и нејзината прекрасна тетоважа.

Доколку некој се обиде да ја допира восочната фируга на Џена Џејмсон таа ќе проговори едно кратко секси зборче кое нема да ви го откриеме и ќе остане тајна за да бидете изненадени кога "некогаш" ќе ја посетите.

Е ова е новина од светот,а не прасиња
Mara УНРЕАЛ........ЕВЕ ВЕСТ!!!!!!

СПОРЕД ВЕСТ

Стотици Британци на "Мастурбатон" во Лондон

ЛОНДОН (Ројтерс) - Водечката британска добротворна здравствена организација за репродукција "Мери Стоупс интернешнал" апелираше до стотици Британци да учествуваат на првиот "Мастурбира-тон" во Европа.
"Мери Стоупс", која го организира настанот заедно со добротворниот труст "Теренс Хигинс" за ХИВ-СИДА, најави дека очекува на сесијата за маструбација во Клеркенвел, централен Лондон, да учествуваат 200 мажи.
"Ова го правиме повеќе за да го привлечеме вниманието на јавноста, но се наведаме дека тоа ќе ја крене свеста кај луѓето", изјави портпаролот на "Мери Стоупс".
"Сакаме луѓето да размислуваат за безбедниот секс, за маструбација и да ги урнеме табуата".
Учесниците кои треба да се постари од 18 години може да си понесат било какви помагала и работата да ја завршат во една од четири соби - собата со комодитет, соба со мешано машко и женско друштво, како и во оделните соби само со мажи и само со жени.






Mara СПОРЕД ВЕСТ

СТАРАТА РАКА

ИРСКА (РОЈТЕРС) - Деновиве беше објавена фотографија од сочувана дланка од човечко тело од железното доба што било најдено во близината на Даблин во 2003 година. Животот во железното доба можеби бил брутален и краток, но луѓето сепак имале време да си прават фризури и да си ги полираат ноктите, а за ова засега е докажано само за мажите.







Mara ТОПЧИЊА

АВСТРАЛИЈА, - Австралиската уметница Најки позира со своето уметничко дело што се состои од 50 илјади сунѓерести топчиња изложено во Уметничката галерија на Нов Јужен Велс во Сиднеј, Австралија. Делото насловено "Атомикс - Исполнето со љубов, исполнето со чудо" вибрира на ветрот што го прават 10 вентилатори и треба да ги претстават вибрирачките бои на врелиот, пејсаж во пустината. Делото е дел од изложбата на скулптури "Авантури со форми во просторот" што ќе биде отворена за јавноста следната недела.






Mara преземено од Иди-Види

Пензионер раздавал 13.000 евра на улица

Минувачите во западниот германски град Дармштад не можеа да им поверуваат на своите очи кога еден пензионер излезе од банка со 13.000 евра и започна да ги дели наоколу, соопштија властите.

"Тој седна на една клупа пред банката од каде што извади пари и започна да ги раздава", рече портпаролот на полицијата во Дармстад, Дитер Вест.

Полицијата интервенирала откако локалните жители ја известиле за дарежливиот 63-годишен старец, кој дотогаш дал 1.505 евра од парите што ги имал ставено во пластични кеси и во неговите панталони.

"Тој рече дека не му е грижа бидејќи има многу пари", вели Вест. "Беше малку поднапиен и добро расположен".

Полицијата му ги конфискувала останатите пари и му рекла да дојде да ги земе кога ќе се отрезни.
Mara преземено од Иди-Види

Тоалет вреден 300.000 евра


Запуштен јавен тоалетен објект би можел да се продаде за 300.000 евра - колку што чини една нова куќа - ако се исполни желбата на политичарите во западна Ирска.

Местото Лехинч смета дека лакомите купувачи ќе го земат распаднатиот, нефункционален тоалет поради неговата одлична локација - плажа за сурфање на атлантскиот брег на Ирска.

"Од тоалетите ви треба помалку од 40 секунди да влезете в море", им вели на новинарите локалниот политичар Мартин Конвеј, но признава: "Доста е необично стара градба со тоалети да се продаде за 300.000 евра."

Просечната цена на куќа во Ирска, каде цените на куќите во изминатава година пораснаа за 15 проценти, е 299.929 евра.

Локалниот аукционер на недвижнини Никола Лејден вели дека местото, кое се наоѓа на најпознатата сурферска плажа во Ирска, го одзема здивот: "Ова е веројатно најбараниот клозет што некогаш ќе го има на западниот ирски брег."
Unreal
quote:
Originally posted by Mara

УНРЕАЛ........ЕВЕ ВЕСТ!!!!!!

СПОРЕД ВЕСТ

Стотици Британци на "Мастурбатон" во Лондон

ЛОНДОН (Ројтерс) - Водечката британска добротворна здравствена организација за репродукција "Мери Стоупс интернешнал" апелираше до стотици Британци да учествуваат на првиот "Мастурбира-тон" во Европа.
"Мери Стоупс", која го организира настанот заедно со добротворниот труст "Теренс Хигинс" за ХИВ-СИДА, најави дека очекува на сесијата за маструбација во Клеркенвел, централен Лондон, да учествуваат 200 мажи.
"Ова го правиме повеќе за да го привлечеме вниманието на јавноста, но се наведаме дека тоа ќе ја крене свеста кај луѓето", изјави портпаролот на "Мери Стоупс".
"Сакаме луѓето да размислуваат за безбедниот секс, за маструбација и да ги урнеме табуата".
Учесниците кои треба да се постари од 18 години може да си понесат било какви помагала и работата да ја завршат во една од четири соби - собата со комодитет, соба со мешано машко и женско друштво, како и во оделните соби само со мажи и само со жени.









Абе ова за мене не е вест,ова е стара новина ,ехеее касниш едно,хмм чекај малце,32-15 = 17 години, ехехеееееее касниш касниш