19 Noemvri
19 Noemvri
BorisVM 1493.- На своето второ патување за Америка, на кое тргна со 17 бродови и со 1.500 луѓе, Кристифор Колумбо го откри островот Порторико. 1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама на своето прво патување, во дотогаш непознат свет, го откри патот за Индија, околу 'Ртот Добра Надеж. 1711.- Во селото Мишанинско, е роден Михаил Василевич Ломоносов, руски научник, писател, академик и енциклопедист со светски глас. Умре во Петроград, на 15.04.1765 година. 1805.- Роден е Фердинанд де Лесепс, француски дипломат, инженер, градител на Суецкиот Канал (1859-1869). Во 1881 година почна да го гради и Панамскиот Канал, меѓутоа поради финансиската криза, не успеа да го изгради. Умре на 7.12.1894 година. 1917.- Родена е Индира Ганди, претседател на индиската власт и истакнат лидер на Движењето на неврзаните. По смртта на премиерот Шастри, во 1966 година беше поразена, меѓутоа во 1980 година триумфално се врати на чело на Индија. На 31.10.1984 година, е убиена пред нејзината резиденцијата во Њу Делхи, од страна на тројца припадници на најзината лична гарда. 1991.- Пратениците на Собранието на Република Македонија едногласно донесоа Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава.
AngeIGirl 1959. - Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, документ со кој се утврдени не само принципите за заштита на децата во светот, туку е и основан за помош на милиони деца. Со текот на годините со финансиска помош од Детскиот фонд се опремени многу здравствени центри во светот. 1970. - Излезе првиот број на "Екран", како седмичен колор прилог на весникот "Нова Македонија" за ТВ, филм, радио и естрада. Од бр.226 од 14. 03. 1975 година излегува одделно од "Нова Македонија" како ревија за РТВ, филм, сценски уметности и естрада 1995.- Хелсиншкиот комитет за човеково права на Република Македонија, стана полноправен член на Меѓународната Хелсиншка Федерација, беше речено на Годишното собрание на Меѓународната Хелсиншка Федерација во Истанбул. Angelche
HaCkEr` abe.. svezhi ste:)))))))))))))))))) Shhh... Be vewy vewy qwiet... I'm hunting lamers...