BorisVM |
1658. - Во Лондон е роден Хенри Персел, најзначаен англиски композитор од времето на ренесансата. Компонираше опери, химни, оди, црковна музика, сонати и друго. Негови главни дела се оперите "Дидона и Енеј", "Вилинска кралица" и "Кралот Артур". Умре во 1695 година.
1694. - Во Париз е роден Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф. Тој беше претставителен и во вистинска смисла на зборот, еден од најслободоумните луѓе на тогашна Европа, голем противник на мрачниот период на црквата и клерикализмот, иако не беше атеист. Негово најпознато дело е фолозофско-дидактичкиот роман "Кандит". Напиша и неколку епопеи, историски дела, трагедии и комедии. Умре во Париз на 30.05.1778 година.
1818. - Роден е Луис Хенри Морган, американски етнолог и социолог. Неговите студии за животот на американските Индијанци му послужија на на Енгелс како основа за книгата "Потеклото на фамилијата, приватната сопственост и државата". Умре на 17.12.1881 година.
1875.- Во селото Русиново, беровско, е роден Никола Петров Русински, истакната личност од националната историја на македонскиот народ, социјалист и револуционер, близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други видни македонски револуционери. Умре во родното село Русиново, на 14.02.1943 година.
1992.- Во Скопје е одржан Првиот конгрес на Лигата за демократија.
1994.- Во Солунското пристаниште се блокирани 19.500 тони американска пченка за Македонија.
|